songs from death and love

Upload: igor-pop-trajkov

Post on 06-Jul-2018

251 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    1/218

      0  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    2/218

      1  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    СМРТ: 

    1.ПОЧЕТОКОТ НА НИШТОТО ~ 42.ИСЧЕЗНАА ДИНОСАУРИТЕ ~ 53.ЛАРВА ~ 64.ПЕШТЕРСКИ ЛУЃЕ ~ 75.ЛУЃЕ ~ 9

    6.ПРИСПИВНАТА НΑ ΑΓРИПИНА ~ 107.ПАЛТОТО НА ПАВЛЕ ~ 158.КОПЈЕ ~ 169.ПИСМОТО НА ИВАН ~ 1710.СМРТТА ~ 1811.РЕА (НА СМРТТА) ~ 1912.ВОЈНА ~ 2013.ГЛАД ~ 2214.ГЛАДУВАЊЕ (ГЛАД- ВТОР ДЕЛ) ~ 2315.ГЕНОЦИД ~ 2416.ЈУДИ ~ 26

    17.ЧЕКАЧОТ ВО РЕДОВИ ~ 2718.ВАМПИР ~ 2919.СТРАШИЛА ~ 3020.КРЛУЦИ ~ 3121.ВРВОТ НА НОСОТ ~ 3222.ВОДАЧОТ ~ 3323.ЌУТЕНКАТА ~ 3524.ЌЕ ВИДИТЕ КАКО НИ Е... ~ 3725.АНДЕРГРАУНД (ПОДЗЕМЈЕ) ~ 3926.ОБЛАЦИТЕ НА ОЧАЈОТ ~ 4127.СЕБИЧНОСТ ~ 4328.ЗАТОА ШТО НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛ

    СЛОБОДЕН... ~ 4429.ОДИМЕ ~ 4630.ВОЛК ~ 4731.ОДРАНА КОЖА ~ 4932.ПИСАТЕЛОТ ~ 5033.ЗАТВОРЕН КРУГ ~ 5134.БАЛКАН БОЈ ~ 5335.ИАКО ~ 5536.ЧОВЕКОТ СПОМЕНИК ~ 5737.ЗАБАВА ~ 5838.КОБЕН ДИЏЕУ ~ 60

    39.ТОЈ Е БОКСЕР ИЛИ БАЛЕРИНА? ~ 6240.ЧОВЕК СО БЕЛА КОСА ~ 6341.КОБРА ~ 6442.МРАЗАМ ~ 6543.КОБНА АЛАТКА ~ 6744.ФИЛОЗОФИЈА НА СУЕВЕРИЕТО ~ 6845.ЛОШАТА БАБА ~ 7146.БОЖЕМ ~ 7347.ЕЛЕЧЕ ~ 74

    48.ИЗЛЕЗ БЕЗ ИЗЛЕЗ ~ 7649.КОГА МИЈАЛНИКОТ Е ЗАТНАТ ~ 7850.ПЉУКНИ-ЗАЛЕПИ ~ 8051.ШНУР (ЗА БЕСЕЊЕ МАЧКИ) ~ 8252.БОЛКАТА... ~ 8353.КУРВА ~ 8554.ОСКВЕРНАВЕНА ВИСТИНА ~ 8655.ЗЛОБЕН ПАСТОР ~ 8756.КОМУНИСТИТЕ ~ 8857.МЕНЗА ~ 8958.УЧЕНИК ~ 9159.ШПИОН ~ 9260.ЧЕКАЈ ~ 9361.КУЧКА ~ 9562.СМАЧКАЈ ЈА МОЈАТА КУЧКА ~ 9663.ОД ЖИВОТОТ ПАРТАЛИ ~ 9764.СУВЕНИР НА ЉУБОВТА ~ 99

    65.СЛУЖБА ~ 10066.ИШАРЕТ, ИШАРЕТ ~ 10167.МРЕЖА ~ 10268.ЗА СÈ ДА БИДЕ ВИНОВЕН... ~ 10569.МОЛИВОТ/МАЧКИТЕ/ЗАЈАКОТ ~ 10670.ЖРТВА(НА ИНТЕГРИРАНИОТ КРИМИНАЛ) ~ 107

    71.ШАНТРАВ МАЖ ~ 10872.ПОТСЕТУВАЊЕ ~ 10973.ДЕТЕТО ГЛАДНО... ~ 11074.КОД ЛОШО ~ 11275.СЕЛСКО ГУМНО ~ 11376.ПРОЛЕТТА ВО УЖАСОТ ~ 11477.ДЕТЕ НА РАЗВЕДЕНИ РОДИТЕЛИ ~ 11578.ФОНДАЦИЈА ~ 11879.СИТЕ ~ 11980.РАК ~ 12081.НАДЕЖ ~ 12182.КОХЕЗИВНО ЛОШО ~ 12283.ОД ТУКА ~ 12384.КЛУЧ ~ 12485.ЛИЧНА КАРТА ~ 12586.СÈЕДНО ~ 126

    87.ИМЕ ~ 12788.КОГА ЌЕ ТИ УКРАДАТ СÈ... ~ 12989.МАШИНТА (ДА НЕ СЕ СВРТИ ПРОТИВТЕБЕ?) ~ 13090.ДЕМНАЧИТЕ ~ 13191.НЕ Е ВАЖНО ~ 13292.БАЛКАНСКИ КОКТЕЛ ~ 13393.КОМФОР ~ 13494.ТЕШКОТО ~ 137

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    3/218

      2  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЉУБОВ: 

    95.КВАДАР, ИКС ИЛИ КРУГ ~ 13996.КАТЕГОРИЧЕН ИМПЕРАТИВ ЗА ЉУБОВ  ~140

    97.БАЛОТ НА ТРИТЕ УБАВИЦИ ~ 14198.МЕСЕЧИНА ~ 14499.ДУША ~ 147100.РАЈ ~ 148101.БОДЛИКАВА ЖИЦА ~ 150102. ПОРТОКАЛОВИОТ ФУСТАН ~ 151103.ПОМИРУВАЊЕ СО ТРАЕЊЕТО ~ 152104.ИЗРАЗ ~ 154105.ДЕТЕ НА КЛАДЕНЕЦ ИЗМИЕНО ~ 155106.РОПСТВОТО НА ЉУБОВТА ~ 156107.МУЗИКА ~ 157108.ГЛАСНО ~ 159109.ЧИСТОТА ~ 161

    110.РУДИМЕНТ ~ 162111.ТОА СРЦЕ СЕБИЧНО ~ 163112.ТРАЕЊЕ ВО ВЕЧНОСТА ~ 166113.ДЕЦА ~ 167114.ДЕТЕ ЗАСЕКОГАШ (ТОГАШ) ~ 168115.АПЕТИТ ~ 169116.ВЛЕЗЕ (ИНЕС ДЕ ЛА ФЕРСАНЖ) ~ 170117.ОВЕСЕНА КАША ~ 171118.КАРМЕН ~ 173119.РИТАМОТ НА КУРОТ ~ 174120.БАНАЛНОСТА НА 1 ОРГАЗАМ ~ 175121.ЧУДНА ДЕВОЈКА ~ 176122.ОД КОГА НЕ МИСЛИШ НА МЕНЕ... ~ 177

    123.ЛЕТАМЕ ~ 178124.ДОПИРОТ НА ВЕЧНОСТА ~ 180125.ДАЛИ И ТИ КОПНЕЕШ ПО МОЕТО ТЕЛО... ~ 181

    126.ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА ~ 182127.СТАРАТА АРКА ~ 184128.ПРИСУСТВО ~ 186129.ЕРОГЕНИ ТОЧКИ ~ 188130.ЉУБОВ ВО ТРОЈКА ~ 190131.ПЛУТОН (РАЦИОНАЛНА ЉУБОВ) ~ 191132.УБАВО ~ 192133.ЖИВОТОТ ПРЕД МЕНЕ... ~ 193134.ГЛЕДАЊЕ НА ДЛАНКА ~ 195135.ЛУНА ПАРК ~ 196136.ОВЦА ~ 198137.ПАСТОРАЛНА ОСАМЕНОСТ ~ 201138.ГОЛА ЖЕНА ~ 203

    139.СЕЌАВАЊА И ДНЕВНИ ЧЕКАЊА ~ 205140. УСТАТА НА СВЕТЛИНАТА ~ 206141.НЕВОЗВРАТЕНАТА ЉУБОВ ~ 208142.ЗЛОПОМНАЧОТ ~ 210143.ГРЕШКА ВО УПОТРЕБА НА ВРЕМЕ(ГРАМАТИЧКИ) ~ 211144.РИМА ~ 212145.ПОБЕДА НАД ПРИКАЗНАТА, ПОБЕДА НАД НЕМИРОТ ~ 213146.ТЕЛО И ДУША ~ 215147.USB/QUIT ~ 216

    148.МИСА НА КРАЈОТ ОД ВРЕМЕТО ~ 217

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    4/218

      3  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    СМРТ 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    5/218

      4  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ПОЧЕТОКОТ НА НИШТОТО И беше ништо, и беше простор. Ова не е материја туку нестор. 

    Како тогаш некој да знае што не е кога сè непостоечко е? И гледачот го нема во тој простор што голта, зема. Како црна дупка е, според 

    теоријата на хемичарите и физичарите; сè што во него ќе влезе ќе биде згмечено и ќе го нема, бидејќи 

    да каже некој дека нештото го има ќе нема. Овој закон природен 

    ќе продолжи вечно, за сè матерјално: 

    тврдо и течно. И сешто што ќе влезе во таа црна дупка 

    нема да постои веќе, а ќе е ништо. Тоа е тој зачеток на новиот 

    почеток на ништото. Во бесконечноста нека ни е постојано празна вечноста. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    6/218

      5  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ИСЧЕЗНАА ДИНОСАУРИТЕ 

    Тие прекрасни скулптури масивни го красеа пејсажот земен 

    со раскошна вегетација збогатен 

    секакви бои, жолторозови, раскошни. Тоа беа деновите на огромните, 

    но ова царство се распадна од некаква небесна лавина, 

    едните сакаа да го заземат местото на другите. Кој е поголем од другиот беше важно. 

    Не беше важно кој што умее туку како да се преживее и доживее 

    нешто големо. А потоа сè сврши тажно. 

    Мислеа никој нема да може да го уништи нивното тело големо, а всушност е можно вирусче малечко да ги уништило дотогаш семожните. 

    Некои велат од комета удар или метеор ставило крај на еден тираносаурус рекс, 

    еуценофалус, галедонт или археоптерикс; или некоја друга птица првобитна ил створ. 

    Се чини поуката е една - не голем треба да биде живиот туку мудар 

    и доблестен. Само малиот ставор преживеал сè и продолжил милениум еден. 

    Некои велат некои од овие влекачи биле суштества интелигентни кои збореле и знаеле раце да користат, 

    но и тие исчезнале од меѓусебни интриги. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    7/218

      6  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЛАРВА 

    На крајот на влакното, кон коренот прицврстена. Толку мала, а толку 

    голема, заради јадежот кој го предизвикува. 

    Од неа излегува напаст вистинска, да се чудиш што те снашло? Зошто не си ја истребил на време, сега таа  ларва е вошка некаква, гледаш ли што ти прави? Вошката најдобро 

    да се задави, а косата со врела вода да се попари, и со специјален шампон да се распари. Ете зошто се рекло од проблеми мали настанаа вистински 

    измеќари. Секоја причина имала и своја последица, така е и со оваа поговорка. Така е и со оваа вошка, сега истребена изварка. 

    Ларва- гигантски црвец вмене, како да го додржам во мене да не се претвори, 

    па јас веќе да не постојам. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    8/218

      7  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ПЕШТЕРСКИ ЛУЃЕ 

    Со чуден од малку згрбавен и поглед вџашен, но отворен 

    се сите они. 

    Нека рече потоа некој, дека како нив може секој. 

    Ништо не знаат, ама за ова  ретко кој ќе им дознае зашто 

     ретко зборуваат. Внимаваат што ќе кажат, а и многу лажат. 

    Еден од нив ако се истакне, другиот веднаш ќе го претекне. 

    И да му е последна како сите нив е, ја прати утнатата мисла доследна. 

    И тој едниот од нив е како сите нив, пештерските луѓе. 

    Кои злато внесуваат иако ништо немаат, не стравуваат и не гладуваат.  

    За разлика од оние кои не се со нив пештерските луѓе се 

    имаат едни со други. Внимават меѓу нив да нема неслоги, имаат возачки дозволи. 

    Не само во возачки дозволи туку сосе нив и здружение на 

    возачи, улици, паркинзи. За нарушување на ред и мир се, значи имаат полиции. 

    Колку пати само ги подбраа, а тие стално пак на нозе застанаа. 

    Потоа седнаа на фотељи и столови цврсти, бироа мрсни. 

    Мрсни оти на таа маса тие и јадеа. Се плашеа од позицијата 

    да не паднат. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    9/218

      8  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Потоа едни на други си телефонираа и со прст не мрднаа. 

    Што читаат овие луѓе пештерски? Па тоа што и 

    сите останати. 

    Они се сите исти меѓу себе; не остана трошка за тебе. 

    Главата многу не им мислува. Штедат енергија за некој да 

    го одржува огнот пештерски. Со самото ова штедат за греење и за осветлување. 

    Клупите градски им се не за одмарање туку собирање, а контејнерот 

    за палење. - Некој праша: „Како можат така уште, немаат ли душа?“ 

    Тие пак не одговорија туку ете надоаѓаат кон чесните, за сите од нив 

    да бегаат. Потоа во својата пештера ТВ гледаат, најмногу фудбал и политика. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    10/218

      9  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЛУЃЕ 

    И кога денот нов почнува, тогаш соседот соседот со мрачен поглед го одминува. Секој 

    од секого се плаши. Не сме веќе меѓу луѓе 

    наши. Внатрешниот од по ходникот на зградата, го сведува постоењето на човекот и здодевноста на фокусирање на неговата безбедност. Дали влегуваш кон дома; дали 

    мислиш; дали воопшто постоиш тоа не е важно. Важно е да продолжиш со постоењето 

    твое осамено. Дури и да си некој голем, со  пари преполн, пак ќе сакаш да си сосем сам.  

    Сам и безбеден; сам и исчистен од сè; 

    сам и никогаш посетен, дури и кога болен; сам, но не осамен. Бидејќи секој така мора да продолжи, за постоењето свое уште малку го оддолжи. Постоењето кое на оваа планета 

    ѝ припаѓа, на живиот, а сам му се допаѓа. Затвори ги капаците човеку, и вратата; 

    исклучи го телефонот и интернетот, запоз-нај го сам светот. За ова не барај  

    причина, иако и тебе животот на затвор ти личи. Што е смислата на животот 

    кога сме толку сами; такви ли сме сите?; без љубов траеме; „секој мора сам да 

    стои“- како во песната на Мадона. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    11/218

      10  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ПРИСПИВНАТА НА АГРИПИНА 

    Тој ден којзнае зошто носеше грчка тога. Тој ден којзнае зошто истата ѝ се закачи 

    на еден неизрамнет камен; таа со левата нога 

    повлече и тогата се скина, па откачи. Така Агрипина помисли дека е ова лош знак 

    и вината почна да ја бутка длабоко кон себе. Реши да се покаже поинаку 

    од дотогаш; не како царска мајка секако туку како пресретлива пријателка 

    на сите. Слугите ги опсипуваше штедро со комплименти, а настојникот Крепие Гал 

    го водеше под рака како да ѝ е чедо. 

    Мислеше скинатиот фустан е лош знак од боговите, дека претерала со ревноста затоа сега треба добра да биде. 

    Има закажано патување на пучината добро ќе ѝ годи тоа; ја опушта море,  храна лесна и дружба ведра која ќе ја 

    има дур патува. Ковчезите ѝ саде се подготвени и сега внимателно ќе ја 

    принесе жртвата своја за да има сигурна пловидба. Но кога козичето на жртвеникот 

    го принесе, пак од ракавот ѝ се скина ткаенина од ивицата на каменот закачена. Што ли ѝ 

    требаше да ја облече оваа облека необична, на која толку ненавикната, но сега ја носи 

     римската аристократија. Им кажа на слугите постела да подготват. Не ѝ стои и така и така облекава - дебела ја прикажа. Нареди да ја запалат, како да не се родени да бидат императори, и таа и син ѝ важен 

    императорот Нерон. Многу се умори мислејќи вака, па ѝ се приспа и кон 

    постелата се упати. Иако в уши ѝ свири од нервоза сепак кон садот со смокви на балкон 

    поставен излезе, малку касна... а потоа се врати во одајата со постела... погледот 

    ѝ се губи... Многу е уморна, во прекривки се завлекува, 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    12/218

      11  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    на песната која кога беше бебе на владетелот му ја пееше, сета полна со амбиции синот да 

    ѝ стане не било кој туку одбран... 

     На на нан нуни нан... 

    Кога се разбуди се подготви бргу, лице со вода исплиска, а фризерката ѝ ја направи 

    фригијската фризура, каква се носеше по последна мода,  а потоа со свитата и многу коњи се упати кон пристаништето. Но од горештината 

    летна и од брзањето, како и од фактот дека  со син ѝ не успеа пред тргнување да истата насмевка како кога беше дете ја види јака 

    - повторно ѝ се задрема, главата почна од умор да ѝ паѓа. Поставија на палубата перничиња и гоштевки разни, а се изведуваше и збор поетски како и пријатна музика. Тактична и суеверна истовремено, оваа жена моќна 

     реши тука на бродот кој по морска ширина броди, да се опушти и заспие. Таа е заслужна  

    конечно за оваа империја, оваа придружба морска е нејзина не сигурност, а наградна 

    пратка од боговите. Веќе се на отворено море... 

    Агрипина очи склопи... мислејќи на иста песна како деновите претходни... 

     На на нан нуни нан... спиј сине мој 

    нани... нани... нунка нан... 

    Од закрилата на Сомнус се врати - рушење на покривот озгора врз нив -при што Ацеронија жива, а Гал Крепие 

    загина. Набргу тој брод без покрив се преврте, па Агрипина и верната 

    Ацеронија се најдоа во вода. Се дави Ацеронија и лаже за да ја спасат дека таа е на кралот мајка права, 

    но слугите ја убија наместо да ја спасат. Агри` виде страшна беда и до брег доплива. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    13/218

      12  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Агри` за умрена сите зедоа да ја прогласат. Таа пак во вилата своја сама стаса 

    и син ѝ за несреќата со допис го сардиса. Како да помисли дека можеби син ѝ нешто 

    ѝ прави, но тоа многу ѝ стана заморно 

    не може веќе на тоа да мисли. Тешко ѝ е сега на овие години доцни да биде младо 

    моме пак, па сепак реши да не покажува дека се сомнева. Плус тоа заморот пак ја 

    обзема, многу ѝ се спие, ѝ треба одморување, а не размислување. Го погледна слугата 

    нов, од гардата изданок - му верува нему, како и на слугинките кои ѝ се како ќерки. 

    Се опушти и се почувствува сигурна. Чуму 

    да се секира, премногу е суеверна и трпки ѝ поминаа при помислата дека некој би сакал да ја убие. Ама кој би сакал да  убие женичка стара- си рече. Ни 

    креветот не помогна да се опушти таа која секогаш сите ги плашеше, како и сега кога е стара. Легната вака почна 

    да се опушта, ама само донекаде, не како порано и кај Сомнус пак замина, 

    но со мора голема... 

     На на нан нуни нан... на на 

    нан нуни нан, на тебе мислам јас 

    чедо мое единствено. Голем сину 

    на нацијата - Нероне од колепката 

     моја во тронот помина, а јас пресреќна... 

     На на нан... нуни нан... сега неодамна 

     ме покри некаков морски бран... нан нан... 

     Нунка нан... нани нани... дете мило... 

    ти виде бродска несреќа... за мене си се загрижило... 

    Спаси ме од овој кошмар завладеан... 

     На на нан... нуни нан... 

     Нанкај, нанкај нан... 

    Со студена пот облеана Агрипина отвори очи и веднаш ѝ стана јасно 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    14/218

      13  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    дека наскоро не кај Сомнус туку кај Морс ќе оди. Ѝ мина времето прекрасно 

    сега може само да вика гласно, ама нема кој да ја слушне. Слугинките слаби 

    ги нема, а овој со смрдлив здив над  

    неа наднесен војник кој устата ѝ  ја затворил, во очите не благост, а 

    метален сјај има. Тој устата ѝ  ја пушта, а Агрипина со дланката 

    да го удри по лицето сака. Но дланката студен метал почувствува 

    и нешто топло како кон лактот ѝ се слева. Гледа дека дланкава 

    од некој ѝ е отсечена и крвта кон 

    горе извира. Потоа доаѓаат уште тројца војници со секачи. Агрипина новиот војник го гледа како со лице 

    стамено, свежо избричено, в празнина гледа пред себе, в ќош стои незасрамен чекајќи го нејзиниот крик претсмртен; 

    знае дека како и сите војници за ова ќе биде награден. А потоа сè во ад вистински се претвори 

    синот-нарачател мајчината утроба ја отвори. Агрипина самата со преостанатата 

     рака утробата си ја разголи и на војни-ците на својот стомак им покажа: „Тука!“ 

    За помалку да ја боли дур кон смртта оди, на песната на Сомнус мисли, истата сега со ритамот на ножовите кои во неа 

    се забиваат, така овие стихови мајчини одекнуваат. Мајкоубиецот се обидуваат да го вдуховуваат 

    и крик мајчински изневерен втишуваат. Нека чуе целата вселена, сега оваа жена исечкана 

    е претворена во смеса од месо мелена. 

     На на нан нуни нан! На на нан нуни нан!! На на нан нуни нан!!! Нунка! Нунка! Нани нан!

     Нункај, нанај нани нан... 

    Потоа смесата оваа од Агрипина останата на маса дрвена во дворот од вилата беше поставена. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    15/218

      14  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Потоа запалена, Агрипина сомелена кај боговите беше отидена. 

    Овој ритуал ѝ го обавија слугинките верни - свита емоционална. 

    Гробницава на ова жена искасапена, 

    никогаш не беше од син ѝ посетена. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    16/218

      15  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ПАЛТОТО НА ПАВЛЕ 

    Секому му треба нешто затоа тој тоа нешто си го побара, 

    тоа е така нормално. 

    Зошто ако е светец да треба да го крие во креденец 

    заедно со книгите од пергамент одземени никогаш не-вратени? 

    Сега по толку време секој ја има во креденец судбината своја. 

    Празна закачалка - конвулзивно напредува, 

    на рамената на господарот да се закачи. Тој блесокот го виде и сфати. Тој тој затвор претежок го издржа; се закатанчи. 

    Тој беше џелат, а се преобрати. Тој со осаменоста се заинати и 

    во нејзиниот затвор најстрашен се закатачи. Судбината не била играчка туку таа празна закачалка. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    17/218

      16  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    КОПЈЕ 

    На џелатот веќе му е здосадено на закованиот секако не му е сеедно.  

    Светкавиот врв во вратот се заби 

    со цел дал е овој уште жив да провери. Овој до пред малку уште и мрдаше а сега сосем престана и превисна. 

    Копје забиено во главата густа крв локоти, фацата сепак сеуште нешто ломоти. 

    Пред во неврат да исчезне и целосно од овој свет 

    кај бога да отиде... 

    А потоа копјето од трите крста кај оној на средина отадна 

    и под реброто, во срцето се збодна... 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    18/218

      17  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ПИСМОТО НА ИВАН 

    Во ова време многу ги осудуваа со заковување на крст кој личеше на буквата Т со мало испакнување 

    кај главата. На Иван му милееше на другите да им помага. И таква 

    некоја природа човечка беше која очекуваше... очекуваше... нешто убаво да се случи. 

    Некоја промена вистинска - не само да се збори туку навистина нешто да се стори. Иако беше ваква природа нежна 

    никој тоа не го ценеше и сè само со ужасии животот го опкружуваше. 

    Така Иван одеше по оние кои ги сакаше и почитуваше. Не други, а само луѓе добри го привлекуваа. Сè ангелите во затвор завршуваат, 

    а за ѕверовите споменици, мавзолеи се ѕидаат. Изминаа повеќе од 2 дена, а Иван од пресудата не чу промена. 

    По сè изгледа оној кој го сака најмногу од сè ќе го заковаат. И така бидна... 

    Го изоди Иван мачниот пат на колена 

    со колена разранети сега пред крстот стои... стои и плаче... Грми... Врне... Крвта и солзите кон дното на крстот 

    се слеваат заедно. На Иван солзи небесни (дожд) му навлегоа во очите. Се разлеаја, како 

    писмото негово во влажната облека, кое не стигна да го даде онему кому најмногу го сака... 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    19/218

      18  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    СМРТТА 

    Гукање на кукавица; укање на утка во ужасот на ѕвездената ноќ која е од модрите облаци помрачена. 

    Не ме плаши смртта туку нејзиниот отпадок таа лушпа беспомошна - нашето тело. 

    Тогаш духот од него ќе излезе и исцело над него ќе се наднесе гледајќи што бедно останало. 

    Смртта- со челуст отворена, песјаци болскотни мајко на сите, ги јадеме твоите брашна 

    ти си од сите најстрашна! 

    Македонци не ве сакам зашто не сте добри! 

    Изгњавува; излижува; изживува - сега ќе го издаде. Не со изобличено, туку со зближено. Ѝ  ја плаќаме на државата корупцијата 

    - така да се каже. Секче на детско стомаче, бубреже продадено 

    во црква свеќа запалено за добро нека ќе е. 

    На сите доста ни е, ама взалудно е ова се чини бескрајно ќе трае. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    20/218

      19  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    РЕА (НА СМРТТА) 

    Маката на едно чекање е реа сè да заврши. 

    Тогаш дури и смртта е смешна; 

    оваа мисла грешна. Не биди проста. 

    И на тебе од животот никогаш не ти е доста. Тоа што во тебе влегува 

    уште повеќе тоа што излегува за мене е светиња. Не биди детница 

    ни ти не си светица. 

    Лежи лебу да те јадам. Најдобро ми е кога крадам. Дувла. Гнезда. 

    И јас сум порно-ѕвезда. 

    И ти ме имаш насекаде, ама само донекаде. Сопруго моја вечна. 

    И јас тебе те имам делумно а како цела. 

    Сè ни е од таа од на смртта реа. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    21/218

      20  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ВОЈНА 

    Од смолата на веков и тој загадочен здив од устата смрден со себичен порив. 

    Во грмушките и трњето покрај ливадата со плодови од капини и дренки нападнати... 

    ...по тревата за пасење. Оваа ливада значи сега е само дрвје и камење. Тук` битката се зачна. 

    Борбата за добро наместо зло човекот ја почна, а што е едното ил другото никогај точно не осозна.  

    Не оти не можеше, не оти не сакаше, туку го мрзеше. И сè така во него, како и во сите други немирот тлееше. 

    Прво на падината високо над сите ќе се искачеше, а  потоа откако многу ниско ќе паднеше, долу гледаше во неа... 

    ...таа дупка бескрајна. Всушност неговата душа изгубена, од гревови посрана, колку и самата ливада пространа.  

    А сепак осамена, напуштена, од неправди изгазена. 

     Човекот овој, како и секој друг војнава ја започна. 

    Така од оваа ливада плодна, само пустелија остана. Наместо детски џагор и од птици пој- Голгота проклета. 

    Се сети човекот тој, како и секој друг на асталот поставен,   ручекот неделен со храна благословена. Но ѕунот јаровен... 

    ...пак кон омразата го понесе. Со своите крилја од гаврани над него се наднесе и во царството на омразата го пренесе.  

    Сенката на гавранот беше голема, низ тие пердуви мрачни ни сноп светлина не продре. Черга од 1 000 заблуди. 

    А сепак иако ништо на доброто не го потсети  човекот пак беше свесен дека тоа постои - се присети. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    22/218

      21  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Се присети на часовите детски и мислите му чисти, мирис на темјан и мирта, а не од барут и од палења искри. 

    Многу беше осамен во војната човекот тој. Омразата го полнеше и мислеше повтор` нема да сум свој. 

    Еднаш кон крајот на денот, тука на ливадата (сега од војската пустош) од битката еден догор стана гламја. 

    Силно светна, и на човекот-војник сонлив на сонцето со десетлетија невидено го потсети. Јагнето и детето,... 

    ...пак во него се разбуди и дур дремеше за младоста и детството сонуваше. Му се чинеше дека веќе...  

    ...не е старец-убиец туку човек на ручек семеен. Тогаш го обзеде здивот небесен и реши цврсто:... 

    ...војната е лага, доблеста вистина. Иако ништо веќе не е исто,  јас кај доблеста и добрината припаѓам, кои нема да ги заборавам. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    23/218

      22  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ГЛАД 

    И ти веруваше дека на корупцијата ќе ѝ побегнеш. Сега ни во огледало не можеш да се погледнеш. Забите ти се 

    нарецкани и расклатени; немаш за минерали; сега си и ти како и сите други. 

    Ни од витамини не то остана многу, а некои имале толку многу што 

    трошеле и на дроги. Гледај ова да не ти е денот последен, оти и ти си сега 

    многу заебан. Изминатата седмица нешто к`сна. За тебе толку, некои други се со храна мрсна. Ни 

    косата не ти е веќе прекрасна, сега ти е полуопадната и безживотна. Така и ти треба кога не сакаш да лажеш, 

    во орото на мито да се фатиш. Не сакаше подплатата да им ја учиш како и сите други, затоа сега на ова 

    спадна. Тука сега нема за храна, само мрачна бездна. Ова ти е како ноќта последна, и сметката в банка ти е 

    изблокирана, како на оние од Мосад 

    и другите шпиони. Затни си ја муцката! Така и ти треба кога многу збориш, и сега ти е јасно дека демократијата е илузија. За ова со никого не смееш да зборуваш, 

    кога газот за коските ти се залепи, тоа било од фенси диети... 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    24/218

      23  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ГЛАДУВАЊЕ (ГЛАД- ВТОР ДЕЛ) 

    Гладување - метаболизам успорен така организмот од смрт од глад 

    е спасен. 

    А кога организмот пак јаде -тоа е нагло сало воспоставено, 

    така да се каже наталожено од метаболизирањето претходно успорено. 

    Но останал некој заб расклатен. Кеси под мевот. 

     Чекање на непознат зрак. Взалуд радување, наскоро пак 

    си на гладување. Контејнер спасоносен, од него сега земаме за јадење. 

    Пак нешто што не треба сме зборувале ил пишувале. 

    Пак имало храна!!! 

    Храната мигновено ја снемува во устата 

    на само 2 чекора од смртта. 

    Кога си волку гладен така брго јадеш што ти се чини 

    својот сопствен јазик ќе го изедеш а храната лапни/исчезни 

    просто ја снемува в устата дур јадеш.  Ги сака сите. 

    Сака многу да јаде, ама му е тешко 

    и напорно потоа долго да кака; 

    и сè така... 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    25/218

      24  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ГЕНОЦИД 

    Живеалиштето на соседите е испразнето. Всушност голубарник со разлетани 

    Партали наоколу... и пердуви разлетани, 

    Оти во брзањето ги заборавиле отворени Прозорците. Вратите. Сè! Биле разбрзани. 

    Оние кои бегаат саноќ мислат фатени Ќе бидат. Затоа бегаат... бегаат... не знаат... 

    Каде одат, но затоа бегаат. Бог чекаат Да им помогне додека гладуваат, а можеби Не мора да самуваат. Заглавуваат бессони 

    Со очите не прогледуваат. Така се навикнати Од памтивек. Кога едниот нешто прави 

    Другиот на вратата стражари. Како муви Кон она малку што останало се наднесуваат.  Не знаат дека вака да биде не морало. 

    Заблуда една ги вовлекла во себе имајќи Ги за свои деца. Заблудата маќеа на сите 

    Геноцидот го крие; инаку без бебињата ќе Остане и нема да има кој дојките ѝ веќе Да ги цица. А тие полни со млекото на 

    Заблудата- ја болат многу. Себична е на Свој начин/мајката/заблуда, притисната 

    Од болката своите деца во неизвесноста Ги испраќа. И така самата на осаменоста Жртва, станува џелат на секој свој за да 

    Го нема. Како што они сите ја немаат неа И како што они сите се немаат меѓу себе, 

    И како што они сите се немаат самите себе.  Во птичарников уште знаци има на 

    Некаков живот човечки, но било каков Неважен, понижен, осаменички. Еднаков 

    На било кој животински е ваквиот Живот човечки. За итрите- безделнички, 

    За наивните- осаменички. Така Бегаат постојано и навистина така 

    Сè им се случува. Без да знаат кој решува, На пат далечен тргнуваат, зад себе сè Да остават. Во надеж за нов почеток, 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    26/218

      25  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    А всушност почеток на измама нова и зачеток На крадење секакво од блиските свои; 

    Секогаш кај оние кои бегаат посилниот И поздравиот, краде од послабиот и поболниот. 

    За потоа таа горчина неизмерна од постариот 

    На помладиот да премине. Остварувајќи така Историска измама, дека децата нешто добро Научиле, а всушност само ги заќутиле исто Какошто и замолчувачите еднашка. Под-

    Дршка тука меѓу нив ни за жената родилка Нема. Тажно ѕверот рани лиже: малку дава, 

    Многу зема. Ех јас кој некако останав на Посреќната страна, сакав да ви кажам 

    Дека не е вина ваша, што сè со лошо за 

    Вас заврши. Дојдов во вашата пустелија-Бивш дом, за да ги видам овие ѕидови посивени, Сведоци на многу осами, како и моите. 

    Сакам да ве имам, и вие сте луѓе, јавете ми се. Јавете ми се и тогаш кога знаете... 

    Дека не смеете да постоите. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    27/218

      26  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЈУДИ 

    Работеа ко роби по рудници златни на Цар Соломон и Тутан Камон мавзолеи. Така тие црни ќумури 

    станаа бели снегој. Со коси црвени ил кафеникаво- руси, а со очи сини неретко и зелени. Со др. зборови 

    останаа без пигмент. Долг пат изминаа од таму до ваму, 

    без никој да знае што и каде се  таму и ваму. Едноставно за ова е грижа никому. За ропскиот живот кој горчлив во Египед беше како 

    трулите мушмули кои ги изгазија преку пустинските песоци. Имаа поука голема од ова: 

    ако не си силен доволно за ова сега, 

    стегни се и бегај. 

     Го ставија во мензата да надгледува колку, 

    им ја трошат солта на цинцарите. 

    Удира со лажицата од тенџерето кога 

    некој ќе стави премногу- Јуда, Јудите.

     

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    28/218

      27  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

     ЧЕКАЧОТ ВО РЕДОВИ 

    Сега е веќе 13 и нема повеќе да чека. 

    Не е како и другите 

    во овој ред. Сите други се сељачишта од провинција - така 

    си кажува и навистина му олеснува. Не престана 

    да сонува за фотеља, убава облека, ентериери 

    и паркови раскошни. По списанија половни 

    од трета рака дадени или во културни клубови  разделени; за гласови на избори- купени. Нема веќе да чека, веќе господин ќе стане. 

    Си рече: До вчера чекав до пладне. Ама ако не дочекам денес, ќе ми земе 

    сè некој друг, за мене не ќе остане ништо веќе; само свенато цвеќе, 

    така да се каже. Ама и така се може, 

    кога се мора, господин не се станува 

    од 2-3 збора. Се сврте наназад, 

    виде уште многу луѓе а нанапред 

    уште малку само. Тогаш нека амо 

    дојде одважен некој тука не е било кој. 

    Така си рече и малку се смири, иако е меѓу толку 

    кои не се одважни, туку гладни. Тој е префинет, не со мисли задни 

    стално со кравата, иако стани-падни му беше векот цел. Со достоинство 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    29/218

      28  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ниту трошка. Државата таква го користеше до бесвест, а играва 

    тој ја прифати, бидејќи немаше избор. Како и сите други сè му растурија 

    и го препуштија да чека непрестајно 

    по ѓубришта и јадење рециклирано. Денес се немаше депримирано, 

    отиде рано во редов фати место завидно. 

    А потоа како привидно  редот нагло да се смали. 

    А всушност како и секогаш ги пуштаа на групи мали на 10 минути 5 одеднаш. 

    Тоа е денешниот урок да земеш топол оброк. Во нозете му е многу тешко; 

    времето е задушливо, кучешко. Не е важно што е 13 

    ќе чека уште 1 час ако треба, ќе се занесува дека не му е 5 до 12.  Човек е, и тој има некоја потреба. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    30/218

      29  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ВАМПИР 

    Од постелата камена станува без да му студи. По дршката посегнува... 

    Ништо не му е, не му треба да 

    се навикнува. Вака веќе долго се разбудува. Додуша за разлика од нормалните 

    луѓе многу порано, со првите зраци сончеви... Кога е сè полуосветлено, со првите птици 

    кои се огласуваат; со уткината ука која во денот го бара сонот. 

    Спротивно на општото убедување вампирот го минува векот меѓу 

    сите луѓе. 

    Спротивно на општото убедување вампирот навистина постои, за да цица крв од ближни свои. 

    Од крст не се плаши ни од било што чесно. Го плаши само животното озабено, 

    и сè што е од него посилно. Крв пие на сè што е чедно на жена и на детето бедно. 

    За до жртвата да дојде 

    се прилагодува, маскира, метаморфозира и се разбира 

    - хибернизира. Конечно и тој некогаш се одмара. Таков е вампирот - како Мајкл Џексон 

    - ни бел ни црн. Истотака ни човек ни животно, ни маж ни жена, ни стар ни млад, ни жив ни мртов. 

    Овој стрвинар стрвината што ја гнете не е ни возрасен ни дете. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    31/218

      30  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    СТРАШИЛА 

    Стопанот барем се труди животното да не умре од глад во зоолошките 

    градини, таму каде цивилизираните 

    луѓе живеат. Но не и стопанот на човекот. 

    Можеби на изѕемнетиот работник некое парче месо в уста ќе му стави 

    за подобро да работи, секој прв понеделник. Сега работилото ќе работи; на ти, јади! 

    Ил стопанот само сакаше тој раката да му ја лиже? ...Кој да знае, оваа ситуација предолго трае... 

    Работилото нешто касна, значи може да работи. 

    Судбина убава, јас сум плашилото 

     ми работат, сите ги плашам 

    а потоа на убавана ќе ѝ се насладам! 

    Касна. Прекрасна. Прекрасно. Страшила, живот мачен балкански. 

    Смрт. Живот: маскен-балски всушност маскен-балкански. Која е целата вистина? 

    Дека од законот на хартиите остана само прашина. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    32/218

      31  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    КРЛУЦИ 

    Обвивка животна на живо животно; Риба- морска ил езерска која како и 

    Секој жив организам за заштита 

    Копнее (дал од немирни води ил Предатори опасни). Човекот пак 

    Се чини од заштита не се нуждае. Сè само се претставува и поставува На сцена театарска или од ловори Пиедестал. Грешка природна ил 

    Самобендисаност нечија? Тоа е тајна Вистина сечија. За селанка припроста Ил принц во кочија. Но иако никој за 

    Тоа не збори, секој успешен некаква заш-Тита има. Иако никој за тоа не Пишува, во портфолио секој богат 

    Конто за некаков бодигард чува. Човекот Суштество високо е ил само мува? Обликот 

    На телото и черепот му не оддаваат сила,  Големина на еден слон, кит ил носорог, 

    А и со здравје човекот е често разрок ил кривоног. Но сепак на прво место човекот е бидејќи Ги има тие крлуци за кои никогаш и никој 

    Не збори. Кои ги има иако ги нема, оти Нивната материја невидлива е направена, 

    Не од коска рибина туку милион лицемерија. Така и таа- домаќинката е замотана во крлуци-

    Те на своето лицемерие; како кога оној Шаран од крлуци го ренда, како тетка 

    На своите внуци. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    33/218

      32  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ВРВОТ НА НОСОТ 

    ...е секогаш студен. Кога знаеш дека нема Кој да ти се јави (вака почнува), а секаде те има. 

    Вака сè почнува, нели, од тоа чувство 

    Неизвесно? И тебе ти е претесно! претесно!! Прво влево, потоа сврти вдесно - не ти е лесно 

    Кога не можеш да заспиеш. Сè некако ти е Нестварно. Сè те боли, сонот те мори. 

    Неарно ти е, оти не ти се спие. Каде ти е куќата, каде ти е дворот Или ова не е стварно нити реално 

    Туку сон? Ужас, за човекот прогон. Носот до вчера ти беше цел, сега 

    Ти е истрган. Ти беше дебел, сега Ти е мал, на две поделен, како Домат пресечен. Си велиш и вака Може секој. Ама тешко ти е оти 

    Знаеш дека немаш никој. Допри си Го пак на носот врвот. Колку ти 

    Е студен сал. Ти би сакал! Ти би сакал!! Некому за тебе да му е жал. 

    Но сè се сведува пак на нов почеток. Од некаде Нанапред; некаде наназад. Но пак сè е заникаде.  

    Има само инает за носот изѕемнет! Еднаш си со да (ти го пипкаат како на 

    Болен коњ), еднаш со не. Но ова е Горе-долу сè... 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    34/218

      33  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ВОДАЧОТ 

    Секогаш неприроден, никогаш спонтан. 

    Сè репресиран, никогаш смирен. Добродетелта-

     Извор смирен. 

    Добар ил лош, тој да води знае. Тајната вековна кога ја трае, мисли 

    Моќни крие. 

    Во власта ужива, на смртта не мисли. Тоа се тие мисли погани. Од змија каснување, 

    Народно неверување. 

    Народот, човекот обичен во него се сомнева.  Но взалудно размислува. Секое почнување Е од змија каснување. 

    Погледни нанапред, рече водачот тој, таму има Вода бурна. Погледни наназад каде злобна армија 

    Во нас се втурна. 

    „Ме разбирате“- рече тој, „Ви требам јас со мојот Глас, да ви речам каде да одите, рацете се мијат 

    Така од гревот вековен.“ 

    „Но кон каде нè водите господару?“- рече некој, „Ни напред ни назад не може, секако нема спокој  

    И со и без вас.“ 

    „Сигурно не ќе полетаме со бродов овој кој Не е авион кон небото славно, туку кон светлината 

    Тоа е главно.“ 

    Така и сега народот го ислуша овој водач Главен без да знае дали е мислител ил јадач 

    Нивен само. 

    Оти да се живее и не е толку важно најпосле, Колку да се преживее. 100 пати така се јадосале 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    35/218

      34  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Овците кои блеат... 

    ...Пред Пастирот со жезло метално, лице умилно. Никој да му пререче не се осмели, со страв од богохулно 

    Наказание изречено. 

    Но и на голиот цар едно дете храбро му рече. Без да знае додуша, кога овој гол се слече 

    Пред народ простодушен. 

    Немаше водачот тогаш на себе златна одора, Само одот му беше за сите ноќна мора, 

    На народот адетот. 

    Се исплашиле сите да не им речат дека се лоши Христијани, и така водачот никаков го устоличи Толпата од луѓе насобрани. 

    При што овие луѓе заборавија дека достоинството најважно Е за секој од нив; за пред судот вечен не со лице тажно 

    Бидат, тук` чисто, снежно. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    36/218

      35  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЌУТЕНКАТА 

    Пред портата во домот огледало ти Стои, кое со пердето непроѕирно пред 

    Себе годините ти ги брои. Ти си тој 

    Кој се крие. Ти си тој кој со ноќи Десетици не спие, а сепак пред сите 

    Со лик свежен. И така сè ти врват дните...  Ти не си лажен, иако лажеш везден. 

    Ти сè можеш, иако бездетен; со ноќ, без ден. Се мавташ вкуќи сè везден, чекаш пак Сè да ти почне. Ама нема, тоа никогаш Да се случи. Не ти се чита, не ти се учи. 

    Од животот ти се смачи. Ти ја имаш 

    Судбината пуста, сè везден да лажеш Со твојата душа нечиста. Се смееш, А плачеш. Гаден си до даска, твојот смев 

    Е на сатаната маска. Ама и ти имаш Јанѕа друга- те втаса на сите јавашот, 

    Па пак мислиш изгубениот воз ќе го втасаш.  Ти си гол; ти си мрсен; ти си гнаса - само лажеш -

    Сите и себе најмногу. Бидејќи и ти си како Сите. Само така и нека ти минат дните! 

    Колку само криминалии премолчи, колку само 

    Корупции оствари. Тоа твое главче што На друго ништо не мисли. Туку само да се натури, 

    Да краде и да биде како сите други. Господи! Господи!! Господи!!! Некогаш бев твој, а сега 

     Чиј ли сум? Се чини на тоа чекање без извор и Без крај; на криминалија без изговор; на сè 

    Што било, е и ќе биде затоа што така морало Да биде. Оти нема јакост, без слабост, ниту 

    Промисла без намисла. Само една река Е без крај, само еден водовртеж е така-

    Не барај го, него имај го. Сè друго е заблуда, Сè друго е лук и вода. Јас сум горе, ти 

    Си долу; или обратно- јас гледам прудоле, Ти некаде таму горе. Но сепак никој не е Вечен, никој не е до таа мерка точен за 

    Да може на ќутенката да ѝ побегне. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    37/218

      36  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Поскоро ќе каже за да премолчи, потоа намигне И сè така до бескрај дур казната не го стигне Од господа драг. Мислеше дека и тој во цар-

    Ството на лагата ќе пребегне, но и него ќе го досегне Таа казна неизбежна. Фрижидер полн со пцости, 

    Сандук за смрзнување, Килиманџаро, белина снежна. Дал се мисли некој ил прашува за живот полн гадости? О човеку колку само крадежи и несреќи, криминалии 

    И измами ти престори во доблести државни? За што е оваа цивилизација? По сè изгледа За стагнација. Никаде надеж само измама 

    Од лажни сметки и платежна карта електронска. Сега кога секој криминал е замотан во компјутерска  Обвивка; тебе возвишена ќутенко сè ти е достапно! 

    Ништо не е толку силно кажано колку премолчано! На колку само деца новородени, мајките им беа Изгладнети? На колку само мајки првородни фетусот 

    Разединет- од гладување и лоша исхрана. Ќутенката- здивот на смртта го вдиша, а потое се стиша. 

    Ќутенката- таа особина национална, така бесцелна. Ќутенката (пак?)- Од дека си? - Од некаде бе. 

    Ни човек си ни животно, ни маж ни жена, ни жив ни мртов, Како Мајкл Џексон си- ни црн ни бел. 

    Ќутеката- сепнее, демнее, ѕемнее - всушност 

    Безмилосна комбинација од прдежи и цревна течност→ Евтина храна→во мислите внедрена. 

    Ќутенката- црквен хор? Кој го има последниот збор? Ќутенката- системот е за продуктот на твоите црева 

    Ти се врати в уста. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    38/218

      37  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЌЕ ВИДИТЕ КАКО НИ Е... 

    ...нам кои целиот животен век го минавме во „тоа“. Железната 

    врата, резето ќе падне. Таа 

    ќе се заклучи. Вратата од вертикалниот ковчег е. Од 

    саркофагот во кој стоите. Таа ќе се затвори и ќе ве тресне 

    по нос! 

    До вчера ни се смеевте, ама и ние и ние се свестивме.  Чекавме да ве заебеме. 

    Живеевме за денот кога знаевме ќе пропаднете фатени во стапицата 

    наменета за нас, а вие внеа сега- со кожа одрана! 

    Мислевте толку сме глупи ние намачените, по шалтери изначекани, дневно 30 пати од секој Циган извреѓани. 

    И од секој ваш поган платеник безброј пати натепани. 

    Но ние имавме сила да ги дочекаме вашите дни несреќни! 

    За вашата несреќа живееме вие стоки низаедни, крадци 

    сечии; антихристи и намрази нечии. Вам ви го посветуваме 

    од оваа песна секој стих. Нека ве снајде болен смртен час. 

    Нек ве мачат долго, нек се чуе болен ви глас! 

    И јас и многу други се придруживме во хајката против вас. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    39/218

      38  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Без да се плашиме, без да мислиме дека тоа може да ни се врати. Оти полошо не ни може да ни 

    биде. Мачно ни привршија миговите. Затоа почувствувајте го секој наш 

    бол вие сите! 

    Сега вратата од саркофагот ве притиска стоечки; вие сте 

    превртени со главата вдоле наглаечки; вратата саркофагна пак однатре има многу шилци. Таа бездушно 

    во вас се забива. Тоа многу ве боли, ама нема кој да ве слушне. Така е, 

    умрете бездушно! 

    Светото писмо вели не мрази, не колни; на џелатот другиот образ 

    подметни му го, да те удри. Ние пак несомнено можеме и 

    сакаме да видиме како вие страдате, никому не му беше жал туку мило 

    додека нè малтретираа. Така е, да видите како ни било! 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    40/218

      39  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    АНДЕРГРАУНД (ПОДЗЕМЈЕ) 

    Под нашите домови тече сливник од нашите каши телесни и отпади. 

    Ко да не постои, секој се прави ко да го нема 

    и за друго се користи, кога веќе го има. 

    Низ канализации и цевки подземни минува некои од нив се ниски, но широки или 

    обратно- високи, но тесни. За да минеш треба да се прилагодиш-наведнеш... 

    ...ил исправиш. Но никогаш не може да минеш онаков каков навистина си туку 

    секогаш променет ил со маска некаква. Таму стално ќе ти смрди, судбината ти е таква. 

    Едвај ќе чекаш да излезеш, но взалуд. Од еден во друг канал ќе минеш. За веднаш пак беден  

    живот да продолжиш. Взалуд се жалиш секому; нема кому да кажеш. Лажговци ти се сите одоколу. 

    Би сакал можеби јунак да бидеш, и ставорците по каналите подземни да ги запалиш. Но взалуд, 

    ни тоа не ќе те извлече. Штом ставорец од каналот „АНДЕРГРАУНД“ те каснал вампир постојано... 

    ...ќе бидеш - за вечни времиња, амен. Со срце од камен; со знаме од јариња- кожи; со лице од маски мртовечки, на живи трупла. И ти ќе си 

     речеш: „Многу ми се собра.“ Сакаш тоа што не си... 

    ...да бидеш, а веќе си- тоа што не си. На нозе свои стани си, со судбината помири се. Тазе 

    ти е судбината, не можеш да согледаш си чекал премногу за да прогледаш. 

    Дека тука се сите исти, сè само пцости наместо благослови од устата погана им 

    излегуваат. Пируваат дур децата им гладуваат, 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    41/218

      40  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    чекаат да добијат пари од нов преврат-неврат. 

    Подземје- царот ништо нема, а вошкарот најбогат е; тоа е вистината како што пишува уште во 

    библијата. Вистина стара, цар без скршена пара, 

    ништо не украл, ама се продал. Божем за ова не знаел. 

    За подземјето всушност секој знае; и птицата за него на гранка пее. На сите им е јасен на земјата 

    тој простор претесен. Бидејќи никому животот не му е лесен - сите лажат и во молк го минуваат векот. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    42/218

      41  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ОБЛАЦИТЕ НА ОЧАЈОТ 

    Грмна молњата, небото посивено својата утроба уморна ја преврте. 

    Над градот лажлив небото измиено 

    ги плакне своите јанѕи најсетне. 

    Колку да знаеш граѓанину - сакало небото да ни каже -

    ова не му го признавам секому: подготви се, ова долго ќе трае. 

    Ги затворив добро капаците и вратите. Моите ги заштитив откако проветрив. 

    Нека бидат на сигурно, не на вампирите. Така јас милите ги изолирав и дома ги заклучив. 

    Но дека она што небото ми го кажа дека сè долго ќе трае не било фраза, 

    осетив кога повторно сивото се прокажа небо. Мрачно во својата самобендисана екстаза. 

    Облаците сиво-мрачно натежнале. Од нив нема одење напред, а само чекање.  

    Се одморуваме до наредното ни јадење; само тоа ни остана, сè друго е залажување. 

    Ми се чини облаците се појавија откако некој нив ги забележа. 

    Ми се чини ги има откако ги забележија. Така сега секој болеста им ја прележа. 

    Но болеста на очајот не е како сипаници. Таа не создава отпорност за битки нови. Таа сè разорува: тело, душа, без граници. 

    Подобро да не ја увидовме; вака само нови јадови. 

    Но дали може почитувани читатели некој кој е сосем здрав и прав 

    да не ги забележи тие сиви неправди? 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    43/218

      42  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    Освен ако и самиот не стане никаков. 

    И со моите блиски за овој феномен зборував, за сивите мрачности, на неправди-упорности. 

    Со праведниците за ова многу јаснував, 

    но од истите за ова повеќето никој не изусти. 

    Бидејќи секој од молчачите така ќе пропушти шанса најголема за брз успех. 

    За сметка на она што пред нас не го изусти.  За праведниците никој не се грижи е тој цех. 

    Така ние пустите останавме, сè кон горе гледаме. Без да знаеме каде ни е крајот. 

    А пак лажговците имаа сè повеќе, додека нам ни останаа само облаците на очајот. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    44/218

      43  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    СЕБИЧНОСТ 

    Отсекогаш беше нешто повеќе од мене иако не секогаш знаеше за себе. 

    Ја ти бев пријател, близок до тебе 

    а ти знам дека не си еден барем не со мене. 

    Бидејќи секогаш напредуваше таму каде ме немаше мене. 

    Не веруваше во пријателството. Мислеше дека и јас сум како тебе. 

    Дека ќе те влечам на дно, заедно со мене. Не сум сакал некој од мене да е погоре. 

    Вистина е - сите се како тебе. 

    Сакаат сè за себе; за другите и ништо нека не остане. Ама знам дека одењето ти беше матно; живеењето не-слатко. 

    Покрај тебе беше стално себичноста строга сè да ти смрачи и изедначи 

    таа грда, но расчепатена баба- рога. Така ти сфати дека иако сè доби, ти си тој кој секогаш губи! 

    А потоа со едно женско пиштолче се уби!! Зашто сфати дека и ти си себичност. 

    Како многу други. 

    Никогаш нема да имаш единственост! А јас ставив ловоров венец, 

    на твоето раскрварено, застрелано чело додека беше сеуште топол 

    и легнат на твојот од акација креденец. Едност. Посебност. Вечна замолченост. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    45/218

      44  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ЗАТОА ШТО НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛ СЛОБОДЕН... 

    Морам да умрам затоа што никогаш не сум бил слободен. Да прекратам со овј живот бесмислен. Каде Хермес никогаш не сле-

    тува, ниту било кој ангел господов доле-тува. И вчера, и денес, и утре, како на 

    мало дете ми минуваат деновите, ноќите, мугрите... Нема кој да ме чуе дека вака не ми се допаѓа, 

    а некој да ме чуе и нему исто му е. Живот соста-вен од пластови од силувања наместо милувања. И порано како и сега се залажував дека можеви 

    на небото би бил награден затоа што не сум слободен.  А всушност небото не ми е важно, јас сум само 

    грешник обичен, со овој беден живот неслободен сакам да прекратам. Да живеам реално, среќно, вистинско, чесно време, не од лаги бреме. 

    Но ете ме и мене, пред судот вечен, и јас многу грешев.  Сега не знам како гревовите да си ги оправдам и од овој лавиринт животен излезам. Не знаев што им е, 

    зошто секому за мене сеедно му е? А всушност така им било на сите, само така ми старееле 

    вените. Така им било и ним другите, кутрите. Зарем да бидам страшливец и да се трудам да бидам 

    поинаков; туку најдобро едноставно да продолжам со каков-таков живот. Всушност и сите други 

    имале изговор само еден. Ќе кажеле: „Вака е за-тоа што не сум слободен. Ќе имаме можеби за-

    губа една, но потоа добивка многу вредна. Зошто да се трудиш да си со најдобро постојано, кога имаш 

    постоење погано? И тоа може да е доследно, па дури и добро ухрането.“ Но сепак има некој кој ќе ти каже, вака веќе не може, ова не е христијански, ова не е добро, туку многу злобно. Но тогаш кој 

    да знае дека така е, а онака не е. Сè е тоа во тој лавиринт од измами и лажни одови, 

    со лажни насмевки и кодови. Со кои лагата таа божица семоќна станува 

    тешко видлива. Во сите пори на животот ни влезе таа кучка невидлива. Зашто се-

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    46/218

      45  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    кој од нас ја пушта да ни влезе во животот беден под изговор: тоа е затоа што не сум  

    слободен. Кој тогаш има жезол вреден? Оној кој сè знае или оној кој за слобода не е достоен? 

    Бидејќи не може сè да знае оној кој не е слободен. 

    Но кој е тогај слободен, најверојатно никој, едноставно така мора секој- да ткае на 

     разбој од привид и лажнотија. Душата, таа пустелија тоа сè го истрпи, и никогаш не нè врати во царството на сонот. Таа- душата нè 

    спаси, таа ни го има денот, а не ноќта. Затоа знам дека иако не сум слободен,  

    иако сум како и сите и како сите остарен, може да бидам достоинствен. Да имам светол ден, 

    како во сините вселенски височини, засекогаш слободен. 

  • 8/17/2019 Songs from Death and Love

    47/218

      46  ПЕСНИ ОД СМРТТА И ЉУБОВТА  од Игор Поп Трајков 

    ОДИМЕ 

    ...кон нешто. Нешто пуштаме, а ништо не напуштаме. Се веднееме, нешто од земја да земеме, а потоа со рацете нагоре сакаме 

    некои височини да досегнеме. Сè така горе/долу важно напред одиме. Бессрамни од нашето долу како никој да не нè гледа. Сè само така напред.  

    Желбата за овој од нанапред не нè напушта. Дури и тогаш кога мислата се вслуша во она што не треба... Кој ѓавол сега-

    не треба, не смее? Сè е како треба кога напред се бега, од она што зад нас останува. Тој животен нагон не престанува. Држи јако 

    до бескрај - дали некој ќе дочека влез во рај? Сигурно не, за тоа нема доказ. Секој го чека тоа, но за тоа,