c o n t r i b u t i o n s 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на...

188
UDK 0/9 ISSN 0420-0950 МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN SCIENCE SOCIETY – BITOLA REPUBLIC OF MACEDONIA п р и л о з и C O N T R I B U T I O N S 19-20 БИТОЛА - 2015 - BITOLA ПРИЛОЗИ XI Бр. 19-20 1 - 169 БИТОЛА, 2015

Upload: others

Post on 06-Nov-2020

2 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

UDK 0/9 ISSN 0420-0950

МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

MACEDONIAN SCIENCE SOCIETY – BITOLA REPUBLIC OF MACEDONIA

п р и л о з и C O N T R I B U T I O N S

19-20

БИТОЛА - 2015 - BITOLA

ПРИЛОЗИ XI Бр. 19-20 1 - 169 БИТОЛА, 2015

Page 2: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

СПИСАНИЕ НА НАУЧНИ И СТРУЧНИ ТРУДОВИ НА ЧЛЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА

19-20,2015 1-274

Адреса на издавачот Македонско научно друштво – Битола, Ленинова бр. 39, п.фах 145

Р. Македонија

Списанието излегува двапати годишно или како двоброј, бесплатно

Уредувачки совет Доц. д-р Марјан Танушевски, Панде Петровски, м-р Никола Главинче, Милица Димитријовска Радевска, д-р

Нико Јанков, проф. д-р Габриела Ракичевиќ, м-р Димитар Спасевски, доц. д-р Виолета Јанушева

Редакциски одбор Проф. д-р Миле Миќуновиќ (главен и одговорен уредник), Добре Тодоровски (уредник),Марија Димова (технички уредник), доц. д-р Виолета Јанушева, д-р Весна Калпаковска, д-р Александар Литовски, м-р

Емилија Јашовиќ- Сивеска

COLLECTION OF PAPERS OF THE MACEDONIAN SCIENCE SOCIETY – BITOLA 19-20, 2015, 1-274

Author's address Macedonian Science Society - Bitola, Leninova br. 39, P.O BOX 145 - Macedonia The issue appears twice a year or

as two - number, free of charge

Editorial Council Doc. Phd Marjan Tanusevski, Pande Petrovski, MSc Nikola Glavince, Milica Dimitrijovska Radevska, Dr Niko

Jankov, prof. Phd Gabriela Rakicevik, MSc Dimitar Spasevski, doc. Phd Violeta Januseva

Editorial Board Prof. Phd Mile D. Mikunovik (Editor-in-chief), Dobre Todorovski (editor), Marija Dimova (technical editor), Doc.

Phd Violeta Januseva, Phd Vesna Kalpakovska, Phd Aleksandar Litovski, MSc Emilija Jasovik-Siveska

Page 3: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР..................................................................................................................

ПРИМЕНЕТИ НАУКИ И МЕДИЦИНА

Миле Д. МИЌУНОВИЌ, Јованка ТОЧКО, Миќун М. МИЌУНОВИЌ, Љубица М. МИЌУНОВИЌ Повреди од мечка.......................................................................................................................................................................

ИСТОРИСКО-ГЕОГРАФСКИ НАУКИ

Александар ЛИТОВСКИ Прилог за убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола во 1926 година....................................................................................................................... ................................

ЛИТЕРАТУРА И ЛИНГВИСТИКА

Стојан РИСТЕСКИ Прва книга за масони од Македонија ....................................................................................................

TABLE OF CONTENTS

PREFACE………………………………………………………………………………….

APPLIED SCIENCES AND MEDICINE

Mile D. MIKUNOVIK, Jovanka TOCKO, , Mikun M. MIKUNOVIK, Ljubica M. MIKUNOVIK Injuries from bears…………………………………………………………………………………

HISTORY AND GEOGRAPHY

Aleksandar LITOVSKI Contribution on the murder of Spasoe Hadzi Popovik in Bitola in 1926………………………….

LITERATURE AND LINGUISTICS

Stojan RISTESKI First book about the Masons from Macedonia……………………………………………………….

Page 4: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

Предговор

Новиот број 19-20, на списанието на Македонското научно

друштво „Прилози“, овој пат излегува како специјално издание со оглед

на важноста на одржаната тркалезна маса посветена на јубилејот 70

години настава на македонски јазик во Битола и битолско.

Сепак, во првиот дел поместени се три научни труда од наши

членови, заради тоа што истите не беа објавени во претходниот број на

списанието.

Вториот дел од ова двоброј е посветен токму на тркалезната

маса по повод јубилејот. Во него се поместени научните трудови на

учесниците.

Проф. д-р сци. Миле Д. Миќуновиќ

Page 5: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот
Page 6: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

ПРИМЕНЕТИ НАУКИ И МЕДИЦИНА

Page 7: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ1, JОВАНКА ТОЧКО1, МИЌУН М. МИЌУНОВИЌ1, ЉУБИЦА М. МИЌУНОВИЌ 2

ПОВРЕДИ ОД МЕЧКА

Апстракт

Авторите прикажуваат случај на ловџија повреден од мечка. Тоа е извонредно ретко во нашата земја и пошироко. Се прикажува значењето на оперативната интервенција во

1 Проф. д-р на мед. науки Миле Д. Миќуновиќ1; д-р Јованка Точко1, д-р Миќун М. Миќуновиќ1; д-рЉубица М. Миќуновиќ2; Болница „Св. Еразмо“ – Охрид1

, КАРИЛ–Скопје2; [email protected]; [email protected]; micunmicu novic@yahoo. com; [email protected].

Page 8: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

првите неколку часа по повредата. Направена е обработка на раните со пластика и трансплантација на кожата. Најголемиот дел од раните се на лицето во големина од 3 до 20 см, и тоа: на носот, на носните канали, на дел од окото, на десниот образ, на ушната школка со ушниот канал, на целата темпорална (слепоочна) кожа, на дефект на кожата на темето во вид на рамностран триаголник со димензии на страниците по 15 см, како и рани од 1 до 10 см на левата подлактица и на левата шепа. Примен бил во многу тешка општа и локална состојба, а по интервенцијата состојбата се нормализирала. Каснувачките рани (vulnus morsum) секогаш се контаминирани. Со добра обработка и испирање нашиот случај немаше инфекција.

Клучни зборови: рани, лице, кожни дефекти, мечка.

Abstract The authors present a case of a hunter injured by a bear. That is remarkably rare in our

country and the region abroad. It presents the meaning of the operative intervention in the very first hours after the injury. The treatment of the wounds included reconstruction of the defects and transplantation of skin. The majority of the wounds are concentrated on the face in length of 3 to 20 cm in the region of the nose, nasal vestibule, a part of the eyelids, the right cheek, the ear lobe and the external auditory canal, the skin of the whole temporal region, a skin defect on the vertex in the shape of equilateral triangle and length of 15 cm of each side, also bite wounds of 1 to 10 cm on the left forearm and the left hand. The patient is admitted in very bad general condition with above mentioned multiple bite wounds and after the intervention the patient is stabilized. The bite wounds (vulnus morsum) are considered always as contaminated. Performing a meticulous washing and processing of the wounds prevented infection in the patient.

Key words: wounds, face, skin defect, bear.

НАШ СЛУЧАЈ Пациент А. Б. (2501/13), на 66-годишна возраст, примен е во нашата болница како

хитен случај на 3. XI 2013 година поради повреди на лицето, на главата и на левата рака предизвикани од напад на мечка. Ловџија, со група од 20 души бил на отворање на ловот во хајка на диви свињи. Во ловот ненадејно им излегла мечка со мало мече. Мечката се свртила назад при што се удрила во дрво и не го видела мечето каде заминало. Се исправила на задните нозе, го видела ловџијата и со голема брзина се упатила кај него и го нападнала. Според очевидците, а и по исказите на повредениот, мечката го удрила со шепата по десната

Page 9: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

страна на лицето и паднал на земја. Веднаш потоа мечката се нашла над него, со заби му го зафатила темето од неговата глава, откинувајќи му парче од кожата заедно со меките делови и останала гола коска од черепот. Во тој момент зацвилело малото мече. Мечката се уплашила за него и го напуштила ловџијата, упатувајќи се кон мечето. На тој начин нашиот ловџија не го добил третиот и, најверојатно, смртоносен удар. Возбудената и уплашена група на ловџии веднаш го транспортираа повредениот во нашата болница.

При приемот главата на пациентот беше во крв, како и горните делови од трупот по облеката. На прв поглед многу страотна и бизарна слика. Се направија нативни рендгенски снимки на кои немаше повреди на коскените делови. Десната страна на лицето беше со повреда на кожата и на меките делови во правец на канџите од шепата на мечката, тоа беа четри ленти во должина од 8 до 20 см и со длабина од 1 до 2 см. Носот беше преполовен по неговата цела должина и со отворени носни канали во должина од 8 см и попречно пресечен во ширина од 3 см. Десната страна на лице со надолжни две рани во должина од по 12 см, од која едната го зафаќаше надворешниот агол од окото, протегајќи се надолу и во длабина од 1 до 2 см со одвоен флеп на кожата од основата од каде тече крв. Третата линиска рана ја зафаќа темпоралната (слепоочницата) регија и се протега кон долу, по образот во должина од 20 см. Четвртата линијска рана ја зафаќа надворешната ушна школка со дел од ушниот надворешен канал. На темето на главата нема комплетно кожа со поткожно меко ткиво, се гледа черепот во вид на рамностран триаголник со димензии на страните по 15 см. На левата подлактица, во средната третина, има лацероконтузна рана во должина од 8 см со повреда на мекото ткиво во длабина од 3 см. Во внатрешната страна на шепата има рана од канџите на мечката од 2 см, а од надворешната страна на шепата две рани во должина од 2 до 4 см (слика 1а и б).

Слика 1: Повреда на десното лице (а) и на темето на главата (б) Еден час по повредата, се влезе во операционата сала по давање на две единици крв.

Во првиот акт се обработија раните на носот за да може анестезиологот да ја постави маската, но подоцна тоа не беше потребно. Се направи реконструкција на носниот канал и пластика на кожата. Во вториот акт се отиде на обработка на другите три рани предизвикани од канџите на мечкината шепа. Флеповите се подигнаа, се исчистија меките делови со внимателна хемостаза и се направи пластика на кожата. Во третиот акт се обработија раните на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот ушен канал, потоа трагусот, мекиот дел пред трагусот на лицето и задниот дел од ушната школка во должина од 3 см, а на крај и нејзинот врв. Во четвртиот акт се обработи кожниот дефект на темето на главата во вид на рамностран триаголник со должина од по 15 см. Се успеа еден дел од рабовите на

Page 10: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

триаголникот директно да се соберат со што триаголникот се намали по 5 см на секоја страна.

Слика 2: Интраоперативна обработка на носот (а), на десниот образ (б), на ушната школка (в) и на темето на главата со кожен трансплантат (г)

Во петтиот акт се зеде трансплантат на кожа во должина од 6 см и ширина од 4 см.

Се преврза и се постави компресивен завој на ногата. Во шестиот акт се направи пресадување на сободната кожа земена од десната надколеница и комплетно се затвори кожниот дефект на темето на главата. Кожниот трансплантат се соши со поединечни најлонски конци од 0000 на атрауматска игла (слика 2). Во седмиот акт се обработија раните на левата подлактица, како и раните на левата шепа. Во текот на интервенцијата многу внимателно се водеше грижа за темелна обработка и темелно испирање на раните.

Болниот беше задржан на болничко лекување 15 дена. На втората контрола, еден месец по операцијата, состојбата беше скоро сосема нормална, со незабележителни кожни лузни (слика 3).

Page 11: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

Слика 3: Еден месец по операцијата. Незабележителни лузни има: на носот (а), на десниот образ (б), на ушната школка (в) и на прифатениот кожен трансплантат на

темето на главата (г)

Слика 4: Шест месеци по операцијата.

ДИСКУСИЈА Каснувачките рани (vulnus morsum) секогаш се контаминирани. Скоро секогаш се

јавува инфекција зашто бактериите од усната шуплина директно се внесуваат во раната. Тие

Page 12: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

микроорганизми се многу вирулентни, а најчесто можат да се изолираат спирохети, стафилококи и различни Грам позитивни бактерии. Карактеристично е што микротромбозите во регијата на раната предизвикуваат забавено зарастување и покрај сите преземени терапевтски постапки. Во нашиот случај не дојде до инфекција на раните благодарение на брзата интервенција, на темелната обработка и на темелното испирање на раните.

РЕЗИМЕ

Прикажаниот случај на повреди од мечка е многу редок и е во прилог на заклучокот дека секоја рана што брзо се решава, побрзо и подобро се санира. Посебно внимание треба да се задржи на темелната обработка на раните и на нивното испирање.

Користена литература

1. Kos J.: Ozljede i rane, Sveučilište u Zagrebu, Veterinarski fakultet, Zagreb, 2008.2. Mathes S. J., Nahal F.: Clinical Applications for Muscie and Musculocutaneous Flaps,

Mosby, 1982. 3. McGregor I. A.: Fundamental Techniques of Plastic Surgery and Their Surgical

Applications, 7th ed. Churchill Livingstone, 1980, 323-337.

Page 13: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

ИСТОРИСКО-ГЕОГРАФСКИ НАУКИ

Page 14: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот
Page 15: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

д-р Александар Литовски

ПРИЛОГ ЗА УБИСТВОТО НА СПАСОЕ ХАЏИ ПОПОВИЌ ВО БИТОЛА ВО 1926

ГОДИНА

Апстракт: Во статијата се обработува прашањето за убиството на Спасое Хаџи Поповиќ од

страна на терористи испратени од Бугарија од автономистичка ВМРО. Ова убиство е во

тесна врска со третманот на македонското национално прашање во периодот меѓу двете

светски војни, односно со дејствувањето на државните институции на земјите кои ја

окупирале Македонија и нивните пропаганди за денационализација и асимилација на

македонскиот народ. Во статијата детално се обработуваат самиот чин од убиството и

првичните настани по убиството од страна на претставниците на власта во Битола.

Page 16: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

Клучни зборови: српската пропаганда, Егејски дел на Македонија, Спасое Хаџи Поповиќ,

автономистичка ВМРО, Битола.

За убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во македонската историографија досега

единствено со свој научен прилог се осврнал д-р Петар Манговски.2 Во него авторот,

потпирајќи се, пред сè, на информациите кои ги добил од Лазар Мулев, кој бил еден од

учесниците во атентатот, дал само основни информации за организирањето и самото

убиство. Секако, фактот дека овој научен прилог, во најголем дел, се потпира на

„сеќавањата“ само на еден учесник во настанот, значи дека тој е пишуван врз основа на

„второстепен извор“, какви што, впрочем, се сите мемоарски искажувања во

историографијата. Сосема површно и попатно настанот го споменуваат и некои други

автори, но воопшто не се задржуваат на негова елаборација.3

Дејствувањето и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ е во директна корелација со

српската пропаганда кон Егејскиот дел на Македонија, но и со бугарската пропаганда и

терористичко дејствување во врска со македонското прашање. Имено, српската буржоазија

и од неа произлезената големосрпска политика на Кралството на СХС по Првата светска

војна започнала македонското прашање во Егејскиот дел на Македонија да го користи за

прикривање, или засилување на сопствените економски експанзионистички намери кон

Грција.

Една од важните мерки за постигнување на таквата цел на големосрпската политика

била политиката на заштита на „српското малцинство“ во Егејскиот дел и пропагандата

поврзана со така поставената политика. Во сета таа политика, значајно место заземал

Спасое Хаџи Поповиќ.4 (Слика 1)

2 Петар Манговски, Како е убиен Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сп. Развиток, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984, 214-223. 3 Доне Пановски, Буф и буфчани, Битола, 1998, 72-75.; Никола Миновски, Селото Буф, Битола, 2006, 203-205. 4 Со таа тема поопстојно се занимавал Воислав Кушевски, а попатно за неа зборува и Иван Катарџиев. Потребно е да се погледнат и: Boris Krivokapič, Zaštita manjina između dva svetska rata - osvrt na neke posebne slučajeve, sp. Međunarodni problemi, vol. 57, br. 1-2, Beograd, 2005, 102-104.; Живко Аврамовски, Некои аспекти на македонското прашање во односите на Југославија со Грција и Бугарија од 1918 до 1925 година, Гласник на ИНИ, г. XVI, Скопје, 1972, бр. 1, 91.; Никола Жежов, Македонското прашање во југословенско-бугарските дипломатски односи (1918-1941), Скопје, 2008, 115.; Иван Катарџиев, Борба до победа, кн. 3, Скопје, 1983, 185.

Page 17: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

Спасое Хаџи Поповиќ бил роден во селото Буф, Леринско, Егејски дел на

Македонија, на 18 август 1878 г. Бил син на свештеникот протопревзитер Хаџи Василие и

внук на прославениот ајдутски војвода и македонски национален борец Коста Буфски.5

Сосема млад бил испратен на печалба со ѕидарска мајсторска тајфа во градот Турну-

Северин во Романија. Откако се вратил, поради болест, бил испратен да учи во српското

основно училиште во Битола. Подоцна образованието го продолжи во српските училишта

во Скопје, Самобор, Пакрац, а заврши средно учителско училиште во Алексинац. По ова се

вработил како учител во селото Кривељ кај Бор, па во селата Долна Бела Река кај Бор, Ново

Корито кај Књажевац и Долна Круша кај Голубац, за на крајот да стане службеник во

општината Алексинац.6 Во 1914 г., откако српските војски го окупирале Вардарскиот дел

на Македонија, тој станал учител во Прилеп. Во 1915 г. од страна на приврзаници на

големобугарската политика врз него бил организиран атентат, но атентаторот не бил

прецизен при пукањето, па Спасое Хаџи Поповиќ се спасил. Со отпочнувањето на Првата

светска војна, тој, заедно со српските воени и цивилни власти, се повлекол во Грција,

извесен период бил на островот Крф, па работел кратко време во Солун, а оттаму заминал

на студии во Марсеј, Франција.7 По завршувањето на војната се вратил на старото работно

место во Прилеп, а во 1921 г. се преселил во Битола, го основал весникот „Јужна ѕвезда“

каде еден период бил главен уредник, а до смртта и негов директор. (Слика 2) Во 1924 г.

обид за атентат врз него имало од страна на големогрчки агенти.8 За својата работа во

служба на големосрпската политика, бил носител на разни српски признанија и ордени.9

Што се однесува до организацијата на неговото убиство, треба да се има предвид

дека тоа се вклопувало во интенцијата за напуштање на дејствувањето со големи комитски

чети и прифаќањето на новата стратегија на автономистичката ВМРО за дејствување преку

5 Коста Трпков-Буфски е deec vo nacionalnotoosloboditelno dviжeњe vo XIX vek, rodum od seloto Buf. Od mladi godini se posvetil na borbata protiv turskata vlast. Vo 1862 g. bil uapsen i vo naredniot period odleжal v zatvor vo Bitola i Solun okolu 15 godini. Kako sveшtenik vo rodnoto

selo Buf, bil inicijator za otvoraњe slovensko uчiliшte. Uчestvuval vo Makedonskoto (Kres-

nensko) vostanie vo 1878 g. Vo 1880 g. bil eden od glavnite inicijatori za sozdavaњe na Privremena

vlada na Makedonija - „Edinstvo“, za vodeњe na osloboditelna borba bez meшaњe od sosedite.

Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, т. II, 1513-1514.; Liчnosti od Makedonija, MI-AN,

Skopje, 321-322.; в. „Јужна ѕвезда“, Битола, г. III, бр 118 (33), 13 септември 1924 г. 6 Доне Пановски, цит. дело, 73.; Никола Миновски, цит. дело, 203-205. 7 Доне Пановски, цит. дело, 73.; в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6535, 6 јули 1926 г. 8 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6535, 6 јули 1926 г. 9 в. „Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г.

Page 18: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

атентати и терористички акции.10 Таквата стратегија не можела посериозно да ја загрозува

Бугарија на меѓународно-политички план, а го држела отворено македонското прашање на

европската политичка сцена во корист на Бугарија.

Одговорни за дејствувањето на автономистичката ВМРО во поширокиот реон на

Битолско биле Ѓорѓи Поп Христов, како член на ЦК на ВМРО, и Петар Шанданов, како

резервен член на ЦК на ВМРО и член на Раководното тело на Битолскиот револуционерен

округ на ВМРО. Покрај нив, директно или индиректно, ангажирани биле и други

раководители и војводи на ВМРО од Битолскиот револуционерен округ, меѓу кои Алексо

Стефанов, Крум Петишев и Пецо Трајков. Од Организацијата, во Битола биле најнапред

испратени Васил Николов-Липитков (Слика 3), Никола Абдурахманов (Слика 4) и Коста

Бицинов (Слика 5). Бидејќи по одреден период, од нив не бил извршен никаков атентат,

како помош во Битола бил испратен и Лазар Мулев.11 (Слика 6)

Сите атентатори испратени во Битола не добиле конкретни цели, но пред да заминат

од Бугарија им било објаснето дека треба да се убиваат српски официјални лица или оние

кои се ставиле во српска служба и на тој начин извршиле предавство на организацијата.

Фактички, нив им биле посочени повеќе лица кои можеле да бидат евентуална мета, а меѓу

нив се наоѓале пратениците во југословенскиот парламент од Битолско - Јован

Алтипармаковиќ и Јован Кирковиќ.12 Сепак, од досегашните сознанија во врска со овие

настани, како логичен и многу веројатен заклучок може да се изведе констатацијата дека

Крсто Љондев бил една од метите испланирана во Софија. Имено, Лазар Мулев бил во

кумовска врска со Крсто Љондев, па многу е веројатно дека неговото испраќање во Битола

преку легални канали, а со застапување пред српските власти од Крсто Љондев, се знаело

однапред дека ќе предизвика „вмешаност“ на Љондев во атентатите и негова ако не

ликвидација, тогаш барем целосна компромитација. Впрочем, Блаже Видов,13 многу

10 Димитар Тасић, Војно-политичка акција „македонствујушчих“ у Краљевини СХС/Југославији 1919-1934 године, Архив, часопис Архива Југославије, бр. 3, 2002, 102.; Зоран Тодоровски, ВМРО 1924-1934,Скопје, 1997, 141. 11 Петар Манговски, Како е убиен Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сп. „Развиток“, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984, 218-220. Според искажувањето на Лазар Мулев, војводата Пецо Трајков бил главниот оперативец во реализацијата на испраќањето на атентаторите во Битола. Самиот тој бил посетен од Пецо Трајков во бугарскиот град Русе каде живеел и бил „принуден“ да ја прифати улогата на атентатор. 12 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6545, 13 јули 1926 г. 13 Блаже Видов (1913 - 1980) е познат терорист и раководител ва автономистичката ВМРО. По расцепот во организацијата бил во крилото на протогеровистите. По Втората светска војна имал богата публицистичка

Page 19: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

подоцна, запишал дека ЦК на ВМРО со убиството на Спасое Хаџи Поповиќ и Крсто Љондев

постигнал двоен успех, т. е. „со еден куршум убил два зајака“.14

Убиството се случило на 3 јули 1926 г., во дваесет часот, кога Спасое Хаџи Поповиќ

се враќал кон дома од кафеаната „Босна“, која се наоѓала во центарот на градот.15 (Слика 7)

Атентаторот Лазар Мулев, пратен од автономистичката ВМРО, го пречекал Спасое Хаџи

Поповиќ на главната улица во Битола, а бидејќи се познавале одпорано како соселани,

започнал со него разговор и продолжиле заедно да се движат низ улицата. Кога стигнале на

местото каде се соединуваат денешните улици „Широк Сокак“ и „Елпида Караманди“

(тогаш ги носеле имињата „Крал Петар“ и „Генерал Јуришиќ“), Мулев го извадил

револверот и испукал три куршуми во Спасое Хаџи Поповиќ, од кои два го погодиле и биле

смртоносни.16 (Слика 8) Со цел да се предизвика паника и полесно да се побегне од местото

на настанот, другиот атентатор, кој се наоѓал повнатре, во денешната улица „Елпида

Караманди“, веднаш по убиството, испукал шест куршуми и ранил еден подофицер на

српската војска и една жена, кои биле случајни минувачи.17 Третиот атентатор, или поточно

речено, третото лице што учествувало во атентатот ја обезбедувало денешната улица

„Елпида Караманди“ на нејзиниот друг крај, бидејќи било планирано бегството на

учесниците во атентатот да се одвива по таа улица, па кон „Гргур Чешма“, (таа се наоѓала

во бавчите под денешната населба „Карпош“, односно во близина на некогашната фабрика

„Прогрес“). Истовремено, со ова убиство требало да бидат фрлени бомби во хотелот

„Босна“, но тоа не се случило. Користејќи го метежот што настанал, атентаторите успеале

да побегнат од местото на убиството и од градот. (Слика 9) Потоа сите лица дојдени од

Бугарија како атентатори, односно Мулев, Бицинов, Липитков и Абдураманов, се нашле кај

месноста „Чифте Фурни“ и оттаму се упатиле кон грчката граница, која ја поминале

илегално без да бидат забележани од грчките граничари, а оттаму заминале за Албанија.18

дејност во весниците „Пирински дело“, „Народна армија“ и „Славјани“, во врска со македонското револуционерно движење и учествувал во активностите на Македонскиот културен клуб во Софија 14 Цитирано по Зоран Тодоровски, ВМРО 1924-1934,Скопје, 1997, 141.; види и: Крсто Љондев и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, Зборник на трудови на НУ Завод и музеј-Битола, г. IX, бр. 17, Битола, 2013, 7-18. 15 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6534, 5 јули 1926 г.; Доне Пановски, цит. дело, 74.; Зградата во која се наоѓала битолската кафеана „Босна“ денес не постои. 16 Петар Манговски, цит. прилог, сп. Развиток, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984, 221. 17 в. “Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г.; в. “Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6534, 5 јули 1926 г.; бр. 6535, 6 јули 1926 г. 18 Петар Манговски, цит. прилог, сп. „Развиток“, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984, 222.

Page 20: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

Набрзо по убиството, на местото на настанот пристигнале највисоките претставници

на српската цивилна и воена власт во градот, а меѓу нив и градоначалникот Светислав

Драгачевац. Телото на убиениот веднаш било со кочија пренесено до болницата во Битола,

но таму не можеле да направат ништо, оти смртта настапила во моментот на пукањето.19

Набрзо по убиството, во домот на покојниот, за да изразат сочувство пристигнале

голем број роднини, пријатели и видни лица од општествено-политичкиот живот.

Наредниот ден, меѓу оние кои дошле да изразат сочвуство бил и големиот жупан од Скопје,

Борисављевиќ со својата сопруга.20 При погребната церемонија во Битола, по телото на

Спасое Хаџи Поповиќ, покрај сопругата и децата, одела маса народ, по некои проценки

пренесени од печатот, од над шест илјади луѓе. Имало претставници на воените и

граѓанските власти, претставници на многубројни граѓански здруженија и скоро сите

учители во градот. Опелото било извршено во катедралната битолска црква „Свети

Димитрија“. На одарот говорел Јован Никетич-Ничота.21 На местото каде што бил убиен

Спасое Хаџи Поповиќ говор одржал битолскиот учител Милан Богдановиќ, а на гробот

зборувал учителот Јован Шперовиќ од Баница, Леринско, „земјак на покојниот“, како што

ќе забележи известувачот на весникот „Јужна ѕвезда“.22

Целата режија на погребот била во функција на засилување на големосрпските

емоции и во функција на големосрпската пропаганда кон Егејскиот дел од Македонија.

Оттаму, воопшто не зачудува што, на пример, Ничота во својот говор пред црквата, помеѓу

останатото, рекол: „...Тој починал со маченичка смрт погоден од непријателите на оние

идеи кои ги ширеше за цело време на своето учителствување и во петте години како

директор на ‚Јужна ѕвезда‘. Тие идеи биле: ослободување и потполно соединување на

нашиот народ и негов културен напредок... Еден голем дел од тој наш народ, кого сè уште

не го огреал сонцето на слободата, се наоѓа на Југот под грчко ропство... неговата смрт

најмногу ќе ја жали нашиот покорен народ во Грција, за чија одбрана Спасое се бореше и

во таа борба го положи и својот живот...“23 Весникот „Јужна ѕвезда“ пишувал дека

населението од Битола од погребот направил „величествена тажна манифестација, со полно

19 в. „Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г. 20 Исто. 21 Влав по националност од Битола, во тие моменти главен уредник на весникот „Јужна ѕвезда“. 22 Доне Пановски, цит. дело, 74-75.; в. “Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6535, 6 јули 1926 г. 23 в. “Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г.

Page 21: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

внимание и многу тага за големиот народен борец за ослободување и на оние делови од

нашиот народ кои и денес се под туѓинска власт“.24 Учителот Милан Богдановиќ, во еден

изразито патетичен говор, Спасое го нарекол „големиот покојник, умен водач и национален

борец“ и објаснувал дека „со својата трагична смрт претставува жртва во борбата за

зачувување на државата и во борбата за слободата на потчинетите.“25 И на крајот, ни малку

случајно, последен говорник на гробот на Спасое Хаџи Поповиќ бил Јован Шперовиќ, кој

зборувал „од името на браќата и сестрите од неослободените краеви, кои уште лелекаат под

тешкиот јарем на суровиот туѓинец“. За него целиот живот на убиениот бил „посветен на

одбрана на правата на своите поробени браќа“, а неговата куќа била претворена во

„засолниште“ на оние кои бегале од „прадедовските огништа... за да спасат жива глава.“26

Во насока на промоција на големосрпскиот патриотизам и експанзионизам,

сочувство за смртта на Спасое Хаџи Поповиќ, преку телеграми кои биле објавувани во

печатот, изразиле скоро сите големосрпски националистички организации и весници. Меѓу

нив биле телеграмите на националистичката организација „Јадранска стража“, на „Коло на

српските сестри“, „Југословенската матица“, „Организацијата на југословенските

националисти - Орјуна“, на весниците „Политика“, „Народно дело“, „Збор“, „Стара Србија“

и др.

Телеграми со сочувство испратиле и повеќе „народни пратеници“ од Македонија во

Парламентот на Кралството на СХС. Сите биле со големосрпска содржина. Така, на пример,

познатиот големосрпски експонент во Вардарскиот дел на Македонија, Василие Трбиќ,

упатил телеграма до семејството на Хаџи Поповиќ во која се велело: „Во вашата преголема

тага за изгубениот сопруг, нежен родител, добар човек и голем Србин, Спасое, ве молам да

го примите моето, и на мојата фамилија, тивко сочвуство.“27

Југословенското новинарско здружение и одделно неговата секција од Белград,

испратиле телеграми со сочувство до семејството и телеграми до министерствата за

внатрешни работи и правда да се пронајдат и казнат извршителите и нарачателите на

убиството.28 Во телеграмата на Југословенското новинарско здружение - секција Белград се

24 в. “Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г. 25 в. “Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г. 26 Исто. 27 Исто. 28 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6535, 6 јули 1926 г.; в. „Јужна ѕвезда“, Битола, г. V, бр 197 (24), 10 јули 1926 г.

Page 22: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

велело дека Спасое Хаџи Поповиќ е „наша гордост и инкарнација на совесен новинар,

родољуб и неустрашив борец“.29 Истото ова здружение на поменот за покојниот, одржан на

11 јули 1926 г. на битолските гробишта, испратило и свој претставник. Секако, на овој прв

помен за убиениот Хаџи Поповиќ, повторно присуствувале претставници на сите граѓански

здруженија од градот Битола. Тука говор одржал најблискиот соработник на убиениот,

односно директорот и главниот и одговорен уредник Јован Никетич-Ничота.30 Но, тука не

завршиле траурните процесии околу Спасое Хаџи Поповиќ. Имено, на 11 јули 1926 г. во

Соборниот храм во Белград, во организација на српската националистичка организација

„Коло на српските сестри“, бил одржан помен на кој биле присутни претставници од сите

останати српски националистички организации, од навинарските здруженија и офицери од

сите воени единици стационирани во главниот град. Чинодејствувал епископот Рашко-

призренски Михајло Шиљак, кој одржал и краток говор во кој го величал убиениот и

укажувал на опасноста која ги демне „пионерите и мачениците на нашата национална

мисла“.31

Во наредниот период српските власти спровеле широка истрага, уапсиле голем број

на лица и во 1927 г. судот во Битола ги изрекол казните во врска со него. Сè она што се

случувало по убиството, фактички, покажало дека и тоа, како и сите останати дејства во

врска со македонското прашање во тој период имале непосредна врска со големодржавните

и националшовинистички политики на Кралството на СХС и Бугарија кон Македонија и

македонското население.

29 в. „Политика“, Белград, г. XXIII, бр. 6536, 7 јули 1926 г. 30 Исто, бр. 6541, 12 јули 1926 г. 31 Исто.

Page 23: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

Резиме

Дејствувањето и убиството на Спасое Хаџи Поповиќ е во директна корелација со

српската пропаганда кон Егејскиот дел на Македонија, но и со бугарската пропаганда и

терористичко дејствување во врска со македонското прашање. Една од важните мерки за

постигнување на таквата цел на големосрпската политика била политиката на заштита на

„српското малцинство“ во Егејскиот дел и пропагандата поврзана со така поставената

политика. Во сета таа политика, значајно место заземал Спасое Хаџи Поповиќ, роден во

селото Буф, Леринско, Егејски дел на Македонија. Затоа од автономистичката ВМРО било

организирано убиство, кое се случило на 3 јули 1926 г. Тоа повторно било искористено за

засилување на големосрпските емоции и во функција на големосрпската пропаганда кон

Егејскиот дел од Македонија.

Summary

The murder of Spasoe Hadzi Popovich is direct correlation for serbian propaganda on

Aegean part of Macedonia, and bulgarian propaganda and terrorist activities on macedonian

question. One of the important steps for reaching that goal for serbian politics, was protecting the

"serbian minority" in Aegean part and propaganda connected with that politics. In all that, a huge

part had Spasoe Hadzi Popovich, who was born in Buf, Lerinsko, Aegean part of Macedonia.

Because of that, autonomic VMRO organised the murder, which happend on 3rd of July 1926.

That murder, was used for serbians ideas and propaganda to Aegean part of Macedonia.

Page 24: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

24

Литература:

Аврамовски Живко, Некои аспекти на македонското прашање во односите

на Југославија со Грција и Бугарија од 1918 до 1925 година, Гласник на ИНИ, г.

XVI, Скопје, 1972, бр. 1.

Весник „Јужна ѕвезда“ (Јужна звезда), Битола.

Весник „Македонија“ (МакедониÔ), Софија, Бугарија.

Весник „Политика“, Белград, Србија.

Весник „Слобода или Смрт“ (Слобода или смртÍ), Софија, Бугарија.

Документи и материали за историÔта на бÍлгарскиÔ народ, СофиÔ, 1969.

Жежов Никола, Македонското прашање во југословенско-бугарските

дипломатски односи (1918-1941), Скопје, 2008.

Катарџиев Иван, Борба до победа, кн. 3, Скопје, 1983.

Катарџиев Иван, Македонската национално-политика мисла меѓу двете

светски војни, Скопје, 1991.

Манговски Петар, Како е убиен Спасое Хаџи Поповиќ во Битола, сп.

Развиток, г. 11, бр. 3-4, март-април 1984.

Миновски Никола, Селото Буф, Битола, 2006.

МихаŸовÍ ИванÍ, Спомени III, Освободителна борба 1924-1934, 292.

Мокров Боро, Груевски Томе, Преглед на македонскиот печат (1885-

1992), Скопје, 1993.

Николов, Борис Й, Вътрешна македоно-одринска революционна

организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-

библиографски справочник, София, 2001.

Пановски Доне, Буф и буфчани, Битола, 1998.

Тасиќ, Димитар Војно-политичка акција „македонствујушчих“ у

Краљевини СХС/Југославији 1919-1934 године, Архив, часопис Архива

Југославије, бр. 3, 2002.

Шанданов Петар, Спомени, Скопје, 2006.

Page 25: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

25

Прилог: Фотографии

Слика 1 - весник Јужна ѕвезда Слика 2 - Спасое Хаџи

Поповиќ

Слика 3 - Васил Липитков Слика 4 - Никола

Абдурахманов

Слика 5 - Коста Бицинов Слика 6 - Лазар Мулев

Page 26: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

26

Слика 7 - Дел од Широк Сокак со кафеаната „Босна“

Слика 8 - Местото каде што е убиен Спасое Хаџи Поповиќ

Слика 9 - Дел од уапсените за атентатот врз Спасое Хаџи Поповиќ

Page 27: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

27

Page 28: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

28

ЛИТЕРАТУРА И ЛИНГВИСТИКА

Page 29: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

29

Page 30: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

30

Стојан РИСТЕСКИ32

ПРВА КНИГА ЗА МАСОНИ ОД МАКЕДОНИЈА Проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ, „Масони од Македонија (до 1990 година)“, изд.

Македонско научно друштво – Битола, 2014.

Апстракт

Ја прикажуваме книгата „Масони од Македонија“ на проф. д-р Миле Миќуновиќ што прва ги презентира масоните по потекло од Македонија до 1990 година. Нејзината композиција е следна: по кусиот вовед, се претставени 53 масони родени во или по потекло од Македонија, следуваат прилозите: „За вевчанските масони и војводи“, „Успивање и разбудување на ложите“, список на членовите на бугарските ложи и на ложата „Косово“ во Скопје, „Список на ложите на Југославија“, па познати масони, биографија на авторот и пријатели на книгата.

Презентирано е извонредно четиво за запознавање со помалку познати личности од нашето минато, со нивните дела и акции, како и добивање повеќе сознанија воопшто за масонеријата. При запознавањето со масоните од Македонија авторот строго се придржувал на фактологијата, не обрнувајќи внимание на несигурни, неаргументирани кажувања, но им остава можност на читателите да му укажат на евентуално пропуштено име на масон, ама со изворна документација, за следното издание да биде посеопфатно.

Клучни зборови: масони, Македонија.

Abstract

We are presenting a book „Freemasons of Macedonia“ from prof. Dr. Mile

Mikjunovikj that first presents the freemasons originally from Macedonia until 1990. Its composition is as follows: after a short introduction, 53 freemasons are represented born in or originating from Macedonia, followed by appendices: „The Vevchani freemasons and dukes“, „Falling asleep and awakening of the lodges,“ a list of members of the Bulgarian lodges and the lodge „Kosovo“ in Skopje, „List of lodges of Yugoslavia“ and the famous freemasons, a biography of the author and friends of the book.

Presented is a remarkable reading text for getting familiar with less famous figures from our past, with their deeds and actions, as well as getting more information about Freemasonry in general. When getting familiar with the Freemasons of Macedonia the author strictly followed the facts, paying no attention to the insecure, not well-argued stories, but leaves an option to the reader to indicate eventually omitted

32 Проф. во пензија, д-р на фил. науки Стојан Ристески1, ул. „Ванчо Питошески“ бр. 30,

Охрид

Page 31: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

31

freemason’s name, but with original documentation in order the next release to be more comprehensive.

Keywords: Freemasons, Macedonia.

МАСОНИ ОД МАКЕДОНИЈА

Проф. д-р Миле Миќуновиќ е плоден научник и публицист. Пред нас е

неговата 78. книга, „Масони од Македонија“, со која сакаме да ја запознаеме и пошироката културно–научна јавност.

Книгата „Масони од Македонија“ на проф. д-р Миле Миќуновиќ прва ги презентира масоните по потекло од Македонија до 1990 година. Нејзината композиција е следна: по кусиот вовед, се претставени 53 масони родени во или по потекло од Македонија, следуваат прилозите: „За вевчанските масони и војводи“, „Успивање и разбудување на ложите“, список на членовите на бугарските ложи и на ложата „Косово“ во Скопје, „Список на ложите на Југославија“, па познати масони, биографија на авторот и пријатели на книгата.

Во воведниот дел авторот дава општ поим за слободното ѕидарство, неговите цели и задачи. Тоа е „поим за еден вид на затворени машки (во последно време и женски) организации“, кои, според скорешно пишување во печатот, во светот имаат околу шест милиони членови.

Во книгата „Масони од Македонија“ авторот документирано презентира 53 масони од Македонија до 1990 година. Зошто „Масони од Македонија“, а не „Македонски масони“? Сите опфатени масони во книгата се родени во или потекнуваат од Македонија, но тие членувале во туѓи ложи, во ложи што се застапувале за интересите на нивните држави, а не за Македонија. Затоа тие се масони од Македонија.

Од застапените 53 имиња на масони од Македонија за 45 се дадени, главно, опширни биографии, под кои се цитираат изворите и литературата за нив. Тие и уште двајца (Јане Сандански и Димитар Влахов) се од следните 18 места на Македонија:

– Охрид (9): Наум Бeлев, Георги Бодлев, Антон Кецкаров, Петар Новаковиќ – Чардаклија, Кирил Прличев, Александар Протогеров, Христо Силјанов, Ефтим Спространов и Димитар Точков;

– Битола (7): Јордан Бадев, Даме Греув, Никола Марковиќ, Димитар Ризов, Петар Самарџиќ, Наум Симјановиќ и Аврам Балабан;

– Кукуш (5): Петар Дравингов, Александар Станишев, Константин Станишев, Христо Станишев и Димитар Влахов;

– Штип (4): Тодор Александров, Љубомир Милетиќ, Панчо Михајлов и Мише Развигоров;

– Ресен (3): Андреј Љапчев, Симеон Радев и Божидар Татарчев; – Костурско (3): Лазар Киселинчев, Пандо Киселинчев и Никола Милев; – Струшко (3): Кондо Пешин (Вевчани), Илија и Радован Шуменковиќ

(Боровец); – Кајларско (2): Васил Василев и и Петар Ичко; – Крушево (2): Владимир Руменов и Наум Томалевски; – Тетовско (1): Михаил Арнаудов; – Гостиварско (1): Томо Смилјаниќ – Брадина; – Серско (1): Георги Баждаров; – Скопје (1): Томо Карајовов;

Page 32: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

32

– Дојран (1): Георги Кулишев; – Гоцеделчевско (1): Борис Сарафов; – Прилеп (1): Јордан Чкатров; – Кратово (1): Павел Шатев; – Влахи, Пиринска Македонија (1): Јане Сандански. На осуммина масони им се наведени само имињата од две причини: за

двајца (Јане Сандански и Димитар Влахов) има непобитни докази за нивното масонство во релевантната литература, но не се наведени масонските ложи во кои членувале, а шестмина (Георги Бајалцалиев, Димитар Георгов, Иван Палавеев, Димитар Спространов и Д. Томалевски) се во списокот на ложите, но за нив не е успеано да се добијат пошироки сознанија од литературата.

На 22 страници од книгата се застапени 24 мисли од 11 познати имиња: Волтер (5), Рузвелт (5), Наполеон (3), Черчил (3), Тагоре (2), по една: Пушкин, Марк Твен, Љапчев, Чаплин, Вајлд Оскар и Ралф Емерсон. Сите мисли се која од која позначајни, но кога станува збор за масонството, ќе ја цитираме следната мисла од Рузвелт:

– Во сите времиња, а сега уште повеќе од кога било, со светот владеат, пред сè, тајните друштва... Во политиката ништо не се случува случајно. Ако нешто се случило, тогаш така и било замислено.

А најмногу е експлоатирана мислата на Черчил: „Ако не сакаш да свршиш работа, формирај комисија“.

Од 47–те масони, чие родно место или потекло им е од Македонија, 30 биле вклучени во македонското револуционерно движење, а каков е нивниот придонес во него, како ја замислувале Македонија и како се чувствувале, објективно се прикажани во нивните биографски белешки, без земање страна од авторот. За тоа сам нека расудува читателот според својот став и однос.

Во користените извори и во консултираната литература за масоните од Македонија малку податоци забележал авторот за нивниот однос кон местото на нивното потекло. Нешто повеќе за тоа има во белешката за Илија Шуменковиќ. Иако татко му се иселил, не ја продал куќата во родното село Боровец зашто, ако ја продадел, немало да се смета за негов жител, немало да биде боровчанец. „Јас сакам да сум боровчанец. Затоа не ја продавам куќата“, им рекол на заинтересираните купувачи/братучедите. Неговиот син Илија, иако роден во Ниш, училиштето во кое се учи и сега во Боровец е негово дело. Тој многу придонесол при регулирањето на границата со Албанија. Во народната меморија е запомнат како пресретлив човек. Секој кој му се обратил за било што од овој регион, и пошироко, бил сослушан „со нужно внимание, а неговото барање удоволено“. Ете, за добро што видел од Илија Шуменковиќ татко му, пријателот Блаже Јованоски, од Подмолје, на 12 ноември 2008 година нè зеде со колата и бевме во Боровец да ја виде куќата на Илија Шуменковиќ и да поразговара со постари боровчани на таа тема. Доброто не се заборава, тоа се пренесува и на потомците.

Восхитувачки е капацитетот, интелектот на масоните од Македонија. Доста имале важни позиции во општествениот, културно-научниот живот во средините во коишто делувале. Двајца биле ректори на Софискиот универзитет (Михаил Арнаудов и Александар Станишев), еден бил претседател на Бугарската академија на науките (Љубомир Милетиќ), двајца биле министри во соседните држави Србија (Илија Шуменковиќ) и Бугарија (Никола Милев). Познати српски дипломати биле: Петар Ичко, Петар Новаковиќ–Чардаклија и Илија Шуменковиќ, а бугарски дипломати: Симеон Радев и Димитар Ризов.

Page 33: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

33

Бугарскиот дипломат од Ресен, Симеон Радев, бил еден од потписниците на Букурешкиот договор (1913). Авторот објективно ја прикажува неговата активност, но токму тој е поттик да кажеме дека Македонија страдала, и страда, од своите. Тоа проклетство се продолжува до наши дни. Македонци нè заплеткаа, и нè заплеткуваат, со името. Самобендисаниот и самонаречениот „најзаслужен и најспособен“ ДПМНЕ–овски министер Новкоски со неговото решение од 31 август 1999 година на Македончињата муслимани од Центар Жупа им одреди туѓ јазик за мајчин. Тој пример го следеа, и го следат, фашисоиди и во други средини зашто ниедна македонска влада, ниеден македонски претседател не презедоа мерки за справување на Одлуката на Уставниот суд на РМ У. бр. 205/99 од 5 јули 2000 година, со која се укина фамозното решение на Новкоски.

Државно капитуланство потпишаа Македонци со Рамковниот договор, по кој РМ не е ни самостојна, ни суверена, ни правна држава. При реагирањето против тој договор последен адут ни беше Собранието на РМ, па на 27 август 2001 година му се обративме со писмо на Претседателот на Собранието, Стојан Андов, чија 5. точка гласи:

– Рамковниот договор кога го потпишаа и Македонци како не им се исушија рацете. Но, да им се исушат рацете и на сите кои ќе го притиснат копчето во собраниската сала за негова верификација. Ако решиле големите сили да нè уништат, нека нè уништат, но не со наш потпис.

Ова наше обраќање да го поткрепиме со следната мисла на масонот Рузвелт: „Подобро да умреме на нозе, отколку да живееме на колена“.

А какво зло направи, и прави, Зоран Вранишкоски?! Каква несреќа за РМ е сегашното неединство, немањето допирни точки по национално–државните суштински интереси?! Но, да се вратиме на книгата.

Истакнат бугарски политичар и државник бил ресенчанецот Андреј Љапчев. Тој од 1926 до 1931 година бил премиер на Бугарија, и тоа толку способен што бил наречен „бугарски Бизмарк“. Неговата изрека: „Со кроце, со благо и со малку стап“ многу кажува за него, но и за другите како дошле таму каде што се искачиле. Интересно е дали таа „мудрост“ Љапчев ја научил од Бугарите или тие ја научиле од него зашто за време на последната бугарска окупација таа се применувала во полициските участоци и во граничните постови.

На стр. 295 има куса белешка во која авторот пишува дека во релевантната литература како масони се наведуваат Јане Сандански и Димитар Влахов, но не се наведени ложите во кои членувале. Интересно е следното претпоставување на авторот за Влахов: „На второто заседание на АВНОЈ не присуствувала македонската делегација зашто не била повикана (а не поради зимата – з.н.), но, во отсуство, за потпретседател на АВНОЈ бил избран Димитар Влахов по предлог на Тито, кого лично го познавал од работата во Коминтерната. Меѓутоа, главната врска, претпоставуваме, било нивното масонство“.

Со посебен интерес авторот ја разгледал книгата „Вевчански масони и војводи“ на Илија Каланоски за оттаму да ги преземе имињата на вевчанските масони, но ниедно име од наведените од Каланоски не фигурирало во списокот на Југословенската/ Белградската масонска ложа, па вели дека таа е пишувана според „вевчански извори“. Потоа нагласува дека кажаното за војводата Јаким Алулов до мај 1903 година не одговара на вистината, но, да наведеме дека, не е точно изнесеното за него ни по Илинденското восстание – тој бил осуден со најстрога казна од Организацијата за повеќе грешки (в., Спомени на Милан Матов, книга „Дневници и спомени за Илинденско–преображенското вÍстание“, Софија, 1984, 234–235).

Page 34: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

34

Масон по потекло од Вевчани е Кондо Пешин. Членувал во Белградската ложа „Али Коч“. При погребот на Чардаклија (16. II 1808) Доситеј Обрадовиќ во надгробниот говор споменал повеќе умрени борци за српството, меѓу кои го набројува и „јунакот Кондо“, потенцирајќи: „За српскиот род нивните имиња ќе бидат славени и слатки сè додека на земјата е српскиот род и името. За српскиот род нивните имиња ќе бидат славни и слатки сè додека Господ на земјата нè држи“. Ете чиј масон и војвода бил Кондо, но и изворно кажување на негов современик дека тој умрел пред 1808 година, највероватно во 1807, а не во 1813 година.

Во кусиот осврт за „Успивањето и разбудувањето на ложите“ авторот укажува дека масонството по Втората светска војна во Југославија, официјално, било забрането, иако, како што се укажува во поновите проучувања, практично постоело. Големата ложа на Југославија се возобновила/се разбудила на 24 јуни 1990 година. Во РМ сега има две масонски ложи. На 1. X 2005 година се формира Големата ложа на Македонија со масонско светло на Големата обединета ложа на Англија на 30. IX 2005 година. Големиот ориент на Франција на 27 април 2003 година & дал масонско светло на својата ложа „Вистина – La Veritè“ во Македонија, а на 15 март 2014 година е формирана нејзината висока масонска ложа. Значи, имаме две масонски ложи во РМ под капата на две моќни светски масонски ложи. А сè што расте под туѓа крошна не е право. Би сакале членовите на овие масонски ложи, преку своето делување, да го докажат обратното – дека се македонски масони.

Всушност, какви масони се членовите на двете ложи зависи од тоа дали се избрани или се прибрани. Како што се истакнува во книгата, а потврдено и од лични сознанија, и сега има наши граѓани кои членуваат во масонски ложи надвор од РМ. Тие се масони од соодветните држави по потекло од РМ, како овие во книгава.

За читателите се интересни списоците на бугарските и на југословенските ложи, потоа кои 14 претседатели и 10 космонаути на САД биле масони, па 66-те познати масони презентирани по избор на авторот.

Уште на почетокот, на стр. 4, авторот вели: „Со оваа книга не претендираме на сеопфатност на масоните од Македонија во разгледуваниот период“, а на стр. 301. дополнува: „За припадност во масонеријата на некои личности од Македонија ни кажуваа повеќе информатори, но во книгава се застапени само имињата на масони потврдени од користени извори и од релевантна литература“.

Книгата „Масони од Македонија“ на проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ дава преглед на масони од Македонија до 1990 година. Авторот презентира извонредно четиво за запознавање со помалку познати личности од нашето минато, со нивните дела и акции, како и добивање повеќе сознанија воопшто за

Книгата „Вевчански масони и војводи“ на Илија Каланоски (сопствено издание со финансиска помош на Министерството за култура, Вевчани, 2011) е изразито слаба, ненаучна публикација, бидејќи, како што наведува во книгата Миќуновиќ, е пишувана според „вевчански извори“ само да се прикажат Вевчани и вевчанци во сè пред другите. На неа поопширно се осврнавме во зборникот „Точно напладне“ на ЗНУК „Хоризонти 12“ (Мешеишта, 2014, 76–82). Во 14 точки укажавме на поважните научни неиздржаности, а 8 други неточности само ги наброивме во делот „П.с“. На крајот од освртот стои: „Итн.итн“. Тоа значи дека во книгата „Вевчански масони и војводи“ има уште многу други неточности и произволности.

Page 35: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

35

масонеријата. При запознавањето со масоните од Македонија авторот строго се придржувал на фактологијата, не обрнувајќи внимание на несигурни, неаргументирани кажувања, но им остава можност на читателите да му укажат на евентуално пропуштено име на масон, ама со изворна документација, за следното издание да биде посеопфатно.

Покрај изнесеното за книгата „Масони од Македонија“ на проф. д-р Миле Миќуновиќ, да кажеме дека таа е и извонредно техничко остварување, т.е. е украс во сечија рака во која ќе се најде. Всушност, општите валери на книгата „Масони од Македонија“ се чест за издавачот – Македонското научно друштво – Битола и значајно дело на авторот.

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА:

Page 36: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

36

70 ГОДИНИ НАСТАВА НА

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК -специјално издание-

СПИСАНИЕ НА НАУЧНИ И СТРУЧНИ ТРУДОВИ НА ЧЛЕНОВИ НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА

19-20,2015 1-274

Page 37: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

37

Почесен одбор Д-р Владимир Талевски, Градоначалник на Општина Битола, Академик Владо Камбовски,

претседател на МАНУ, Прим. Д-р Димитар Котевски, почесен претседател на МНД, проф. Д-р Златко Жоглев, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, проф. д-р Игор

Неделковски, претседател на МНД-Битола.

Организациски одбор Доц. Д-р Валентина Гулевска-претседател, проф. д-р Јове Димитрија Талевски, Снежана

Петровска-подрачен началник за образование, проф. Павлина Василева, М-р Ѓорѓи Лумбуровски, М-р Јован Кочанковски, проф. д-р Никола Димитров, Вонр. Проф. д-р Деан

Илиев, проф. Радован П. Цветсковски, проф. Ѓорѓи Димовски-Цолев, проф. Љупка Белојани, Добре Тодоровски, Марија Димова

Програмски Совет

Добре Тодоровски-претседател, проф.д-р Никола Димитров, проф. Ѓорѓи Лазаревски, Марија Димова-секретар на МНД, доц. д-р Валентина Гулевска-секретар на ОЛЛ

COLLECTION OF PAPERS OF THE MACEDONIAN SCIENCE SOCIETY – BITOLA 19-20, 2015, 1-274

Honorary Board

DrSc. Vladimir Talevski, Mayor of the municipality of Bitola, Academic Vlado Kambovski-president of MASA, prim. Dr. Dimitar Kotevski, honorary president of MSS, prof. DrSc Zlatko Zoglev – Rector of the University “St. Kliment Ohridski”- Bitola, prof. DrSc Igor Nedelkovski-president of MSS-Bitola

Organizational Board

Doc. DrSc Valentina Gulevska-president, Prof. Dr Jove Dimitrija Talevski, Snezana Petrovska- regional Head of the educational department, Prof. Pavlina Vasileva, MSc Gorgi Lumburovski, MSc

Jovan Kocankovski, prof. DrSc Nikola Dimitrov, P.t. Prof. DrSc Dean Iliev, Prof. Radovan P. Cvetkovski, Prof. Gorgi Dimovski-Colev, Prof. Ljupka Belojani, Dobre Todorovski, Marija Dimova

Programme Board

Dobre Todorovski-president, Prof. DrSc Nikola Dimitrov, Prof. Gorgi Lazarevski, Marija Dimova-Secretary of MSS, Doc. DrSc Valentina Gulevska-Secretary of OLL.

СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР..................................................................................................................

Page 38: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

38

Ѓорѓи ЛУМБУРОВСКИ, Ѓорѓи ЛАЗАРЕВСКИ Некои карактеристики во седумдесетгодишниот развој на образованието во Битола и битолско....................................................................................................................................................................... Вера СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ За Македонскиот јазик во Битола и дијаспората (јазикот меѓу граматиката и книжевната историја)...................................................................................................................................................... Менде СОЛУНЧЕВСКИ, Вангелко ЛОЗАНОСКИ Седумдесет години настава на македонски јазик во демирхисарско................................................... Никола В. ДИМИТРОВ Седумдесет години настава на македонски јазик во Цапари и цапарско............................................ Гордана СТОЈАНОСКА, Даниела АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА Методички аспекти на букварот од Ѓорѓи Делчев................................................................................ Јован КОЧАНКОВСКИ Учителската школа „Браќа Миладиновци“ во образовниот систем на Битола и битолско............. Ѓорѓи ДИМОВСКИ-ЦОЛЕВ Сеќавања за годините поминати во гимназијата „Гоце Делчев“- Битола (1945-1948 год.)............. Петко МИТРЕВСКИ, Нико НАУМОВ Доделување на наградата „Кирил и Методиј“ на просветни работници од Општина Битола..... Александра ГЕЦОВСКА Потеклото и влијанието на туѓите зборови во битолската образовна средина................................. Весна ЈОВКОВСКА Првите училишта на македонски јазик во Битола и битолско............................................................. Сања МИРЧЕВСКА Седумседет години настава на македонски јазик................................................................................ ...

TABLE OF CONTENTS

PREFACE.....................................................................................................................

Page 39: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

39

Gjorgji LUMBUROVSKI, Gjorgji LAZAREVSKI Some attributes of the seventy-years educational development in Bitola and its’ surroundings…………………………………………………………………………..

Vera STOJCEVSKA-ANTIK On the Macedonian language in Bitola and the Diaspora (the language in between grammar and literature)……………………………………………………………………………

Mende SOLUNCEVSKI, Vangelko LOZANOSKI Seventy years education in Macedonian language in the Demir Hisar region…………..

Nikola V. DIMITROV Seventy years education in Macedonian language in the Capari region………………………

Gordana STOJANOVSKA, Daniela ANDONOVSKA-TRAJKOVSKA Methodical aspects of the ABC book by Gjorgji Delcev……………………………………

Jovan KOCANKOVSKI The school for teachers “Braka Miladinovci” in the educational system of Bitola and its surrounding…………………………………………………………………………………..

Gjorgji DIMOVSKI-COLEV Memories of the years spent in the “Goce Delcev” gymnasium in Bitola (1945-48)……….

Petko MITREVSKI, Niko NAUMOV The “Cyril and Methodius” awards for educational workers in Bitola………………………..

Aleksandra GECOVSKA The origin and impacts of foreign words in the educational surroundment of Bitola………

Vesna JOVKOVSKA The first schools in Macedonian language in the Bitola region…………………………..

Sanja MIRCEVSKA Seventy years of education in Macedonian language………………………………

Page 40: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

40

Предговор

За секоја нација најсветото обележје претставува мајчиниот

јазик. Ова особено од голема значајност е за зачувување на нашиот,

македонскиот јазик со сета негова изворна форма. Македонското

научно друштво во своите активности, вклучувајќи ги сите

одделенија секогаш настојувало, и во иднина ќе настојува, да излезе

во пресрет на сите активности кои го третираат зачувувањето на

јазикот. Во време кога сме подложени на енормно користење на

електронските средства преку кои, свесно или несвесно, во нашиот

говор се воведуваат туѓи зборови, модернизми, кованици и делови од

електронскиот речник, од особено значење е и голема посветеност

кога се работи за активност а се третира македонскиот јазик.

По повод 70 години од наставата на македонски јазик во Битола

и битолско на 04 декември 2014, кога е изведен првиот час на

македонски јазик, Македонското научно друштво организира

тркалезна маса со цел одбележување на датумот и јубилејот од

времето на започнувањето настава на македонски јазик во нашите

училишта. Без одредени и посебни критериуми на заинтересираните

членови на Македонското научно друштво им беше предложена тема

за пишување за тој значаен настан-настава на македонски јазик.

На тркалезната маса беа пријавени 18 учесници со свои теми,

содржински различни. Целта на организацискиот одбор на оваа

тркалезна маса претставува скромен влог во одбележувањето, како и

да им се оддаде признание на сите оние кои на одреден начин

учествувале во самиот почеток, и на сите други кои помогнале во

развојот на македонското школство низ училиштата во Битола и

Битолско.

Програмскиот совет на тркалезната маса се заложи текстовите

да бидат издадени, односно презентирани во нашето научно списание

„Прилози“. Тоа пак, од друга страна ќе повлијае и за понатамошни

истражувања на тие првични почетоци од воведувањето на наставата

Page 41: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

41

на македонски јазик. Овој настан сам по себе претставува големина,

иако скромно одбележан.

Преку поднесените текстови по повод 70 годишната од

изведувањето настава на македонски јазик во Битола и Битолско,

направен е обид да се прикаже развојот на македонскиот јазик во

нашите училишта. Секако дека е ова само мал дел и приказ на сите

збиднувања по дадената тема, ниту се работи за исцрпни текстови кај

авторите, што значи истите можат да се дополнуваат и со нови факти,

но во секој случај Македонското научно друштво со трудовите од

одржаната тркалезна маса оствари значаен белег и почит кон

јубилејот.

Претседател на Македонско научно друштво

Проф. д-р Игор Неделковски

Page 42: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

42

М-р ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ

НЕКОИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВО СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИОТ РАЗВОЈ НА

Page 43: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

43

ОБРАЗОВАНИЕТО ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО Вовед Оваа, 2014 година, се навршуваат 70 години од ослободувањето на Македонија од

фашистичкото ропство. Во тој контекст е и ослободувањето на Битола и околните населби кои биле ослободени на 4 ноември 1944 год.

Еден месец подоцна, на 4 декември 1944 година, започнаа со редовна работа народните основни училишта во Битола и Битолско на мајчин македонски јазик. Нешто подоцна со работа започнаа средните училишта и другите воспитно-образовни установи.

Седумдесетгодишниот развој на воспитанието и образованието во Битола и Битолско на мајчин македонски јазик има непроценливо место и значење во историјата на македонското школство.

Образовната традиција во Македонија се развивала во многу тешки услови пред налетот на бројни поробувачи. Затоа осветлувањето на традицијата што македонскиот народ ја создавал низ вековите, во животот и борбата за зачувување на својот јазик, идентитет, историја и култура кои и денес, после толку години и векови се оспоруваат, претставува наш долг и наша обврска.

Просветителската традиција во Македонија има своја богата историја. Од Кирила и Методиј, па Климента и Наума до денешни дни.

На тлото на Македонија каде што се создавала словенската писменост, останавме последни да имаме своја стандардизирана азбука.

Во услови на немање своја стандардизирана азбука, немање свои книги, свои учители, пред 70 години започна масовното описменување на населението во Македонија на својот мајчин јазик.

Покрај училиштата на македонски јазик биле отворани и училишта на албански и турски јазик. Со одлука на Президиумот на АСНОМ биле отворани училишта на македонски јазик за Македонците во Албанија и Бугарија.

Сето ова нека биде само едно мало потсетување на кое треба да се навратиме на изминатиот долг, тежок и трновит пат на воспитанието и образованието во Македонија, а во тој контекст и на образованието во Битола и Битолско.

Македонското научно друштво од Битола, во континуитет го одбележува овој значаен јубилеј. Така, во 1984 год., по повод 40 - годишнината од започнувањето на наставата на македонски јазик во Битола и Битолско, заедно со тогашната Самоуправна интересна заедница за образование и наука ја издаде познатата публикација на оваа тема. На 7 октомври 1994 година беше прославена 50 - годишнината од започнувањето на наставата на мајчин јазик со учителите кои во учебната 1944/45 год. први започнаа настава на мајчин јазик (македонски, албански и турски). Прославата се одржа во ОУ „Климент Охридски“ во Битола. На сите им беа доделени благодарници.

Веруваме дека и во иднина ќе има соодветни одбележувања.

Page 44: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

44

Првите учители на настава на мајчин јазик со раководителот на ПЕ на МОН м-р Ѓорѓи Лумбуровски 1. Почетоци на наставата на мајчин јазик 1.1.Почетоци на наставата за основно образование на мајчин јазик Есента 1944 година во уште неослободена Битола, кога му се одбројуваа деновите на

фашистичкиот непријател, Народно-ослободителните одбори во соработка со агитационо-пропагандните одделенија при штабовите на бригадите и Главниот штаб на Македонија, а во согласност со донесените одлуки на АВНОЈ и АСНОМ, започна организирањето на училишната мрежа низ Битола и Битолско.

Дојде и 4 ноември –Денот на ослободувањето на Битола и околните населби. Со векови сонуваниот сон за слободна Македонија, почнал да се остварува. Колкава била

радоста во тие денови не може да се опише. Во сите извештаи кои подоцна биле доставувани до надлежните служби, ентузијазмот на учениците, родителите, просветните работници и другите организатори бил на највисоко можно ниво.

Студените ноемвриско-декемвриски денови биле загревани со огромната љубов за со векови очекуваната слобода за својот народ, слободна своја држава и во неа училишта на својот мајчин јазик.

Преправките и додавките на имињата и презимињата заминале во заборав. Имињата ни останаа онака како ги крстил кумот. Секој со своето лично име и презиме. Јазикот, наш домашен, онаков каков што бил од дедо-предедо.

Најпрво требаше да се обезбеди наставен кадар, па да се оспособат училниците, да се запишат учениците и да започне наставата на мајчин јазик.

Постојниот наставен кадар бил недоволен. Голем дел од нив биле ангажирани како борци во воените единици, воени команданти за ослободување на татковината (Тодор Ангелевски, Борис Стрезовски, Таќи Даскало, Илија Јанкуловски и други). Други биле ангажирани во разни агитациони одбори за ангажирање на нови млади борци за конечно ослободување на тогашната

Page 45: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

45

заедничка татковина Југославија. Но, еден дел што останале биле потребни за организирање на наставата на мајчин јазик.

За таа цел, во месец ноември 1944 година во с. Нижеполе беше организиран краток семинар со 6 средношколци, а потоа беше организиран двонедел курс во просториите на Основното училиште „Кирил и Методиј“- Битола за да бидат колку -толку оспособени за работа првите учители на македонски јазик. Предавачи на курсот беа: Љубен Лапе, Трајан Делов и Велко Петровски – Паскали, лица кои биле оспособени за организирање на настава. Според кажувањето на Сотир Саранди, еден од слушателите на овој курс, на истиот биле присутни околу 150 слушатели. На курсот им биле дадени основни напатства за работа со учениците и изведување на наставата во услови кога се нема стандардизирана азбука, програми, учебници и др. Стручното оспособување на наставниците по пат на семинари продолжило и во наредните години до задоволување на потребите со наставен кадар.

Потоа биле одбирани или адаптирани простории каде можело да се изведува настава. Многу од училиштата биле запоседнати и од воени единици.

Во наредните денови бил извршен упис на учениците во народните основни училишта. Откако запишувањето на учениците било завршено, во оние училишта кои биле подготвени, на 4 декември 1944 година, започнала наставата на мајчин македонски јазик.

На 4 декември 1944 година1 започнале да работаат следните училишта: Народно основно училиште број на ученици 1.„Св. Климент Охридски“ (сегашно ОУ „Гоце Делчев“......... 821 2.„Кирил и Методиј“ .............................................................. 623 3 „Тодор Ангелевски“ ........................................................... 304 4.„Стив Наумов“ ................................................................... 226 5.„Даме Груев“ ....................................................................... 326 6. „Д-р Трифун Пановски“ ................................................... 306 7. „Коле Канински“ ................................................................. 148 8. с.Буково ................... 220 38. с. Братиндол ....... 35 9. с.Бистрица ...................73 39. с. Брусник ................. 140 10. с.Орехово ................ 45 40. с. Лавци .................... 95 11. с. Оптичари ............. 63 41. с. Трново ................... 65 12. с. Крстоар ............... 58 42. с. Беранци .................. 54 13. с.Велушина ............ 130 43. с. Вашарејца .............. 60 14. с. Олевени ............. 18 44. с. Лознани ................. 72 15. с. Барешани ........... 64 45. с. Трновци ..................220 16. с. Граешница......... 50 46. с. Цапари.................... 276 17. с. Драгош .............. 48 47. с.Горно Српци ........ 112 18 с. Жабјани .............. 6 48. с. Ротино................. 108 19. с. Лажец ............... 144 49. с. Рамна .................... 41 20. с. Породин .............. 65 50. с. Свињиште ........... 44 21. с. Ѓавато ................. 324 51. с. Метимир ............. 28 22. с. Гопеш ................. 32 52. с. Доленци ............... 65 23. с. Лера ................... 43 53. с. Добрушево.......... 175 24. с. Маловиште ....... 80 54. с. Новаци ................ 74 25. с. Кукуречани ...... 164 55. с. Добромири ........... 38

Page 46: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

46

26. с. Драгожани ....... 78 56. с. Врањевци ............. 32 27. с. Црнобуки .......... 90 57. с. Ивањевци ............ 142 28. с. Секирани .......... 43 58. с. Бач ......................... 79 29. с. Крклино ............ 91 59. с. Гермијан .............. 74 30. с. Могила ............. 181 60. с. Живојно ............... 109 31. с. Трн – Карамани 150 61. с. Суводол ................ 50 32. с. Долно Српци .... 152 62. с. Брод ...................... 110 33. с. Долно Оризари 61 63. с. Вашарејца ............. 52 34. с. Горно Оризари 52 64. с. Лопатица .............. 63 35. с.Лисолај .............. 77 65. с. Старавина ........... 67 36. с. Црнеец ............ 63 66. с. Боиште ................ 34 37. с. Дихово .......... 84 67. с. Кишава ............. 63 1)Податоците се земени од публикацијата: „40 години настава на македонски јазик во Битола

и Битолско 44-84“ СИЗ за образование и наука и Друштвото за наука и уметност, Битола, 1984 година.

Еден од првите учители, наставникот Александар Стефановски во својата автобиографија

под наслов: „Без вина, виновен“2 за почетоците на наставата пишува: „Се договоривме најпрвин да го средиме училиштето. Формиравме работна група од младинки. Го исчистија дворот и училиштето. Потоа донесоа вар и го варосаа. Јордан на неколкумина им постави задача да донесат стакло и да ги направат прозорците. Јас ги обоив таблите. Беа донесени дрва за поправка на расипаните клупи и на 4 декември почна наставата. Немавме учебници ни наставни помагала. Се снаоѓавме како знаеме. Според предметите кои беа предвидени и афинитетот мој и на учителките, направивме распоред на одделенијата. Прво одделение беше најголемо и го зеде Јованка Станковска – Тапанџиева, второ одделение Елена Димитровска, а јас ги споив трето и четврто одделение во комбинирана паралелка. Имаше две училници. Претпладне работеа прво одделение и комбинираната паралелка, а попладне второ одделение. Вкупно имаше 110 деца.

За пишување на таблата користевме парчиња од искршени украсни фигури од гипс. Од алваџиска хартија правевме тетратки и за едно јајце им ги дававме на децата. За да има за сите, моливите ги делевме на два дела“.

2) Александар Стефановски, „Без вина, виновен“, Битола, 2011, стр.48-49.

Покрај училиштата на македонски јазик, биле отворени и училишта на турски мајчин јазик. Тоа биле следните училишта: училиштето во село Лажец, Црнеец и село Трновци, а Народното основно училиште „Адем Махмуд“ во Битола, со редовна настава на турски мајчин јазик започнало на 1 февруари 1945 година со вкупно запишани 174 ученици, распоредени во 4 паралелки, сите во прво одделение.

На истиот ден, 1 февруари 1945 година, започнало со работа и Народното основно училиште „Фахри Ибрахим“ во Битола, со настава на албански мајчин јазик. Од албанската народност биле запишани 168 ученици, распоредени во 3 паралелки, сите во прво одделение и 39 деца во забавиште. Покрај ова, на албански мајчин јазик, започнале со работа и основните училишта во селата: Лера, Суводол (Демирхисарско) и с. Трново.

Page 47: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

47

Подоцна, училиштето „Адем Махмуд“ и училиштето „Фахри Ибрахим“ се припоени во едно под името „Никола Тесла“, кое подоцна се припоило кон Основното училиште „Гоце Делчев“ – Битола во кое наставата се изведувала на македонски, српскохрватски, албански и турски јазик.

Според цитираната публикација, на 4 декември 1944 година во Битола и Битолско со настава започнале да работаат 67 народни основни училишта со вкупно 7.687 ученици. Подоцна бројната состојба се менувала и на училиштата и на бројот на учениците.Запишувањето на нови ученици било прекинато во месец март 1945 година.

Во наредните години, како што се создавале услови, училишната мрежа се ширела и биле опфатени сите населени места.

1.2.Образование за учениците со потешкотии во учењето Покрај редовното основно образование, во 1950 година, во Основното училиште „Гоце

Делчев“ биле формирани посебни паралелки за образование на учениците со потешкотии во учењето. Исти паралелки, во 1952 година, биле формирани и во Основното училиште „Д-р Трифун Пановски“ – Битола.

Од овие паралелки, во 1965 година било формирано специјално основно училиште кое го добило името „А.С.Макаренко“ – Битола. Во 1977 година ова училиште било припоено како работна единица на Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, а во 1984 година паралелките од ова училиште и просторно се вселиле во матичното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Бирола.

Во 1951 година, во Битола, започнал да работи и Заводот за дефектни деца каде биле сместувани децата со оштетен говор и слух. Според програмското престуктуирање во 1955 година, оваа воспитно-образовна установа го добила името Завод за рехабилитација и корекција на говор и слух, а во 1970 година го добива името Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола.

Во оваа устнова се школуваат деца од цела Република Македонија. 1.3. Образование за возрасните Покрај образованието на учениците, биле преземани мерки за описменување на

возрасното неписмено население. За таа цел биле отворани аналфабетски курсеви по училиштата, фабриките и сите други места каде можело да биде организирана овој вид на настава. Сите аналфабетски курсеви биле раководени од еден центар чиј раководител бил Петар Мачкиќ.

Во Битола имало курс за описменување на населението кој го носел името „Генерл Апостолски“ кој започнал со работа на 20 октомври 1947 година, а раководител била Загорка Канинска. Во овој период работеле аналфабетски курсеви во Битола во училиштата: „Климент Охридски“ (сегашно ОУ „Г.Делчев“), „Фахри Ибрахим“, „Кирил и Методиј“, „Тодор Ангелевски“ и на многу други места.

Page 48: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

48

Курсеви биле организирани и по селата. Покрај наставниот кадар, за аналфабетските курсеви, како наставници, биле ангажирани и младинци кои биле описменети.

Во учебната 1952-53 година биле отворени паралелки за образование на возрасните кои работеле во состав на Основното училиште „Гоце Делчев“ – Битола. Од 1960 година, од овие паралелки е формирано Основното училиште за образование на возрасни „Таки Даскалот“ кое работело до 1.01.1977 година.

По овој ден, овие паралелки преминале во надлежност на Работничкиот универзитет „Крсте Петков Мисирков“ - Битола.

1.4. Нижо музичко училиште Одамна постои музичкиот живот во Битола. Останале бројни песни кои вечно се пеат и

свират. Многу од нив се забележани во повеќе збирки кои ги забележале разни собирачи на народни песни. Во многу семејства постоеле клавири и други музички инструменти.

Потребата за музичка писменост налагала и отворање на Нижо музичко училиште во Битола кое својата редовна настава ја започнало на 17.02.1947 година. За прв директор бил именуван Велко Петровски – Паскали. Првата учебна година училиштето ја започнало со 6 стручни наставници и вкупно 125 ученици.

Како времето одминувало, училиштето се развивало. Биле организирани бројни концерти во градот и на други места надвор од Битола.

Желбата за повисоко музичко образование била задоволена со тоа што ова училиште прераснало во повисок ранг и од 16 февруари 1965 година работи како Средно музичко училиште.

2. Воспитно-образовни цели и задачи Според првичните извештаи, во секое училиште, почетокот на наставата бил означен со

пригодна свечаност, на која покрај учениците и родителите, биле присутни и бројни граѓани. Поздравниот говор, вообичаена работа за вакви прилики, бил од авторитетни личности. Во својот говор, меѓу другото, говорникот го кажувал и новото име на училиштето кое било поздравено со аплауз. Потоа следувала скромна програма од постарите ученици.

Во почетниот период, главна задача била описменувањето на неписмените ученици, како и описменување на неписменото возрасно население. Затоа учителите морале да работаат по цел ден. Дење со учениците, а навечер со возрасните. Започнале да се отвораат аналфабетски курсеви во секое населено место.

Во месец март 1945 година добиен е Привремен наставен план и програма за народните основни училишта во Македонија..Покрај другите предмети, било предвидено да се изучува и предметот веронаука –факултативно, но практично никогаш не се изучувал, еве и до денес.

На 3 мај 1945 год., од Президиумот на АСНОМ е донесена македонската азбука, а на 18 мај 1945 година била доставена до основните училишта во Битола и Битолско. Истата азбука и денес ја употребуваме без никакви дополнувања или корекции.

Во севкупниот живот и работа на основните училишта, покрај елементарното описменување на учениците, значајно место имало и општествено политичкото воспитание на

Page 49: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

49

учениците. На учениците им се објаснувало значењето на нашата борба за слобода, важноста на нашите историски настани и личности од историјата и изградбата на социјализмот во тоа време.

Во услови на немање никакви нагледни средства, учителите сами изработувале нагледни средства. Ние, учениците во тоа време, немавме ниту моливи, ниту тетратки. Имавме по една бакелитна табличка со дрвена рамка и по едно крижулче со кое пишувавме. Табличката од едната страна имаше тесни и широки линии за да можеме да пишуваме букви и зборови, а на другата страна имаше нацртани квадратчиња за да можеме во секое квадратче да пишуваме по една цифра и така ја учевме математиката.. Кога пишувавме на таблицата, ако нешто погрешевме, го бришевме со крпче наквасено, или во најчест случај со плунка. Нешто покасно добивме и сунгерче за бришење на табличката и училишната табла.

Подоцна, добивме по некоја тетратка и молив. Моливот, задолжително беше врзан со конец и го носевме обесен на вратот за да не го загубиме.

Клупите (сками) беа долги, дрвени, споена е клупата со седиштето и на секоја клупа седевме по 5 или 6 ученици. Така започна нашето учење, тоа е вистината за нашиот почеток.

Училиштата не беа обезбедени со огрев, а учителите не добиваа плата за својата работа. Ние учениците, по ред, носевме дрва за огрев во училиштето и храна за учителот. Подоцна овие материјални состоби беа надминати.

Како времето одминуваше, условите за работа се менуваа. Со отворањето на учителските школи низ македонија, се создадоа услови и се изгради доволно квалификуван наставен кадар. Материјалните услови се подобрија во секој поглед.

3.Некои карактеристики во развојот на основното образование во Битола и Битолско Со текот на времето, постепено, биле пополнувани работните места со квалификуван

наставен кадар. Со законска регулатива биле опфаќани учениците во задолжително основно образование. Според можностите, секоја општина градела нови училишта, а во некои помали населени места наставата била организирана во семејни куќи се со единствена цел за целосен опфат на младата популација.

3.1.Движење на учениците во основното образование За илустрација ќе наведеме дека во учебната 1952/53 година во Општината Битола имало

11.763 ученици во основно образование. Во наредниот период бројот на учениците значително се зголемил. Во учебната 1964/65 година во основното образование имало 19.962 ученици, а во наредната 1965/66 тој број изнесуваше 21.983 ученици. Всушност тоа беше учебна година со најголем број на ученици.Од таа година па наваму започува брзо намалување на бројот на учениците така да во учебната 1977/78 година достигна до 12.987 ученици, или намалување за 40%. Во оваа учебна година во Битола и Битолско работеле 28 основни осумгодишни училишта и 83 четиригодишни училишта. По овој период доаѓа до опаѓање на бројот на учениците во паралелките. Тој тренд продолжува и денес.

Карактеристично за периодот 1966 -1978 година е тоа што доаѓа до намалување на бројот на учениците во основните училишта. За споменатиот период бројот на учениците е намален за

Page 50: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

50

9.000 ученици. Ова намалување на бројот на учениците придонесе за гаснење на некои училишта или нивно припојување кон поголемите центри.

3.2. Адаптација и изградба на училишен простор Училишниот простор е еден од основните услови за нормално реализирање на воспитно-

образовната работа. Со својата функционалност треба да одговара на одредени стандарди за својата намена. Така, едни барања се однесуваат ако е просторот наменет за училница, други барања за кабинет, фискултурна сала, трпезарија, работилница и сл.

Првата учебна година, по ослободувањето на нашата татковина, сосема малку имавме изградени училишта. Малку имаше во градот, а незнатен број по селата. Со зголемувањето на опфатот на учениците во основно и средно образование беше неопходно да се изградат современи училишта. Градбата на истите одеше етапно во зависност од материјалните можности на државата.

Од разбирливи причини, не сме во можност да ги споменеме сите градби и доградби на училишниот простор во Општина Битола. Но, сепак ќе изнесеме одредени податоци од кои може да се има јасна претстава за напорите на општеството за изградба на современи училишта.

Во 1946 и 1947 година изградени се нови објекти за следните училишта: Основно училиште „Стив Наумов“, ОУ „Даме Груев“ од Битола, основните училишта во селата Ивањевци, Српци, Поешево и др. Нешто подоцна се изградени училишта во село Дихово (1948), Нижеполе (1949), Бач (1962), Брод и многу други. Во подоцнежниот период, некои од постојните објекти беа адаптирани, проширувани, доградувани, надградувани според потребите на училиштето и можностите на државата (ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ „д-р Трифун Пановски“ ОУ „Коле канински“, Средно техничко училиште –Битола, Медицинско училиште „д-р Јован Калаузи“ и др.).

Во периодот по ослободувањето, како итно потребна беше изградбата на објекти за сместување на „Учителската школа“ Браќа Миладиновци“ од Битола. Изградбата на овие објекти се одвиваше во 1947 и 1948 година. Во новите простории Учителската школа започна со работа пролетта во 1949 година.

Со средства од самопридонес на граѓаните 1982 - 1987 изградени се два современи училишни објекти и тоа: ОУ „Елпида Караманди“ 1980 година и ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“ во 1986 година.

Page 51: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

51

Свечено пуштање во употреба на ОУ „Елпида Караманди“ – Битола На 1 септември 1994 година Битола и Битолско ги зафати земјотрес со јачина од 5.2

степени по Рихтеровата скала. По извршената стручна оценка на Извршниот совет –Скопје, на сите објекти од областа на образованието, со оценки 3 и 4 степен се изврши санација и зајакнување и тоа на 18 згради од кои 15 со зајакнување и санација и 3 нови градби. Санацијата и изградбата ја изврши ГП „Пелистер“ – Битола.

Во наредниот период, како што се развиваше градот растеа и потребите за нов училишен простор. Така, во 1989 година е изградено и Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Сите нови објекти беа градени според тогашните најсовремени барања и опремени со современа наставна техника, современи спортски сали, кабинети и други потребни простории.

3.3.Иновации во образованието Во поглед на опременоста на училиштата со наставени помагала сме отишле доста далеку.

Стручната оспособеност на наставниците е поставена на прво место. Во образованието веќе немаме нестручни наставници.

Во училиштата е воведена педагошко-психолошка служба. Така во учебната 1975 година имало вработено само еден педагог во Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола. Тоа е Бојо Колонџовски. Во 1984 година биле вработени 11 педагози. Освен педагози, во многу основни училишта има вработени и психолози, а некаде и социолози.

Направени се првите чекори за воведување на информатиката во училиштата. На 9 март 1987 година започна инсталирањето на првиот кабинет за иформатика во просториите на Основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола, каде беа инсталирани 8 компјутери од типот

Page 52: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

52

„Марта“. Првиот 4 – дневен семинар за практично оспособување на дел од наставниците во основните училишта започна на 8 април 1987 година. Раководител на семинарот беше Методија Трајковски – самостоен педагошки советник на Републичкиот завод за школство, а практичната настава ја изведуваше инг. Александар Поп Ристов, вработен во Трговското претпријатие „Јавор“ – Битола. Со текот на времето, а во зависност од материјалните можности, училиштата беа опремувани со современи копјутери. Напоредно со тоа и наставниците беа обучувани за работа со компјутерите. Денес нема училиште без копјутери, нема наставници кои не се оспособени за работа со компјутерите. Нема ученик без копјутер во училиште или дома.

3.4. Мултиетничкиот карактер на образованието во Битола и Битолско Напоредно со отворањето на училишта на макадонски јазик, биле отворани и училишта

на алабански и турски јазик, а нешто подоцна и на срско-хрватски јазик. Секаде каде имало доволен број на ученици од одредена националност, биле отворани посебни училишта: (ОУ „Фахри Ибрахим“, ОУ „Адем Махмуд“, училиште во село Кременица, Меџитлија (Могилица) и на други места. Некаде во рамките на едно училиште работеле паралелки на македонски и на турски (село Гермијан), односно албански јазик.

За илустрација на мултиетничкиот карактер на образованието ги даваме и следните податоци за учениците во основно образование во 3 различни учебни години:

Националност учебна 1978-79 учебна 1991-92 учебна 2013-14 бр. на учен. во % ученици во % учен. во % Македонци 11.489 89,5 12.370 96 6.425 85,14 Срби –Хрвати 131 1.0 - Албанци 759 6,0 493 3,7 561 7,43 Турци 274 2,0 35 0,3 93 1,23 Роми 133 1.0 - 447 5,92 Други 66 0,5 - 20 0,26 ---------------------------------------------------------------------------------- Вкупно: 12.852 12.898 7.546 Во учебната 2013/14 година во средното образование биле вклучени 4.800 ученици со

следниот национален состав: Македонци 4.368 91% Албанци 242 5,04 % Турци 63 1,32 % Роми 81 1,69 % Други 46 0,96 % 4.Образованието во Битола и Битолско, денес Во учебната 2013/14 година, во Општина Битола, работаат следните образовни

институции: 4.1. Училишта за основно образование: бр. на ученици

Page 53: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

53

1.ОУ „Крсте П. Мисирков“ – Бистрица 464 2.ОУ „Александар Турунџев“ –Кукуречани 191 3.ОУ „Даме Груев“ – Битола 751 4.ОУ „Гоце Делчев“ – Битола 693 5.ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола 633 6.ОУ „Тодор Ангелевски„ – Битола 941 7.ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола 406 8.ОУ „Коле Канински“ – Битола 815 9.ОУ „Стив Наумов“ – Битола 695 10.ОУ „Трифун Пановски“ – Битола 289 11.ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола 935 12.ОУ „Елпида Караманди“ – Битола 733 Вкупно ученици: 7.546 4.2.Училишта за средно образование во Битола: 1.Медицинско училиште „Д-р Ј. Калаузи“ 1.050 2.Гимназија „Јосип Броз – Тито“ 772 3.Гимназија „Таки Даскалот“ 1.375 4.Земјоделско уч. „Кузман Шапкарев“ 190 5.Економско уч.„Јане Сандански“ 490 6.Техничко уч.„Ѓорѓи Наумов“ 795 7.Музичко училиште 129 Вкупно ученици: 4.800 4.3. Развој на високото образование во Битола Брзиот научно-технолошки развој во втората половина на XX век предизвика големи промени во сите области на живеење. Се увиде големата потреба

од создавање на високо - стручни кадри, заради што започна отворање на виши школи и факултети во Битолскиот регион.

Отворањето на високообразовни институции во Битола започнува со отворањето на Вишата земјоделска школа која со настава започна на 14 ноември 1960 година. Потоа се редеа и други високообразовни установи. Вишата техничка школа со работа започна во 1961/62, а во 1977/78 година прерасна во Технички факултет, Педагошка Академија во 1964 година, а во 1966 година прерасна во Педагшки факултет итн.

Врз основа на донесени одлуки на собранијата на општините: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод на 25 април 1979 година започна со работа Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со седиште во Битола, кој беше втор универзитет во Република Македонија.

Постигнати се огромни резултати на полето на образованието на кадри од многу профили. Немаме намера да даваме оценка за големината и значењето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, зошто тоа не е предмет на овој труд, но во кратки црти ќе ја

Page 54: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

54

дадеме неговата лична карта од што ќе може секој читател недвосмислено да го види значењето и големината на истиот.

Универзитет „Сл. Климент Охридски“ – Битола Структура на универзитетот 3

(Состојба на 1.12.2014 год.) - 10 факултети, 1 висока школа, 1 научен институт, 4 придружни членки. Студиски програми - 62 студиски програми за прв циклус универзитетски и стручни студии (од кои 2

студиски програми на англиски јазик). - 86 студиски програми за втор циклус универзитетски и специјалистички студии

(од кои 4 студиски програми на англиски јазик) - 19 студиски програми за трет циклус универзитетски студии, или се вкупно 167

студиски програми на трите циклуси на УКЛО. Студенти -Во академската 2014/2015 година над 11.000 студенти студираат во систем (на прв, втор и

тет циклус на студии). -околу 2.500 новозапишани студенти на прв циклус студии. -281 запишани студенти на втор циклус студии (во тек е четвртиот уписен рок) -27 запишани студенти на трет циклус (во тек е четвртиот уписен рок) -36.589 дипломирни студенти на УКЛО (податок по Главната книга на дипломирани

студенти на УКЛО). -799 магистрирани студенти на УКЛО (податок по Главната книга на магистрирани студенти

по единиците). -225 доктори на науки промовирани на УКЛО (податок по Гл. книга на докторирани студенти

на УКЛО. Кадар -374 академски кадар -193 административно – технички кадар, или вкупно 567 вработени на ниво на УКЛО. -------- 3) Податоците се добиени од Ректоратот на Универзитетот. Авторите ја искажуваат својата

благодарност. Резиме Семето што го посеале нашите први учители, иако со здоцнување, даде богат род. Сите

се гордееме со тоа. Од неписмено население створивме писменост. Покрај основното, задолжително стана и средното образование. Универзитетот „Св. Климент Охридски“, нашиот светилник, има голем број на

факултети на кои студираат студенти од најразлични области. Факултетите се опремени со современи лаборатории на светско рамниште. Современата електронска комуникација ни овозмува да имаме врски со целиот свет и во сите научни области.

Page 55: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

55

Во секој момент (електронски) можат да се прочитаат трудови од разни автори во минатото и денес, кои јасно и недвосмислено ја потврдуваат македонската посебност на јазикот, културата и нацијата.

Зарем е можно во овие современи услови, во услови на совршена електронска комуникација, светот да биде глув и слеп за посебноста на македонската нација, јазик и култура?

Сепак, да се надеваме дека ќе преовлада разумот и ќе бидеме прифатени во светот со сите наши национални, јазични и културни обележја, зошто немало време кога не сме биле и нема да дојде време кога не ќе бидеме.

Чувствуваме особена чест што сме дел од плејадата просветни работници кои во изминативе 70 години на своите плеќи го носеле товарот на воспитување и образование на младите генерации.

Ги учевме учениците да читаат, пишуваат, ги откривавме тајните на природата, животот и смислата на човековото постоење. Ги учевме учениците како да ја градат и сакаат својата татковина. Посебно внимание им обрнувавме на меѓусебните односи и почитувањето на луѓето без разлика на вера, националност, јазик и култура.

Така изградивме вредни и признати стручњаци во сите области и најголемиот дел вредни и чесни работници.

Така ја градевме нашата татковина Република Македонија. Скромноста била и останала најголема одлика на просветните работници. За нив

најголема награда се бројните генерации на ученици. Тие ги носат во своите срца. ЛИТЕРАТУРА 1.Сојуз на педагошките друштва на Македонија, Четириесет години слободен развој на воспитанието и образованието во Македонија /1943-1983/ , Просветно дело, Скопје, 1985 2.Спасе Медаровски и Ѓорѓи Лазаревски, Започнувањето со работа на народните основни училишта во Битолско во 1944/45 г. Зборник на трудови, Сојуз на педагошките друштва на Македонија, Просветно дело, Скопје, 1985 год. стр. 111. 3.Спасе Медаровски, Ѓорѓи Лазаревски и Никола Спировски, 40 години основно образование во Битола и Битолско, ДНУ – Битола, 1984 год. 4.М-р Ѓорѓи Лумбуровски, Некои карактеристики на системот за образование во Р.

Македонија, Прилози, бр.60/61, стр. 9-16, ДНУ –Битола. 5.Историски архив – Битола -Градски народен одбор, 1945 , 1946 г. -Околиски народен одбор, 1945, 1951, 1952, 1956, 1957, 1958 и 1959 година 6.Институт за национална историја, Скопје, Историја на македонскиот народ, книга III , 1969 г.стр. 463

Page 56: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

56

7. Д-р Крсте Ангеловски, Првите македонски училишта во 1943 г, Просветно дело, списание за педагошки прашања бр. 5-6, 1973 год. 8. ОК на ССРНМ – Битола, Самопридонес за поубава Битола, Битолски весник, 1982 год.

ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО БИТОЛА И ВО ДИЈАСПОРАТА

Page 57: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

57

(ЈАЗИКОТ МЕЃУ ГРАМАТИКАТА И КНИЖЕВНАТА ИСТОРИЈА)

ВЕРА СТОЈЧЕВСКА АНТИЌ33

Abstract

Key words: teacher, professor, grammar, Macedonian Language

Considering that the title theme relates to the language cherished in Macedonia, primarily in the town of Bitola, I turn to my education accomplished in the educational system of Bitola, after the victory of the National Liberation War.

It was as far back as the period of my first year in the GoceDelcevPrimary School in Bitola when enthusiasm was felt for a general reconstruction of the town. What marked my first year in the primary school was my teacher Hristina Mackic. Later on extraordinary Macedonian Language teachers took part in the educational system among which I would like to mention Bojka Andonovska and Filip Kovacev. The teachers Vaska Duma and Konstantin Popov marked my secondary school education.

The Macedonian language teaching was continuously improving. As far back as my first year of my university studies at the Faculty of Philosophy the assistant Aleksandar Duvalekovski appraised my first written work as the best one, with no grammar errors at all.

Macedonian language lectures were gradually being given also to the Macedonian diaspora, through the Emigrant Association of Macedonia and the Macedonian Orthodox Church, to the children of our Macedonian emigrants, mainly in their churches.

Го започнав своето основно образование исклучително на македонски јазик, непосредно по успешната НОБ, во Битола. Мислам дека нашата генерација беше втора по ред која не претрпе какво и да било друго јазично влијание, ниту српско, ниту бугарско. Започнав љубопитно да ги консумирам првите лекци во основното училиште “Гоце Делчев“, кај учителката Христина Мачкиќ. Таа умееше да го привлече нашето внимание со педагошки авторитет и сознанија за првите испишани букви и зборови од македонскиот јазик. Така, низ сите четири одделенија, иако се сменија неколку учителки, мојот интерес кон предметот

33. Универзитетски професор во пензија, Вера Стојчевска Антиќ

Page 58: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

58

македонски јазик растеше, особено со постепено совладуваните песнички, кои магично ме привлекуваа. Се сеќавам на драгоцената книга „Овчарче“ од Ванчо Николевски. Ги совладував на памет, без тоа да биде барано од учителките. Потоа следуваше напливот на партизански песни, со херојските подвизи на затворениците кои и по најстрашни измачувања не подлегнуваа и не ги издаваа другарите и Организацијата.

Така се негуваше и развиваше и патриотскиот однос кон родната земја, која со херојски дела на македонските партизани беше слободна.

Посебно беа привлечни предавањата по предметот македонски јазик во наредните четиди години, кои ги минав во друго училиште, во гимназијата „Гоце Делчев“, која подоцна беше преименувана во „Јосип Броз Тито“. За тоа главна улога одигра наставничката Бојка Андоновска, која поседуваше вистински однос ко нас учениците. Со нејзиниот сериозен приод кон лекциите сфатив дека граматиката е основата на нашиот јазик. Се присетувам и сега со колкава љубов, но и со суштинско знаење, го развиваше нашиот осет за граматиката, истовремено и за книжевната историја. Се присетувам дека не случајно, со восприеманите лекции, во мене се разбуди вистинска љубов кон литературата, која во почетни стадиуми, но се поизразити акценти, го разви мојот континуиран инјтерес за сите литературни дела. Можеби за тоа придонесуваше и домашната богата библиотека која ја збогатуваше мојата постара сестра Љубица. Тогаш пасионирано ме заинтересира руската класична литература, која во мојот натамошен развој одигра пресудна улога во приодот кон воопшто книжевната и наша и светска книжевност.

Во овој период во осмо одделение предметот македонски јазик го презеде извонредниот наставник Филип Каваев. Благодарение на неговиот истанчен осет за македонскиопт јазик, со сите негови дијалекти, и денес се присетувам за моето љубопитно исчекување на неговиот час, или часови. Покрај извонредно предавата проблематика, тој суштински ни го приближи македонскиот фолклор. Дури и денес, благодарение на неговиот буден и знанствен однос кон истиот, во мене се разбуди истражувачки нагон, незапирлив и во моите сегашни студии. Тој не убеди дека само преку народното творештво ќе ја надоградуваме нашата писменост, нашата книжевна историја, нашата љубов кон пуишаниот збор. Тој ни даваше задачи да собираме народни умотворби. Јас го прифатив тоа прибирање со голем интерес и љубов и уште во клупите на основното образование јас и8мав собрано 5-6 тетратки народна поезија и проза. Целото мое маало до Битолската гимназија ми помагаше активно во собирачката дејност.Немаше ден некоја комшивка да не ми доддаде нова творба.

Ова не го потенцирам случајно. Ако се навратиме кон поезијата на Блаже Конески, за која се најде простор во целиот свет, кај многу народи, несомнено ќе сфатиме дека таа поезија се развила врз чистата тардиционална македонска фолклорна традиција. Да се порсетиме само на неколку наслови, прослевани надалеку: „Везилка“, „Тешкото“, “Крале Марко“, „Стерна“, „Болен Дојчин“, итн.итн.

Натамошниот развој води во гимназските клупи со талентираниот професор по македонски јазик Кочо Попов. Во случајов сакам да нагласам дека Битолската гимназија не била ни случајно една од најсилните во Република Македонија. Нејзината педагошка

Page 59: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

59

организираност била позната многу години наназад и таа традиција успеаала да ја продолжи во континуитет. Тоа и јас нормално го почувствував, а денес посебно го потврдувам. Покрај знаменитите педагози по повеќе гинмназиски предмети, предничел македонскиот јазик, со потврдени професори вљубени во предметот. Но, пред да преминам кон нивните дела И СПОСОБНОСТИ, НЕОДЛОЖНО Е МОЕТО СЕЌАВАЊЕ НА Литературната дружина во Битолската гимназија. Ова Друштво реализира не само во својот град солидни претставувања, туку и во градовите: Прилеп, Охрид, Скопје,и други места. Одвај го дочекував последниот ден од работната недела, зашто тогаш се случуваа и состаноците на Друштвото. Ако денес споменам кои членови го составуваа Друштвото, мислам не постои човек кој не ќе си ја создаде самиот сликата за Литературната дружина во Битолската гимназија. Меѓу постарите членови веднаш го апострофирам учеството во неа на Слободан Мицковиќ, извонреден поет, книжевен автор, кој од тие гимназиски клупи израсна во еминентен критичар и книжевен историчар. Неговите совети, критички осврти, не ги прифаќавме како критики, туку како добронамерни укажувања за нашето творештво. Јас, дури буквално ги слушав тие совети, кои произлегуваа од идниот познат македонски критичар и пасионирано вљубен во литературата.

Второтo име беше Патер Бошковски. Сталожен и примерен ученик, вљубеник во поетскиот збор. Секогаш присутен на собирите и дискусиите.

Третиот пример е најпоказателен, особено за мене и за мојот развој. Тоа е знаменитиот автор Петре М. Андреевски. Уште на првиот состанок беше забележлив неговиот литературен збор, особено усвоениот литературен македонски јазик. И што е најважно, покрај усвоениот литературен јазик, тој беше и изворот за неговото проширување со беспрекорниот демирхисарски диајалект, со типично употребените зборови од родното место Жван и пошироко, разбирливо. Фасцинирано ги слушав неговите зналачки приоди кон современиот живот. Покрај усвоените типични македонски изрази, тој од рани години даваше заклучоци за современиот општествен живот, за задругите, напуштените села, како да беше уште како гимназист – искусен старец. Како што од Каваев го прифатив македонското народно творештво како основа за развојните линии на книжевноста воопшто, така од Петре М.Андреевски го сфатив значењто на македонските јазични дијалекти, за суштинското усвојување на јазикот. Целото негово прозно творештво изобилува со дијалектните јазични особености на Демирхисарскиот крај, одамна забележани посебно со неговиот роман „Пиреј“. Овде немаме можности за подеталното претставување на јазичните особености одразени во делото на Андреевски.

Овде нужно дополнувам одредени научни јазични контакти што ги организирав како координатор за македонски јазик во САД. Цели петнаесет години донесоа видливи резултати, преку одредени јазични и литературни македонско-севреноамерикански средби на високо научно ниво. Следуваа зборници од собирите на македонски и англиски јазик. Првпат се организираа тркалезни маси за македонистика, во рамките на Славистичката американска асоцијација. Во случајов нагласувам дека македонските иселеници и нивните деца со љубопитност беа учесници во нив, во: Ен Арбор, Њу Џерси, Њујорк, Чикаго, Колумбос, Торонто, итн. Од страната на САД координатор беше академикот Виктор Фридман, широко познат во Македонија. Посебен интерес предизвика со лингвистичкото предавање за

Page 60: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

60

македонскиот јазик во Битола, каде што битолската публика дојде лично во контакт со знаменитиот американски славист и македонист.

Во однос на поранешните контакти со нашите иселеници можам да ги посочам следниве наслови:

-Славе Николовски Катин: Македонскиот иселенички печат, Студентски збор, Скопје 1993;

-Вера Стојчевска Антиќ, Јазичните, литературните и културните врски со македонското ислеништво во САД, Канада, Австралија, во Македонски фолклор;

Танас Вражиновски, Македонска исељеничка култура и културне институције (на примеру Канаде), Етнолошка трибина, Годишњак Хрватског етнолошког друштва, Загреб 2006, 29.

Во самите македонски цркви на иселениците се организирале и се организираат училишни предавања по македонски јазик, за основците. Во сите нив земаат активно учество децата на Македонците. Нивните учителки и учители се подготвуваат да го предаваат според сите современи педагошки методи.

Page 61: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

61

д-р Менде Солунчевски, вонр.проф. проф. Вангелко Лозаноски

СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ДЕМИРХИСАРСКО

Во Демирхисарско, по ослободување на Македонија, се отворила широка мрежа на училишта на настава на македонски јазик. Тие го носеле името на истакнати македонски личности. Овие училишта се континуитет на образованието на манастирските училишта во Слепче, Св. Јован Крстител, Журче, Св.Атанасиј Александриски, Св. Никола Топлички и др. Може да се нагласи дека образованието во училиштата се надоврзало на македонската просветителска дејност низ вековите. По ослободувањето започнува настава на современ македонски јазик, со македонска азбука, со наставни предмети од природните и општествените науки. Во Демирхисарските училишта покрај што се спроведувала настава за деца, исто така, се спроведувала настава и за возрасни. Целта на наставата била описменување на демирхисарскиот народ, како предуслов за негова понатамошна едукација или вклучување на опшествено економските активности и развој на општината.

Клучни зборови: училишта, настава, ученици, возрасни, описменување

Ph.D. Mende Solunchevski , Ministry of defence Vangelko Lozanoski , NgO St.Visarion

SEVENTY YEARS IN MACEDONIAN LANGUAGE TEACHING IN DEMIR HISAR

In Demir Hisar, Macedonia after release, opened wider network of schools teaching the Macedonian language. They wore the name of prominent Macedonian dukes. These schools are the continuity of monastic education schools in Slepce, St. John the Baptist, Zurce, St. Nicholas Toplicki etc.. It may be emphasized that education schools add to the Macedonian enlightenment activity over the centuries. After liberation begins teaching s contemporary Macedonian language, with Macedonian alphabet, with subjects from the natural and social science. In spite of Demir Hisar schools are conducted classes for children, also conducted classes for adults. The purpose of teaching literacy was the Demir Hisar people as a prerequisite for further education or inclusion of socio economic activities and development of the municipality.

Keywords: schools, classes, students, adults, еducation

Page 62: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

62

Вовед

Образовно-воспитниот процес во Демир Хисар има долговековна традиција. Низ вековите образованието доминантно се вршело во манастирите. До ослободувањето на Демир Хисар во 1944 како и во останатите населени места во Вардарска Македонија доминантно образованието се спроведувало на српски и бугарски јазик.

После ослободување со огромен ентузијазам се отвораат училишта на македонски јазик во сите села на општина Демир Хисар. Во 60-тите и 70-тите години основното образование се трансформира во централни основни училишта и подрачни училишта.

Брзиот економски развој во 70-тите години влијаеше врз развојот на средното образование. Крајот на 20-от век и почетокот на 21-от век како резултат на миграцијата и намалениот

наталитет ќе резултира со намалување на бројот на учениците во општина Демир Хисар и укинување на голем број на подрачни училишта во населените места.

Предмет на овој труд е да даде краток приказ на високата парабола во образованието во општина Демир Хисар на македонски јазик од ослободуивањето до денес.

Образовно-воспитните традиции во Демир Хисар

Слободно можеме да нагласиме, дека основањето и работењето на училиштата во демирхисарско има долговековна традиција. Во демирхисарско работеле манастирските и црковните училишта во рамкоте на Охридската архиепископија, каде било зачувано македонското свештенство и учители. Во 16 век работeлo училиштето во манастирот Св. Јован Крстител Претеча, училиштето под раководство на Свети Висарион Дебаески. Исто така, се од значење училиштата во манастирите Св.Атанасиј Александриски од Журче и Св.Никола Топлички во близина на Слоештица.

Македонија духовно и културно била целокупна до Балканските војни. Се до 1913 година македонскиот народен јазик, бил и во македонските црковни и манастирски училишта. Со поделбата на Македонија во Вардарска Македонија е внесен српскиот јазик во училиштата и државните институции, во Егејска Македонија се употребувал грчкиот јазик, а во Пиринска Македонија бугарскиот јазик. Воведувањето на јазикот на соседните земји во наставата на територијата на Македонија за македонскиот народ било наметнато без нивната воља. За време на војната во 1941/44 година во еден период бил наметнат во некои од училиштата во Демирхисарско и бугарскиот јазик.

Се уште не била завршена војната кога на втори август-Илинден 1944 година била донесена одлука со која македонскиот јазик бил прогласен за државен јазик, во македонските училишта и државни институции. Во Народна Република Македонија (НРМ) започнале основните училишта, средните, вишите и високи школи.

Демир Хисар по формирањето како општина по завршувањето на Народноослободителната борба, во своите главни цели, било развојот на училишната мрежа. По основањето на oпштина Дeмир Хисар,34 во 1944-1946 година, општинските органи започнале со основање училишта по селата.

34 Во Демир Хисар првото седиште на општината била во Лопатица, потоа во село Слепче и во Демир Хисар..

Page 63: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

63

Отворање на првите училишта во слободен Демир Хисар

Втората половина од 1944 година се карактеризира со голем успех во борбените активности на НОВ и ПОМ против окупаторот. На 2 септември 1944 година со расформирањето на полицискиот участок и стационираната бугарска воена единица во с.Жван, ја напуштиле територијата на Демир Хисар преку Мраморица и заминале за Битола. Тогаш територијата на Демир Хисар ја напуштил и последниот непријателски војник. Согласно тоа Втори септември се смета за ден на ослободување на Демир Хисар.35

После ослободувањето на Демир Хисар општината била економски сиромашна и и бил потребен интензивен економски развој. Предуслов за економски развој бил описменување и образовање на населението. Затоа еден од првите чекори кои ги презела НРМ бил отворање на училишта.

Веднаш после ослободувањето биле отворени училишта скоро во сите села во општина Демир Хисар. Преглед на училишта и ученици во училиштата по населени места во Долни Демир Хисар36 е даден во следната табела

Табела 1 Преглед на ученици во училиштата во Демир Хисар во учебната 1944/45 Ред Бр.

Населено место Жители 1948

Име на Училиште Број на ученици 1945/46

Забелешка

Белче 154 Стив Наумов 5 Со Сладуево/106 Вардино 802 Даме Груев 72 Граиште 141 Климент Охридски 85 Со Бараково/199 Единаковци 580 Кирил и Методиј 100 Журче 739 101 Загориче 208 Кирил и Методиј 55 Со Утово/133 Кутретино 159 Маршал Тито 92 Со Суводол/457 Мургашево 543 Гоце Делчев/Наум Хасани 24 Прибилци 481 Кирил и Методиј 54 Со Сладуево Света 557 Петар Чаулев 98 Слепче 1143 Димитар Пирковски 148 Стругово 645 Кирил и Методиј/Ј.Ј.Змај 92 Вкупно 6152 897 Бабино 547 Климент Охридски 70 Базерник 412 Аце Трајчев 40 Боиште 686 Кирил и Методиј 71 Брезово 700

35 Види пошироко: Јосифовски,Б., Божиновски, З., (1988) Во пламенот на Вториот Илинден, Киро Дандаро, Битола, стр.159-161. 36 Низ историјата селата по патот и околу регионалниот пат Битола-Кичево, од Мраморица до Сопотница се именуваат со Долни Демир Хисар, додека останатите села од Сопотница кон Кичево се до Цер именуваа со Горни Демир.

Page 64: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

64

Вирово 653 Климент Охридски 93 Г.Илино 618 Илинден 79 Доленци 442 Жван 779 Кузман Јосифовски-Питу 28 Во селото Железнец 385 Гоце Делчев 66 Зашле 414 Климент Охридски 55 Лесково 331 Јане Сандански 49 М.Илино 387 Климен Охридски 48 Мренога 544 Егумен Данаил 62 Радово 218 Алексо Стефановски 34 Слоештица 878 Јане Сандански 76 Сопотница 985 Браќа Миладинивци Суво Грло 157 Нема училиште Церово 259 Гоце Делчев 58 Вкупно 9395 829 Обедник 481 75 Смилево 1341 Дамјан Груев 195 Вкупно 1822 270 ВКУПНО 17369 1996

Извор: Матични книги за водење на педагошка евиденција на ученици (1945-1955)

Во првите училишта на македонски јазик од 1-4 одделение се изучувале следните предмети: Народен јазик, Сметање, Пеење, Гимнастика, Краснопис, Историја, Земјопис, Природознание и Цртање.37

Во Демир Хисар едно од најзнајните училишта е училиштето „Гоце Делчев“ во градот Демир Хисар. Училиштето започнало со работа во 1948/49 година како седмолетка со 215 ученици, под името народно основно училиште (НОУ) „Гоце Делчев“. а од 11.01.1966 централно основно училиште (ЦОУ) „Гоце Делчев“.

Наставата се одвивала во една смена без доволно наставни средства, во зградата на Дехитекст. Први наставници биле: Олга Георгиевска, Љупка Коловска, Павле Црнески и Милан Мицевски. Прв директор бил Јонче Неделковски.38

Од 1948 до 1962 година во НОУ „Гоце Делчев“ биле организирани и следните видови настава: Кадровска гимназија, Работничка гимназија и вечерно училиште за возрасни

Во 1963 година во рамките на НОУ „Гоце Делчев“ се формираат 9 подрачни училишта во населените места: Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Загориче, Кутретино, Прибилци, Слепче и Стругово.39

37 Мицкоски Д., (1999) Пет децении образование во основнотои училиште „Гоце Делчев“ Демир Хисар, Монографија, Демир Хисар, 1999, стр.16. 38 Исто, стр. 18. 39 Решение бр. 05-2166/1 од 01.07.1963 година.

Page 65: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

65

Во наредниот период до 90-тите години бројот на ученици во училиштето континуирано расте.40 Од 90-тите години бројот на ученици стагнира за да последната деценија се намалува, а со тоа се затвораат дел од подрачните училишта во селата.

Во Горни Демир Хисар најзначајни училишта биле: ЦОУ „Климент Охридски“ во с.Вирово

и ЦОУ „Браќа Миладиновци“ со седиште во Жван м.в. Отрап. ЦОУ „Климент Охридски“ во с.Вирово и еформиано во 1944 година. Во него на почетокот од 5 до 7 одделение се образовале ученици од селата: Боиште, Вирово, Лесково, Мренога, Слоештица, Смилево41 и Церово. Во наредниот период се до неговото затворање, во ЦОУ „Климент Охридски“ во с.Вирово се образовале ученици од селата: Вирово, Боиште, Мренога, Лесково, Церово и Слоештица.42 Прв директор на ЦОУ „Климент Охридски“ бил.., а први учители биле: Јонче Поповски и Митко Атанасовски.

Во Горни Демир Хисар во 1963 година се формирало и ЦОУ „Браќа Миладиновци“ во Жван-Отрап.43 Во ЦОУ „Браќа Миладиновци“ во Жван-Отрап се образовале ученици од селата: Бабино, Базерник, Брезово, Доленци, Жван, Железнец, Зашле, Големо Илино, Мало Илино, Радово, Соптница и Суво Грло. Со затворањето на ЦОУ „Климент Охридски“ во с.Вирово учениците од 5 до 8 одделение кои учеле во ова училиште продолжиле да се образуваат во ЦОУ „Браќа Миладиновци“ во Жван. Согласно тоа покрај учениците од претходно наведените села, во ЦОУ „Браќа Миладиновци“ почнале да се образуваат и ученици од селата: Боиште, Вирово, Мренога, Слоештица и Церово.44 Прв директор на ЦОУ „Браќа Миладиновци“ после отворањето во Жван-Отрап бил Борис Настевски,(в.д.директор) а од 1964 Сандо Ангелевски, а први учители биле:Станка Дранговска, Ружа и др.45

ЦОУ со едно подрачно училиште е ЦОУ„Дамјан Груев“ во с. Смилево. Веднаш по

ослободувањето во учебната 1945/46 година за прв пат се сретнуваме официјално со воведување на I клас (денешно V одд.) а бројот на учениците од I до V одделение изнесувал 195.

После само уште една учебна година работа на I, II, и III клас веднаш во наредната учебна година 1949/1950, биле укинати сите три класа и било одлучено овие ученици од вишите одделенија да го продолжат своето школување во соседната т.н. седмолетка во с. Вирово така што условите се отежнати поради оддалеченоста на ова село (15 км).46

Во учебната 1950/51 година, била отворена новата осмолетка која во таа учебна година имала 199 ученици47.

40 Во тој период градот Демир Хисар континуирано се зголемува со интензивно преселување на население од сите села во општината а претежно од планинските села од Горен Демир Хисар. 41 Во Вирово учениците од с.Смилево се образувале од 5 до 7 одделение само 1 години. Со формирањето на ЦОУ Дамјан Груев од с. Смилево учениците од с.Смилево започнале да се образуваат во с. Смилево. 42 ЦОУ во Вирово престанало да работи во 1978 година, учениците од 5-8 одделение продолжуваат со образование во ЦОУ „Браќа Миладиновци“ во Жван. 43 Решение број 05-1149/1 од 31.03.1963, Собрание на општина Демир Хисар, Претседател Стеван Силјановски. 44 Во наведениот период селото Лесково целосно се иселува. 45 Информатор: Сандо Ангелевски, Жван . 46 Атанасовска-Георгиевска,Т., (2014) ОУ„Даме Груев“ Смилево, Презентација,Power Point, Слајд 11 и 13. 47 Решение на Министерството за просвета на СРМ бр. 6270 од 27.06.1950 година, Службен весник на СРМ, бр.24 /1950.

Page 66: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

66

Во 60-тите години започнува голема миграција на селото и сразмерно на тоа опаѓа бројот на учениците, за да во учебната 1969/70 година вкупниот број од прво до осмо одделение изнесува 109 ученици. Прв директор на ЦОУ „Дамјан Груев“ бил Макриевски, а први учители биле: Драган Лумбарковски и Лена Кочанковска.48

Првите учители во училиштата

Во започнувањето и развојот на образованието на македонски јазик во населениете места во општина Демир особен придонес дале првите учители. Во периодот по ослободувањето кога на подрачјето на општина Демир Хисар имало многу малку писмено население, првите учители несебично се внесле во овој образовен процес. Дел од нив биле од самите села, но поголемиот дел бил од други населени места и други општини. Согласно тоа, тие со своите семејства се населувале и живееле во самите населени места каде ја изведувале својата воспитно-образовна дејност. Најчесто биле сместени во објектите на самите училишта. Со самото отседнување во објектите на училиштата тие биле достапни 24 часа. Во продолжение согласно достапните податоци ќе наведеме некои од првите учители во населените места во општина Демир Хисар. Меѓу најзначајните ќе ги споменеме:

Во с. Белче прва учетелка била: Павлина Илиовска од Битола Во с.Бабино бил: Максим Попоски од Бабино Во с. Вирово бил: Јонче Поповски од Мренога Во с. Вардино бил Новица Миловановиќ од Вардино Во с. Граиште бил Методија Светиев од Битола Во с. Единаковци бил Димче од Церово Во с. Журче бил Борис Ванчов, Во с.Жван била Станка Дранговска Во с. Загориче бил Димитрија Серафимов Билјановски Во с. Кутретино бил Димко Нестороски, а на албански јазик Џавид Усеиновски Во с. Мургашево, Васил Тумбевски од Битола Во с.Прибилци бил Јован Дамјановски од Велмевци. Во с. Света, била Даница Даскаловска Во с. Слепче била Лепосава Шожу Во с. Стругово бил Сотир Белакапа Во с.Смилево бил Драган Лумбарковски Управување со училиштата Со училиштето на почетокот управувале повеќе органи и тоа: Собир на работни луѓе кој го

сочинувале сите вработени, Работнички совет, Управен одбор кој бил избран од работничкиот совет, и Директор како самостојнио раководно лице.

Стручни органи во училипштата биле: Одделенски совет и стручни активности.49

48 Информатор: Петар Ковач, Смилево/Битола 49 Мицкоски Д., (1999) Пет децении образование во основнотои училиште „Гоце Делчев“ Демир Хисар, Монографија, Демир Хисар, 1999, стр.22.

Page 67: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

67

Описменување на населението После ослободувањето покрај образование на децата и младината се наметнала потреба од

описменување на возрасното население. Описменувањето на возрасните се вршело првично во училиштата и манастирите. Најпрво се оформиле паралелки за описменување на возрасни во селата: Кочиште, Ново Село, Зашле, Мало и Големо Илино, Обедник, Ракитница, Растојца, Слоештица, Света и др. Прва учителка која била ангажирана за опсименување на возрасни била Драгинка Попоска (Трајчевска) првоборец во НОБ, од Кочиште.50

Во близина на Журче бил манастирот Св. Атанас Александриски кој бил училиште за описменување на населението веднаш после ослободувањето.

Исто така, во сите населени места 50-тите години најчесто во вечерните часови организирале настава за описменување на возрасното население. Описменувањето во населените места го започнале првите учители. Во наредниот период се до 60-тите продолжило описменување на возрасното неписмено население. Описменувањето за целиот период го вршеле учителите кои работеле во училиштата по населените места.

Обучување на населението за општонародна одбрана и опшествена самозаштита Училиштата во Демир Хисар се првите институции каде се спроведувала обука на

населението за одбрана и заштита. Во училиштата се спроведувала обука за самозаштита и обука за народна одбрана, односно општонародна одбрана во 80-тите години.

Во рамките на цивилната заштита во училиштата се спроведувала обука за самозаштита. Обуката за самозаштитата траела 11 часови. Во областа на самозаштитата до 1990 година биле обучени околу 2000 лица.51

Обука за народна одбрана, односно општонародна одбрана за населението од двата пола кое не било на распоред во одбранбено заштитните структури, се изведувала во училиштата. Населението се обучувало за стекнување на основните познавања од одбраната и заштитата заради преживување во услови на вонредна и воена состојба. Обуката траела 11 часа со тоа што се состоела од опшпт и посебен дел

Обуката се спроведувала од актив на предавачи формиран од Советот за народна одбрана. Во активот на предавачи доминирале учителите. Учители кои биле вклучени како предавачи на теми од областа на одбрана и заштита биле: Драган Ангелевски, Раде Зинговски, Иван Лозановски, Кочо Прчковски и др. По оваа основа во периодот од 1980 до 1987 година биле обучени 450 лица од двата пола кои не биле на распоред во одбранбено заштитните структури.52

Развој на средно образование во општина Демир Хисар Во 70-тите и 80-тите години населбата Демир Хисар прераснува во современа урбана

средина. Образовниот процес во основното образование веќе одамна бил заокружен, но се јавува потреба од развој на средно образование.

50 Информатор: Драгинка Попоска, с. Кочиште. 51 Солунчевски, М., (2013) Развојот на системот за одбрана и заштита во општина Демир Хисар во 20 век, (Монографија) ОРОРМ/Висарион, Демир Хисар, стр.117. 52 Исто, стр.139

Page 68: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

68

Со Решение на Републичкиот секретаријат за образование и наука53 во 1975 година есента започнува да работи Училишниот центар (УЦ) „Крсте Петков Мисирков“ со две струки: гимназија и текстилна струка. Прв директор на УЦ „Крсте П.Мисирков“ бил Александар Трајковски од Прибилци.

Во 1978 година се укинува текстилната струка и се отвора металска струка: Ракувачи на рударски машини.

Денес средното општинско училиште (СОУ) „Крсте П.Мисирков“ работи со две струки: гимназија и шумарска струка: дрво преработувачи. Наставата од 1 до 4 година се одвива во 13 паралелки. Наставата ја посетуваат вкупно 206 ученици.54

Актуелна состојба со воспитно образовниот процес во општина Демир Хисар Организациска поставеност и квалитет на наставата во училиштата во општина Демир Хисар

во 2014 година ја анализираме преку 3 деветгодишни основни училишта и едно средно училиште. Во општина Демир Хисар работат: ЦОУ „Гоце Делчев“ со подрачни училишта во селата:

Кутретино, Вардино, Единаковци, Света, и Слепче; ЦОУ „Браќа Миладинивци“ со подрачни училишта во селата: Вирово, Доленци, Жван, Сопотница и Слоештица и ЦОУ„Даме Груев“ во Смилево со подрачното училиште во с. Обедник. Преглед на ЦОУ со ПУ е даден во следната табела.

Табела 2 Преглед на училиштата во основно образование во општина Демир Хисар во 2014 година

Ред Бр.

Населено место Жители Попис 2002

Вид и име на Училиште Број на ученици 2014

Забелешка

Демир Хисар ЦОУ Гоце Делчев

199 Од 1-9 одделение, 14 парал.

Вардино Подрачно училиште 11 Комбинирано-2паралелка Единаковци Подрачно училиште 11 Комбинирано-2паралелка Журче Подрачно училиште 9 Комбинирано-1паралелка Света Подрачно училиште 18 Комбинирано-2паралелка Слепче Подрачно училиште 16 Комбинирано-2паралелка Суводол Подрачно училиште 28 Комбинирано-3паралелка Вкупно 292 Жван-Отрап ЦОУ Браќа Миладиновци 32 Вирово Подрачно училиште 4 Комбинирано-1паралелка Доленци Подрачно училиште 1 Комбинирано-1паралелка Жван Подрачно училиште 9 Комбинирано-1паралелка Сопотница Подрачно училиште 28 Чисти паралекки Слоештица Подрачно училиште 4 Комбинирано-1паралелка Вкупно 78 Смилево ЦОУ 21 Комбинирано-4паралелки

53 Решение на РСОН на СРМ, од 09.07.1975 година 54 Матична книга за евиденција вои средно образование за 2014, во СОУ „Крсте П. Мисирков“.

Page 69: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

69

Дамјан Груев Обедник Подрачно училиште 14 Комбинирано-2паралелки Вкупно 35 ВКУПНО 405

Извор: Матични книга за водење педагошка евиденција за ученици од основно образование за 2014/15

Од табелата се гледа дека во ЦОУ „Гоце Делчев“ има вкупно 292 ученици. Поради малиот

број на ученици во ПУ не можат да се оформат чисти паралелки. Во населените места: Граиште, Загориче и Прибилци, во кои порано функционирале ПУ на ЦОУ „Гоце Делчев“ денес поради немање на ученици се укинати. Актуелен директор на ЦОУ „Гоце Делчев“ е Горан Костовски од Демир Хисар.

Во ЦОУ „Браќа Миладиновци“ има вкупно 78 ученици. Во населените места: Бабино, Базерник, Боиште, Брезово, Големо Илино, Железнец, Зашле, Мренога и Мало Илино, во кои порано функционирале ПУ на ЦОУ „Браќа Миладиновци“ денес поради немање на ученици се укинати. Актуелен директор на ЦОУ„Браќа Миладиновци“ е Менка Најдовска од Демир Хисар.

Во ЦОУ „Дамјан Груев“ има вкупно 35 ученици. Денес поради тешката економска и социјална состојба, бројот на населението знатно се намали и во селата Смилево и Обедник, а со тоа и бројот на учениците е опаднат во ЦОУ „ Дамјан Груев“. Во ПУ во Обедник функционира единствената паралелка на албански наставен јазик на територијата на општина Демир Хисар.55 Актуелен директор на ЦОУ „Дамјан Груев“ е Тања Апостоловска-Георгиевска од Битола.

Во општина Демир Хисар работи и средно општинско училиште (СОУ) Крсте П. Мисирков.

Во 2014 година функционираат две струки: гимназија и шумарска струка со вкупно 206 ученици.56 Актуелен директор на СОУ„Крсте П. Мисирков“ е м-р Кире Ристевски од с.Слепче.

Заклучок На територијата на општина Демир Хисар егзистираат 40-тина села и центарот Демир

Хисар.57 После ослободувањето во општината се отворени четиригонишни основни училишта во сите

населени места. Секое училиште имало име на позната личност од македонската историја. Во 60-тите години настанува трансформација на основното образование во Општината и се

отвораат 4 централни осумгодишни училишта во градот Демир Хисар и селата: Вирово, Жван и Смилево со свои подрачни училишта во останатите населени места. Во 1978 година се укинува ЦОУ во Вирово и учениците ја продолжуваат наставата во ЦОУ во Жван.

55 Атанасовска-Георгиевска,Т., (2014) ОУ„Даме Груев“ Смилево, Презентација,Power Point, Слајд 16,21 и 22. 56 Матична книга за евиденција вои средно образование за 2014, во СОУ „Крсте П. Мисирков“. 57 Во општина Демир Хисар од 1944 до 2014 с. Лесково целосно е иселено, село Велмевци е приклучено од општина Кичево, односно Другово, и селата: Кочиште и Растојца од општина Крушево. Дене во општина Демир Хисар егзистираат 39 села и центарот Демир Хисар.

Page 70: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

70

Покрај образование и воспитание на децата во училиштата се вршело описменување и на возрасното население. Со поопшествувањето на одбраната во 80-тите години во училиштата се обучувало населението за народна одбрана, односно општо народна одбрана.

Во 1975 година во општина Демир Хисар почнува да се развива и средното образование со формирање на УЦ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар.

Крајот на 20-от век и почетокот на 21 век општина Демир Хисар се соочува со голема миграција и намален наталитет. Ова влијае врз образованието во општина Демир Хисар. Намалување на бројот на ученици во општина Демир Хисар резултира со укинување на училишта во голем број населени места и намалување на бројот на паралелки во останатите училишта.

Денес функционираат три ЦОУ. И тоа: ЦОУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар со 9 ПУ, ЦОУ„Браќа Миладиновци“ Жван со 5 ПУ и ЦОУ „Дамјан Груев“ Смилево со 1 ПУ. Денес работи и СОУ „Крсте П.Мисирков со две струки: гимназија и шумарска струка.

Литература Атанасовска-Георгиевска,Т.,( 2014) ОУ„Даме Груев“ Смилево, Презентација,Power

Point,. Јосифовски,Б., Божиновски, З., (1988) Во пламенот на Вториот Илинден, Киро Дандаро,

Битола. Кочовски Б. и Тодоровски,Д., (2003) Учителот Максим Попоски, МНД, Битола. Мицкоски Д., (1999) Пет децении образование во основнотои училиште „Гоце Делчев“

Демир Хисар, Монографија, Демир Хисар, 1999 Матични книга за водење педагошка евиденција за ученици од основно образование,

ЦОУ„Гоце Деллчев“ Д.Хисар; ЦОУ„Браќа Миладинвци“ Жван и ЦОУ„Дамјан Груев“ Смилево. Решение на Министерството за просвета на СРМ бр. 6270 од 27.06.1950 година, Службен

весник на СРМ, бр.24 /1950. Решение број 05-1149/1 од 31.03.1963, Собрание на општина Демир Хисар, Претседател

Стеван Силјановски. Решение на РСОН на СРМ, од 09.07.1975 година Солунчевски,М., Развојот на системот за одбрана и заштита во општина Демир Хисар во

20 век, (Монографија) ОРОРМ/Висарион, Демир Хисар, 2013 година.

СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЦАПАРИ И ЦАПАРСКО (краток осврт)

Проф. д-р Никола В. Димитров*

Page 71: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

71

АПСТРАКТ

Во рамките на дозволениот простор изнесен е дел од емпириското истражување за образованието на македонски јазик во Цапари и Цапарско од 1944 година до денес. Во трудот дадени се општи и посебни податоци за образованието на македонски јазик во Цапари и Цапарско.

Седумдесетгодишниот историски преглед на образованието, претставен е преку првите училишта, воспитно – образовниот кадар, бројот на ученици, и тоа за сите населени места во Цапарско. Текстуално и табеларно преставени се најважните аспекти на воспитно – образовната работа во Цапари и Цапарско, и тоа за растежот на училиштата, воспитно – образовната работа на наставниот и друг кадар, и резултатите на учениците и воспитно – образовниот процес.

На крајот, дадени се заклучни размислувања за причините и последиците кои доведоа до драстично намалување на вкупната популација, од 7.420 жители на 1.432 жители, а со тоа и на бројот на паралелки и ученици во Цапари и Цапарско, од 1.153 на само 46 ученици. Исто така, изнесени се најпогодни решенија и објективни мерки за подобрување на животниот стандард, начинот на живот, добивање на субвенции и бенефиции на населението, наставниците и учениците во руралните средини, со цел запирање на иселување и раслојување на селата.

Првите училишта и учители на македонски јазик Вековната борба на македонскиот народ за слободно и јавно да се служи со својот мајчин

јазик се круниса во Народноослободителната и антифашистичка борба. (Димитров&Димитровски,1995,7) Со цел навреме да започне редовната настава, Градскиот и Околискиот НОО (народноослободителен одбор) на Битола и Битолско назначија над 160 учители, кои веднаш присуствуваа на двонеделен курс, заради основно запознавање со учителскиот позив. (Група автори,1984,12)

Во сите 67 народни основни училишта редовната настава започна на 4-ти декември 1944 година со пригодна свеченост која, покрај 7.687 ученици, присуствуваа и голем број родители и граѓани. (Група автори,1984,13,14,198,199) Меѓу наведениот број на училишта единаесет беа во просторот на Цапари и Цапарско58, и тоа во селата: Цапари, Ротино, Горно Српци, Рамна, Лера, Свињишта, Метимир, Гопеш, Доленци, Ѓавато и Маловишта. (Види табела бр.1)

*Професор на Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, [email protected] 58 Во географската литература под поимот Цапарско, односно Цапарско Поле, се подразбира висока микрорегија сместена во западниот дел од Пелагониската котлина и истата се наоѓа западно од Битола. Цапарско Поле зафаќа површина од 168 км2 со 13 села, и тоа: Цапари, Ротино, Горно Српци, Рамна, Лера, Свињишта, Стрежево, Метимир, Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани и Маловишта.

Page 72: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

72

Табела бр. 1 – Населени места, име на народното училиште, број на ученици и учители, во првата учебна 1944-1945 година

Р.б. Населено место Име на народното училиште Број на ученици Број на учители 1 . АПАРИ „Кирил и Методиј“ 276 4 2. ЃАВАТО „Трајан Белев“ 324 5 3. ГОПЕШ „Питу Гули“ 32 1 4. ЛЕРА „Стив Наумов“ 43 2 5. МАЛОВИШТА „Стив Наумов“ 80 1 6. ГОРНО СРПЦИ „Видан Темелковски“ 112 4 7. РОТИНО „Кирил и Методиј“ 108 1 8. РАМНА „Јосиф В. Сталин“ 41 1 9. СВИЊИШТА „Ѓорѓи Сугарев“ 44 1 10. МЕТИМИР „Гоце Делчев“ 28 1 11. ДОЛЕНЦИ „Тодор Ангелевски“ 65 2

ВКУПНО: 1.153 23 Според податоците, за Битола и Битолско, се гледа, дека 67-те народни училишта просечно

имале по околу 115 ученици, а на секој учител доаѓале по 48 ученици. За Цапарско, просечно секое училиште имало по околу 105 ученици, а на учител се паѓало по 50 ученици.

Напоредно со опфаќањето на народни основни училишта на македонски јазик, започна редовна настава и на албански јазик, во одделни паралелки, во село Лера, а нешто покасно (1947/48 г.) и во село Доленци. (Група автори,1984,7,8)

Во наведените 11 училишта во Цапарско беа опфатени вкупно 1.153 ученици.(Димитров&Димитровски,1995,7) За први учители во 1944/45 година во Цапарско се поставени 18 учители. Станува збор за следните учители: Ѓорѓи Шупов, Димитар Настевски, Митко Пандори и Вељан/Велиан Јажев во Цапари; Нада Јаневска, во Ротино; Вељо Теодосиевски; Олга К. Стефановска, Димитар Т. Наковски, Богдан Банишки и Мара Робевска во Ѓавато; Зоре Франц Аница во Маловишта; Иван Наумовски во Гопеш; Кирил Грахолски и Ташко Пауновски во Лера; Красимира Димитровска и Кирил Димитровски во Метимир; Петар Ристески во Свињишта; Јелена Станкоска, Елена/Ленче Димитрова, Јованка Тапанџиева Стефановска и Александар Стефановски во Горно Српци; Фанија Димитрова во Ротино; и Ѓорѓи Т. Наумовски во Доленци.

Меѓутоа, непосредно по објавувањето на книгата 50 година настава на македонски јазик во Цапари и Цапарско, со писмо се јави г-дин Вељан Јажев, кој потсетува дека не бил ставен во списокот, а бил еден од првите учители во 1944/45 година. Нешто, покасно, нашето истражување продолжува и доаѓаме до бројот 23 учители, односно ги откриваме уште учителите Митко Пандори, Кирил Димитровски, Ѓорѓи Т. Наумовски, а за втората учебна 1945/46 година, откриваме и уште други осум учители. (Види табела бр. 2).

Page 73: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

73

Табела бр. 2 - Првите учители во Цапарско во 1944/45 г., 1945/46 г. и 1946/47 година

Населба Име и презиме на учителот Цапари Ѓорѓи Шупов, Димитар Настевски, Митко Пандори, Вељан/Велиан Јажев,

(во 1946/47 г. за учители доаѓаат и Јованка Тапанџиева Стефановска и Александар Стефановски, а Марија Х. Билбиловска за директор на училиштето)

Рамна Нада Јаневска, Никола Таневски (1945/46) Ѓавато Вељо Теодосиевски; Олга К. Стефановска; Димитар Т. Николовски; Богдан

Банишки, Мара Робевска Маловиште Зоре Франц Аница Гопеш Иван Наумовски, Крсте Битоски (1945/46) Лера Кирил Грахолски, Ташко Пауновски, Тахими ? , Зија Махмуд (45/46) Метимир Красимира Димитровска, Кирил Димитровски Свињишта Петар Ристески Горно Српци Јелена Станкоска, Елена - Ленче Димитрова, Јованка Тапанџиева

Стефановска, Александар Стефановски Ротино Фанија Димитрова, Анѓа Стрезовска, Ацо Стрезовски (1945/46) Доленци Ѓорѓи Т. Наумовски, Хамид Лека (1946/47) Стрежево* Ели Карадакова (напредна младинка), Ташко Пауновски, Ѓорѓи ?(45/46)

Извор: 40 години настава на македонски јазик во Битола и Битолско `44 - `84 година, Битола 19стр. 14 и 15; Александар Стефановски (2011): Без вина, виновен ?!?, Битола, стр. 48/57 (стр.126). Според професор Александар Стефановски (1920-2013), кој бил прв учител во с. Горно Српци а потоа и во Цапари. Искажување забележано од страна на авторот, на 20.09.2011 г. во Битола. Како и искажувања добиени од анкети со наставници кои во периодот 1944-46 година биле во Цапари и Цапарско.

* село Стрежево географски припаѓа на Цапарско Поле, но низ целиот период ова училиште и учениците гравитираа кон просторот на Кукуречани. Така, учениците по завршувањето на одделенска настава, предметната ја продолжуваа во селата Црнеец, Габалавци, Лопатица и Секирани.

Првата учебна година започна во многу тешки услови: наставниот кадар беше недоволно

квалификуван за наставна работа, немаше издадена македонска граматика, учебници, буквар, тетратки, моливи и други помагала. Основна задача во наставната работа беше описменувањето на првоодделенците и неписмените возрасни, а за другите одделенија основна задача беше да вежбаат читање, пишување, прераскажување и основни математички операции.

Секој учител, наоѓајќи се во услови на недостиг на основни наставни средства и помагала, беше принуден самиот да ги изработува, при што неговото ангажирање траеше преку цел работен ден. Така, тој беше задолжен не само да ја организира и изведува наставата со редовните ученици и да описменува возрасни, туку и да го организира културно – просветниот живот во селото, да

Page 74: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

74

ја развива активноста на народниот фронт, АФЖ, да ја организира и подготвува младината за иден општествен живот и да одржува редовни предавања за здравственото просветување на населението. За извршување на поставените општествени задачи работниот ден на учителот започнуваше во 7 часот наутро, а завршуваше некаде околу 22 часот навечер, а често и подоцна.(Група автори,1984,16)

Посебна тешкотија за одвивање на наставата беше немањето училиштен простор, па така наставата се одвиваше во стари згради или во приватни куќи, кои беа доста руинирани и изградени во различни периоди. За нормално отпочнување со работа на народните основни училишта беше извршен неопходен минимален ремонт во училишните згради, а во некои се вршеше и во текот на учебната година. Материјалното обезбедување на училиштата со огрев, стакло за прозорци, ќерамиди за поправка на покривите, материјал за оградување на училишните дворови и други материјални потреби го завршуваше населението.

Бројно движење на ученици, паралелки и училиштата

Прегледот што го даваме ни го покажува бројното движење на учениците вкупно за целиот простор на Цапари и Цапарско од 1944 до 2014 година. Од Табела бр. 3 се забележуваат следните

Табела бр. 3. - Бројно движење на учениците од 1944/45 до 2014/15 г. во Цапари и Цапарско

Учебна година Вкупно ученици Учебна година Вкупно ученици Учебна година Вкупно ученици Учебна година Вкупно ученици 1944/45 1153 1962/63 857 1980/81 228 1998/99 136 1945/46 845 1963/64 859 1981/82 207 1999/20 120 1946/47 1076 1964/65 759 1982/83 194 2000/01 105 1947/48 1212 1965/66 660 1983/84 183 2001/02 89 1948/49 1206 1966/67 640 1984/85 174 2002/03 82 1949/50 1212 1967/68 557 1985/86 161 2003/04 70 1950/51 1112 1968/69 588 1986/87 152 2004/05 64 1951/52 841 1969/70 529 1987/88 151 2005/06 69 1952/53 887 1970/71 499 1988/89 142 2006/07 64 1953/54 721 1971/72 446 1989/90 152 2007/08 58 1954/55 725 1972.73 387 1990/91 143 2008/09 55 1955/56 769 1973/74 369 1991/92 143 2009/10 55 1956/57 827 1974.75 328 1992/93 143 2010/11 52 1957/58 889 1975/76 314 1993/94 152 2011/12 57 1958/59 916 1976/77 308 1994/95 144 2012/13 53 1959/60 863 1977/78 272 1995/96 139 2013/14 41 1960/61 942 1978/79 261 1996/97 148 2014/15 45 1961/62 914 1979/80 231 1997/98 143

Графикон бр. 1. - Бројно движење на вкупниот број ученици во Цапари и Цапарско за периодот од 1944/45 до 2014/15 година

Page 75: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

75

Од Табелата бр. 3 и графиконот бр. 1 се забележува, со исклучок само на неколку години, процес на континуирано намалување на бројот на ученици. Години со најголемо намалување се: 1944/45 - 1945/46 г. кога бројот на ученици се намалил од 1153 на 845 или намалување за 308 ученика, односно за 26,7%, потоа 1950/51 г. - 1952/53 г., кога бројот на ученици се намалил од 1112 на 841 или намалување за 271 ученика, односно за 24,4%. Потоа во 1952/53 (со 887 ученици) и 1953/54 г. (со 721 ученици) со намалување од 166 ученици или за 18,7%, во 1964/65 (со 759 ученици) и 1965/66 (со 660 ученици) со намалување од 99 ученици или 13%, во 1970/71 (499) и 1971/72 (446) се намалил за 53 ученици или 10,6%.

Гледано по десет годишни, периодот 1960/61 – 1970/71 година бројот на ученици од 942 ученици се намалил на 499 ученици или за 443 ученици, односно за 47%, со динамика на намалување од 44 ученици годишно. Друг карактеристичен десет годишен период е 1970/71 (со 499 ученици) и 1980/81 (со 228 ученици) кога бројот на ученици се намалил за 271, односно за 305 ученици или за 54,3%. (Види Табела бр. 3)

Табела бр. 3 – Движење на бројот на ученици по десетгодишни периоди

Период во години Број на ученици Разлика / намалување/зголемување % 1944/45 - 1954/55 1153 – 725 -428 -37,1 1954/55 - 1964/65 725 – 759 +34 +4,7 1964/65 - 1974/75 759 – 328 -431 -56,8 1974/75 - 1984/85 328 – 174 -154 -46,9 1984/85 - 1994/95 174 – 144 -30 -20,8 1994/95 - 2004/05 144 – 69 -75 -52,1 2004/05 - 2014/15 69 - 46 -23 -33,3

Резимирано, низ целиот период од 1944/45 до денес 2014/15 година бројот на ученици од

1153 се намалил на 46 или вкупно намалување од 1.107 или за 96,0%. Споредено со максимално регистрираниот број на 1.212 ученици, намалувањето изнесува 1.166 или за 96,2%. Додека пак,

0

200

400

600

800

1000

1200

14001

94

4/4

5

19

46

/47

19

48

/49

19

50

/51

19

52

/53

19

54

/55

19

56

/57

19

58

/59

19

60

/61

19

62

/63

19

64

/65

19

66

/67

19

68

/69

19

70

/71

19

72

.73

19

74

.75

19

76

/77

19

78

/79

19

80

/81

19

82

/83

19

84

/85

19

86

/87

19

88

/89

19

90

/91

19

92

/93

19

94

/95

19

96

/97

19

98

/99

20

00

/01

20

02

/03

20

04

/05

20

06

/07

20

08

/09

20

10

/11

20

12

/13

20

14

/15

Вкупно ученици

Page 76: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

76

вкупното намалување на населението во Цапари и Цапарско, од 7.420 жители во 1948 година се намалува на 1.500 жители во 2011 година, односно намалување за 5.920 жители или за 79,8%.

Намалување на бројот на ученици е резултат на емиграционите процеси, односно иселување на младо работоспособно население и на цели семејства. Првите помасовни емиграции кон градовите биле предизвикани од колективизацијата, потоа од забрзаната индустријализацијата на градовите, а од шеесеттите години и од т.н. „привременото вработување“ во странство, кое најчесто завршуваше со трајно иселување.

Табела бр. 5 – Имиња на училиштата и период на постоење, гледано по населби

Населби Име на основното училиште Период на постоење

ЦАПАРИ

ОУ„Кирил Методиј“ од 1944/45 до 1977/78 ЦОУ„Трајан Белев“ од 1978/79 до 2004/05 Подрачна паралелка на ОУ „Елпида Караманди“ –

Битола од 2005/06 до денес

Ротино

„Кирил Методиј“ од 1944/45 до 1977/78 Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ –

Цапари од 1978/79 до 1995/96

Затварање на училиштето 1995/96

ЃАВАТО

„Трајан Белев“ од 1944/45 до 1952/53 „Тодор Ангелевски“ од 1953/54 до 1959/60 ОУ„Трајан Белев“ од 1960/61 до 1969/70 Подрачна паралелка на ЦОУ „Кирил и Методиј“ –

Цапари од 1970/71 до 1977/78

Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари

од 1978/79 до 1989/90

Затварање на училиштето 1989/90

Доленци

„Тодор Ангелевски“ од 1947/48 до 1954/55 „Климент Охридски“ од 1955/56 до 1961/62 Подрачна паралелка на ОУ „Трајан Белев“ – Ѓавато од 1962/63 до 1969/70 Подрачна паралелка на ЦОУ „Кирил и Методиј“ –

Цапари од 1970/71 до 1977/78

Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари

од 1978/79 до 2005/06

Затварање на македонската паралелка 1986/87 Подрачна паралелка на ОУ „Елпида Караманди“ –

Битола од 2006/07 до денес

Маловишта

„Стив Наумов“ од 1944/54 до 1951/52 „Иван Цанкар“ од 1952/53 д о1961/62 Подрачна паралелка на ОУ „Трајан Белев“ –

Ѓавато. од 1962/63 до 1969/70

Подрачна паралелка на ЦОУ „Кирил и Методиј“ – Цапари

од 1970/71 до 1977/78

Page 77: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

77

Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари

од 1978/79 до 1991/92

Затварање на училиштето 1991/92

Гопеш „Питу Гули“ од 1944/45 до 1954/55 „Кирил Методиј“ од 1955/56 до 1963/64 Затварање на училиштето 1963/64

РАМНА

„Јосиф В. Сталин“ од 1944/45 до 1948/49 “Танас Лозановски“ од 1949/50 до 1953/54 ОУ“Браќа Миладиновци“ од 1954/55 до 1977/78 Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ –

Цапари од 1978/79 до 1991/92

Затварање на училиштето 1991/92

Лера

„Стив Наумов“ од 1944/45 до 1962/63 Подрачна паралелка на ЦОУ „Кирил и Методиј“ –

Цапари од 1963/64 до 1976/77

Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари

од 1978/79 до 1982/83

Затварање на училиштето 1982/83

Горно Српци

„Видан Темелковски“ од 1944/45 до 1951/52 „Милован Ѓилас“ од 1952/53 до 1953/54 „Никола Карев“ oд 1954/55 до 1961/62 Подрачна паралелка на ОУ „Браќа Миладиновци“ -

Рамна. од 1962/63 до 1977/78

Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари

од 1978/79 до 1987/88

Затварање на училиштето 1987/88

Свињишта

„Ѓорѓи Сугарев“ од 1944/45 до 1962/63 Подрачна паралелка на ОУ „Браќа Миладиновци“

– Рамна од 1963/64 до 1977/78

Подрачна паралелка на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари

од 1978/79 до 1980/81

Затварање на училиштето 1980/81

Метимир

„Гоце Делчев“ од 1944/45 до 1954/55 „Цар Самоил“ од 1955/56 до 1962/63 Подрачна паралелка на ОУ „Браќа Миладиновци“

– Рамна. 1963/64

Затварање на училиштето 1963/64 Училиштата во првите години биле четвртолетки и петолетки, па шестолетки, седмолетки до

осмолетки (тоа пред сè однесува на Цапари, Ѓавато и Рамна), а останатите останале, низ целиот период четвртолетки. Бројот на паралелки во подрачните четиригодишни училишта низ целиот период бил по една паралелка, со исклучок во Доленци каде имало и на албански јазик (од 1947 година до денес).

Page 78: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

78

Во учебна 1945/46 година училиштето во Цапари од четиригодишно преминува во шестгодишно училиште, а во учебната 1947/48 година во седумгодишно, за од учебната 1952/53 година да премине во осумгодишно основно училиште. Во 1962/63 година ОУ „Кирил Методиј“ – Цапари станува Централно, со подрачна паралелка во Ротино. Во ноември 1969 година работните единици на централните основни училишта во Цапари, Ѓавато и Рамна донесуваат одлука за интеграција, односно за приклучување на училиштата од Ѓавато и Рамна кон училиштето во Цапари. Сепак, училиштата беа приклучени само административно, за до вистинска интеграција да дојде во учебната 1977/78 година со создавање на ЦОУ „Трајан Белев“ во Цапари.

Во ОУ„Кирил и Методиј“ во Цапари максималниот број паралелки се достигнал 13 (во учебната 1956/57, 1960/61 и 1961/62 г.). Во тие години работеле и по две паралелки во одделенска настава (од I до IV одделение), но и во дел од предметна настава (од V до VIII одделение).

Максималниот број на паралелки во ОУ „Трајан Белев“ - Ѓавато изнесувал 9, од кои 5 комбинирани (од I до IV одделение) и 4 чисти паралелки (од V до VIII одделение).

Максимален број на паралелки во ОУ „Браќа Миладиновци“ – Рамна, исто изнесува 9, од кои 5 комбинирани (од I до IV одделение) и 4 чисти паралелки (од V до VIII одделение).

Максималниот број на паралелки во ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари бил 25 (во 1973/74 и 1974/75 г.), од кои 7 во Цапари, 5 во Ѓавато, 5 во Рамна, потоа по една паралелка во Ротино, Г.Српци, Свињишта, Маловишта, и по две во Доленци и Лера (по една на македонски и на албански јазик). (Димитров&Димитровски,1995,38)

Процесот на затварање на подрачни училишта започнува уште во 1963/64 година кога по 19 години постоење се затвараат училиштата во Гопеш и Метимир. Второ затварање регистрираме во осумдесеттите години и тоа, училиштата во Свињишта 1980/81 (по 36 години постоење), во Лера 1982/83 (по 38 години постоење), па во Доленци – македонска паралелка 1986/87 (по 42 години постоење), Горно Српци 1987/88 (по 43 години постоење) и Ѓавато во 1989/90 година (по 45 години постоење). Трет период на затварање на подрачни четиригодишни училишта се деведесеттите години и тоа: училиштето во Рамна и Маловишта 1991/92 (по 47 години постоење) и Ротино 1995/96 година (по 36 години постоење).

Додека пак, ОУ „Кирил и Методиј“ - Цапари (1944/45-1977/78 - 33 години се именува со тоа име) и нејзиниот продолжувач ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари (1978/79-2004/05 - 27 години го носи тоа име), по 60 година постоење, на 21. Јуни 2004 година во Службен Весник, број 40, страна 36, објавена е Одлука за престанување со работа на основното училиште „Трајан Белев“ – Цапари. Меѓу другото во член 1 стои „престанува со работа Основното училиште „Трајан Белев“ с. Цапари со припојување кон Основното училиште „Елпида Караманди“ – Битола. Основното училиште „Трајан Белев“ с. Цапари се организира како Подрачно училиште во состав на Основното училиште „Елпида Караманди“ – Битола“, во кое управуваат назначени раководители (на тој датум во РМ престанаа со работа 16 основни училишта, од кои две се од Битолско, ОУ „Трајан Белев“ – Цапари, и ОУ „Мирче Ацев“ - Бач).

Низ целиот период на постоење, образованието било успешно организирано и тоа преку редовно одвивање на наставата, организирање на воннаставни активности (работа на разни слободни ученички активности – секции, клубови, извиднички одред, подмладок на црвен крст и други форми на ученичко организирање), организирање на работни акции, излети, екскурзии, теренска настава, културно – уметнички приредби (одбележување на патронен празник, одбележување на значајни историски настани, одржување на театарски претстави од страна на

Page 79: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

79

наставниците и учениците, спортски натпревари и сл.), изградени, проширени и обновени се повеќе училишта (во Цапари, Рамна, Ѓавато, Доленци, Ротино, Горно Српци и др.), изградена е спортска сала, спортски терени и кујна во Цапари, освојувани се повеќе награди и признанија на разни натпревари и конкурси итн. За одбележување е постоењето на КУД „Мирче Велоски„ – Цапари, со драмската секција составена од наставници и ученици, кои во 1964 година на сојузен театарски фестивал во Хвар, Хрватска, освоиле прва награда и признание. Во склоп на училиштето во Цапари постоел и интернат за ученици, а покасно работи и забавиште. Исто така, опременоста на училиштето со нагледни средства и помагала низ целиот период е континуирана (со исклучок на првите години), додека пак по интеграцијата, наставата во ЦОУ „Трајан Белев“ Цапари се реализирала и кабинетски.

Денес, ПУ „Елпида Караманди“ – Цапари располага со 8 училници со кабинети, спортска сала, кујна со трпезарија,библиотека со 7400 книги,управен дел со канцеларии и работни простории, а ПУ во с. Доленци располага со 2 училници, канцеларија, ходник и 2 помошни простории адаптирани за амбуланта. Настава се реализира како деветолетка каде во ПУ с. Цапари е организирана во 6 паралелки од кои 2 одделенска комбинирани (од прво до петто одделени) и 4 предметна настава (од шесто до деветто одделение). Наставата се изведува на македонски наставен јазик. Во ПУ с. Доленци е организирано со две комбинирани паралелки во одделенска настава (од прво до петто одделение). Наставата се изведува на албански наставен јазик. Учениците од Доленци, предметната настава на албански јазик ја следат во ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, и тоа од 2005/06 година, односно од згаснувањето на ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари како правно лице.

За одбележување е постоењето на извидничкиот одред „Пелистерски очи“ со седиште во Цапари, формиран на 20.12.1974 година. Низ дваесет годишниот период на постоење до 1994 г. (последните три години работи локално без активности), одредот – учениците и наставниците организираат 15 републички (1977 до 1991 г.) и 11 сојузни натпревари (од 1980 до 1990 година), повеќе работни акции на пошумувања, маршеви, логорувања, излети и слично. Максималниот број на членови во одредот изнесувал над 200 членови - ученици, наставници и жители на Цапари и Цапарско. Како потврда на добрата организираност и заедништво на извидниците во одредот е изградбата на планинарска куќа на 1100 метри надморска височина западно од селото во подножјето на врвот Пелистер. Оваа куќа, е симбол на ученичкото другарување на поранешните и сегашните ученици, наставници и жители на селото. Денес, со крајни напори училиштето се обидува да ја зачува од распаѓање.

Раководење, наставен и друг кадар

Во текот на седумдесет години во просторот на Цапари и Цапарско работеле 591 лица, од кои 510 лица наставници, 23 управители, директори и раководители, 9 лица во администрација и 49 лица како помошен персонал. Сепак, треба да напоменеме, дека дел од вработените наставници работеле во повеќе училишта во Цапарско. Имено, како се затвараат подрачните училишта, како и со интеграцијата на осумгодишните училишта во Ѓавато и Рамна, наставниците се превземаат во ЦОУ Цапари. Така, вкупниот број на наставен кадар изнесува над 300 лица. За подвлекување е фактот што во целиот простор на Цапарско регистрираме околу 30 брачни двојки на наставници.

Page 80: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

80

Во Табела бр. 6 што е поместена подолу изнесени се имињата на сите лица кои работеле во училиштата во просторот на Цапари и Цапарско, и тоа: управители, директори и раководители, наставници, администрација и помошен персонал.

Табела 6 - Име и презиме на наставниот кадар во Цапари и Цапарско од 1944/45 до

2014/2015 година Име и презиме Место ЦАПАРИ Управители, директори и

раководители Ѓорѓи Шупов (1944/45), Марија Х. Бимбиловска (од 1945/46 до 1950/51),

Димитар Настевски ( од 1951/52 до 1969/70), Доне Мариовски (од 1970/71 до 1976/77), Никола Трајчевски ВД (1977/78), Ѓорѓи Димитровски (25 години бил директор на ЦОУ „Трајан Белев“ - Цапари од 1978/79 до 1994/95), Анастас Кирјази ВД (1995/96), Верка Веловска (од 1996/97 до 1998/99), Петко Митревски (1999/2000 – 2004/05), (9) Раководители на ПУ „Елпида Караманди“- Цапари, се: Методија Димовски (2005/06-2007/08), Панде Цилев (2008/09-2010/11) и Сашко Гошевски (2011/12 до денес). (3) (12)

Наставник Ѓорѓи Шупов, Велјан Јажев, Димитар Настевски, Марија Х. Бимбиловска, Митко Пандори, Василка Лазароска, Анастасија Спанакоска, Александар Стефановски, Јованка Тапанциева Стефановска, Радмила Господинова, Захарија Господинов, Здравка Николовска, Бошко Срезовски, Димче Стефановски, Љупка Костовска, Јордан Беловски, Весела Ѓорѓиевска, Никола Попрцов (интернат), Ленче Вељановска Попрцова, Лазар Ќоропановски, Цвета Кранфилова, Димитар Тасевски, Васко Кузмановски, Милица Димовска, Аспасија Андреева, Ратка Ќоропанова, Вера Китанова, Душанка Чурулева, Милица Наумовска, Ратка Тасева, Ѓорѓи Велевски, Ленче Тодоровска, Бранка Спироска, Душанка Михалјова, Драга Глигорова, Љубинка Кирковска, Рада Атанасова, Перо Чукалевски, Павле Илчевски, Љубинка Николова, Нада Илчевска, Роксана Козарова, Димитар Петковски, Даница Даркова, Каранфил Нешковски, Милица Симонова, Бранка Стефановска, Владо Ласковски, Живко Стојановски, Милица Петковска, Милица Галова, Елена Зафирова, Василија Иванова, Милица Микарова, Елена Тодорова, Марија Петрова, Кирил Аргиновски, Крум Раденков, Асен Михајлов, Бојан Василев, Димитар Димитровски, Марија Иванишевиќ, Марија Пејчиќ, Панде Ефтимов, Драган Јуруковски, Елена Бадева, Алексо Ефтинџиовски, Елица Димова, Доне Макриовски, Ружа Николовска, Елена Талева, Надица В. Цингарова, Пана Бачкарова, Никола Николовски, Панде Ефтимовски, Добринка Илиевска, Загорка Златева, Нада Василева, Елена Аргиновска, Љуба Ангелова, Благој Филиповски, Јосиф Куновски, Јорданка Вучкова, Тодорка Секулова Ристева, Станимир Стојковски, Методија Чоневски, Марија Филиповска, Василка Чумандра, Александар Велјановски, Цвета Урдарова, Љуба Ласкова Куновска, Петар Лазаревски, Љубица Лушиновска, Даница Димитрова, Мирјана Николеска, Петар Лозановски, Софија Ангелкова Билајац, Димитар Кочанковски, Стојна Брзова, Слободанка Дурдубакова, Менка Петрова

Page 81: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

81

(забавиште), Никола Аргир Михајловски, Кирил Аргиновски, Елена Аргировска, Благој Филиповски, Марија Филиповска, Софија Билајац, Љуба Куновска, Никола Кашмиговски, Менка Петровска (забавиште), Тодорка Ристева (забавиште), Владимир Владе Тасевски, Лилјана Даскалова, Мирјана Балтова, Благој Милевски, Глигур Талевски, Стефан Џолгановски, Мирјана Петрова, Љубица Начова Велевска, Никола Нико Трајчевски, Ѓорѓи Димитровски, Цветанка Димитровска, Јован Максо Веловски, Вера Веловска, Анастас Таше Кирјази, Александар Миленковски, Михалјо Димитров, Љубица Костова, Душан Ристовски, Менка Бечкова, Димитар Боцевски, Стефан Белчев, Стево Џолгановски, Љубица Костова, Марија Филиповска, Љубица Велевска, Мирјана Петровска, Милица Шаркова, Вера Велјановска, Марика Стерјева, Николина Марушевска, Марика Георгиевска, Михалјо Димитров, Билјана Митковска, Александар Цигаридовски, Цвета Трепвска, Трајко Иракоски, Василие Анчевски, Стојан Анчевски, Зора Бошковска Бендева, Љубе Стојановски, Никола В. Димитров, Гордана Гошевска, Иван Премовски, Владе Трифуновски, Веселка Крстевска, Соња Велковска, Бисера Вишиновска, Методија Димовски, Весна Димитровска Станчевска, Стеван Јанакиевски (библиотекар), Сузана Петровска, Вера Тасевска, Славица Начовска, Славица Ристевска, Александра Јанкуловска, Игор Наумовски, Мери Нацкова, Фанче Јошевска, Елица Гаштарова, Аспасија Трајковска, Бранка Божиновска, Зоран Куновски, Мирјана Тасевска, Оливера Ристевска, Миле Шерденков, Кире Грбевски, Сузана Поповска, Виолета Мицковска, Лилјана Димевска, Лилјана Ангелевска, Гордана Тасевска, Маја Јанакиевска, Никола Аврамовски, Билјана Трајковска, Билјана Пемова, Билјана Талевска Мимоза Николовска, Соња Белџигеровска, Елена Ѓеоргиевска, Јелена Ќеваповиќ, Панде Цилев, Виолета Мицковска, Елена Аспровска, Благојче Кривевски, Марта Шукуровска, Љупчо Стојановски, Елизабета Груевска, Снежана Брзовска, Билјана Карапетровска, Маре Жежовска, Славица Марковска, Ирена Искова, Златко Крстевски, Магдалена Никодиновска, Милица Димчевска, Ана Стеваноска, Ирина Николовска, Иван Илиевски, Таќу Стојани, Пеце Трифуновски, Ангелина Димитровска, Гоце Белџигеровски, Иле Јовановски, Донка Шикловска, Силвана Симоновска, Снежана Плушковска, Наташа Гаревска, Иван Илијевски, Снежана Брзовска, Искра Ираковска, Билјана Китановска, Билјана Митковска, Лилјана Димевска, Златко Крстевски, Мирјана Ана Стефановска, Лилјана Јошевска, Џенет Тасковска, Лилјана Мирчева, Маја Атлагиќ, Татјана Дамчевска, Билјана Димитриева, Сашо Гошевски. (233)

Администрација Љубица Здравевска, Блага Николовска, Љубица Петрова, Мирјана Груевска, Мирјана Савиновска, Светлана Јовановска, Стеван Белчев, Благоја Врчковски. (8)

Помошен персонал Стеванка Капинкоска, Јордан Стефановски, Павле Тноковски, Душан Бабушковски, Илија Пашовски, Трајанка Коликовска (во кујна), Стојан Капинкоски, Трајан Капинковски, Љубица Ангелова (во кујна), Методија Лумаковски, Владе Врчковски, Никола Анакиевски (во кујна), Живко Додовски

Page 82: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

82

(возач), Марика Талевска, Стојан Јуруковски, Николчо Мицаковски, Рада Милошевска. (17)

Ротино Наставник Нада Јаневска, Фанија Димитрова, Радмила Трендафиловска, Марика

Марија Пејчиќ, Ристо Јовановски, Анѓа Стерзовска, Ацо Стезовски, Ангелко Вељановски, Стеванка Вељановска, Цветан Цане Переловски, Елена Фиданова, Димитар Димитровски – Такец, Стеван Јанакиевски, Елена Аргировска, Љубица Филипова, Славица Талевска, Пецо Веловски. (17)

Помошен персонал Марија Атанасова, Нада Трајчева, Цвета Лозановска, Ѓорѓи Апостоловски. (4)

ЃАВАТО Управители и директори Љупка Ѓорѓиева Русомарова, Ѓорѓи Русомаров, Петар Ѓуровски, Јово

Чукалевски, Цане Марковски, Никола Трајчевски. (6) Наставник Вељо Теодосиевски, Олга К. Стефановска, Димитар Т.

Наковски/Николовски, Богдан Банишки, Мара Робевска, Крсте Јанкуловски, Атанас Јаневски, Даница Јаневска, Ѓорѓи Русомаровски, Љупка Русомаровска, Петар Ристески, Наталија Ивановска, Лепосава Трајковска, Ратка Илиевска, Даница Талеска, Александар Крстевски, Васил Макриевски, Петар Ѓуроски, Елисавета Миленкова, Павлина Кочоска, Доне Макриевски, Анастасија Илиевска Ивановска, Бранка Стефановска, Олга Македонска, Марика Николоска, Нада Ангелова Ѓуровска, Радмила Трендафилова, Ѓорѓи Кананоски, Софка Размовска, Јово Чукалевски, Вера Чукаловска, Васил Максимовски, Цане Марковски, Каранфил Нешковски, Нада Папалева, Милица Нешковска, Радмила Димовска, Никола Нико Трајчевски, Владимир Белевски, Гена Митревска, Милица Димитрова, Божидар Рајковски, Ѓорѓи Ташевски, Теодосие Јовановски, Мирјана Гавриловска Трајчевска, Виолета Топанџиева, Михајло Карапашовски, Милица Белева, Никола Кашмиговски, Верка Мицакова Веловска, Љубица Начова Велевска, Благој Бујаровски, Живко Топевски, Славко Белевски, Трендафилка Чолакова, Ефтим Димовски, Љубица Кашмиговска, Јован Веловски, Живко Звездаковски, Иван Филиповски, Јордан Шарковски, Борче Трајчевски, Глигур Сиваков, Радомир Латковски, Елена Тунтевска, Никола Аргир Михајловски, Љубица Костова, Стеван Белчев, Благој Милевски, Љубица Јашовиќ, Виолета Талевска, Пеце Веловски. (73)

Администрација Милица Ласкоска (1) Помошен персонал Слобода Перчева, Митре Шулаковски, Вера Недевска, Ристе Крушаревски,

Трајанка Јуруковска. (5) Доленци Наставник Ѓорѓи Т. Наумовски, Хамид Лека, Марија П. Ламбовска, Ѓура А. Риза,

Љубица Ефтимова, Васко Арсов, Сулејман С. Ибраим, Никола Мрковски, Методија А. Вангеловски, Војо Теодосиевски, Ружа Д. Бакиева, Васко Манивиловски, Панде Налевски, Реџеп Зуте, Реџеп Асим Јајоски, Атиџе Хајдари, Фејзула Абдулаи, Џелал Селими, Ката Костова, Тефик Шабановски, Ирфета Јусуфи, Рашид Велиу, Фетије Кораќ. (23)

Page 83: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

83

Помошен персонал Нешад Далип, Ирфан Зекмани, Садет Усеиновски. (3) Маловишта Наставник Зоре Франц Аница, Димитар Тасиќ, Стојан Толевски, Јулка Китанова,

Силјан М. Грујовски, Вера Арсова, Ѓорѓи Т. Ивановски, Методија Вангеловски, Димитар Личевски, Крсте Симоновски, Љубица Филипова, Стеван Јанакиевски. (12)

Помошен персонал Минка Белиќ, Томе Доловски, Настасија Гашовска, Марика Талевска. (4) Гопеш Наставник Иван Наумовски, Кирсте Битовски, Љупка Костоска, Марика Мановска,

Васко Кузмановски, Сандре Пејчиновски, Тодор Ивановски, Петар Богоевски, Лазар Наумовски, Владимир Ј. Беловски, Вера Добриевиќ, Драги Митковски, Менка Димовска, Ѓорѓи Мишевски, Ѓорѓи Димитровски, Никола Караиванов. (16)

Помошен персонал Александар Димитровски (1) РАМНА Управители и директори Љубомир Т. Србиновски, Атанас Костовски, Божидар Рајковски, Иван Д.

Групче, Ѓорѓи Димитровски. (5) Наставник Нада Јаневска, Душанка Шперовиќ, Велјан Јажев, Митко Пандори, Димитар

Груевски, Томе Тодоровски, Никола Таневски, Антина Буздуно, Борис Андреевски, Драга Кубуровска, Милица Димитрова, Љубомир Т. Србиновски, Вера Љ. Србиновска, Александар К. Димитровски, Томе П. Јанакиевски, Паула Мајер, Атанас Костовски, Марија Пејчиќ, Олга Коњанова, Павлина ?, Божидар Рајковски, Пера Илкова Кочовска, Милица Рајковска, Никола Кочовски, Кирил Марковски, Јонче Ивановски, Драги Наумовски, Живко Стојановски, Благоја Вржовски, Елица Вржовска, Иван Д. Групче, Елена Атанасовска, Петар Атанасовски, Јордан Стојановски, Борис Ацковски, Љуба Начовска Велевска, Елена Попова, Димитар Цветковски, Софија Ангелова, Афродита Шаткова, Ѓорѓи Димитровски, Цветанка Димитровска, Трајко Огненовски, Костадина Огненовска, Спиро Фотев, Ратка Илиева, Михајло Атанасовски, Славе Белевски, Владимир Белевски, Глигур Талевски, Марика Талева, Методија Димовски, Анастас – Таше Кирјази, Благој Милевски, Лилјана Цветкова, Мирјана Балтова, Цветанка Степановска, Стојан Стојков, Вера Жилева, Ваница Чачорова. (60)

Помошен персонал Трајан Карапетковски, Ристе Лозановски, Трајко Стојановски, Ѓуро Стојановски, Васил Крстевски, Ѓуро Стојановски. (6)

Горно Српци Наставник Јелена/Елена Станковска, Јованка Тапанџиева Стефановска, Александар

Стефановски, Ленче Димитрова, Љупка Апчевска, Милојко Поповски, Васа Илиевска, Коста Саздановски, Љупка Костова, Ќивка Иванова, Василија Иванова, Томе Тодоровски, Јован Алексовски, Димче Златановски, Елена Бадева, Љубомир Србиновски, Вера Србиновска, Анѓелко Вељановски, Стефка Вељановска, Перо Василевски, Марија Василевска, Добринка Илиевска, Атанас Костовски, Божидар Рајковски, Љубица Шопова, Елена Атанасова, Вера Иванова Филиповска, Лилјана Цветкова, Драган Димовски. (29)

Page 84: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

84

Помошен персонал Василка Дошлаковска, Радованка Скандиловска, Вера Дамчевска. (3) Лера Наставник Кирил Граховски, Тахими ?, Ташко Пауновски, Нада Петровска, Зија

Махмуд, Љупчо Спасевски, Енвер Мемети, Драга Кубурова, Ремзи Насуфи, Мемед Сулејмани (Мемедали), Перо Богоевски, Перо Костадиновски, Панде Ефтимов, Елена Бадева, Лазар Нумовски, Башким Селими. (16)

Помошен персонал Николина Наумовска, Радмила Наумовска, Крсте Апостоловски. (3) Свињишта Наставник Петар Ристевски, Божидар Ѓорѓиевски, Марија П. Ламбовска, Александар

Блажевски, С. Ташковски, Борис Петковски, Милица Галовска, Васил Манивиловски, Мијалко Котевски, Ружица Талева, Спасија Ѓорѓиева, Поликсена Милошева, Методија Димовски, Билјана Ставрева, Никола Караиванов, Велика Начова Караиванова, Милица Шаркова. (17)

Помошен персонал Илија Танчевски. (1) Метимир Наставник Кирил Димитровски, Красимира Димитровска, Вељо Теодосиевски, Васил

Кузмановски, Душан Хр. Константинов, Киро Вељовски, Томе Василевски, Раде Штрковски, Марија Петрова, Тодор Ивановски, Трендафилка Чолакова, Ѓорѓи Мишевски, Јордан Стојановски, Никола Караиванов. (14)

Помошен персонал Јосиф Стојчевски, Горица Николовска. (2) Извор: Никола В. Димитров, Ѓорѓи Димитровски (1995): Педесет години настава на

македонски јазик во Цапари и Цапарско, ДНУБ – Битола; Група автори (1984): 40 години настава на македонски јазик во Битола и Битолско `44-`84 година, Битола; Александар Стефановски (2011): Без вина, виновен ?!?, Битола; Интервјуа со повеќе наставници, други лица и ученици кои работеле и учеле во училиштата во Цапари и Цапарско.

ЗАКЛУЧОК

Во изминатите 70 години наставата по мајчин - македонски јазик е во континуитет, но со променет број на ученици. Емиграционите процеси предизвикаа намалување на бројот на жители во сите населби а од тука и на бројот на учениците. Така, од вкупно 11 училишта со 1212 ученици, денес остана само училиштето во Цапари со само 46 ученици, и тоа како подрачно деветгодишно училиште на ОУ „Елпида Караманди“ – Битола. Впечатоците од тоа време на заедничко учителствување, учење и живеење останаа само во спомените на наставниците и поранешните ученици, присутни во споменатиот простор, а во најголем број раселени на разни страни во државата и светот.

Денес, фактите покажуваат дека ваквата состојба со образованието во Цапари и Цапарско е крајно загрижувачка. Доколку се продолжи со намалувањето на бројот на жители, а од тука и на

Page 85: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

85

ученици, се поставува прашање: Кога училиштето ќе прерасне во четиригодишно !? или уште по песимистичката варијанта - Кога ќе биде затворено училиштето во Цапари !?

За да не дојде до ова, државата мора да превеземе реформски мерки за зголемување на наталитетот, а со тоа и бројот на ученици, давање на повеќе субвенции и бенефиции на семејствата кои живеат или сакаат да живеат и работаат во руралните средини, односно создавање услови за економско заживување на Цапари и Цапарско.

Користена литература и други извори

1. Никола В. Димитров, Ѓорѓи Димитровски (1995): Педесет години настава на македонски јазик во Цапари и Цапарско, ДНУБ – Битола (стр.71)

2. Група автори (1984): 40 години настава на македонски јазик во Битола и Битолско `44-`84 година, Битола (стр.91)

3. Александар Стефановски (2011): Без вина, виновен ?!?, Битола (стр.126) 4. Интервјуа со повеќе наставници, други лица и ученици кои работеле и учеле во

училиштата во Цапари и Цапарско. 5. Лична архива на авторот.

МЕТОДИЧКИ АСПЕКТИ НА БУКВАРОТ ОД ЃОРЃИ ДЕЛЧЕВ Доц. д-р Даниела Андоновска-Трајковска

Доц. д-р Гордана Стојаноска Педагошки факултет-Битола

Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола

Page 86: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

86

Апстракт Букварот од Ѓорѓи Делчев како извор на знаења и учебник во наставата по почетно

описменување беше во употреба долг временски период, така што остави длабок печат врз многу македонски првачиња – сега веќе возрасни луѓе кои со радост се сеќаваат на својот прв учебник. Со овој труд се прави обид да се препознаат методичките аспекти на Букварот преку анализа на неговата содржина и утврдување на неговата структура. Предмет на анализа е XIV издание на Букварот, т.е. Буквар: за одделно изучување на печатните и ракописните букви од Ѓорѓи Делчев во издаваштво на Просветно дело од Скопје од 1999 година.

Клучни зборови: Буквар, почетна писменост, Делчев ВОВЕД Букварот од Ѓорѓи Делчев за одделно изучување на печатните и ракописните букви е одобрен

за употреба во наставата по почетно описменување со решение на Републичкиот педагошки совет на СРМ под бр. 03-619 од 3.05.1984 година и се употребува до времето на реструктурирање на осумгодишното во деветгодишно основно образование (2007/8). Оттогаш, Букварот има доживеано многу изданија кои не се идентични (илустрациите не се исти, но се разликува и по редоследот на изучувањето на буквите како и во делови од текстуалниот дел).

Предмет на анализа во овој труд е XIV издание на Букварот (Делчев, Ѓ. (1999). Буквар: за одделно изучување на печатните и ракописните букви, Скопје: Просветно дело). Уредник на учебникот е Николина Андовска, а рецезенти се: Мухамед Мурадбеговиќ (професор на Филозофскиот факултет во Сараево), Стамен Кузмановски (самостоен педагошки советник во Заводот за унапредување на предучилишното и основното образование и воспитание од Куманово) и Надежда Марковска (учителка во ОУ „Доситеј Обрадовиќ“-Скопје).

Букварот започнува со три тестови за проверка на предзнаењата на учениците. Со првиот тест се проверува дали ученикот може да ги изговара гласовите, но и дали ги знае буквите или колку букви знае, така што врз основа на тоа учениците се сврстуваат во седум групи: ученикот ги познава сите букви; познава до: 25; до 20; до 15: до 10: до 5 букви. Не познава ниту една буква. Вториот тест е наменет за учениците кои ги познаваат сите букви. Со вториот тест се проверува гласното читање на учениците, т.е. само првата компонента на читањето – артикулацијата, а се констатира дали ученикот чита правилно, считува или срица. Со третиот тест се проверува дали ученикот го разбира прочитаното, по што се констатира дека: разбира, делумно разбира, не разбира што чита.

Букварот е составен од две тематски целини и тоа: 1. Изучување на печатните букви и читањето 2. Изучување на ракописните букви и пишувањето Во првата тематска целина има содржини од предбукварската фаза во којашто е предвидено

запознавање на учениците со училишниот живот, говорење и подготовка на учениците за читање и пишување и содржини од првата половина на букварската фаза каде има содржини за изучување на печатните букви и читањето.

Во втората тематска целина се изучуваат ракописните букви и пишувањето, но има и текстови за вежбање на читањето и пишувањето како преод од букварската во побукварската фаза.

Page 87: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

87

Во Букварот има и илустрации кои служат како мотивација за читање, но и за поттикнување на разбирањето на учениците при читањето како и за развој на флуентното читање. Автор на илустрациите на XIV издание е Томе Маневски.

1. ПРВА ТЕМАТСКА ЦЕЛИНА: ИЗУЧУВАЊЕ НА ПЕЧАТНИТЕ БУКВИ И

ЧИТАЊЕТО 1. 1. Запознавање со училишниот живот, говорење и подготовка на учениците за

читање и пишување во предбукварската фаза Во првата тематска целина, на 10 страници се сместени вежби за запознавање на ученикот со

училишниот живот, вежби за говорење и вежби за подготовка на ученикот за читање и пишување. Вежбите за запознавање со училишниот живот се воедно и вежби за набљудување и развој на говорењето на кај учениците, бидејќи тие се поттикнуваат да набљудуваат и да зборуваат за своето опкружување. Преку овие вежби, учениците се воведуваат и во оформувањето на претстава за зборот како јазична единица, бидејќи доаѓаат до сознание дека секој предмет во училницата и секој предмет во нивното опкружување си има свое име, т.е. претставува збор. Подготовката за читање на учениците се прави преку запознавање на ученикот со поимите: расказ, реченица, збор, буква/глас и тоа со примена на аналитички пристап. Тоа значи дека ученикот, на почетокот, станува свесен за поимот текст, т.е. расказ преку вежби со кои се поттикнува усното раскажување (Состави расказ според овие цртежи, стр. 10; Според сликите раскажи што се случило, стр. 11; Раскажи што му се случило на малиот рибар, стр. 14) со помош на серија слики (4 слики). Потоа, ученикот на непосреден начин и по аналитички пат се запознава со поимот реченица, а потоа и со поимот збор (За секоја слика состави по една реченица, стр. 12; Раскажи што му се случило на малиот рибар. Потоа состави реченици за рибарчето. Кажи од по колку збора е составена секоја реченица, стр. 14; Според цртежов состави реченици за есента. Потоа кажи од по колку збора е составена секоја реченица, стр. 15). Вежби за гласовна микроанализа во оваа предбукварска фаза не се предвидени, а тоа значи дека со аналитичкиот пристап, учениците се запознаваат со поимот текст на практичен начин, а потоа и со поимот реченица, па со поимот збор. Се практикуваат и вежби за јазична макроанализа на реченица што подразбира идентификување на зборовите во рамките на реченицата и броење на зборовите во реченицата.

Вежбите со кои ученикот се подготвува за пишување започнуваат многу рано, т.е уште на вториот наставен час, а успешно се комбинираат со вежбите за развој на говорењето и запознавањето со јазичните единици (текст, реченица и збор). Преку вежбите за подготовка на ученикот за пишување учениците се запознаваат со елементарните црти од кои се составени печатните букви и тоа: права исправена линија, права легната линија, долен полукруг, горен полукруг, лев полукруг, десен полукруг, коса линија налево, коса линија надесно и круг. Со овие вежби се развива ситната мускулатура на раката на ученикот, точноста, прецизноста на движењата, координацијата на движењата, развојот на волјата (вежбите се дадени во поширок контекст, т.е не се изолирани активности),... Вежбите за пишување во Букварот се насочени активности во кои на ученикот му е покажано како треба да ги изведува движењата преку започнати и недовршени цртежи во кои се комбинираат елементарните црти од кои се составени печатните букви.

1. 2. Изучување на печатните букви и читањето во букварската фаза

Page 88: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

88

При изучувањето на печатните букви паралелно се поттикнува и читањето. Од 17 до 67 страница има содржини за изучување на печатните букви и тоа по следниов редослед: А, Н, Е, М, И, С, Т, О, В, Д, П, Л, У, Р, К, Г, Б, Ј, З, Ж, Ш, Ч, Ц, Ќ, Ѓ, Њ, Љ, Ф, Х, Џ, Ѕ. На почетокот се препорачува монографскиот пристап за изучување на буквите, а потоа печатните букви се изучуваат во пар, така што се идентификуваат следниве парови: Д и П, У и Р, Г и Б, Ј и З, Ж и Ш, Ч и Ц, Ќ и Ѓ, Њ и Љ, Ф и Х, Џ и Ѕ. За изучување на буквата А, дадени се слики од предмети чие име започнува на буквата А. Под секоја слика е напишано името на предметот што е претставен на сликата. Овде се забележува остаток од аналитичкиот метод – метод на нормални зборови. И тука се практикува, така наречено божемско читање, бидејќи учениците кои се описменувале со овој буквар и кои се запишувале во прво одделение без предзнаења од почетната писменост, читале со помош на дадените слики. Учениците се поттикнуваат да ги прочитаат зборовите и да уочат со кој глас започнуваат зборовите. Оттука доаѓаат и до поимот буква како писмен знак за гласот. Откако наставникот на таблата во линискиот систем покажува и гласно објаснува како се пишува големата печатна буква А, учениците пишуваат на таблата и во своите тетратки за почетно пишување по еден ред од буквата А. Истата методска постапка се применува и за малата печатна буква А. Потоа се препорачуваат вежби за пишување на буквите и за идентификување на гласот А и на буквата А во изговорени и напишани зборови. На истиот начин учениците се запознаваат и со втората буква Н, но и со третата – Е, со таа разлика што сега освен божемското читање има и вистинско читање на зборовите Ана и Ена (зборови што ги содржат изучените букви). По овие три изучени букви има предвидувачки текст (стр. 20) од неколку реченици во кои има комбинација од зборови и слики. Се практикуваат и вежби за пишување. На сличен начин е предвидено да се изучат и М и И, а и по нив има предвидувачки текст со којшто се развива флуентното читање кај учениците. По оваа група од 5 големи и мали печатни букви, следуваат вежби за пишување со изучените букви и по нив се изучуваат на сличен начин и С и Т. Следуваат вежби за составување на зборови од дадени букви и вежби за составување на реченици од дадени зборови.

Буквите што следуваат се изучуваат со помош на едноставен расказ со теми од секојдневието на учениците: семејниот живот, работата на луѓето на село, меѓучовечките односи, другарството, хуманата природа на човекот, одењето на лекар, родендените, годишните времиња, убавото однесување, детската игра, дружењето на учениците за време на малите и големите одмори и училишниот живот. Има и приказни за животни и неколку басни. Застапени се текстови од домашни, но и странски автори и тоа: И. Митревски, Ѓорѓи Стојчевски, Ф. Камалов, Глигор Поповски, Л. Н. Толстој, Славка Манева, Велко Неделковски, Пени Трпковски, А. Мита, Тихо Најдовски, Момчило Тешиќ, Миленко Ратковиќ, Стојан Тарапуза.

Вежбите за пишување со изучените букви се наоѓаат меѓу наставните единици за изучување на печатните букви од втората група и тоа најчесто по две, три или четири букви следуваат вежби за пишување.

При изучувањето на втората и третата група од печатните букви, се применува аналитичко-синтетичкиот гласовен метод, бидејќи се забележуваат следниве делови од наставниот час: вовед во расказот, наставникот го чита расказот, наставникот поставува кратки прашања за да провери дали ученикот го разбира текстот, идентификување и објаснување на непознатите зборови, извлекување на излезна реченица којашто се запишува на таблата или претходно е напишана на лист хартија со поголем формат, јазична макро анализа (се чита реченицата и се бројат зборовите од кои е таа составена за да се идентификува излезен збор), извлекување излезен збор (збор во

Page 89: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

89

којшто ја има новата буква), зборот се запишува на таблата и се прави микројазична анализа (анализа на гласовите од кои е составен зборот, вежби за изговор на гласот, а потоа и анализа на буквите од кои е составен напишаниот збор), демонстрација на начинот на којшто се пишува буквата, вежби за пишување на буквите (голема и мала буква), вежби за читање на расказот (учениците читаат), вежби за составување и пишување зборови и реченици.

Во оваа тематска целина, има вежби за: правилно составување на зборови од дадени букви, уочување на грешките во напишани зборови, составување на реченица, поделба на зборовите на слогови и пишување на броевите од еден до десет. Притоа, учениците се запознаваат и со некои правописни правила, како на пример, правилна употреба и пишување на согласките љ и њ, к и ќ, г и ѓ во дадени зборови, употреба на големата буква (на почеток од реченица и сопствени именки), употреба на интерпункцискиот знак точка), но исто така учат и дефиниција за реченица.

Вежбите за развој на говорењето (раскажување по серија слики, разговор, културна комуникација) се наоѓаат во првата тематска целина и се распоредени меѓу наставните единици за изучување на нови печатни букви. Исто така има и текстови преку кои се вежба читањето.

2. ВТОРА ТЕМАТСКА ЦЕЛИНА: ИЗУЧУВАЊЕ НА РАКОПИСНИТЕ БУКВИ И

ПИШУВАЊЕТО ВО БУКВАРСКАТА ФАЗА 2.1. Изучување на ракописните букви и пишувањето Втората тематска целина започнува од стр. 69, а завршува на стр. 111. Големите и малите

ракописни букви се изучуваат во парови (освен Ж којашто се изучува со монографски метод) и тоа по следниов редослед: А и М, Е и Л, С и И, Н и О, В и У, Т и К, Ј и Р, Д и Б, П и Ш, З и Г, Ж, Ц и Ч, Ѓ и Ќ, Љ и Њ, Ф и Х, Џ и Ѕ. Ракописните букви се изучуваат со посочување на нивната сличност со печатните букви. Во оваа фаза, повеќе акцент се става на пишувањето, така што најпрво на учениците им се покажува како се пишува новата ракописна буква, а потоа како се поврзува при пишувањето на зборови со веќе изучените букви. По изучувањето на првите 8 букви, понудена е писмена вежба за препишување со ракописни букви на зборови напишани со печатни букви.

Со следните 15 букви учениците се запознаваат со помош на краток расказ напишан со ракописни букви, така што се покажува како правилно треба да се поврзуваат ракописните букви при пишувањето. Меѓу изучувањето на оваа група од 15 букви има и говорни вежби (раскажување по серија слики: стр. 78-79, 87, 94) и текстови за вежбање на читањето со печатни букви (стр.: 80, 83, 85, 88) и јазични вежби. Од јазичните содржини треба да се споменат: вежбите за правилна употреба на големата буква (стр. 91), вежбите со синоними (стр. 91), вежбите за составување на реченица од дадени зборови (стр. 95), вежбите за правилниот ред на зборовите во реченицата (стр. 93), вежбите за пишување на броевите од единаесет до дваесет со ракописни букви (стр. 97), видовите реченици (расказни, прашални и извични), правилната употреба на интерпункциските знаци: точка, прашалник, извичник и запирка (дефиниција, примери и вежби, стр. 98-99).

Во последната група од 8 букви (Ѓ и Ќ, Љ и Њ, Ф и Х, Џ и Ѕ), буквите се изучуваат преку краток расказ напишан и со печатни и со ракописни букви, т.е. средишниот текст е напишан со ракописни букви.

На страница 105 има предлог за писмена вежба со којашто се развива читањето со разбирање, бидејќи на учениците им се дава текст во којшто недостасуваат зборови, а зборовите што недостасуваат се ставени на едно место, т.е. во рамка поставена од левата страна на текстот.

Page 90: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

90

Учениците треба да го прочитаат текстот во себе, да го разберат, да го препишат во своите тетратки за училишна работа и да ги напишат на соодветното место сите зборови што недостасуваат.

За изучување на ракописните букви понудени се текстови од домашни и странски автори: Стјепан Јакшевац, Евгенија Шуплинова, Петко Домазетовски, Велко Неделковски, М. Буљан, Спиридон Вангели, Едо Вајнахт, В. Станојчиќ, Рајко Јовчески, Киро Донев, Л. Сергеев и Цветко Загорски.

2.2. Вежби за читање и пишување во побукварската фаза. Откако учениците ќе ги изучат сите ракописни букви во Букварот се понудени и 8 текстови

за вежбање на читањето и пишувањето со печатни и ракописни букви (побукварската фаза продолжува со друг учебник од Ѓорѓи Делчев: Читанка за прво одделение). Автори на текстовите се: Божидар Тимотијевиќ, Кетрин Џексон, Рајко Јовчески, Бистрица Миркуловска.

РЕЗИМЕ Букварот од Ѓорѓи Делчев е учебник наменет за описменување на учениците во прво

одделение од осумгодишното основно образование. Во него се забележуваат две тематски целини: изучување на печатните букви и читањето и изучување на ракописните букви и пишувањето. Букварот е така подготвен за наставникот да може да го применува аналитичко-синтетичкиот гласовен метод за почетно описменување. Тоа значи дека на почетокот од учебната година се организираат вежби за запознавање на ученикот со училишниот живот заедно со подготовката за читање преку усвојување на поимите текст, реченица, збор, буква/глас и подготовка за пишување преку вежби за развој на ситната мускулатура на раката на ученикот и вежби за усвојување на елементарните црти од кои се составени печатните букви. При изучувањето на печатните букви се применува, воглавно, монографскиот пристап. За усвојување на првата група печатни букви, учениците читаат зборови и со елементарна јазична анализа стигнуваат до новиот глас, го изговараат и се запознаваат со писмениот знак на гласот – буквата. Изучувањето на другите печатни букви е преку краток расказ, при што со анализа на излезни реченици и излезни зборови, се стигнува до гласот/буквата.

При изучувањето на ракописните букви главен акцент се става на пишувањето. Откако ќе се усвојат неколку ракописни букви, пишувањето со другите ракописни букви се изведува преку краток расказ напишан со ракописни букви или преку расказ напишан и со ракописни и со печатни букви. На крајот има текстови за вежбање на читањето и пишувањето и со печатни и со ракописни букви.

Букварот од Ѓорѓи Делчев има значајна улога во описменувањето на македонските ученици, затоа што долг временски период се употребува на овие простори, но и поради тоа што е подготвен со почитување на основните дидактички принципи за изработување на учебно помагало за почетно описменување: достапност, актуелност и современост (за тоа време), естетика, рационалност и економичност, систематичност и постапност.

Литература Делчев, Ѓ. (1999). Буквар: за одделно изучување на печатните и ракописните букви. Скопје:

Просветно дело.

Page 91: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

91

М-р Јован Д. Кочанковски

Page 92: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

92

УЧИТЕЛСКАТА ШКОЛА „БРАЌА

МИЛАДИНОВЦИ“ ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ НА

БИТОЛА И БИТОЛСКО

1. Вовед

По завршувањето на народноослободителната и

антифашистичка војна на Македонија (1941-1945), односно по

ослободувањето на Македонија од фашистичката окупација

пред Президиумот на АСНОМ, кој ја имал улогата на Влада на

Федералната Република Македонија, постоеле низа крупни

државни проблеми. За нивно решавање, Президиумот на

АСНОМ формира поверенства, односно еден вид министерства.

За прашањата од областа на образованието и културата било

формирано Поверенство за народна просвета со кое раководел

повереник, кој имал улога на министер. Првиот повереник за

просвета бил професорот Епамиононда Поп Андонов, а кога тој

станал секретар на Президиумот на АСНОМ, бил заменет од

Димитар Стојан Мире, популарен како Димче Мире. Со

обласните, околиските и градските Народно ослободителни

одбори (НОО) раководеле службеници со официјалното звање

прочелник. Со битолскиот Областен НОО раководел

прочелникот професорот Љубен Лапе, а кога тој заминал на

друга должност, бил заменет од наставникот Велјо

Теодосиевски. Со секторот за народна просвета во Околискиот

НОО, раководел учителот Илија Јанкуловски, додека во

Градскиот НОО во Битола, на таа должност бил учителот Јован

Шперовиќ.

Според Епимаинонда Поп Андонов, положбата во

неговиот ресор, односно во областа на народната просвета, била

мошне деликатна- сложена : голем процент на неписмено

население, а за борба против неписменоста била неопходна

македонска азбука. Значи, сме биле без македонски буквар, без

Page 93: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

93

македонски учебници, без македонска литература, голем

недостиг на просветен кадар (учители, наставници, професори).

Што значи, во народната просвета, се требало од почеток.

За македонската азбука и за унифицирање на правописот

и јазикот, Поверенството за просвета формирало стручна

комисија, а за отворање на основни училишта и за борба против

неписменоста кај возрасните, бил потребен просветен кадар.

Недостигот од таков кадар бил мошне голем. За да се ублажи

проблемот со просветен кадар особено за учители, Президиумот

на АСНОМ извршил мобилизација на младите луѓе со завршен

осми клас и на студентите, а до учениците од 6ти, 7ми и 8ми

клас, кои не биле во војската, упатил апел, доброволно да се

јават за учители.

За сите мобилизирани и за доброволците за учители,

надлежните просветни органи во околиите и градовите, биле

организирани курсеви за основна подготовка за работа со

учениците.59

На 15-дневните курсеви за основна подготовка, курсистите

слушале предавања од детската психологија, методика,

педагогија, македонски јазик, историја, географија и пеење.60

Президиумот на АСНОМ, усвои ПРИВРЕМЕН ПЛАН за

рабта на основните училишта со кој биле утврдени наставните

предмети за секое одделение од прво до седмо одделение.

Наставата да се изведува на македонски јазик, кој бил утврден

како официјален. Во привремениот план била и времената

азбука со 25 букви. 61

59 АСНОМ- Документи од Првото и Второто заседание, Архив на Македонија- Матица Македонска, Скопје 1994, том 1, книга 2, стр. 435 и 446; 60 АСНОМ –исто, стр. 330; 61 Државен архив на РМ- подрачно одделение Битола, Фонд: Учителска школа „Браќа Миладиновци“ (1946-1963), кутија 1, архивска единица бр. 5;

Page 94: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

94

Исто така, бил доставен и распис во врска со отварањето на

аналфабетски курсеви за луѓе на возраст од 12 до 45 години. 62

До крајот на ноември 1944 година, скоро во сите населби

(села и градови) во Битолската област, започнале со работа

основните училишта. Повеќето со настава од прво до четврто

одделение, а во градовите и поголемите рурални центри до 8мо

одделение.

Освен грижата за отварање на основни училишта, со

решение на Президиумот на АСНОМ од 3.11.1944 година, се

дала можност да се отворат гимназии во Скопје, Битола, Штип,

Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово и Велес.63

Со решение на Президиумот на АСНОМ од 1.11.1944

година во Скопје била отворена Учителска школа. Надлежните

просветни органи во НОО во областите, односно околиите и

градовите во Македонија, имале обврски од своите краеви, да

испратат ученици да учат во учителската школа во Скопје.

2. Отворање школа за народни учители во Битола

Во Извештајот на Поверенството за народна просвета од

29.12.1944 година, биле изнесени резултатите во областа на

образованието во Македонија во 1944 и 1945 година. По тој

повод, Повереникот за народна просвета Епиминонде Поп

Андонов истакнал: „Тука треба да признаеме дека е грешка на

Поверенството што не сме предвиделе отворање на уште едно

училиште за народни учители. Таа грешка е направена поради

немање доволно учителски персонал...но, се надевам дека

училиштето Президиумот ќе го отвори уште во текот на оваа

школска година“64 Во таа насока, првите конкретни чекори биле

направени уште во учебната 1946/46 година, кога во битолската

62 Исто, архивска единица (8е) бр. 1; 63 АСНОМ- Документи...исто...Том 1, книга 1, стр. 347; 64 АСНОМ- Документи....исто, том !, книга 2, стр. 447;

Page 95: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

95

гимназија „Гоце Делчев“ биле отворени педагошките

паралелки. Значи таа година, покрај паралелките со

гимназијално образование, биле отворени и две паралелки во

петти клас и една паралелка во шести клас за учителско

образование.65

По предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на

АСНОМ , со решение бр. 3946 од 3.8. 1946 година, било

озваничено отворањето на втора учителска школа во

Македонија, односно Школата за народни учители во Битола.

Специфично за оваа школа било, што во неа, иако нова, во

учебната 1946/47 година, учителското образование го

реализирале три генерации: првата генерација биле учениците

што педагошкото образование го започнале од 6ти клас во

учебната 1944/45 година во Гимназијата „Гоце Делчев“; втората

генерација биле учениците кои педагошката наобразба ја

започнале во петти клас во гимназијата во 1944/45 година; и

третата генерација биле учениците што за прв пат се запишале

во учителската школа во учебната 1946/47 година. Значи

Школата за народни учители го прифатила учениците од

педагошките паралелки од Гимназијата „Гоце Делчев“ од

Битола и учениците што се запишале во први клас во

учителската школа.

Школата за народни учители во Битола, за свој патрон ги

избрале македонските преродбеници- учителите Димитар и

Константин Миладинови и своето име го озваничиле како

Учителска школа „Браќа Миладиновци“- Битола.

Основната задача на Учителската школа „Браќа

Миладиновци“ била едукација на учители за основното

образование- учители за одделенска настава во основните

65 Максим Стојаноски: Гимназијалното образование во Битола по ослободувањето на Битола, ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО БИТОЛА Развој и перспективи, Зборник на материјали од одржаниот собир на 1 и 2 јуни 1989 година во Битола, ДНУ, Битола 1990, стр. 310;

Page 96: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

96

училишта (од 1во до 4то одделение). Исто така, Учителската

школа имала задача на учителите, што биле без оформено

учителско образование, а кои доброволно, или биле

мобилизирани од 1944 година, да работат како учители во

основните училишта, да им овозможи да си го оформат

учителското образование, преку учителските курсеви, кои ќе се

одржуваат во летните периоди (јуни, јули и август) и ги

полагаат предметните и дипломски учителски испити.

Во Учителската школа во Битола, можеле да се

запишуваат ученици од подрачјето на Битола, односно од

Битола и битолско, Прилеп и прилепско, Крушево и крушевско,

Македонски Брод, Кичево и кичевско, Преспа, Охрид и

охридско, Струга и струшко, Дебар, Тиквешијата и Гевгелија.

Во подготовките Учителската школа „Браќа

Миладиновци“, да започне со редовна активност во образовниот

систем на Битола и битолско, биле ангажирани органите за

народна просвета, како во Обласниот НОО, а исто така и во

Околискиот и Градскиот НОО, во Битола. Секако, во

подготовките најнепосредно бил ангажиран првиот директор на

школата, професорот Димитар Гогушевски.

До изградувањето на посебна зграда, наменета за

учителската школа, таа била сместена во зградата што се

наоѓала во дворот на Основното училиште „Климент

Охридски“- трговската академија. Таа била реновирана и

обезбедена со неопходниот инвентар (клупи, табли и др.) и

потребениот минимум на училници за изведување на наставата.

Исто така, до изградбата на наменскиот простор за сместување

на учениците што доаѓале од други места (градови и села) во

првата година тие биле сместени во просториите на

поранешното француско училиште, а во втората година, бидејќи

бројот на учениците бил зголемен, се користени и две поголеми

приватни куќи на улицата „Кирил и Методиј“ бр. 16 и 23.

Page 97: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

97

Учениците што биле сместени во интернатот, се хранеле во

подрумските простории на Учителската школа, кои биле

адаптирани за таква употреба. Според тоа, за интернатската

употреба биле користени четири објекти. Тоа било голем

проблем што задавал многу тешкотии. Затоа, скоро

истовремено, со изградбата на новата зграда за Учителската

школа, до неа на улицата „Борис Кидрич“ била изградена и

зградата наменета за Интернат, кој функционирал како

самостојна институција.

Како за другите училишта, така и за Учителската школа

основен проблем бил недостигот на соодветен наставен кадар.

Првата учебна година , Школата ја започнала со шест постојано

вработени просветни работници: 2 професори ( со факултетско

образование ), 3 наставници ( со завршен виши педагошки курс

за наставници во Скопје) и 1 стручен учител (учител по музика) 66. Затоа, тие биле приморани да изведуваат настава по повеќе

предмети. Не само тоа, туку „Школата во стартот се најде во

ситуација да изведува настава во прв, втор и трет клас, што

66 Државен архив на РМ- Подрачно одделение Битола. Фонд: Учителска школа „Браќа Миладиновци“ (1946-1963), кутија 2, архив. Единица под административен бр. 487;

Page 98: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

98

претставуваше посебна тешкотија за наставниците и

учениците“, пишува педагогот Нове Михајловски.67

Со постојано вработениот наставен кадар биле застапени

следните наставни предмети:

1. Директорот Гогушевски Димитар предавал македонски

јазик и литература;

2. Караџа Теохар предавал псхологија, педагогија и

методика;

3. Теодосиевски Вело: математика и физика;

4. Георгиевска Васка: македонски јазик и литература;

5. Митрева Рада: историја и географија;

6. Попдучев Васил: пеење (музика).

За рускиот јазик немало наставник. Исто така и за хемијата

и природните науки. За рачната работа, цртањето со краснопис

и фискултура биле ангажирани хонорарци, кои често, од разни

причини, не биле редовни, поради тоа се јавувале празни часови,

а тоа создавало проблеми.

Во однос на практичната настава , во вежбалната биле

ангажирани учители во основното училиште „Климент

Охридски“.

Учителската школа „Браќа Миладиновци“, првата учебна

година, односно учебната 1946/47 година ја започнала на 16

октомври 1946 година , со следниот број на ученици:

67 Нове Михајловски: Улогата на Учителската школа „Браќа Миладиновци“ во Битола и нејзината трансформација во Педагошка академија, ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО БИТОЛА Развој и перспективи, зборник на материјали од одржаниот собир на 1ви и 2ри јуни 1989 година во Битола, ДНУ Битола 1990, стр. 320;

Page 99: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

99

К

л

а

с

Ма

шк

и

Же

нск

и

Вк

уп

но

Пара

лелки

1 19 39 58 2

2 42 46 88 2

3 15 26 41 1

3 76 111 187 5

Во први клас биле учениците што за прв пат се запишале во

Учителската школа. Вториот клас биле учениците од

гимназијата „Гоце Делчев“ кои во 5ти клас се запишале за

учителско образование, а третиот клас се исто од гимназијата ,

кои за учителско образование се запишале во 6ти клас. Во нив

се и учениците кои по отворањето на учителската школа во

Битола, дошле од учителската школа во Скопје.

Од вкупниот број на учениците , 62 потекнувале од

рурални и 125 од градски средини. Стипендисти биле 43

ученици, од кои 21 деца на работници, 11 деца на занаетчии и

11 деца на службеници.68

Втората учебна година, односно учебната 1947/48 година,

започнала сонов директор. Бидејќи првиот директор Димитар

Гогушевски бил назначен за професор во гимназијата „Гоце

Делчев“, за нов директор на Учителската школа бил назначен

професорот Дано Китановски. Во новата учебна година,

Учителската школа и кадровски зајакнала. Бројот на

постојаниот наставен кадар од 6 бил зголемен на 10: 4

професори, 4 наставници и 2 стручни учители.

68 Државен архив на РМ- подрачно одделение Битола, Фонд: Учителска школа „Браќа Миладиновци“ (1946-1963), кутија 2, архивска единица 18;

Page 100: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

100

Во учебната 1947/48 година, во исти просторни услови

наставата е изведувана со следниот број на ученици:

К

л

а

с

Ма

шк

и

Же

нск

и

Вк

уп

но

Пара

лелки

1 92 56 148 4

2 19 32 51 2

3 25 32 57 2

4 9 22 31 1

4 14

5

142 287 9

Бројот на учениците се зголемил, но условите за работа и

проблемите останале: недостиг на наставен кадар, ограничени

просторни услови, снабденост со нагледни средства, учебници,

литература итн.

И покрај објективните проблеми, овие први повоени

генерации ученици, учењето го имале сфатено како прва задача,

за да станат вистински народни учители кои ќе ги воспитуваат

учениците во духот на новото време, хуманизмот и

патриотизмот.69

Крајот на учебната 1947/48 година, за Учителската школа

„Браќа Миладиновци“ во Битола бил многу значаен. Во неа

школувањето го завршиле две генерации учители. Првата со

четири годишна и втората со тригодишна едукација. Двете

генерации дипломирале во иста година: првата во јуни, а

втората во август 1948 година. За потребите на основното

69 Нове Михајловски, види фуснота бр. 9;

Page 101: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

101

образование, Учителската школа од Битола на општеството му

обезбедила две генерации учители кои дипломирале со редовна

едукација ( редовно школување). Првата генерација 20

учители/ки и втората генерација со 44 учители/ки, односно

двете вкупно 64 нови учители/ки. Еве го составот на 1та

генерација, која учителската школа ја завршила со

четиригодишна едукација:

1. Божиновски Н. Тодор 11.

Кузмановска М. Ангелина

2. Бимбилова В. Љупка 12. Марковски

Д. Петар

3. Велјановска И. Марија 13. Паспалова

Д. Марија

4. Дамева Ѓ. Вера 14. Петрова И.

Вера

5. Димовска М. Милка 15. Поповска

Костадинка

6. Думовска Д. Богданка 16. Поповски С.

Благој

7. Иванова Д. Ратка 17. Ристевски

С. Цветан

8. Карпова Б Љубица 18. Спировска

Д. Благородна

9. Китанова Г. Вера 19. Тасевска Х.

Ратка

Page 102: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

102

10. Коцарева Б. Љубе 20. Топузовски

А. Крсто 70

Списокот на втората генерација која заради потребата од

учителски кадар, дипломирањето е утврдено со едукација од три

години, го објави Илија Алушевски (негова генерација). 71

Со двете генерации што дипломирале во 1948 година, се

гордеат нивните едукатори:

1. Дано Китановски, професор

2. Караџа Теохар, професор

3. Динев Ристо, професор

4. Делов Трајан, професор

5. Стрезовска Милка, наставник

6. Филевска Васка, наставник

7. Наумовски Васил, наставник

8. Алексовска Вера, наставник

9. Попдучев Васил, стручен учител

10. Мажевски Илија, стручен учител 72

Учителската школа „Браќа Миладиновци“ учебната 1948/49

година ја започнала во стариот училиштен простор. Тоа било до

крајот на 1то полугодие. Во јануари 1949 година Школата се

преселила во новиот училиштен простор, односно новата

зграда. Современ наменски изграден објект, на улицата „Борис

70 Државен архив на Р.М. – подрачно одделение Битола, Фонд: Учителска школа „Браќа Миладиновци“, матична книга бр. 21; 71 Илија Алушевски: Првите дипломирани учителски кадри од битолската Учителска школа, ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО БИТОЛА...стр. 327. 72 Државен архив на Р.М. – подрачно одделение Битола, Фонд: Учителска школа „Браќа Миладиновци“, кутија 2, архив. Единица 43;

Page 103: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

103

Кидрич“. Значи, новиот училиштен простор почнал да се

користи од 2то полугодие на учебната 1948/49 година.

Во новата училишна зграда биле обезбедени потребните

просторни услови и опрема за современа настава. Простор за

училници, кабинети, спортска сала, работилница, канцеларии за

наставниците и администрацијата, а исто така и простор за

вежбалната за практична обука на идните учители. Во

вежбалната имало по една паралелка со ученици од 1,2,3, и 4

одделение и 2 комбинирани паралелки: една со ученици од 1 и

3 и една со ученици од 2 и 4 одделение.

Со поголемиот простор за училници, со сместувањето на

вежбалната во новата школа, како и со изградбата на Интернат

во кругот на Школата, се создале услови за запишување на

поголем број ученици.

Во учебната 1948/49 година бил зголемен бројот на

постојано вработените наставни кадри на 14 (7 професори, 3

наставници и 4 стручни учители):

1. Китановски Дано 8. Стефановски Димче

2. Караџа Теохар 9. Филевска Васка

3. Милевски Јово 10. Алексовска Вера

4. Крстев Боге 11. Костова Марија

5. Динев Ристо 12. Драгомановски

Стеван

6. Делов Трајан 13. Мажевски Илија

7. Михлуко Маглај Сергејевич 14. Ивановски Ристо 73

73 Исто, кутија 1, арх. Ед. 3;

Page 104: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

104

Во третата учебна година, Учителската школа ја посетувале

следниот број на ученици:

Кл

ас

М

аш

ки

Же

нс

ки

Вк

уп

но

Пара

лелк

и

1 11

8

52 17

0

5

2 86 47 13

3

3

3 18 29 47 1

Вк

уп

но

22

2

12

8

35

0

974

Во учебната 1948/49 година учителскиот испит го завршиле,

односно дипломирале 53 ученици/чки.

Со ангажираните 215 учители-курсисти и дипломираните

128 учители од 1,2 и 3 генерација учители, потребата од

учителски кадар не била задоволена. Затоа, било одлучено

одличните и многу добрите ученици што требало да завршат во

учебната 1949/50 година , од второто полугодие т.е. февруари

1950 година, да се ангажираат како учители во училиштата, а

учителскиот испит да го полагаат заедно со другите ученици во

јуни. Нивната генерација го зголемила бројот на учителскиот

кадар со 114 дипломирани учители.

Интересот за учителското образование, за таа благородна

професија, од година во година се зголемувал. Тоа се гледа од

следните податоци:

74 Исто, кутија 1, архивска единица 4;

Page 105: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

105

Учеб

на

год.

Број

на

учени

ци

Парале

лки

Наставн

ици

1946/

47

187 5 6

1948/

9

350 19 14

1950/

51

420 10 20

1952/

53

439 11 24

1955/

56

555 13 25

1958/

59

660 18 28

1959/

60

714 19 31

1960/

61

876 25 36

1961/

62

1171 34 60

1962/

63

1203 35 60

Интересно е да се забележи дека од 1961/62 учебна година,

во рамките на Учителската школа биле отворени и две

фискултурни паралелки. Исто така, со решение на Отсекот за

просвета и култура при НО на општината Битола,

едногодишното Домаќинско училиште прераснало во Центар за

домаќинско просветување и економика на домаќинството; кој

од февруари 1962г. бил прикрепен кон Учителската школа,

бидејќи во неа бил застапен предметот по домаќинство.

Page 106: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

106

Времето на обуката, односно едукацијата на учениците за

учители во Учителската школа „Браќа Миладиновци“ траело од

3 до 5 години и тоа:

- во времето од 1946/47 до 1951/52 учебна година 3 години;

- во времето од 1951/52 учебна година 4 години;

- во времето од 1956/57 учебна година 5 години, со тоа што

во учебната 1958/59, 1959/60, 1960/61 петтата година била

заменета со скратена настава во јули и август, а во 1961/62 и

1962/63 година со поминат стаж во училиште, после кое се

добивало право да го полагаат учителскиот испит.

Раководител на Учителската школа бил директорот и тоа:

1. Професорот Гогушевски Димитар, во 1946/47 учебна

година;

2. Професорот Дано Китановски, во 1948/49 и 49/50 година;

3. Професорот Караџа Теохар, во учебната 1950/51 година;

4. Професорот Никола Младеновски, од 1954/55 и 1957/58;

и

5. Професорот Стеван Ковачевски, 1957/58 и 1963/64 учебна

година.

Стручните органи во Школата биле: класен совет за секој

клас (колку класови толку совети) и главен стручен орган бил

Наставничкиот совет.

Соработката со родителите се остварувала во рамките на

секоја паралелка, односно класот.

Највисокиот орган во управувањето на Учителската школа

бил Школскиот одбор. Него го сочинувале 19 членови и тоа: 6

Page 107: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

107

члена именувани од Народниот одбор на Битолската општина; 5

члена од Собирот на избирачите; 3 члена делегирани од

Наставничкиот совет; 4 члена делегирани од Школската

Заедница на учениците; и Директорот на Учителската школа. Со

работата на Школскиот одбор раководел претседател кој бил

избиран од членовите што ги именувала Општината.

Во едукацијата на идните учители, мошне значаен бил

постојаниот стремеж во унапредувањето на наставата, мошне

важна била опременоста на кабинетите со наставни средства и

учила за сите предмети, а особено практичната обука во

Вежбалната – примената на теоријата во пракса.

Библиотеките биле снабдени со богат фонд од книги, како

за наставниците , така и за учениците. Литература од областа на

книжевноста и стручната литература од сите области. Школата

била претплатена и редовно биле добивани стручните, посебно

педагошките списанија. Лично ги добивале и професорите, а се

претплатувале и ученици од завршните класови (списанието

„Просветно дело“ и др. и весникот „Просветен работник“)

3. Воннаставни активности на учениците во Учителската

школа.

Учениците во Учителската школа имале богата воннаставна

активност и културно- забавен живот. Младинската

организација била мошне активна. По возраста, сите ученици

биле членови на младинската организација. Покрај нејзината

општествено-политичка активност, посебно треба да се истакне

дека младината учествувала во низа работни акции, како од

локално, така и од републичко и сојузно значење. Со своја

бригада учествувале во сојузните младински акции: изградбата

на пругата „Шамац- Сараево“, изградбата на хидроцентралата

„Маврово“, автопатот „Братство-единство“ Белград- Загреб.

Активно било спортското друштво „Просветител“, исто така

Page 108: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

108

трезвењачкото друштво, извидниците, Феријалната дружина и

др.

Многу активни биле: Литературната дружина, педагошката

секција, историската, географската, биолошката секција, клубот

на народната техника и др.

Од посебно значење била вклученоста на учениците во

културно-уметничките секции: хорот, драмската група,

фолклорот, пејачката група, оркестарот, рецитаторите. Со нив,

Учителската школа учествувала во низа приредби во Битола и

други места, а посебно на смотрите. По завршувањето на

Школата, учениците што биле ангажирани во овие секции, како

учители станувале носители на културно-просветниот живот во

средините каде што работеле.

4. Благородната мисија на Учителската школа „Браќа

Миладиновци“ во Битола беше успешна

По ослободувањето од фашистичката окупација, во

спроведувањето на просветната политика, за народната власт во

Македонија најголем проблем бил недостатокот на учители.

Мал бил бројот на затекнати Македонци што можеле да

изведуваат настава на македонски јазик. За да се ублажи

проблемот, во почетокот со доброволци или мобилизација, биле

ангажирани млади луѓе со завршено или незавршено

гимназијално образование да работат во основните училишта

како учители. Освен тоа, за да се едуцираат кадри со оформено

образование за учители, прво во Скопје а потоа и во Битола,

биле отворени учителски школи.

Освен редовната едукација на учителските кадри во

Школите, на учителите со неоформено учителско образование

им била дадена можност, под одредени услови, во учителските

школи да го оформат учителското образование. Тоа можеле да

го сторат до 1952 година.

Page 109: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

109

Од есента 1953 година, таква можност им била дадена и на

оние кои имале несоодветно средно образование, а сакале да

бидат учители, преку полагање на диференцијални испити од

Програмата за едукација на учители.

Мисијата на учителските школи била успешна. Таа

благородна дејност на Учителската школа „Браќа

Миладиновци“ во Битола се реализирала во времето од 1946/47

до 1963/63 учебна година. Во тој период, со дипломи за

оформено учителско образование се здобиле:

- со редовно образование............1723 кандидати;

- со курсеви за учителите што немале оформено учителско

образование ....... 682 кандидати;

- со диференцијални испити за учители...........220

кандидати;

- во специјални паралелки за возрасни..............58 кандидати;

Значи, вкупно со учителски дипломи се здобиле 2683

кандидати.75

Тоа е резултат што Учителската школа „Браќа

Миладиновци“ во Битола го постигнала во текот на 17 учебни

години. Бројката од 2683 едуцирани учители и ставени на

располагање на македонското општество е бројка која

импонира.

Со решението за укинување, всушност Учителската школа

била трансформирана во гимназија за општо образование, со

истото име – гимназија „Браќа Миладиновци“. Последната

генерација учители, односно 6 паралелки од 4ти клас на

Учителската школа, учебната 1963/64 година ја завршиле и

дипломирале во просториите на Гимназијата.

75 Извештај на Учителската школа за учебната 1963/64 , стр. 77;

Page 110: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

110

По укинувањето на Учителската школа, традицијата за

едукација на кадар за образованието во Битола продолжила на

повисоко ниво. Од 1964 година, таа дејност продолжила со

Педагошката академија. Ако Учителската школа едуцираше

кадар со средно образование- учители, Педагошката академија

едуцираше кадар со више образование- наставници. Во рамките

на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Педагошката

академија прерасна во Педагошки факултет, а тоа значи

едукација на кадар со високо образование- професори.

Page 111: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

111

СЕЌАВАЊА ЗА ГОДИНИТЕ ПОМИНАТИ ВО ГИМНАЗИЈАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – БИТОЛА

(1945-1948 год.)

Зградата на битолската гимназија е изградена во османлискиот период и служела исклучиво како училишна установа. Истата зграда со иста намена била користена и во окупационите периоди на српската (1914-1941) и бугарската (1941-1944) власт, а по ослободувањето и воспоставување на македонска народна власт зградата била и сеуште се користи како училишна установа.76

Битолските ученици од генерацијата 1929-1930 година што го завршија задолжителното четврто одделение, па потоа се запишаа во први клас во Гимназијата не го завршиле класот редовно поради Априлската војна 1941 год. Истата генерација во времето на бугарската власт што го продолжи образованието и заврши седмолетка па се запиша во Гимназијата, пак не ја заврши редовно училишната година и пак поради воените околности. Така оваа генерација ученици по ослободувањето се најде во старата зграда од времето на Османсликиот период. Сега гимназијата го носеше името на македонскиот трибун Гоце Делчев.

Со оглед дека тие години за нас, за нашата генерација беа училишни дни , каде што за прв пат следевме настава на мајчин јазик, редно е, макар што од тогаш минаа скоро 70 години, да оставиме некоја трага за нештата кои биле а сега ги нема.

Како што одбележавме, училишната зграда беше истата, училниците истите, па и училишниот инвентар, наследен од претходните власти, беше истиот. Така подот во училниците беше од дрвени штици, премачкувани со изгорено масло како не би се кревала прашина и како заштита од пребрзо застарување. Училишните клупи беа целосни т.е. заедно делот за седење со тој за пишување и чување на книгите. Клупите беа за четворица – едни рамни а другите постари, благо косо навалени за пишување. На горниот дел од клупата имаше пред секој ученик мала длабнатинка во која за време на писмените задачи се ставаше шишенце со мастило а до него исто блага подолга длабинка за перодршката. Наспроти клупите на ѕидот имаше прилично голема училишна табла, која се користеше во наставата, особено по математика.

Непосредно до таблата беше поставена професорската катедра- која исто така беше целосна т.е. седиштето споено со делот за пишување, благо косо навалено а на горниот дел место за мастилница и перодршка со кои професорите ја запишуваа во дневникот методската единица, отсутните и сл. Катедрите се употребуваа мошне долго, па и кога бев во Гимназијата професор во шеесеттите години сеуште се користеа.

76 Повеќе за битолската гимназија види: Ѓорѓи Димовски „Битолските училишта до 1918 година со посебен осврт на Гимназијата до 1945 година“ во Гимназијално во Битола, Битола, 1965, стр. 3-97.

Page 112: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

112

Професорската катедра а десно од неа на ѕидот, дел од училишната табла.

Во ходниците постоеја долги ѕидни закачалки за облеката (во зимно време палтата, шаловите, капите, чадори и сл.).

Започнувањето и завршувањето на часовите се означуваше со школскиот звонец сместен на средниот кат.

Одморите беа мали и големи. На малите одмори не се излегуваше од класот, а големите беа користени за мали прошетки во големиот гимназиски двор, за мала закуска или да си купат и да се засладат со некое слатко од продавачот Кенан. Имено, тие години во зависност од времето, во дворот или при влезот во зградата еден мал продавач по име Кенан, Турчин по народност, во специјално изработен џамлак чуваше повеќе видови слатки: сусамки, леблебијки, мали јаболка натопени во црвен густ сируп, локум и сл. Овој Кенан често на учениците им даваше на вересија при што никаде не ги запишуваше должниците. Беше мошне добродушен. Секогаш уредно облечен и избричен.

Главната врата на Гимназијата беше наменета исклучиво за наставниот кадар, додека за учениците беше главниот влез од железната врата што води кон дворот, а потоа низ другата голема врата во зградата. Ниту еден ученик не се осудуваше да влегува низ професорската врата.

За големиот ред во Гимназијата покрај заложувањата на наставниот кадар (дежурни во ходниците, дворот, на веселбите во природа и сл.) мошне голема грижа пројавуваа и хигиеничарите за свое време именувани служители. Меѓу сите нив на мнозина од нас ни остана во сеќавање служителот Спиро. Тој ако забележеше дека некој ученик си дозволува да направи материјална штета на училишниот инвентар или непристојно се однесува во ходниците или во дворот, си земаше слобода да употреби физичка казна за ученикот што крши, пишува по ѕидовите, клупите и сл. Училишната зграда ја чувствуваше како своја. Инаку физички казни од страна на наставниот кадар воопшто не се применуваа како во минатото; во другите режими беа користени, особено кај помалите возрасти. Во моето школување и во мојот VI клас само еднаш,

Page 113: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

113

една професорка се обиде да „крени рака“ за да му удри шлаканица на наш соученик, меѓутоа ученикот не и дозволи со тоа што уште во воздух и ја фати раката на професорката со што ја спречи во нејзината намера. Потоа настанаа испитувања, комисии и сл. Се се заврши без некои казни за ученикот.

Покрај затекнатиот стар инвентар, во гимназијата се задржа и стариот начин на ословување на професорите, уште од времето на Кралството Југославија. Тогаш ученикот при обраќање кон професорот при било каква пригода ги употребуваше зборовите „Господине професоре“. Со оглед дека во новоформираната држава зборот „господин“ асоцираше на Кралството, каде работниот свет бил подложен на експлоатација и воопшто неправди, сега во државата каде народот е на власт таквото однесување беше неспоиво. Меѓутоа традицијата толку се беше вкоренила меѓу нас учениците што скоро за цело школување на нашата генерација професорите ги ословувавме со „Господине“ без професоре. Беше анахроно, неспоиво со новата идеологија, меѓутоа така тоа остана подолго време. Натаму беше исфрлен зборот господине па остана само „професоре“ без додавката „другар“ што тогаш беше многу протежирана и употребувана од најглавните личности во државата па надолу.

Во такви материјални прилики Гимназијата ги отвори вратите за генерациите кои претходно се школуваа во режими со наметнати и туѓи: јазик, историја, книжевност, национално воспитание. Генерацијата 1929/30 година се вклопи во гимназијалното образование на февруари 1945 година.77

Директор ни беше професорот по физика Орде Печијаре од Прилеп. Тогаш ние имавме по 14-15 години. Не распоредија во неколку класа – мешани машки и женски. Мојот класен раководител беше по стручност ликовен уметник од Охрид, Поп Стефановски. Млад, штотуку излегол од клупите на факултетот.

Уште во самиот почеток на учебната година на сите нас учениците ни беше соопштено на идниот класен час да си определиме презиме кој како сака, но претходно за тоа да се посоветуваме дома со родителите. Така ние се определивме кој презимето да му завршува на ов, ев, ски, или ич. Најмногу бевме со презиме на ски. Исто така преку професорот Васко Наумов по струка теолог, а нам по потреба ни предаваше руски јазик, бевме должни, пак со консултации на родителите да се определиме за или против следење на настава по веронаука, кој предмет во старите режими беше редовно присутен во наставната програма. По извршената анкета скоро сите ученици не беа волни да го учат и натаму тој предмет, со што не се оформи паралелка за тој наставен предмет. Тогаш беше модерно да се дистанцира државата од црквата а со тоа и од религијата. Напоредно со анкетата и младинската организација во Гимназијата беше на спротивни стојалишта т.е. против да се учи веронауката.

Во училницата седевме по четворица во една клупа. Наставата се одвиваше претпладне. Професорите ретко беа возрасни луѓе, скоро сите беа млади. Предавањата се држеа на мајчиниот македонски јазик, вековна желба на напите простори. Меѓутоа немаше учебници

77 По 20 годишна работа Гимназијата го одржа својот јубилеј со пригодни свечености и еден голем превид дека е прва Гимназија која започнала со работа по ослободувањето, кое не е точно.

Page 114: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

114

ниту по еден предмет, освен читанка на руски јазик и историја. Учебникот по историја носеше наслов „Програма за историјата на македонскиот народ во Гимназиите“. 78Професорите најчесто беа стручно подготвени но имаше и такви кои во недостаток на соодветен професор предаваа друг предмет.79 Сите професори без исклучок, диктираа а ние наведнати пишувавме на хартија, кој како се снашол, од обични лисја поврзани, стари тетратки со малку празни лисја за пишување, до тефтери. Ја имав, за моја среќа, италијански тефтери, наменети за некакви требувања. И други соученици имаа како мене некакви тефтери. По завршување на наставата прстите не болеа, а и ние бевме уморни од неколкуте часови пишување.

По традиција и сега во класот имавме избрано класно раководство кое се состоеше од претседател, благајник и членови. Тоа се грижеше околу некои потреби за во класот ( да се купи сунѓер, да се посети соученик ако е болен и сл) . Имавме и Ѕиден весник. Тогаш ѕидните весници беа во мода. Весникот претставуваше поголем пак папир прицврстен на ѕидот на кој се лепеа статии, песни, коментари и други занимливости. Скоро во сите класови имаше ѕидни весници уредувани исклучиво од учениците.

Оценувањето беше стандардно од недоволен (2) до одличен (5).

Надвор од школскиот систем постоеше во Гимназијата младинска организација НОМСМ кја ги опфаќаше сите ученици. Оваа организација беше јавна додека СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија) не беше јавна. Скоевците своите состаноци ги одржуваа тајно. Во оваа организација влегуваа оние ученици кои исполнуваа некои програмски обврски на СКОЈ. Инаку раководството на НОМСМ најчесто, скоро без исклучок, беше од редовите не скоевците, кои како проверен идејно сигурен кадар, беа на линијата на КПЈ. Младинската организација во текот на учебната година превземаше редовно разни активности, најчесто работни акции како на пример расчистувањето на теренот кај денешниот плоштад Магнолија. Тука имаше многу дуќани лево и десно од улицата што завршуваше од црквата св. Димитрија па се протегаше се до мостот на реката Драгор. Всушност тоа беа дуќаните од некогашниот Пекмез пазар.

На крајот на првата учебна година во македонската Гимназија, Младинската организација проагитира за учество во една поголема работна акција во траење од 15 дена. Од Гимназијата се пријавија добар дел ученици од кои беа формирани две чети. „Бригадата“ беше сместена во селото Кременица (училишната зграда). Се работеше на трасирање на патот Кременица-Живојно по кој пат се планирало да врви теснолинејка и вовче кое ќе го носи камениот јаглен од рудникот во с. Живојно кон Битола.

78 Содржината на „Програмата“ всушност е трудот на Коста Веселинов познат под насловот „Македонска преродба и Илинденското востание“ објавен во 1939 година. Во немање на друг поадекватен текст професорот Љубен Лапе го прилагодил за наставата во Гимназиите во Македонија. („Програмата“ беше печатена во Битолската „Државна штампарија Гоце Делчев“ стр. 63) 79 Некои професори предаваа предмети за кои не беа стручно оспособени, но по потреба го вршеа тоа совесно. Така на пример професорот Трајан Делов по стручност философ- педагог, нам ни предаваше географија а во други класови македонски јазик.

Page 115: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

115

Бригадата во строј

Од лево на десно: Живко Мајковски и Миле Тапанџиевски

Работевме рачно без никаква механизација –казми, копачи, лопати, колички дрвени за пренос на земјата и сл. Во слободното време или читавме или организирано следевме политички часови од некои младински раководители (Михајлиди и др.), но и од офицери (политички комесари) на воените погранични единици.

На трасирање на патот но сосема на друго подрачје подалеку од нас, работеа заробеници. Ни беше речено дека тие биле усташи. Со нив немавме контакти. Тие беа држени под воена контрола.

Page 116: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

116

Од лево на десно: Пирузе (без капа), Никола Бакулевски (со бело тулбенче на глава), Кире Тасевски „французино“ (во бела кошула и бели панталони), во преден план Ѓорѓи Димовски (со црна капа и бела кошула) – сите боси.

Натамошното школување го продолживме во VIII клас. Во текот на првата година ни беше најтешко да се прилагодиме кон литературните јазични норми односно глаголската завршница „уење“ и заменките од женски род „и“ наместо битолското „му“ (-и реков на сестра ми, а во нашиот говор употребувавме –му реков). Покасно глаголската форма беше заменета со нам прифатливото „ување“ (-наместо кажуење, беше заменето со кажување).

Во наредната година VI клас по училишната задолженост бев заедно со Александар Маркович Чоколо, уредник на класниот ѕиден весник. Чоколо се што ќе добиевме пишувано на рака – песни, хумор, статии и др. дома ги отчукуваше на машина. Во средбите често ми рецитираше свои песни. Беше занесен со поезијата. Знаеше на памет многу песни од различни поети како Змај, Дучиќ, Рацин, Венко Марковски, Н. Ј. Вапцаров, Смирненски, Ботев и многу други. Сите стихови ги рецитираше во оригинал (српски, македонски, бугарски, па и руски јазик). Покрај со весникот по младинска линија бев задолжен да работам како „пионерски раководител“ со ученици од нижите класови т.е. од осмолетката. Јас бев одреден да работам во одделението каде класна раководителка беше Николина (која целосно беше облечена во црно поради загубата на возрасна ќерка). На еден родителски состанок Николина многу ме испофали велејќи „...тој ми е десна рака...“. Наша задача беше да ги пренесиме од Центарот до децата разновидни напатствија, главно да ги насочуваме да бидат учтиви, на часовите мирни, работливи, да си помагаат меѓусебно, да не се караат, да не се тепаат, да не пцујат, да не чкртаат по ѕидовите и клупите и други морални норми. Понекогаш имавме и политички предавања во смисла како храбро се бореле партизаните, кои иако малубројни ги победиле окупаторите и сл. Имавме и дополнителни часови за послабите ученици по математика.

Page 117: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

117

Гимназијата вообичаено, традиционално во почетокот на учебната година изведуваше еднодневна екскурзија со забавна цел. Најчесто се одеше до Крстоарскиот манастир каде во околина се играа народни ора со песни, некои групно пееја, некои носеа прим или гитара, па свиреа а останатите како кои, некои се натпреваруваа во фрлање камен од рамо, некои се натпреваруваа во скок во далечина „токму нозе“, некои играа фудбал. Се тргнуваше од пред гимназијата сите во строј по четворица. Патем се пееја маршеви руски, македонски, но и италијански „бандиера роса“. Построени учениците минувајќи покрај Драгорот скренуваа на Широк Сокак се до Шеталиштето каде стројот се растураше и групно по 5-6 мина, обично групирани по другарска линија, продолжуваа до манастирот. Оваа учебна 1946/47 година во стројот наш за на Манастир се вклучи и поетот Венко Марковски кој веројатно претходно се имаше договорено со Дирекцијата. Кога за тоа дознавме на сите ни импонираше како со нас е овој голем поет. Како сега да го гледам пред мене еден ученик, а пак пред тој ученик Венко. Во строј со нас, маршираше, веројатно и пееше. Дојде до манастирот каде заедно со гимназистите почетници поети се излачи подалеку од вревата. Таму Венко со учениците разговарал околу поезијата. За тоа покасно ни раскажуваше Александар Марковиќ- Чоколо.

Во текот на учебната година професорот по музика Савченко, поточно неговата сопруга, со ученици од Гимназијата подготвија една мала оперетка. Музиката и ариите веројатно биле некој колаж од лесно певливи оперети. Текстот беше целосно на руски. Од нашиот клас имаше неколку актери-солисти. Тоа беа Чакаро, Кузмесо, Вања, Чоколо и Кивели. Имаше и мал хор од 5-6 ученици од други класови. Главната улога ја имаше Павлик а ја толкуваше Драги Костовски.80 Содржината беше наративна- имено Павлик е мрзелив ученик. Него мајка му го советува да учи (занимајсја) , но тој си прави гулаби и спие. На сон му доаѓаат професорите и еден по еден му ставаат за незнаење единица (кол). Сето тоа низ фантастично прифатливо –певливи мелодии оперетката имаше незапаметен успех. Цела Гимназија ечеше од „Павлик, Павли, занимајсја...“

На крајот од учебната година во градот беше приреден фискултурен слет на кој учествуваа и ученици од Гимназијата.

80 Драги Костовски покасно се определи за актер па во животот оствари значајна кариера глумејќи во неколку филмови и театарски претстави.

Page 118: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

118

На градскиот стадион, подвлечениот јас, а десно од мене К. Конески.

Од оваа учебна година од професорите ми остави најголем впечаток Васко Наумов. Тој ни предаваше руски јазик, меѓутоа кај мене (верувам и кај други) остави впечаток со неговите морални поуки. Тука покрај рускиот јазик на часот знаеше преку хумор или некоја анегдота и сл. Да не упати како да се однесуваме кон родителите, на улица, во воз, автобус, кон културното наследство.

И оваа година Гимназијата испрати ученици на работна акција која беше сојузна т.е. Железничката пруга Брчко- Бановичи. Од други слушав како нашата бригада дала приредба која оставила силен впечаток кај бригадирите од другите републики.

Во натамошното школување се до завршувањето на средното образование според мои разбирања најинтересно било следново:

а) Честа промена на наставниот кадар. Така руски јазик почнавме со В. Наумов, во VII клас ни дојде нов наставник Анисимов,81 а во VIII Миклухо Маклај. Последниве беа Руси. Не само на мене туку на целата наша генерација остави посебно позитивен впечаток професорот Анисимов. Покрај рускиот јазик – граматика, изговор, специфичности, Анисимов како голем познавач на руската литература и воопшто голем ерудит на секој час ќе ни откриеше за нас сосема нешто ново а ние со заинтересираност го следевме неговото говорење.

Од другите професори за одбележување е пристапот на професорот Милев (стружанец). Имено имајќи предвид дека во секој клас ни предавале други професори беше прилично толерантен. Знаеше да се задржи на некоја материја повеќе отколку дозволуваа прописите се со цел за нас градивото да ни биде јасно, а со тоа и полесно да го совладаме. Со таквото однесување ни беше и остана во добри спомени кај генерацијата.

81 За Анисимов меѓу нас учениците проструи веста дека за времето на Кралството Југославија бил монах во битолската богословија.

Page 119: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

119

За цело време додека бевме во Гимназијата се одржуваа неделно игранки. Музичкиот состав беше од ученици гимназисти, а свиреа по младинска должност. Најмногу се свиреа танците- танго, валцер, слоу фокс, инглиш валс и секако народни ора. Тогаш имаше почеток на играта најава „другарките бираат“ што значеше таа игра им се препушташе на нашите другарки да си одберат партнер во играта за разлика од сите други танци кога бираа мажите. Така на девојките им се даваше можност да играат со некоја своја симпатија.

По младинска линија и натаму бевме ангажирани во некоја воншколска активност- кој во хорот, кој во музичкиот ансамбл, кој во раководење на некој кружок за помош на послаби ученици и сл. Исто така Младинската организација спроведуваше акција за пријавување на ученици во работна акција. И во учебната 1947/48 година беше испратена бригада на сојузната работна акција Шамац- Сараево.

Година за година и стигнавме до завршната година. Последните часови во класот владееше релаксирана атмосфера. Иван Чакар ја донесе големата хармоника и по желба на секој наставник свиреше разни мелодии. Кога беше запрашан професорот М. Маклај што сака да му отсвири реше „Не верувам дека ќе знаете – „Стариниј ваљс“ “. Чакаро не само што ја знаеше мелодијата на валсот туку и малку даде глума за да биде атмосферата попријатна. Инаку во меѓувреме се свиреше и пееше мелодии тогаш популарни како „Подмосковние вечера“, „Калинка“, тангото „Компартита“, „Жетандре“, „Венто“, како и народните „Билјана....“, „Еј бреј, лош дедо бреј“ и др.

Истовремено скоро секој од нас имаше стокмено една тетратка која одеше од рака на рака меѓу учениците , во која секој ќе напишеше по нешто за сеќавање на училишните дни минати во Гимназијата.

Тогаш немавме училишно табло со фотографии. Немавме ни матурска вечер. Едноставно по одржувањето на една младинска конференција отидовме во салата и таму самите без музика почнавме да се веселиме. Чоколо кој беше во такви прилики незаменлив, почна на бината да ги имитира некои наставници во што беше мошне успешен. Така кога го имитираше професорот по историја Благој Хамамџиев немаше ученик кој не се изнасмеа од се срце. Имаше и игранка со ора.

в) Нашата генерација и тоа само нашата, ја имаше таа несреќа да полага матура во еден ден (пред или попладне) на сите предмети и тоа македонски јазик со литература, еден странски јазик (француски или руски) историја (стар, среден, нов век и национална историја), математика, физика, хемија, биологија (зоологија, ботаника, анатомија и еволуција), географија (национална и општа). Тоа беше замислено од некои бирократи за да се видел ученикот „компактно“. Значи од три часот до девет вечерта полагавме три ученика. По полагањето имав така страшни главоболки што никогаш после не сум ги имал. Тогаш мнозина ученици останаа на полагање а некои и не ја зедоа таа година матурата. После тој проект-обид такво нешто не се случи. Напротив се одеше кон олеснување на учениците во полагањето на матурскиот испит, така што едно време тоа премина во крајност да се полага (усмено) само одбрана на обработена тема.

Page 120: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

120

По завршувањето на VIII клас по младинска линија пак беше спроведена агитација за доброволна работна акција, овој пат во Македонија т.е. „Маврово“. Гимназијата ја даде бригадата која го носеше името „мала гарда“. Бригадата имаше и свој марш „Бригадата тоа сме ние...“. Бевме распоредени под селото Вруток, каде ги посетивме изворите на Вардар. До нашата барака беше бригадата составена од ученици на Учителската школа, а се викаше „Стево Патако“.

За оваа работна акција и некои раководни лица во неа има доста што да се пишува.

Нашата бригада беше четири пати ударна.

После четиригодишното дружење во ист клас по матурата се распрснавме по факултети, некои од девојките се мажија, некои се вработија, но најмногу заминавме на студии. Од нашата генерација (два класа) излегоа повеќе стручни кадри. Само лекари повеќе отколку за времето на Кралството Југославија. Имавме и професори, инженери, но и дипломати од кои најпознат е Иван Тошевски- Вања, кој продолжи со работа и во Независна Македонија (ги водеше едно време разговорите за името со Грција).

Битола

07.09.2014 Ѓорѓи Димовски- Цолев

Page 121: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

121

Петко Митревски , Наставник, Дипломиран правник Нико Наумов , Професор

Доделување на наградата ,,Кирил и Меродиј” на просветни работници од Општина Битола

Битола, 4 декември 2014 I дел:Доделување на наградата ,,Кирил и Методиј” во периодот 1976-1991 година 1.Воведен дел По иницијатива на просветни работници и подржана од институциите на образование во

Оштина Битола, во 1976 година се воведе наградата ,, Кирил и Методиј” Наградата се доделуваше на просветни работници во основното образование од Општина

Битола, а покасно и за воспитувачите од детските градинки. Средното образование не беше вклучено, бидејќи во тој период средното и високото образование се финансираа на ниво на република.

Основен критериум за доделување на наградата беше наставниците да имаат постиганато забележителни и репрезентативни резултати во наставата и воннаставните активности во претходата учебна година.

Во почетокот беше изработен правилник со критериуми и мерила за доделување на награда, начинот на доделување, содржина на наградата и денот, односно датата на доделување на наградата.

За доделување на наградата беше формирана комисија составена од 9 члена, во чии состав имаше преставнци од делегатите на Собранието на Самоуправната интересна заедница за образование и наука-Битола, како и преставници од основните училишта и општествените дејности. Одлуката на комисијата за да поголем легитимитет одеше на верификација на СИЗ за образование и наука-Битола. Како прва фаза беше предлагање на кандидат во текот на месец април. Секое училиште предлагаше свои кандидати. Во првите години бројот на предложени кандидати беше неограничен. Но, се случуваше до Комисијата да пристгнат и преку 100 предлози, при што имаше потешкотии во изборот на можни кандидати за наградата. Од тие причини во следниот период се одлучи секое училиште да предлага 2- 3 кандидати.

Page 122: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

122

Предлозите пристигнуваа до Комисијата. Комисијата работеше во рамките на СИЗ за образование и наука. На повеќе наврати се разгледуваа предлозите и на крајот со консензус се донесуваше конечната одлука.

Еден подолг период наградата се доделуваше наградата на 10 добитници. Но, со оглед на големиот број на добитници, во еден период се оцени дека со толкав број се девалвира наградата и се намали на 5 добитници.

Комисијата престана со работа во 1991 година со престанувањето на работа на Самоуправната интересна заедница за образование и наука. Не се продолжи бидејќи немаше имституција во чии рамки ќе работи Комисијата и останатите активности околу доделување на наградата.

2.Добитници на наградта

24 мај 1976 год.

1.Господинов Захарије ОУ,,Д-р Трифун Пановски” Битола, пом.директор 2.Аргиновска Софка ОУ с.Велушина, учителка во одделенска настава 3.Гафтовски Ѓорги ОУ,,Стив Наумов” Битола, наставник по руски јазик 4.ХаџиАнтоновски Коста ОУ,,Кирил и Методиј” Битола, учител по ликовно 5.Чезарова Нада ОУ,,Коле Канински” Битола, педагог 6.Коцевски Томе ОУ,,Д-р Трифун Пановски” Битола, наставник по математика 7.Тодорова Цвета ОУ,,Гоце Делчев” Битола, наставник по хемија 8.Мерковски Никола ОУ,,Коле Каникски” Битола, наставник по македонски јазик 9.Петров Панде ОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник по ликовно 10.Каневче Илија ОУ,,Даме Груев” Битола, наставник по математика

Награда за животно дело

1. Саранди Сотир ОУ,,Гоце Делчев” Битола

24 мај 1977 год. 1.Пармаковски Живко ОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник по музичко 2.Наумовски Васко ОУ ,, Тодор Ангелевски” Битола, наставник по музичко

3.Мицевска Милица ОУ,,Д-р Трифун Пановски” Битола, учителка во одделенска 4.Русомаровска Љупка ОУ,,Д-р Трифун Пановски,, Битола ,учител по македонски јазик 5.Рефик Палоши ОУ,,Никола Тесла” Битола, учител по математика

Page 123: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

123

6.Јаковлевска Перса ОУ,,Стив Наумов” Битола, учителка во одделенска 7.Стефановска Јованка ОУ,,Гоце Делчев” Битола, учителка во одделенска 8.Ристева Цвета ОУ,,Коле Каникски” Битола, учител во одделенска 9.Поповска Менка ОУ с.Добрушево, учителка во одделенска 10.Јовановски Петар ОУ с. Буково, наставник во одделенска 11. Саздановска Благојка ОУ,,Кирил и Методиј”Битола,учителка во одделенска

24 мај 1978 год.

1.Трифуновски Љубо ОУ,,Коле Канински” Битола, наставник по музичко 2.Емин Сами ОУ,,Никола Тесла” Битола, учител во одделенска 3.Тасевска Нада ОУ,,Стив Наумов” Битола, учителка во одделенска 4.Стојановски Сотир ОУ,,Ѓорги Сугарев” Битола, наставник по географија 5.Стефановски Трајан ОУ,,Коле Каникски” Битола, учител по ОТО 6.Божинова Нада ,,Естреја Овадија Мара” Битола, воспитувачка 7.Стојанова Мирослава ОУ,,Д-р Трифун Пановски” Битола, наставник во одделенска 8.Манчева Донка ОУ с. Ивањевци, наставник во одделенска 9.Цветковски Томе ОУ с.Бистрица, наставник по математика 10.Павловски Борче Завод за школство Битола, советник

24 мај 1979 год. 1.Пржита Марија ОУ,,Даме Груев” Битола, учителка во одделенска 2.Бендева Љупка ОУ,,Гоце Делчев” Битола, учителка во одделенска 3.Македонска Олга ОУ,,Трифун Пановски” Битола, учителка во одделенска 4.Алексовски Александар ОУ с.Бистрица РЕ.с Лажец, учител во одделенска 5.Петковски Димитар ОУ,,Ѓорги Сугарев” Битола, наставник по математика 6.Лутовски Раде ОУ с.Новаци, наставник по историја 7.Ристевски Цветан ОУ,,Стив Наумов” Битола, професор по македонски јазик 8.Ристевски Душан ОУ с.Цапари, наставник по физичко 9.Петровски Митре ОУ,,Тодор Ангелевки” Битола, наставник по ОТО 10.Шарковски Јордан ОУ,,Коле Канински” Битола, наставник по биологија

24 мај 1980 год.

1.Поповски Илија ОУ,,Кирил и Меродиј” Битола, наставник по музичко 2.Стефановска Вангелица ОУ ,,Кирил и Методиј”Битола,наставник по македонски

3.Сулејмани Шаја ОУ,,Гоце Делчев” Битола, РЕ ,,Никола Тесла” 4.Димитровска Менка ОУ,,Гоце делчев” Битола, наставник по одделенска 5.Ивановски Лазар ОУ,,Гоце Делчев” Битола, наставник по физика 6.Стојановски Васко ОУ,,Даме Груев” Битола, наставник по математика 7.Кочанкова Иванка ОУ,,Даме Груев” Битола, наставник во одделенска 8.Трампева Билјана ОУ с. Новаци РЕ. С. Маково наставник биолгоја и хемија

Page 124: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

124

9.Петровски Иван ОУ с.Новаци с.Црничани наставник во одделенска 10.Поповски Ангелко ОУ с.Бач, директор

24 мај 1981 год.

1.Лозановски Пецо РО,,11 Октомври” директор 2.Мицевски Томе ОУ,,Гоце делчев” Битола, наставник по математика 3.Василевска Благица ОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник по одделенска 4.Милошевски Петар ОУ,,Коле Канински” Битола, наставник по физика 5.Кочинска Јулка ОУ,,Даме Груев” Битола, учителка во одделенска 6.Димитровска Тодорка ОУ,,Кирил и Методиј” Битола, професор по историја 7.Трајчевски Никола ОУ,,Трајан Белев” с. Цапари, учител по ОТО 8.Гочева Љупка ОУ ,,Д-р Трифун Пановски” Битола, учителка во одделенска 9.Светозаров Боро ОУ ,,Елпида Караманди” Битола, наставник по биологија 10.Христова Славка ОУ ,,Ѓорги Сугарев” Битола, професор по македонски јазик 11.Митановски Јонче ОУ,,Стив Наумов” Битола, директор, постхумно

24 мај 1982 год.

1.Кимовска Елисавета ОУ,,Елпида Караманди” Битола, наставник во одделенска 2.Поповска Љубиица ОУ,,Коле Канински” Битола, наставник во одделенска 3.Петрова Ангелина ОУ с.Бистрица, учителка во одделенска 4.Стерјева Даница ОУ,,Трифун Пановски” Битола, наставник во одделенска 5.Таневски Киро Завод за рехабилитација Битола, наставник по ОТО 6.Тасевски Атанас ОУ,,Даме Груев” Битола, професор по физичко 7.Милевски Томислав ОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник по географија 8.Лазаревски Тихомир ОУ ,,Стив Наумов” Битола, наставник по биологија 9.Раденков Крум ОУ ,,Ѓорги Сугарев” Битола, наставник по хемија 10.Гагачева Загорка ОУ с. Новаци Битола, наставник по математика и физика

24 мај 1983 год.

1.Тапанџиева Олга ОУ с.Ивањевци, наставник во одделенска 2.Рапешовски Спасе ОУ,,Коле Канински” Битола, наставник во одделенска 3.Темелкова Славица ОУ,,Ѓорги Сугарев” Битола, наставник во одделенска 4.Николовска Ружа ОУ,,Даме Груев” Битола, наставник во одделенска 5.Поповски Ристо ОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник по македонски

јазик 6.Дамчевска Милица ОУ,,Елпида Караманди” Битола, наставник по ОТО 7.Николовски Ратко ОУ с. Новаци, наставник по биологија-хемија 8.Татрчева Олга ОУ с.Новаци, наставник по француски јазик 9.Блажева Драга ОУ ,,Гоце Делчев” Битола, наставник по историја 10.Марковски Петар Секретар на СИЗ за образование и наука, професор по македонски јазик,постхумно

Page 125: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

125

24 мај 1984 год.

1.Коџасинска Оливера ОУ,,Кирил и Методиј” Битола, наставник во одделенска 2.Нацкова Милица ОУ,,Елпида Караманди” Битола, наставник во одделенска

3.Петковска Љубица ОУ с.Ивањевци, учителка во одделенска 4.Ѓорѓиева Живка ОУ,,Ѓорги Сугарев” Битола, учителка во одделенска 5.Вујасиновиќ Илија ОУ,,Трифун Пановски” Битола, наставник во одделенска 6.Петровска Надежда ОУ,,Коле Каниински” Битола, професор по македонски јазик 7.Кузмановски Васко ОУ с.Бистрица, наст. историја-географија 8.Бакревски Алексо ОУ ,,Стив Наумов” Битола, професор по историја 9.Кузмановска Хрисанти ОУ ,,Даме Груев” Битола, професор по географија 10.Штаковски Славко ОУ,,Кирил и Методиј”Битола, наставник по математика

24 мај 1985 год. 1.Запаренко Кузо ОУ с.Бистрица, наставник по одделенска 2.Кочанковска Олга ОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник во одделенска 3.Спировска Ѓурѓица ОУ,,Гоце Делчев” Битола, наставник во одделенска 4.Ѓорѓиевски Ѓорги ОУ,,Ѓорги Сугарев” Битола, олигрофено-педагошки наставник во

одделенска во специјално училиште 5.Кривашија Олга ОУ,,Коле Канински” Битола, професор по историја 6.Ангеловски Душко ОУ,,Даме Груев” Битола, учител по ОТО 7.Алабаковски Васко ОУ,,Елпида Караманди” Битола, професор по македонски јазик

24 мај 1986 год. 1.Николовска Александра Установа ,,Естреја Овадија-Мара”-воспитувач 2.Николова-Илиева Катерина ЦОУ,,Даме Груев” Битола, наставник во одделенска 3.Миакшевска Загорка ЦОУ,,Тодор Ангелвски” Битола, наставник во одделенска 4.Јанкуловска Елка ЦОУ,,Гоце Делчев”Битола, наставник во одделенска 5.Димовски Александар ЦОУ,,Коле Канински” Битола, наставник по историја-

географија 6.Клекачова Ружа ЦОУ,,Ѓорги Сугарев” Битола, наставник по македонски

јазик 7. Божиновски Алексндар ЦОУ,,Кирил и Методиј” Битола, професор по физичко

24 мај 1987 год.

1.Темелковска Цветанка ЦОУ,,Даме Груев” Битола, наставник во одделенска 2.Петровски Димитар ЦОУ,,Гоце Делчев” Битола, наставник по физика 3.Стојановска Велика ЦОУ,Тодор Ангелевски”Битола, наставник по хемија

Page 126: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

126

4.Олешковска Јелена ЦОУ,,Кирил и Методиј” Битола, професор по македонски јазик 5.Секуловска Марта ЦОУ,,Коле Канински” Битола, професор по француски јазик

24 мај 1988 год.

1.Лутовска Васка ЦОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник во одделенска

2.Митановски Боро ЦОУ,,Д-р. Трифун Пановски” Битола, наставник во одделенска

3.Обедниковска Ристосија ЦОУ,,Даме Груев”Битола, професор по македонски јазик 4.Најденова Тодорка ЦОУ,,Стив Наумов” Битола, наставник по математика 5.Петков Кирил Основно музичко. професор по музичко

24 мај 1989 год.

1.Атанасова Елена Установа ,,Естреја Овадија-Мара”-воспитувач 2.Петревска Ружа ЦОУ,,Тодор Ангелевски” Битола, наставник во одделенска 3.Илиевски Серафим ЦОУ,,Коле Канински”Битола, наставник во продолжен престој 4.Коџасинска Загорка ЦОУ,,Даме Груев” Битола, професор по македонски јазик 5.Наумов Нико ЦОУ,,Елпида Караманди” Битола, наставник по музичко 6.Стефановски Никола Завод за рехабилитација ,,Кочо Рацин”Битола, дефектолог

24 мај 1990 год. . 1.Алушевска Марија ЦОУ,,Елпида Караманди” Битола, наставник во одделенска 2.Јовановски Трајко ЦОУ,,Гоце Делчев” Битола, наставник во одделенска 3.Ламбевска Цветанка ЦОУ,,Тодор Ангелевски”Битола, наставник по биологија-хемија 4.Здравковски Данаил ЦОУ,,Д-р Трифун Пановски” Битола, наставник по физика 5.Велјановски Ангелко Завод за рефабилитација,,Кочо Рацин”Битола,професор дефектолог 6.Лазаревки Ѓорги ЦОУ,,Гоце Делчев”, Битола, педагог ,наставник во

дополнителната настава во Западна Германија

24 мај 1991 год.

1.Сивакова Стојна Установа ,,Естреја Овадија-Мара”-воспитувач 2.Вера Ружинова ЦОУ,,Коле Канински” Битола, наставник во одделенска 3.Степановски Илија ЦОУ,,Климент Охридски”Битола, наставник по математика 4.Димитровски АлександарОУ с.Кукуречани, наставник по македонски јазик 5.Никола Беровски Учебникар и учител во НР Албанија

Page 127: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

127

3.Содржина на наградата Наградата се состои од признание, плакета со ликот на Кирил и Методиј и парична

награда. 4.Врачување на наградата Наградата се врачуваше на 24 мај, денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Врачувањето беше на свечена академија со пригодна програма во чест на словенските

просветители и денот на просветните работници. Свечената академија се одржуваше во големата сала на Центарот за култура-Битола.На свечената академија присуствуваа просветни работници, ученици, родители и преставници на општествено-политичкиот живот во Битола.

Наградата ја доделуваше претседателот на комисијата. Свечената академија секоја година ја подготвуваше по едно основно училиште од градот. Свечената академија се состоеше од рецитал за словенските просветители Кирил и

Методиј, рецитаци, драмски текстови, настапи на хорот и оркестарот, фолкорна група на училиштето и слично.

II дел:Доделување на наградата ,,Кирил и Методиј” во периодот 2004-2014 година 1.Воведен дел Со престанокот на постоењето на Самоуправната интересна заедница за образование и наука

во 1991 година, престана да се доделува наградата ,, Кирил и Методиј”. Во 2004 година по иницијатива на неколку просветни работници:Нико Наумов од ОУ,,Тодор

Ангелевски”, Митре Тасевски од ОУ,,Коле Канински” и Стојан Крајчевски од ОУ,,Даме Груев” Битола, најнапред се пристапи кон формирање на Здружение на просветни работници за основното и средното образование. Иницијативата беше подржана од Бирото за развој на образованието и Подрачното министерство за образование Битола.

Иницијативниот одбор формира извршен одбор на Здружението од 9 члена, кој изготви Статут и Правилник за доделување на наградата ,,Кирил и Методиј”. Извршниот одбор формира и комисија за доделување на наградата, која ја сочинуваа членови од основното образование, средното образование и Заводот за рехабилитација ,,Кочо Рацин”Битола. Секое основно училиште има право да предлага по 2 кандидати, а секое средно по 1 кандидат. Крајниот рок за доставување на кандидатите, месец април.

Наградата се состои од плакета со ликот на Кирил и Методиј, признание и парична награда. Наградата се доделува на 24 мај, на свечена академија во Центарот за култура, каде

уметничкиот дел на академијата го подготвува по едно основно и средно училиште со пригодна

Page 128: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

128

програма посветена на сесловенските просветители ,,Кирил и Меродиј”. После доделувањето на наградата, традиционално се одржува забава за просветните работници од нашиот град.

Здружението, комисијата и доделувањето на наградите и понатаму продолжуваат со работа. 2.Добитници на наградта

24 мај 2004 год.

1.Виолета Ангелевска ОУ,,Елпида Караманди”-наставник во одделенска 2.Гоне Јакчулев УЦ,,Таки Даскало” Битола 3.Борче Богдановски ОУ,,Коле Канински”, предметна настава

24 мај 2005 год.

1.Цветан Филиповсаки Завод,,Кочо Рацин”, одделенска настава 2.Јован Ѓуровски ОУ,,Тодор Ангелевски”, предметна настава 3.Милица Радевска УЦ,,Таки Даскало”, Битола

24 мај 2006 год.

1.Стојан Крајчевски ОУ,,Даме Груев”, одделенска настава 2.Митре Тасевски ОУ,,Коле Канински”, предметна настава 3.Гордана Кожуваровска УЦ,,Таки Даскало”, Битола

24 мај 2007 год.

1.Кире Таневски Завод,,Кочо Рацин”, одделенска настава 2.Ице Јошевски ОУ,,Св.Климент Охридски”, предметна настава 3.Зоран Маневски Средно музичко училиште

24 мај 2008 год.

1.Љупка Чагорска ОУ,,Коле Канински”, одделенска настава 2.Лилјана Георгиевска ОУ,,Гоце Делчев”, предметна настава 3.Цветанка Митревска УЦ,,Ѓорги Наумов”, Битола

24 мај 2009 год.

1.Лидија Христова ОУ,,Тодор Ангелевски”, одделенска настава 2.Петар Глигоров ОУ,,Коле Канински”, предметна настава

Page 129: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

129

3.Весна Мундишевска УЦ,,Таки Даскало”, Битола

24 мај 2010 год. 1.Фатмире Махмачаи ОУ,,Гоце Делчев”, одделенска настава 2.Ленче Јошевска ОУ,,Гоце Делчев”, предметна настава 3.Лидија Буторац-Стевановска УЦ,,Таки Даскало”, Битола

24 мај 2011 год.

1.Светлана Соклевска ОУ,,Крсте Петков Мисирков”с.Бистрица, одделенска

настава 2.Мимоза Мицевска ОУ,,Стив Наумов”, предметна настава 3.Милица Георгиевска ОУ,,Тодор Ангелевски”, постхумно 4.Јани Сервини УЦ,,Ѓорги Наумов”, Битола

24 мај 2012 год.

1.Мелина Христова ОУ,,Св.Кирил и Методиј”, одделенска настава 2.Лидија Шунда-Шокларовска ОУ,, Св.Климент Охридски ”, предметна настава 3.Николина Поповска УЦ,,Таки Даскало”, Битола

24 мај 2013 год. 1.Весна Јанкуловска ОУ,,Св.Кирил и Методиј”, одделенска настава 2.Славица Костевска ОУ,, Св.Климент Охридски ”, предметна настава 3.Мирјана Гичевска УЦ,,Таки Даскало”, Битола

24 мај 2014 год. 1.Весна Гагаловска ОУ,, Тодор Ангелевски ”, одделенска настава Награди за предметна настава и за средното образование не се доделени поради

неисполнување на критериумите од предложените кандидати. III дел Награди и признанија од Републичкиот педагошки завод на Македонија.

Page 130: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

130

Кога се зборува за признанија и награди за просветните работници, во оваа прилика ќе ги спомниме наградите и признанијата што ги додекуваше Републичкиот педагошки завод на Македонија.

Секоја година Републичкиот педагошки завод на Македонија доделуваше признанија на просветни работници од целата република.Признанијата беа од два вида:

Истакант педагошки работник Особено истакнат перагошки работник Просветните работници добитници на овие признанија добиваа месечен надомест

на платата од : - 2% за истакнат перагошки работник - 4% за особено истакнат педагошки работник Надоместокот во рамките на платата добитниците го добиваа до крајот на таботниот

век,односно до пензионирање. Од општина Битола имаше поголем број на добитници,но поради недостиг на

податоци не сме во можност истите да се презентираат. Резиме-апстракт Наградата,,Кирил и Методиј” се воспостави како резултат на една плејада просветни

работници-учители кои со својата педагошка подготовка и повеќе годишна пракса работеа со голем елан и полн сјај во воспитувањето и образованието на генерации ученици од повоениот период.

Тоа беа истите оние учители кои ја започнаа наставата на мајчин македонски јазик во 1944-45 –та година.Како учители во своите младешки години беа распоредени низ целиот простор на Македонија, по селата кои никогаш не ги виделе,ни слушнале, за да започнат еден многу благороден позив.

Во селата не само што ја изведува наставата за учениците од редовното образование, тие одржуваа настава за описменување на возрасните, курсеви со жените за одржување на хигиената, домашните рабори и сл.

Со своето педагошко искуство кога преминаа со работа во градските училишта, своето искуство со голем ефект го пренесуваа на младите генерации учители од учителската школа со цел да бидат оспособени да ги завземат нивните места по селата.

Од тие причини во средината на седумдесетите години се оцени дека оваа прва генерација на учители кој го понесоа товарот на образованието на мајчин македонски јазик,заслужуваат да им се оддаде признание за нивниот труд ,напор и педагошки пристап кон учениците и својот позив.

Покасно,ова признание го понесоа учители и од помладата генерација истакнувајќи се со својата работа во наставата и воннаставните активности.Тоа беа учители,кои беа ученици на првата генерација на учители.

Со формирањето на Самоуправната интересна заедница за образование и наука како образовна институција се создадоа услови и можности за институционално спроведување на активностите околу доделувањето на наградата.

Стручно-административните работи ги вршеше стручната служба на Самоуправната интерeсна заедница за образование и наука со референтите : Костова Марика, Стефановска

Page 131: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

131

Марика, Кулевска Драгица, Савеска Невена и Митервски Петко Секретар на заедницата Божидар Рајковски.

Новата генерација на просветни работници од 2004 година ја продолжија традицијата за доделување на наградата,,Кирил и Методиј”.

Основите за доделување на наградите се скоро идентични.

Петко Митревски Правен советник во Самоуправната интерeсна заедница

за обрaзование и наука -Битола

Нико Наумов Професор и директор

на ОУ,,Тодор Ангелевски”Битола

Александра Гецовска Потеклото и влијанието на туѓите зборови

Page 132: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

132

(осврт на битолската образовна средина) АПСТРАКТ Пребарувањето на зборови заемки од или во македонскиот јазик, со посебен акцент на

нивното потекло, влијание и употреба во битолскиот образовен систем во минатите години, но и денес често докажуваат дека се тешки задачи кои се должни да бидат обележани со факти. Но ова е само делумно можно. Се разбира, лесно може да се препознаат заемките од некој неиндоевропски јазик, на пример турските зборови во нашиот јазик или зборови кои влегле од некој индоевропски јазик со особени белези во јазик без такви белези.

Увод Во создавањето на секоја терминологија се поставуваат две основни барања: да биде во

согласност со современото рамниште и најновите достигања во струката и да биде во со- гласност со стандардниот јазик на сите јазични рамништа. Терминологијата се изградува на различни начини: терминот може да настане со преземање од странски јазик, со домашни зборообразувачки модели, со употреба на домашен збор во ново значење, со терминологизација или ретерминологизација.

Критериумите за изградување на лингвистичка терминологија може условно да се поделат на четири групи (Bugarski 1986: 84-85): формални, семантички, прагматички и социолингвисти-чки, а при изборот на називи (термини) треба да се земат предвид повеќе терминолошки начела (Mihaljević 2009).

Историски преглед Постојат низа недоречености, нејаснотии во врска со патот на позајмувањето на туѓите

лексеми во еден јазик. Според тоа, за заемките битна е и етимологијата на зборовите со цел подобро реконструирање на јазичната историја како во/за јазикот-извор (зајменикот), така и за јазикот-рецептор. Но, понекогаш имаме и погрешен впечаток за доаѓањето на некои зборови во нашиот јазик, а со тоа се наметнува и погрешниот впечаток за зборообразувачките модели на тие зборови.

Заемките се разликуваат и по својата бројност и по својата географска дистрибуција. Тие се особено чести во крајните ареи кои се карактеризираат и со полилингвизам. Битолскиот (во склоп на македонскиот) образовен систем, претрпел низа премрежја. Дијахрониски иако започнуваме од античкиот период, сепак мора да заклучиме дека сe уште не може да зборуваме за старомакедонски јазик и образование, поради тоа што досега не e откриен никаков текст, ниту натпис, кој би укажал на поконкретни насоки по ова прашање. Словенската лексика, ја одбележуваме преку создавањето на глаголицата, преведувачката и мисионерската (учителска2) дејност на седмочислениците (словенските учители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици: Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј) за што е пишувано многу. Словенскиот тек, продолжил долго и покрај наездата на подоцнежната петвековна турска империја. Келијните училишта продолжиле да работат, а сe помасовно почнале да се шират и да се отвораат нови училишта. Во овој период пропагандната политика на соседните и подалечни земји, довела до отворање на многу забавишта и училишта, кои носеле национален предзнак: турска, грчка, француска (римокатоличка мисија), бугарска (егзархиска), романска, српска, еврејска, американска (протестанска мисија) итн. Но, кога зборуваме за современиот електронски образовен систем, треба да нагласиме

1 магистер по филолошки науки, Александра Гецовска

Page 133: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

133

2 Во старословенскиот период, мисионер e учител. дека тоа претставува нов лексички предизвик зашто компјутерската англиска, германска терминологија, зазема сe поголем замав. Од претходно наведените факти, може да заклучиме дека во лексичкиот систем на македонскиот јазик се изделуваат два комплементарни дела: 1) с л о в е н с к и и 2) н е с л о в е н с к и кои, иако хетерогени, претставуваат една цврста органска целина3. Во нашиот труд, ние се задржуваме на туѓите, преземени зборови во битолското образование и воспитание, кои се одомаќиниле (природно или принудно). Словенска лексика Лексичките елементи од словенско потекло го сочинуваат најзначајниот дел од основниот и општиот лексички фонд на битолскиот дијалект. Изделувањето на оваа група лексика во посебен дел не е обусловено само од етимолошкото потекло на овие лексички единици, ами исто така и од нивното значење и функција и употреба во една сфера од посебно значење и авторитет, во сферата на

религијата. Не навлегувајќи во бројните заеднички словенски елементи, би ги изделиле црковнословенизмите (опфатени во наставата преку предметот, етика на религиите), кои во определни периоди од развојниот процес на битолскиот писмен јазик играле повеќе или помалку значајна улога. Овде мислиме на онаа редици зборови што успеале до денес да ги задржат своите гласовни вредности (мошти, одежда, полза, страден), зборообразувачки (воскресение, патешествие, страдание и бројни образувања на -тел) или семантички белези (блуд, господ) од постариот период. Освен одделни апелативи, од овој вид сe повеќе се синтагми и изрази како: раб божји, рождество Христово, страсна недела, вели петок, велја недела, во веки веков, кои сe почесто се среќаваат во терминолгијата по предметот етика на религиите. А во книжевната лексика на современиот македонски јазик тие се често стилски обоени. Словенското и туѓото влијание се гледа и во мешањето на робата, преку остварените трговски врски со западноевропските земји кои ѝ давале можност на граѓанската класа (во минатото, но и денес) на Битола не само богати, туку да прифати и низа елементи на понапредната западна култура како што биле: модата, уредувањето на куќата, начинот на исхраната, образованието итн4. Првиот позначаен белег во писменоста ќе биде одбележан со отворањето на првото народно училиште (1865 година), во кое учениците ќе се школуваат на словенски јазик,

како и формирањето на црковно-училиштната општина (1869). А отворањето на нови училишта

на кој настава ќе се држи на народен македонски јазик ,,било многу олеснето зашто било финансирано од населението5“. Со ова била олеснета употребата на словенската лексика, во која би ги опфатиле уште и оние зборови што се инфилтрирале од другите јужнословенски јазици. Овде мислиме на извесен број србизми од типот: куќа, суд, судија што за време на експанзијата на српската држава (XIII-XIV век) се распостраниле дури и во најјужните македонски говори. Тие се

Page 134: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

134

одликуваат со белези карактеристични за српскиот и хрватскиот гласовен систем. Кон крајот на XIX и почетокот на XX век, училиштата работеа и на бугарски и на грчки во зависност од црковното потчинување, а од првата половина на XX век и на српски 3 Настева, Ј. О., ,,Етимолошкиот состав на македонската лексика“, Предавања на VI

семинар за македонскиот јазик, литература и култура, Скопје и Охрид, 16. VII – 31. VII 1973, Универзитет ,,Свети

Кирил и Методиј“, Скопје 1978, 51. 4 За Битола (за време на Турската Империја) се зборува како за град со петнаесет конзули,

десетина пазари, 500 клавири и илјадници билингвилни и трилингвилни говорители кои својата иднина ја

гледаат во трговијата, културата и образовнието. 5 Цолев-Димовски, Ѓ., Стремежите на битолското граѓанство за еманципација од

патријархиската доминација во црковно-училишниот домен“, Школството, просветата и културата во Макеоднија во

времето на преродбата, Скопје, 1979, 399-422. (сe до кодификацијата на македонскиот литературен јазик). Траги од оваа пропаганда честопати среќаваме, и во одредени текстови кои се т.н. лажни пријатели на преведувачите, а ги среќаваме и кај повозрасните лица, на пример лексемата друг/drugi во македонскиот и во српскиот/хрватскиот се јавува со различно значење: додека во српскохрватскиот означува Ј2 - втор јазик, во македонскиот означува различен јазик, а за Ј2 се користи терминот втор јазик. Во македонскиот пак, друг јазик има значење на различен јазик од првиот, кој може да биде и трет или пак. Наставниот кадар, а

со тоа и ученичкиот (секако под вчлијание на првиот) сe уште употребува низа југословенски заемки (запосли наместо вработи, утакмица => натпревар, новчаник => паричник, посматра => набљудува, изволте => повелете, сврзниците: али наместо но, ама итн. Вклучувајќи ги овде и бугаризмите би ги изделиле и оние што се инфилтрилале за време на бугарската окупација (1941-1944), на пример: тревога, аптека, официр (француска лексема, преземена од бугарскиот). Присуството на некои бугаризми во македонската

лексика било од изразито ефемерен карактер, со ослободувањето и измените во политичкиот и економско-општествениот живот, тие отпаднале од активната употреба. За одбележување е

и фактот дека меѓу овие бугаризми се наоѓа приличен број на зборови преземени од рускиот јазик. Но, не смее да се отфрли и фактот дека современата македонска студентска младина што студира/-ла во Бугарија, секако дека бележи влијанија, во однос на лексиката. Несловенска лексика Населувањето на најјужните словенски племиња (VI-VII) на територија на која пред нивното доаѓање во тек на неколку века се крстосувале влијанијата на латинскиот и грчкиот јазик (демаркационата линија на Јиричек, Скок, Филипде), носители на две познати

Page 135: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

135

медитерански и европски цивилизации, било од пресудна улога за создавањето не само на словенската писменост, туку и за оформување на нивните јазици. а) Грцизми Врз основа на доста ограничени податоци, главно ономастичен материјал, забелешки со грчко и латинско писмо, постои, како што е познато, мислење дека Јужните Словени

имале можност да дојдат во контакт и со староседелското балканско население (венетско, илирско

и трачко) кое ја избегнало романизацијата и еленизацијата. Заемките од грчкиот јазик што преминувале преку народните говори и преку писмениот јазик претставуваат значаен слој од македонската лексика. Влијанието на

грчкиот јазик, кое датира уште од доаѓањето на јужнословенските племиња во овие краеви, скоро со несмален интензитет дејствувало во продолжение на илјада години. Се претполага дека во македонскиот се наоѓаат околу илјада збора (грцизмите се карактеристични за јужните македонски градови, особено за Битола, а албанизмите за говорите од западна Македонија)

од кои најголемиот дел влегуваат во рамките на религиозната терминологија. На пример,

ангел, апостол, игумен, икона, калуѓер, натема, нафора, патријарх, темјан. Но, има и цела редица зборови што им припаѓаат на различни сфери од материјалната и духовната култура. Такви се: даскал, деспот, динел, друм, згораф, илјада, кокал, комат, кромид, ластар, мистрија, ортома, офтика, панаѓур, пизма, паза, скара, трендафил, нунко, пацета и други. Ексцерпираниот материјал од македонските црковнословенски текстови покажа дека во категоријата на сложенките, именките и придавките се најзастапени. Но сепак, поголема бројност покажуваат придавките. Поголемиот број сложени именки претставуваат калки од грчкиот јазик. Со оглед на тоа дека калкирањето е еден вид позајмување од туѓ јазик, а позајмувањето пред сe подразбира преземање предмети и поими што се именуваат најчесто со именки, оттука произлегува и нивната поголемата застапеност во црковнословенските текстови. Исто така, во зависност од жанровската припадност на текстот, заради стилски потреби, се создаваат синонимни двокомпонентни лексеми на веќе постоечките поими именувани со сложенки (ангел, грехопадение, упокојување итн.), кои веќе споменавме дека

ги среќаваме во образованието како дел од изборен предмет. Меѓу елементите што се инфилтрирале преку народните говори, покрај низа именки, се изделуваат бројни глаголи (бендиса, вјаса, втаса, зографиса, курдиса, мириса, папса, прокопса, ќердоса), придавки (арен, ефтин, лефтерен), прилози, извици, партикули и други (апла, бре, ела, ката, море, оти). Кон крајот на 18. век, постоело постепено погрчување на македонското население благодарение на грчката трговија, литература и пропаганда (а од 1826 година,

погрчувањето се вршело по пат на терор). Битолската митролополија (со која раководела Патријаршијата), вршела шпионирање на македонското население пред турската власт, отворање на

образовни

Page 136: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

136

институции и организации во кои се форсира грчкиот јазик и писменост и осознавање на населението дека е грчко. Грчката црква ја спроведувала директивата на патријархот

Григориј V преку училиштата и црквата да се шири грчкиот јазик и култура, поточно да се еленизира негрчкото христијанско население. Во почетокот еленизацијата не наоѓала отпор кај негрчкото население зашто свеста за посебна националност кај Македонците не била на високо ниво, а некои граѓански слоеви, како што забележал и рускиот конзул во Битола (Хитрово), се срамеле од својата национална припадност, за разлика од селските средини каде ,,ги сочувале словенската традиција, јазик, обичаи6. Па, од ваквите елементи на

грчката пропаганда се наметнал и терминот голтари, за луѓето кои го користеле народниот јазик дома, на пазар и воопшто во општествениот свет. Но, и покрај присилното погрчување, словенската (писмена) традиција, не се изгубила. По укинувањето на Охридската архиепископија (1767) и потпаѓањето под грчка јурисдикција, се препишувале разни верски книги по црквите и манастирите. Денешниот аспект на разгледување на присутноста на грцизмите, па и латинизмите, во образовниот јазичен систем, учениците, пред сe, го запознаваат преку предметите

(биологија, физика, природни науки итн), но и преку мас-медиумите, а подробно се запознаваат со античката лексика, преку изборниот предмет Класична култура во европската

цивиллизација. На тој начин го осознаваат заедничкото потекло и сродност на повеќето современи европски јазици (вклучително и македонскиот) и графичките знаци односно видови писма, како и нивните основни развојни фази. Во таа насока им се посочени и лексичките

елементи (зборови) од заедничко потекло, како и туѓите зборови од грчко или латинско потекло кои

се одомаќиниле во македонскиот (албанскиот, српскиот) јазик. Во овој дел ќе ги спомнеме основната образовна лексика: школо, даскал, темел, гимназија, магистер, академија, кои имаат антички предок7, а во честа употреба се среќават грцизмите, типични за битолскиот говор како што се: соба (грејно тело), ела итн. б) Латинизми Бројните заемки што се наоѓале во лексиката на македонскиот јазик се инфилтрирале во различни времиња и преку различни начини и патишта. Така на пример, зборовите: цар, вино, оцет се од латинско потекло. Латинскиот поим familia, не соодветствува во потполност со нашиот поим семејство, 6 Гагачев, Ѓ., Странските училишта во Битола, составен дел на туѓите пропаганди во

Македонија“, Воспитанието и образованието во Битола“, ДНУ, Научна Мисла, XXX, Битола, 47-66. 7 'гимназија' – гимназиум е отворен рамен простор, наменет за гиманстички вежби кој бил

архитектурно обликуван со бањи и слични содржини за одмор и духовно општење, а го посетувале

момчиња над 18

Page 137: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

137

години. По Пелопонеските војни, кога физичката состојба на малдината не била веќе главна цел, гимназиите

станале место за воспитување и образование во кое најчесто, се држеле философски предавања. Подоцна и

Римјаните го презеле овој поим со кој го означувале општото образование и со него го замениле својот збор

schola. Па во средниот век, основното, општо образование се нарекувало гимназија; 'академија'- градина,

(света шума), која се наоѓала во близина на населбата Колон, наречена така според името на наејзиниот

некогашен сопственик, атинскиот херој Академ, а посветена на божицата Атена. Кимон ја уредил со

тркалишта и шеталишта, па таму отворил и гимназија. Академија (според местото на кое се нaоѓала) се

нарекувала и првата организирана философска школа основана од Платон (388-387 пред Хр.) по углед на

питагорејското братство. Така, вежбалиштата станале собиралишта на интелектуалните кругови и расадник

на врвни философи и научници. бидејќи, под овој термин се подразбирала економска, верска и општествена институција

која ги обединувала не само мајката, таткото и децата, туку сите оние кои живееле под ист покрив: робовите, штитениците, осободениците, па дури и семејните божества (Лари и Пенати). Во еден дел од латинизмите наоѓаме и соодветни словенски зборови како: манускрипт (лат. manuscriptum), кој соодветствува на нашиот збор ракопис, потоа имаме версус (versus)

= против, наспроти; постскриптум = заборавеното е подоцна допишано на крајот, абортус (abortus) = пометнување. Вакви случаи среќаваме и во латински поговорки кои имаат сопствен соодветник во македонскиот јазик (на пример, Tempus vulnera sanat. = Времето ги лечи раните или на македонски Времето лечи сe). в) Турцизми Од средината на 15. век, па сe до балканските војни, во Битола биле отворани повеќе медреси (религиозни муслимански училишта) кои требало да го дадат културно- административното, верското и воено-стратешкото јадро на Отоманската Империја во овој дел на Балканот, па и пошироко. Иако во нив исклучиво се школувале муслимани подложени на строги верски догми со потврден единствен школски план и програма кои важеле за целата Империја, медресите ќе придонесат за ширење на турскиот јазик и меѓу христијаните во Битола. Учениците на медресите (софта) преку секојдневната нивна комуникација со христијаните со кои се сретнувале во чаршијата, кафеаните, јавните куќи и сл. Како административен јазик, јазик

на чаршијата и воената владеачка институција, турскиот јазик ќе изврши силно влијание врз сите елементи на македонскиот јазичен систем оставајќи последици и до ден-денес8.

Page 138: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

138

Турскиот и српскиот, покрај македонскиот и албанскиот, се јазици на образованието9. Турцизмите и грцизмите, се значајни и за создавањето и зголемувањето на апстрактната лексика, а исто така и за наголемувањето на можностите за семантичкото и стилското диференцирање. Така, големиот број на дублети од различно етимолошко потекло создавал

и ги обогатувал и синонимните низи (сп.: рало-чифт-пар, ружа-трендафил-ѓул, прчија-мираз- чеиз, кораб-гемија-лаѓа-брод, ареса-бендиса-допадне, шивач-терзија-шнајдер). Сето ова придонесувало за поконкретно и попрецизно изразување и воопшто, за збогатувањето на изразните средства и можности. За разлика од минатите години, улогата на турскиот јазик

во општествениот живот се намалува, но сe уште останува употребата на одредена лексика,

која делумно се заменува или се употребува во синонимна форма (прозорец-џам-пенџере, непријател-душман (dušman sb. m. pl. Dušmań, Basme, Antologie, Miha, Pascu, од тур. (перс..) dušman; ром. duşman (Romania, XXXI 564, XVII st.); нгр. dusmanis (cf. познато грчко

презиме Dusmanis); алб. dushman; срхр. dušman; буг. dušman, -in. Додаток. dušmăniľe (Basme, Miha, Pascu) непријателство; dušmană, f. 'душманка, непријателка'10, некои глаголски турски лексекми со грчки суфикс исчезнале (курдиса, аздиса, раетиса), лексемите абер 'вест, исвестување, порака', адет 'обичај', акал 'ум, разум, памет', ареса 'допадне', еким 'лекар', не

се во употреба, но затоа пак сe уште се употребува лексемата бендиса, како и кркми,

(наспроти српскиот термин, шишки, кој се употребува дијалектно и на север), а овој збор е изведен од поимот крклици (ножици за стрижење овци), оттаму и топонимот Кркардаш, 40-те

маченици потоа, иако сe поретко ја среќаваме и лексемата кабадаја (карактеристична за овој регион), белегзија, чорба, ќебап, јогурт, шеќер, ѓеврек итн. г) Албанизми, романизми, ароманизми Улогата на албанскиот и романскиот, како и ароманскиот, во конверзирањето на 8 Стерјовски, А., „Медресите и медреското образование и воспитување во Битола“,

Воспитанието и образованието во Битола, Научна мисла XXX, Битола, 1990, 83-93. 9 Амандманот во Уставот е резултат на потпишувањето на Охридскиот договор на

(13.8.2001): Во единиците на локалната самоуправа каде најмалку 20% од населението зборува определен јазик, тој

јазик и неговата азбука ќе се употребуваат како официјални јазици, покрај македонскиот јазик и неговото

кирилично писмо. 10 Поленаковиќ, Х., „Турските елементи во ароманскиот“, МАНУ Скопје, 2007, 119. елементите од балканскиот супстрат и нивното понатамошно пренесување во другите

јазици, меѓу кои, и во македонскиот, е несомнено голема. Токму поради ова овде ќе се задржиме на оние лексички елементи што се заеднички за

Page 139: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

139

албанскиот, романскиот и ароманскиот, а кои во науката се третираат како елементи што им

припаѓале на палеобалканските јазици врз кои тие се изградувале. Од овие неколку десетици

збора од старата балканска цивилизација се среќаваат со поширока употреба следните неколку: бања, бач, бивол, вино, гуша, гуња, карпа, качул, коледе, комка, копиле, кошула, крачун, кум, матор, рофја, олтар, оцет, пати, поган, русалија, ружа, спастри, тел, урда, цар, чука, шут. Иако, мора да забележиме дека според М. А. Чкатроска11, македонскиот јазик, поради географскиот фактор, многу ретко остварувал директни контакти со романските јазици. Макар што може да се претположи дека контактот меѓу македонското и албанското население датира уште од најстарите времиња, пластот на лексички елементи од албанско етимолошко потекло е засега незначителен. Албанизмите во македонскиот имаат

регионален карактер, тие се ограничени на Западна и Југозападна Македонија каде што македонското и албанското население живее со векови, а последователно на тоа настанало меѓулексичкото вкрстување и мешањето на македонскиот и албанскиот јазик. Со поголема географска распостранетост се изделуваат: цуца, чупе, шутрак и во поново време шок. Од постарите заемки се: шотка, кофтор, фис, а веројатно и фара, рофја, кои се наоѓаат и во грчкиот јазик. По уништувањето на Москополе (Албанија, 1788 година), на територијата на Битола и Битолско се населува нова компактна етничка група- Власи. Тие ги населиле селата Гопеш, Маловиште, Трново, Магарево, Нижеполе, а еден дел се населил и во самиот град. Со нивното доаѓање уште повеќе се развива занаетчиството и трговијата, а граѓаните, посебно еснафите, во меѓусебната комуникација вклучуваат уште еден јазик претворајќи се во полиглоти во мало. Но, во турско време постепено и битолските Власи (кои започнале да се одродуваат, погрчуваат), се приклониле кон Романија. Романските претставници, ги убедувале Власите дека тие се Романци, па така се отвориле и романски основни и средни училишта, како и конзулат во Битола. Во Македонија, не се описменети на својот мајчин јазик Ромите и Власите, а ромскиот и влашкиот јазик се вклучени во образованието само како изборни предмети. Тоа значи

дека степенот на двописменост, како и степенот на билингвалност на определени јазици може да варира. Влијанието на ароманизмите се гледа во и топонимијата, на пример, топонимите Острово, Кажани, Флорина имаат романско потекло. Според патописецот (францускиот дипломат и писател) Еспри Мари Кузинери12 (Esprit Marie Cousiners Marsej 1747- Pariz

1833) во својот патопис „Патувањето во Македонија I” (Voyage dans Macedoine), ,,Власите отаде Дунав се разликуваат од оние во Македонија иако и двата народа зборуваат на лош

латински јазик13“.Иако резултатите од продолжителниот директен контакт меѓу македонскиот и ароманскиот не се доволно проучени досега собраниот материјал од македонската

дијалектна лексика е доста индикативен. Во македонската лексика се наоѓаат, (според Б. Настев),

Page 140: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

140

неколку десетици збора што биле преземени од ароманскиот. Тоа се зборови што припаѓаат на различни семантички сфери, меѓу кои со поголема распостранетост и фреквенција се употребуваат некои зборови што ѝ припаѓаат на пастирската терминологија (корда, крлик, коластра, сугаре, фчор), зборови што означуваат некои јадења (брнза, лангида, мамалига, лапта (во тајните јазици), потоа зборови што означуваат разни садови (букла, бунела, чотра, костура, мисур), делови на облеката (кептар, шкуртејка (сп. и во алб.) и други (лимба, 11 Чкатроска-Алексоска, М., ,,Романизмите во македонскиот јазик. Прилог кон етимоло-

шките истражувања за македонскиот јазик“, Скопје, 2010, предговор III. 12 Матковски, A. „Македонија во делата на странските патописци“, 1778-1826, 599-643. 13 Пешевска, М., „Некои патописци за власите во Македонија“, Годишен зборник,

Филозофски факултет, УДК: 910.4 (497.7:=135.1) (091), Скопје, 312. цибрина). Во овој прилог треба да се забележи влашкото влијание во битолската образовна средина, во поглед на употребата на долгите и кратките заменски форми за директен и индиректен предмет, во поглед на родот. Со цел подобра прегледност укажуваме на

табелата. Во битолската средина, иако наставниот кадар, прави силни напори, да се отфрли влашкото влијание во овој поглед, тоа сe уште оди многу бавно. На пример, ја среќаваме следнава ситуација, му го дадов клучот на мајка ти наместо ѝ го дадов клучот на мајка ти. Обично, се употребува кратката заменска форма за машки род, иако станува збор за женски род. Долги и кратки заменски форми за директен (акузативен) предмет Македонски јазик заменка долга заменска форма за директен предмет кратка заменска форма за директен предмет реченица со долга и кратка заменска форма за директен предмет јас ти тој таа тоа ние вие тие мене ме

Page 141: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

141

тебе те него го неа ја него го нас нe вас ве нив ги ме те го ја го нe ве ги Мене ме виде. / Ме виде. Тебе те виде. / Те виде. Него го виде. / Го виде. Неа ја виде. / Ја виде. Него го виде. / Го виде. Долги и кратки заменски форми за индиректен (дативен) предмет Македонски јазик јас ти тој таа тоа ние вие тие мене ми тебе ти нему му нејзе ѝ нему му нам ни вам ви ним им ми ти му ѝ

Page 142: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

142

му ни ви им Мене ми рече. / Ми рече. Тебе ти рече. / Ти рече. Нему му рече. / Му рече. Нејзе ѝ рече. / Ѝ рече. Нему му рече. / Му рече. Нам ни рече. / Ни рече. Вам ви рече. / Ви рече. Ним им рече. / Им рече. Во македонската лексика се изделува и еден слој на заемки од италијанско потекло што се инфилтрирале во најголем број случаи преку турскиот јазик. Меѓу нив се изделуваат термини од областа на трговијата и банкарството (локанта, лонџа, капара, трампа,

фаменто), поморската терминологија (аларга, бандера, вапор, левент, тимон), а и од други сфери на секојдневниот живот (алафранга, банда, газета, кофети, лимонада, марангос, макина, пелерина, паљачо, тамиџана, театро, фанела, франџола, чоколато. А во архаизми веќе влегуваат и поимите: алабрацета 'држење под рака меѓу маж и жена', колосува 'штирка', ливанто 'мирис, парфем' итн. Турскиот јазик се јавува како посредник на неколку десетици збора од француско потекло што во него почнале да навлегуваат веќе од крајот на XVIII век. Меѓу овие заемки се изделуваат оние што означуваат разни делови на облеката и на некои модни украси и детали (дантела, мода, коље, палто, пантофли, потини, пудра,

фистони, џакет). Меѓу другите романизми што по разни патишта навлегле во македонската лексика спаѓаат уште и: бисаги, бута, касела, маса, манџа, палата, порта, погача, турма, фаша,

фурка, фурна. Меѓу поновите заемки ја среќаваме лексемата досие, кое може да се замени со

поимот папка. Регионален изговор имаме на предметот за пишување, стило, кој има латинско потекло (stilus14), а преземен под конзулско влијание. Во Прилеп среќаваме наша варијанта

на 14 Антички предмет, кој е користен од страна на Латините за пишување, со кој се гребело

за да се остави трага. Тоа било дрвено стапче, кое кон врвот завршувало шилесто. овој предмет, налив, затоа што порано во него се наливало мастило, но во најголемиот дел

од

Page 143: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

143

Р. Македонија, се среќава поимот пенкало, кој е добиен по презимето на пронаоѓачот на овој

предмет, се мисли на совремниот изглед на овој поим. д) Други -изми Покрај голата сиромаштија, во Солун се доселуваат голем број образовани Евреи како: лекари, аптекари, банкари, хемичари, трговци на големо итн. Но, не останале само во

Солун, туку почнале да се населуваат и во Битола. П. Иванов во делото „Јевреји Косова и

Метохије“, пишува Сефардите (една од двете етнички еврејски групи) најнапред основаа свои

заедници во поголемите урбани трговски центри на тоа време. Една од првите серфадиски

заедници, формирана на Балканскиот полуостров беше таа во Битола, која долго време остана најзначаен серфадински центар во Македонија15. Во Битола, Евреите се јавуваат во

пописот од 1528 година, кога биле регистрирани двесте домаќинства. Во средината на XVI век, Битола е град со изразито муслиманско-еврејски белег16. Битолските Евреи зборуваа на шпански јазик со големи примеси на португалскиот, а одраз на говорот на оваа јазична заедница треба да се бара и во лексемите од шпанскиот јазик, кои се честа употреба на месното население: камара, камар'ад, л'око, шеш-беш, пандисп'ања и др. Припадниците на верските заедници во Битола биле принудени уште од рано детство да го учат јазикот на другата народност за да можат да прават купопродажба

во сите форми и содржини. ѓ) Англицизми/германизми Критериумите за изградување, кои ги наведовме уште на почетокот, секако дека се од суштинско значење за лингвистичката терминологија. При изборот на називи (термини) треба да се земат предвид повеќе терминолошки начела (Mihaljević 2009), меѓу кои и тоа

дека домашниот назив има предност пред странскиот (на пример, во македонскиот јазик имаме говорител / зборувач, а не спикер; роден говорител, а не нативен говорител; иселенички јазик/јазик на иселениците, а не јазик на мигрантите), видео запис, а не спот. Во македонскиот јазик доста термини од англискиот, се или директно преземени (компјутер), не се соодветно преведени (лајкува) или се преведени во неколку варијанти CV /биографија и двата се туѓи. Свеста за задржување и подновување на македонската лексика со наш корен треба да биде повеќе од вообичаена рутинска работа која ќе се однесува на сите заемки (латински, грчки, интернационални зборови, грчки, англиски итн.), а секако дека ова не значи чистота (пуризам) во јазикот. Но, на оние места каде тоа е возможно, би требало да се заменат со македонски: аплицира (application) = барање, венерично (venereal) = полово заболовување; дискретно (discreetly) = тајно, скришно евалуација, евалвација (evaluation) = оценување, стручна проценка, проверка, испитување,едуцира = учи, поучува, образува; инволвира= вовлекува, навлегува; конзумира = употребува; латерална (lateral) коска = странична, бочна

Page 144: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

144

коска; менаџер = 'претприемач, управувач, раководител; опција = избор; поени (point) = бод;

приоритет (рriority) = предност, првенствено, право; принтер (printer) = печатач, традиција =

предание; потенцијален = можен; трансформира = преобразува; тендер = објава, конкурс, но

некои зборови сe уште немаат соодветен превод, на пример, CV (curiculum vitae) = биографија. Најголемиот проблем од оваа проблематика лежи пред сe во родителите, наставниот кадар, општествената политика кои користат т.н. висока (елитна)

терминологија, со цел да се издвојат од останатата детска инфантилна лексика, во воспитно-образовниот едукативен процес во Р. Македонија. Но, одредена лексика, сe уште не пронашла соодветна замена на поимите: акт, документ, електронски, просперитет, а од сленгот на младите сe уште слушаме: абдејтира, лајкува, селфи, сенс, фенси, филинг, фотка, флерт, фрик. Од германската терминологија, ги 15 Ivanov, P., „Jevreji Kosova i Metohije“, Beograd, 1988, 22. 16 Димитров, Н., „Битола-урбано-географски развој“, Битола, 1998, 49. употребуваме поимите: бира 'пиво', велосипед (диј. velo), виц 'шега', ганц 'сосема, начисто', луфтира 'проветрува', кригла 'пивска чаша', мутер 'навртка', факман 'итар, снаодлив', шмек 'вкус, арома', шпринки 'прерамки, држачи за панталони', шпара 'штеди', а во архаизам ќе премине рејз(о) 'автобус' од германскиот глагол reissen (reisen) 'патува', коклица 'столче без потпирач' итн. е) Интернационализми За најновиот период од развојот на македонската лексика е карактеристично обогатувањето со домашни средства, но и проширувањето на лексичкото богатство со

заемки од другите современи јазици. Ова заемање е резултат, за разлика од претходните, на контактот на ниво на книжевните јазици. Многу од интернационалните зборови не се предмет на истражувањата во етимолошкитеречници, туку ги среќаваме само во речникот на туѓите зборови. За нас, најважно е како дошле во македонскиот јазик, поточно во битолскиот дијалект. По своето значење се изделуваат на елементи што се интегрираат во лексиката (често со посредство на српскиот и хрватскиот јазик) од западноевропските јазици: англискиот (особено во областа на спортот), германскиот (првенствено технички елементи), итали- јанскиот (во областа на уметноста, телевизијата) и францускиот (администрацијата, теата- рот). Покрај заемките од овие јазици, за лексиката на македонскиот, како впрочем и за лексиката на другите современи јазици голема улога имаат иновациите што доаѓаат од фондот на интернационалната лексика. Интернационализмите кои се синхрониска

категорија придонесуваат многу за вклучувањето на македонската лексика односно на македонскиот јазик, во меѓујазичната комуникација. Како што е познато, тоа се главно неологизми,

образу- вани од елементите на латинскиот и грчкиот јазик (пример, аеродром, космонаут,

телевизија).

Page 145: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

145

Меѓу одделните национални лексички елементи што влегле во интернационална употреба се

изделуваат и неколку елементи од руската лексика (бољшевик, колхоз, комсомол, мењшавик,

совјет, совхоз, спутник и бригада, бригадир, кооператива, пионир (последниве со нова содржина, но сега веќе класифицирани во историзми). Но, во случаи кога интернационалниот термин е заживеан во домашната традиција тој се користи паралелно со домашниот. Така, терминот билингвизам веќе е нашироко

заживеан во македонскиот јазик и во општолингвистичката литература на македонскиот јазик, како и термините билингвалност, билингвален, покрај синонимните двојазичност, двојазичен. Од истата основа е направен и терминот билингв кој не е прифатлива за нормите на македонскиот јазик, односно не е прилагоден ни фонолошки ни морфолошки на

структурата на македонскиот јазик, па затоа се прифаќа двокомпонентниот термин билингвален/ двојазичен, монолингвален или полилингвален (мулти). Европеизацијата и интернационализацијата на лексиката на македонскиот книжевен јазик е секогаш дел од процесот на тенденциите што се забележуваат и во другите јазични средини во светот. Тука влегува се почесто и т.н. егзотична терминологија (која преку шпанскиот или португалскиот јазик денес се интернационално застапени, на пример,

кондор, од јазикот кечуа од Перу; банана < порт. banana, од aстетскиот cacahuatl итн. Исто така, покрај веќе преземената туѓа лексика, може да зборуваме и за одреден број зборови, кои дошле од јазици, кои не биле во директен контакт со битолскиот дијалект и се hapax legomenon (со ретка употреба), како на пример, од јапонскиот гети итн. Заемањето на терминолошката лексика од други јазици во Битола и Битолско беше поврзано меѓу другото од културните и политички контакти. Секако дека не може да го изземеме факторот време, но затоа пак, треба да биде јасно дека заемањето туѓи зборови во мајчиниот јазик не претставува опасност за денешницата, опасност постои само во момент, кога ќе постои внатрешна негрижа, неусогласеност,

немање заеднички став по многу јазични прашања, а со тоа и преземање на одредени мерки по одредени национални лингвистички прашања. Битолските говорители, не се стремат/-ле

кон чистота (пуризам), но затоа пак, задолжително треба да водат грижа за соодносот на словенската наспроти несловенската лексика, како и за изворот на новите зборови (кои доаѓаат по пат на технологијата, економијата итн.) кои треба да бидат внимателно и навремено разгледани, соодветно преведени или адаптирани, и секако на крајот пуштени во употреба. Заклучок Она што е посебно карактеристично, а истовремено и заедничко за најголемиот број зборови примени од јазиците со кои македонскиот (а посебно битолскиот) доаѓал во

контакт и што се инфилтрирале по устен или книжевен пат, тоа е и што се одликуваат со широка

Page 146: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

146

распостранетост и голема фреквенција во народните говори, од каде добар дел се внесил и во

лексиката на современиот македонски јазик. За нив е карактеристично и тоа што во текот на долгата употреба успеале да се приспособат според фонетските и морфолошките закони на македонскиот јазичен систем. Благодарение на ваквата нивна асимилација тие сосема се вклопиле во јазичниот систем и

во најголем број случаи одамна не се чувствувале како туѓи. Со оглед на тоа дека добар дел од нив претставувале елементи со кои се пополнувале бројните лексички празнини во

системот, а другите претставувале таканаречени ,,културни заемки“, што означувале нови поими и објекти, тие станале и составен дел од основниот зборовен фонд. Истовремено, заедно со словенските основи, тие служеле и за образување на нови зборови што несомнено зборува

за нивната комплетна приспособливост и вклученост во лексичкиот систем. Се забележува

исто така дека нивното присуство придонесло за создавање на хетерогениот карактер на лексиката. Библиографија 1. Bugarski, R., „Lingvistika u primeni“, Beograd: Zavod za udţbenike i nastavna sredstva, 1986. Mihaljević, M., „Vrjednovanje terminoloških radova“. Lahor, 5, 2009, 110-119. Ivanov, P., „Jevreji Kosova i Metohije“, Beograd, 1988, 22. Аргировски, Мито ,,Грцизмите во македонскиот јазик“, Институт за македонски јазик

,,Крсте Мисирков“, кн. 29, Скопје, 1998. Гагачев, Ѓ., Странските училишта во Битола, составен дел на туѓите пропаганди во Македонија“, Воспитанието и образованието во Битола“, ДНУ, Научна Мисла, XXX, Битола, 47-66. Димитров, Н., „Битола-урбано-географски развој“, Битола, 1998. Јолевски, И., Српската просветна пропаганда од крајот на 19 и почетокот на 20 век“, Воспитанието и образованието во Битола, ДНУ, Научна мисла, Битола, 1990, 70-71. Матковски, A. „Македонија во делата на странските патописци“, 1778-1826, 599-643. Настева, Ј. О., ,,Етимолошкиот состав на македонската лексика“, Предавања на VI семинар

за македонскиот јазик, литература и култура, Скопје и Охрид, 16. VII – 31. VII 1973, Универзитет ,,Свети Кирил и Методиј“, Скопје 1978, 51. Пешевска, М., ,,Некои патописци за Власите во Макеоднија“, Годишен зборник,

Филозофски факултет, Скопје, 309-317. Поленаковиќ, Х., „Турските елементи во ароманскиот“, МАНУ Скопје, 2007. Стерјовски, А., „Медресите и медреското образование и воспитување во Битола“, Воспитанието и образованието во Битола, Научна мисла XXX, Битола, 1990, 83-93. Чкатроска-Алексоска, М., ,,Романизмите во македонскиот јазик Прилог кон етимолошките истражувања за македонскиот јазик“, Скопје, 2010.

Page 147: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

147

Цолев-Димовски, Ѓ., ,,Стремежите на битолското граѓанство за еманципација од патријархиската доминација во црковно-училишниот домен“, Школството, просветата и културата во Макеоднија во времето на преродбата, Скопје, 1979, 399-422.__

ЉУПЧО ВАСИЛЕВСКИ

М-р Катерина Василевска

ПРЕДУСЛОВИ И ПОЧЕТОК СО РАБОТА НА УЧИТЕЛСКАТА ШКОЛА

Page 148: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

148

АПСТРАКТ

Предусловите за отварање на Учителската школа се содражи во вековната

традиција на македонскиот народ за писменост, автентичност, образование и

негување на јазикот. Традицијата потекнува од времето на светите Кирил и

Методиј, кои во целост го описменија целокупното славјанско население, а

делуваа на овие наши простори. Учителската школа која започна со работа во

1946 година по прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик и

создавањето на македонската азбука со примена на кирилско писмо и потребата

во ослободената нова држава по речиси еден милениум да се прозбори на

мајчин литературен јазик.

Клучни зборови: Учителска школа, описменување, азбука,македонски

јазик,традиција.

ВОВЕД

Page 149: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

149

За да не остани во заборавот темата која ја разработивам е почетокот со работа

на најсветото нешто, описменувањето и почетокот со работа на учителската

школа Браќа Миладиновци од Битола. Парлелно со создавањето на

македонската држава која беше устроена со првото заседание на АСНОМ на 2

Август 1944 година во Манастирот Прохор Пчински во близината на Врање,

денеша Република Србија и носењето на Решение на антифашиското собрание

на народното олободување на Македонија за заведуене на македонскиот јазик

како службен јазик во македонската држава, а и подоцнежното создавање на

македонската азбука која се состои од 31 буква и примената на кирилското

писмо. Предмет на овај труд е почетокот и со работа на Учителската школа,

првите учители и ученици кои ја завршиле во 1947- 1948 година

ПРЕДУСЛОВИ И ПОЧЕТОК СО РАБОТА НА УЧИТЕЛСКАТА ШКОЛА

Македонија колевката на писменоста и образованието,земја со

традиција во која постоел првиот универзитет во Европа познат под името

Охридски универзитет, во кое е описменето целокупното славјанско население,

земја со кое е зборувано на јазикот на светите Кирил и Методиј и Наум и

Климент. За жал, со распадот на Самоиловото, македонско царство, односно со

падот на Јован Владислав, близу еден милениум, описменувањето на народот

ќе чмае ќе биде згаснато и потиснато. Во владеењето на османлиите и

петвековното ропство, врз народот ќе згаснат и последните никулци на

писменост. Појавата на романтизмот, кај македонсикот народ ќе го опипа

сетилата на храбороста и желбата за писменост, па така ќе се појават црковно-

народните училишта, кои ќе започнат со работа на сенароден македонски

јазик.

Букурешкиот мировен договор од 1913 година наместо, слобода за Македонија

ќе ја распарче на три дела и тоа на грчка бугарска и српска. Во сите нив ќе

Page 150: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

150

биде организирано описменување и образовние на македонците но не на

мајчиониот јазик туку на јазикот кој го говорат поробувачите.

Во втората светска војна македонскиот народ ќе застане рамо до рамо со

антифашистичката коалиција и видно ќе бара пред се национална но и културна

слобода,така што во НОВ борците од 1942 година на средбите својот со народот

ќе дискутираат за блиската историја, претежно за илинденското востание и

нивните водачи од ковот на Гоце Делчев, Даме Груев,Ѓорче Петрв и други. Нивни

први учебници ќе бидат публикаците и натписите од Ангел Динев, публицист и

македонски историчар кој од 1925 год во Софија, ќе ја земе во предвид

историјата како историја на народот , а не на победниците.

Првото партизанско училиште ќе започне со работа на слободна територија во

1943 година, во селото Подвис, кичевско, како резултат на даденото упатство од

политичките комесари да одржуваат предавање пред народот за историски теми

и дел од географијата и јазикот.

На 2 август 1944 година во манастирот Прхор Пчински е одржано Првото

заседени на АСНОМ, на кое е консититуирана Федеративна Република

Македонија, како рамноправна членка во федерацијата на Југославија. Мошне

интерсесно од правен аспект е решението со кое македонскиот јазик се

прогласува за службен јазик во Македонија.

Воведувањето на македонскиот јазик во училиштата била основната цел на

новата македонска држава, но јазик литературен заснован на одрдени правила,

а за таа цел формирани се последователно три комисии една подруга, за да

изработат македноска азбука.Првите зачетоци со работа на комисијата се при

крајот на месец ноември и почетокот на декември 1944 година. За сето тоа да

добие легалитет дел од предлозите за азбуката се чуваат во строга тајност не се

обнародуваат, комисиите работат колктивно.Препорака од Презеденимот на

АСНОМ е за тие предлози да застанат и познати авторитети лигвисти, филозофи

и историчари од типот на Бернштејн и Державин.

Page 151: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

151

Поканата до овие советски академици, филозофи лично ја упатил Густав Влахов.

Державин бил историчар, а Бернштајн славист и свои истражувања кон

народниот јазик на македонците истите пројавувале во уште 1934 година.82

Поаѓајќи по правилата на еволуцијата на јазикот за литературен македонски

јазик, комисијата предлага да се земе централното наречје, народен јазик на кој

се зборува во битолско, охридското и поречјето како и Прилеп, меѓутоа да не се

запостават и дијалектите , од другите подрачја кои не се разликуваат во глобала

туку и нивниот јазик е близок на народниот и прифатливи се сите тогашни

дијалекти. Првиот предлог на Комисијата е дека македонската збука треба да

брои 32 букви. До конечноста на в градување на азбука , повереникот за просвета

на Народна Република Македонија на 30 септември 1944 година воспоставува

привремена азбука која се применувала на територијата на денешна Република

Македонија, во сите училишта и тоа во учебната 1944/45 година. На работата на

Комисијата се спротиставил нејзиниот член вечниот бунтовник, поетот Венко

Марковски, оценувајќи ја Комисијата како партиска а не филолошка, научна,

потсетувајќе ја дека”Треба да си ги отвориме очите, затоа оти Македониа не е

само онова што се навоѓа во Југославија – ами о онова кое се навоѓа под

Булгарија- Пиринска Македонија и под Грција Егејска Македонија ”83

Компромисот бил да се усвои (Вуковата) азбука со 31 буква, да се пишува на

македонски со кирилично писмо иако имало притисоци врз Комисијата , да се

примени латиницата како општојугословенско писмо.

На 3-ти односно 5-ти мај 1945 година третата Комисија ја утврдила македонската

азбука со 31 буква со која се служиме и денес а на 2 јуни 1945 година е усвоен

елаборатот за граматиката на македонскиот јазик.

Битола е ослободена од фашистите и нивните слуги, на 4 –ти ноември 1944

година така што веднаш е наметанто, прашањето за образование и наука,

односно за описменување на народот. Сеуште неослободена новата

82 Др.Стојан Ристевски,Создавање на македноскиот литературен јазик,(НИО студенски збор) 1988 година 83 Др.Стојан Ристевски,Создавање на македноскиот литературен јазик,(НИО студенски збор) 1988 година

Page 152: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

152

македонска држава , Президиумот на АСНОМ на 3 ти ноември донесе решение

за отварање на гимназии во поголемите градови како Скопје, Штип, Куманово,

Прилеп, Струмица, Тетово, Велес, Охрид и Битола.На 5 ти февруари 1945 година

, за првпат на мајчин македонски јазик започна со работа битолската

гимназија(денешната Јосип Броз Тито), која до 1952 год, го носела името на

револуционерот Гоце Делчев. Наставен кадар се немало доволно.Во тој момент

во Македонија се на се ако имало околу 312 учители, со неоформено и оформено

образование и 150 лица со факултет.Првите народни училишта во Битола

започнаа со работа при крајот на есента 1944 година и тоа на македонски јазик,

но имало и училишта во кои наставата се одржувала на турски и албански

наставен јазик. Во учебната 1945- до 1946 година од прво до четврто одделение

работат во Битола 53 училишта со 6295 ученици и 151 учители. Од средните

училишта работат гимназијата, економското и земјоделското училиште.Во

Битола работат 36 народни училишта со 53 учители, а во градот има 7 училишта.

Потребата од наставен кадар, била така голема така што веќе наредната 1946

година месец февруари со почеткот на второто полугодие на учениците со

завршен 5-ти клас, од второто полугодие од втората година гимназија (шести

клас), се префрлени во педагошката паралелка при гимназијата, односно

новотворената учителска школа.

Не случајно ова е направено. Формирањето на учителската шокла била од

витален итерес за тогашното општество. Карактеристично е што голем процент

од народот бил неписмен им требало млад и надежен кадар кој ќе можел да

застане пред учениците и со желба и голем ентузијазам за првпат на разбирлив

јазик на јазикот на своите родители да говорот и зборуваат . Учениците и

учителите биле речиси на иста возраст, ученици имаше од 8 до 42 години.

Битола како древен град,со посебна историја со царски изградени палати,

средиште на важни настани втор административен центар на турската империја

била местото каде требало да се формира учителска школа. Во Битола низ

историјата работеле преродбеникот Димитрија Миладинов, учителствувал

Дамјан Груев, како и Крсте Петков Мисирков, основоположникот на

македонскиот литературен јазик

Page 153: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

153

Малкумина знаат дека Учителската школа својот почеток го има во тогашното

основно учлиште Свети Климент, денешно ОУ Гоце Делчев, со немање на свои

сопствени простории и потребен инвентар. Нешто подоцна се изграденинови

простории за учителскта школа Браќа Миладинови, а ќе остане впечатокот дека

првата генерација на учители, својот почеток со работа го имала во други

простории.

Првата генерација на народни учители своето школување го заврши во учебната

1947/48 год, по редовен пат, во бурно време кога на македонскиот народ

неопходно му беше потребно описменување. Нивно отргнување од вековната

заостанатоста и ново зачекорување во посветла и поубава иднина.

Тогашни професори, се Теофил Караџа, Васка Георгиева, Вељо

Теодосиевски,Рада Митрева, Наталија Синитска, Александар Најдовски, Јонче

Доневски, Петар Мачкиќ, Васил Поп Дучев, Димитар Гогушевски, Трајан Делов,

Таки Христиќ и други. Од почетокот на образованието до крајот следниве лица

ја завршија учителската школа Тодор Бешовски, Љупка Бимбиловска, Марија

Велјановска,Весела Георгиева, Вера Дамевска, Милка Димовска,Богданка

Думовска,Рака Иванова, Љубица Карцова,Вера Китанова, Љупка Казарева,

Ангелина Кузманова,Костадинка Поповска, Благој Поповски, Цветан Ристевски,

Благоронда Спировска, Крсте Топузовски, Андон Матлиевски, Вера Петрова,

Илија Алушевски, Коста Костовски,Љупка Трајковска, Димитар Кадински,Стојан

Талевски, Александар Сиљановски, Бранка Ангелова, Милица Велева, Љупка

Ефтимова,Методија Размовски, Голубинка Љаткова, Благој Марков, Анастасија

Илиева, Симеон Христовски, Павлина Тасевска,Ратка Илиева, Марија Георгиева,

Марија Краева,Цветанка Миленкова, Борис Вељановски,Вера Чипурова, Љубица

Мицевска, Смиле Ѓоршевски, Елка Спировска, Драга Кубровска, Васила

Павлова,Оливера Глигорова, Павле Илчевски, Никола Бошалев, Петар Белев,

Петар Ангелов, Сиљан Груевски, Васко Макриевски, Ангеле Дранговски, Славка

Шамбева,Спасија Астасова, Марија Османлиева,Вера Стојанова,Вера Ангелова,

Даница Божинова, Блага Димитрова, Василија Иванова, Коста Ѓорѓиевски, Живка

Митрева, Ѓорѓи Митревски, Димитар Марковски, Ратка Атанасова,Спасија

Андреева Весела Дузлева,Љупка Иванова, Љупка Чипурова, Јован Богданоски,

Page 154: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

154

Благој Јовановски, Благој Талевски, Душко Ангелковски, Александар Вртановски,

Бранка Петровска, Данчо Секуловски, Петар Стефановски, Милка Андреева,

Петар Марковски, Даница Паспалова, РаткаТасевска, Јонче Митановски, Славка

Пејовска, Драга Глигорова,Стојна Иванова.

Од оваа прва генерација, од овие првенци неколкумина претежно по вонреден

пат го продолжија образованието на вишите и високите школи во поголемите

Југословенските републички центри, некои станаа и магистри и доктори на наука,

но најголемиот дел од нив беа и останаа народни учители. Учителите совесно ја

вршеле својата должност, на работните места, биле видни личности каде и да се

појавеле.

Првата генерација на учители ја завршиле 81 ученик. Да потенцирам дека

веднаш истите биле распоредени со работни обврски, низ цела Македонија, во

најразличити краишта. Од приватната збирка и според кажувањето на професор

Илија Алушевски, произлегува дека работно место добиле по наредба, него го

распределиле во село Старавина. Кажува дека биле премногу почитувани ,

издржувањето било на товар на населението каде што биле учители, без

определена плата. По првата година, од работата на повидните учители и

поуспешните им дале право понатаму да се школуваат на вишите и високите

школи како награда за вложениот труд. Работното време на учителот било од

рано утро до доцна вечер. Во редовна настава учителот работел со редовните

ученици, а во попладневните часови се грижел за најразличите активности

поврзани со местото на живеење како формирање на културни уметнички

друштва драмската секција и зближување на машката и женската популација.

Во текот на работата, учителската школа од Битола имала три секции и тоа

драмската, со која едно време раководел и познатиот битолски комичар и артист

Петар Стојковски Бабец, играорната група со која раководел Илија Алушевски а

имало рецитаторската секција. Во своите белешки за успех посебно треба да се

истакне дека тогашната играорна група од учителската школа Браќа

Миладиновци, во своите успеси, ги в бројува прво место на општинските смотри

во Битола, потврда на тој успех на републичките смотри во Скопје и прво место

Page 155: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

155

на сојузните смотри во Белград. Забележано е дека дел од играорците од

учителската школа се основополжници на првиот национален фолклорен

ансамбал Танец од Скопје,заедно се лазарополската група.

Местото каде била лоцирана учителската школа од авторитетот што го имале

учителите и учениците од населението, по прекинот со работа на учителската

школа во 1964 година која преминува во тогашна Педагошка академија во

Битола, до ден денес од повозрасните се нарекува сеуште учителската улица

или учителската школа.

Page 156: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

156

ЗАКЛУЧОК

Учителската школа Браќа Миладиновци е расадникот на поголем број на

народни учители, кои го описменија македонскиот народ и се основен темел на

продуцирање на високо образовани кадри. Покрај образовно вопспитната

дејност тие беа носители на културниот аматеризам со формирање на секции ,

драмски, хорски рецитаторки играорни и други. На еден начин тие беа и

поттикнувачите на воншколските активности во образованието во Македонија.

Нивниот самопрегор и пред се големиот ентузијазам в родија со плод да Битола

стане културен, образовен и град за пример на Македонија. За тогашните

потребите, Учителската школа во 1964 година прекинува со работа и а започнува

педагошката акдемија,која подоцна станува педагошки факултет.Почетокот на

учителската школа а подоцна и на другите отворени високообразовни

институции беа повод за отварање и на вториот државен универзитет во

Македонија Св. Климент Охридски во Битола.

Page 157: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

157

БИБЛИОГРАФИЈА

1.Др.Ристески Стојан; Создавањето на современито маледонски литературен

јазик; НИО туденски збор; 1988 година;

2. Павловски Јован; Време минато Време сегашно; Вечер 8 и 9 ти декември 2000

година;

3.Историски Архив Битола 001 -1946-63 Учителска школа 001-1946-63,

02.03.92.0010001/001-007

4.Алушевски Илија; Необјавена автобиографија кажувања и приватна архива;

5.Сојуз на Педагошките друштва на Македонија;Четириесет години слободен

развој на воспитанието и образованието во Македонија 1943-1983; Просветно

дело; Скопје 1985 година;

6.Македонско научно друштво Битола; Општински одбор на сојузот на брците-

Битола; Илинденски факел; Битола ; јули 2003 година;

7.Гимназија Јосип Броз Тито Битола; Педесет години настава на македонски

јазик; Февруари 1995 година;

Page 158: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

158

8.Никола В. Димитров; Ѓорѓи Димитровски; Педесет години наставана

македонски јазик во Цапари и цапарско; ЦОУ Трајан Белев ; Битола; 1995 година;

9.Монографија Битола;Битола 1985 година;

10.Јакчулев.Т.Гоне; ДСУ таки Даскало Битола; 20 години јубилеј; мај 2005 година;

11.Лазаревски.Ѓ; Педесет години ОУ Гоце Делчев Битола;1994 Битола;

12.Друштво за наука и уметност Битола; Образованието и вопспитанието на

македнското иселеништво; Битола 1995 година;

До Македонско Научно Друштво-Битола

НАСЛОВ НА ТРУДОТ:

„ ПРВИТЕ УЧИЛИШТА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО„

Трудот го изработил: Весна Јовковска, Советник за професионална дејност, Биро за развој на образование [email protected] Бр.тел. 075 33 16 16

АПСТРАКТ Одбележувањето на 70 години од настава на македонски јазик во нашите училишта е од

многу голема важност за нашата држава. 70 години свое сопствено слободно небо на создавање изразување, творење на својот мајчин јазик во својата земја. Сопствениот јазик е едно од

Page 159: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

159

најголемите културни добра кај секој народ. Но патот до ова богатство беше тежок, земајќи жртви и време низ историјата.

Со појавата на првите обиди за употреба на македонскиот јазик како службен, кај македонското граѓанство се појавила идеата дека со формирањата на македонското народно училиште и преку наставата на македонски јазик ќе се создаде најефикасно средство за културен живот и напредок и во борбата против духовната и просветната доминација на сите надворешни влијанија против Македонија и македонскиот јазик.

Така започнува периодот на ренесансата на образованието во Македонија после ослободувањето од фашистичкиот окупатор, период на реадаптација на училишните институции се со цел да се врати воспитно-образовниот процес во Македонија на својот македонски литературен јазик.

Зо оваа тема, за македонските средни и основни училишта има многу литература и многу

записи, библиографии кои ја опишале состојбаа за нивниот развој и создавање. Но поради краткиот простор и ограничен број страници, се обидов да дадам кратка историја за периодот на образовните институции после ослободувањето на нашата татковина па до денес.

Клучни зборови: македонски литературен јазик, азбука, историја, основни училишта,

средни училишта, Битола „ ПРВИТЕ УЧИЛИШТА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО„

Дали може да се опише чувството на нескриена радост, на задовлство, на копнежот и

желбите во срцата на еден народ, желен за слободно небо на зборување на својот мајчин јазик? Дали историскиот миг на донесување важни одлуки за македонскиот народ во тие зимски

ладни денови, ги стопли срцата нивни? Во црни моменти на борба и ослободување од окупаторот, ја имавме историската шанса за

издвојување на национална слобода и социјална правда преку првото заседание на АСНОМ, каде е донесено историско решение, македонскиот народ да има своја држава а македонсиот јазик да биде службен јазик во неа, во училиштата да се изучува македонскиот јазик.

Веднаш по ослободувањето на македонската држава се редеа низа активности кои се однесуваа на обновата, изградбата и образованието на македонскиот народ.

Најпрво беше донесен првиот македонски Устав на народна Република Македонија во 1946 год. потоа се озакони македонскиот јазик за службен јазик на НРМ, па се донесоа најважните и најзначајни закони, се одобри македонската азбука , македонскиот правопис, македонската граматика и беше отпечатен првиот македонски буквар, се вршеше печатење речници со објаснувања на одредени македонски зборови од македонските преродбеници, собирање македонски народни песни пишувани творби на македонски народен јазик, започнаа да се појавуваат и првите романи, раскази, песни, поеми и др. на македонски јазик итн.

Пред да посветам внимание на првите училишта во Битола и битолско, би сакала кратко да посветам внимание на историскиот развој и корените за развојот на нашиот убав македонски јазик, тоа се однесува на краток осврт на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, македонската азбука, правописот, граматиката, букварот, речникот и сл.

Page 160: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

160

КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК Официјалната Кодификацијата (средување,озаконување и сл) кај македонскиот современ

јазик се изврши многу подоцна од другите народи на балканот, поради тешките историски околности во кои се најде: ропство, тортури, борби за слобода, асимилации и најважната причина , поделбата на Македонија од страна на трите соседи држави по Првата светска војна.

Но и покрај наведените причини за доцнењето на кодификацијата, македонскиот народ си го задржува својот јазик, својата култура, своите традиции, христијанска вероисповест, обреди и обичаи и ск кои се значајни карактеристики за постоењето на една нација имањето територија, јазик, културно-просветна политика и др обележја.

За кодификацијата која претставува стандардизација и законски официјална употреба на

современиот македонски литературен јазик особено се важни следните датуми: 2 август 1944 г. кога на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното

ослободување на Македонија (АСНОМ) одржано во манастирот Св. Прохор Пчински, се донесе решение со кое „ во македонската држава како службен јазик се запишува народниот македонски јазик“

3 мај 1945 год, кога народната влада на Федерална Македонија донесе решение за употреба на македонската азбука

2 јуни 1945 г. Се озакони и официјализира македонскиот правопис Од 2 август 1944 година започнаа темелните промени на јазичната состојба во Македонија: а) македонскиот јазик станува официјален јазик во Републиката и се здобива со статус на

официјална комуникација б) тој стана јазик на образованието, науката, културата и уметноста и средство за масовна

комуникација (радио, телевизија, печат и др.) в) тој станува јазик за меѓуетничката комуникација во земјата г) македонскиот јазик веќе е национален, современ и полифункционален јазик во

Република Македонија МАКЕДОНСКА АЗБУКА Азбуката на македонскиот јазик е официјализирана на 15.03.1945г. како кирилска азбука која

има 31 буква и со секоја од нив се бележи посебен глас. Тие се следните букви: а, б, в, г, д, ѓ, е, ж, з, ѕ, и, ј, к, л, љ, м, н, њ, о, п, р, с, т, ќ, у, ф, х, ц, ч, џ, ш. Македонското писмо се одликува со тоа што на секој знак (буква-графема) одговара по еден глас. Има големи и мали печатни букви и големи и мали ракописни букви. Македонската азбука го задржала редоследот на првите букви од старословенската азбука. Со помош на буквите се прават зборови што се основа во творештвото на секоја творба. Македонската азбука е кирилица, има 31 буква и писмо каде на секој знак (буква-графема) одговара еден глас.

ПРАВОПИС Правописот претставува лингвистичка посебна научна дисциплина и се грижи за правилното

пишување на зборовите, синтагмите, речениците и општо на јазикот; систематизиран збор од

Page 161: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

161

правила за пишување на нормиран (литературен) јазик; начин на кој се употребуваат писмените знаци во пишување на еден јазик.

Уште во 18 век германскиот лингвист Аделунг Според го застапувал правилото „пишувај како што говориш, а читај како што е напишано" кое што правило е дел и од нашиот фонетски правопис. Македонскиот правопис е фонетски, но не во онаа апсолутна смисла на зборот, т.е. само во пишаниот текст т.е. зборовите ги означуваат само оние гласовни промени што настануваат во еден збор.

ПРАВОПИСЕН РЕЧНИК - Првиот македонски правописен речник излезе во 1950 година

во состав од Б. Видоески и Р. Угринова. А тој претставува речник што се додава кон правописот и во него се содржани најкаратеристичните зборови и збороформи кај кои може да се јави колебање во пишувањето или во изговорот.

ГРАМАТИКА „МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА“ е насловот на правата граматика на современиот

македонски јазик од авторот Круме Кепески, објавена во Јануари 1946г. Во издание на Државното книгоиздателство на Народна Република Македонија- Скопје.

Но првата македонска граматика „ ГРАМАТИКА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК “ I-II дел од научен карактер е составена и отпечатена во периодот 1952-1954 од Блаже Конески. Она што е значајно да се спомене е дека таа граматика најпрво беше разнесена само во одреден број примероци, а учителите имаа за обврска да ја препишуваат и диктираат на своите ученици.

Блаже Конески (1921–1993), писател, поет, научник, педагог и светски признат лингвист, еден од водечките македонски творци во нашата земја. По ослободувањето се ангажира околу решавањето на проблематиката на македонскиот литературен јазик. Неговите заслуги се однесуваат и на кодификацијата (изградувањето) на македонскиот литературен јазик, а тоа е постигнато со издавањето на македонскиот правопис, македонската граматика, Речникот на македонскиот јазик а кои претставуваат основа во македонската наука за јазикот. Неговите научни трудови особено од лингвистиката се од голема важност за македонската и светската наука за јазикот.84

БУКВАР МАКЕДОНСКИ БУКВАР (II) (1945)85,овај прв македонски буквар е издаден од државното

книгоиздателство, во 1945 година, во АСНОМ-ска Македонија. Букварот беше напишан на првата македонска азбука и првиот кодифициран македонски јазик. Мошне важно е да се опише

84 Бојковска, С., Пандев, Д., Минова-Ѓуркова, Л., Цветковски, Ж., Македонски јазик за средно образование, Скопје, 1988; 85 МАКЕДОНСКИ најстар буквар (I) што се употребувал како учебник во македонските училишта е „Началное учение со молитви" отпечатен во Солун во печатницата на Теодосиј Синаитски. зачувано е второт издание од 1841 год.

МАКЕДОНСКИ БУКВАР (II) (1889), учебник, отпечатен во Цариград по иницијатива на Стојан Новаковиќ, министер на просвета на српската влада. Букварот е пишуван 2/3 на македонски јазик и 1/3 на српски јазик. Бил наменет исклучиво за македонското население.

Page 162: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

162

насловната страница на букварот, на која е претставено момче во народна носија од Скопско, со калапче, преку рамо торбичка, со кренати раце и озарено лице, весело и радосно. Во заднината се нацртани полиња и планини, а под нозете со крупни печатни и големи букви пишува БУКВАР. И денес, кога ќе се види корицата и поместените четива со проследените илустрации претставува вистинска графичка уметност и симбол за слобода.

РЕЧНИК МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК ПРВ 86 речник на македонски стандарден јазик отпечатен во

1950 год. како додаток на „Македонскиот правопис" од уредниците и приредувачите Б. Конески и К. Тошев. Содржи 6.000 збора.

МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК (Толковен речник на македонскиот јазик) излезе од печат: во

1961 г. (I том) со вкупно 29.359 зборови, II во 1965 г. со вкупно 17.799 и III том во 1966 година со 17.364 зборови, или на 1711 стр. Вкупно трита тома: 64.522 јазични зборови. Овај речник е изработен под редакција на Б. Конески, и составувачите: Т. Димитровски, Б. Корубин и Т. Стаматоски. Според својот карактер е нормативен а според начинот на описот на избраниот лексички материјал е толковен. Основните зборови во речникот се земани: од секојдневниот македонски разговорен јазик, од македонските народни умотворби, од делата на постарата и поновата генерација макед. писатели и поети, од голем број народни умотворби, архаизми, дијалектизми и интернационални зборови кои се во функција на македонскиот литературен јазик.

РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПОЕЗИЈА – во периодот од 1983 до 2001

година како резултат на активноста на авторот Тодор Димитровски излегоа од печат четири тома од овој речник за зборовите со почетните букви од А до М. Речникот и натаму продолжува да се надополнува.

ТОЛКОВНИОТ МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК – овој македонски толковен речник е подготвен од професори во 2003 год. и започна да излегува од печат истата година но продолува со излегување на последните томови. Има за цел описно да ги протолкува значењата на зборовите а е формулиран врз основа на општојазичната употреба на зборовите од аспект на обичен говорител на македонскиот јазикот.“

ПРВИТЕ УЧИЛИШТА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО „Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на

македонската нација, зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадноста кон една нација. Македонскиот литературен јазик треба да биде навистина македонски“87

Блаже Конески 86 МАКЕДОНСКИ РЕЧНИК од 16 век (I) содржи над 330 зборови, две македонски љубовни песни и еден убав цртеж на жена во македонска народна носија.

87 Трајков, Ѓ., Николовска, Н., Велјановски, В., Убавината на македонскиот јазик, Скопје, 1994

Page 163: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

163

Историјата на македонскиот народ, неговиот развој и развојот на образованието е

неисцрплива тема за пишување на многу трудови. Листовите хартија ќе бидат малку за да се опишат сите настани, случки и мигови значајни за идните генерации кои доаѓаат. Нешто ќе остане неспоменато, нешто ќе се отстрани во интерес на рамковните насоки од 8 страници, но најважно е дека постоењето на 70 години настава на нашиот македонски јазик е од големо значење за македонскиот народ. Заслуга на претходните борци за слободно изразување на својот мајчин јазик, нивен успех на кои сме ние сите горди, и аманетот нивни ДА ГО ЧУВАМЕ НАШИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, да го шириме и распространуваме, да го браниме и негуваме.

Почетокот на работата на првите училишта во Битола и битолско е резултат на претходните воени случувања на територијата на Македонија. Имено почетоците започнуваат преку неколкуте организирани воени одреди, во кои се развиваат услови за организирање на образовен и воспитен живот.

Со постепеното повлекување на фашистичкиот непријател, почнува да се шири учителската мрежа во битолскиот регион. Ослободувањето на градот 4 ноември 1944г. донесе нови моменти, донесе нова свежина на реконструкција и подобрување на условите на училишните зради, а онаму каде што беа срушени, училишни згради се отвораа и во приватни куќи. Процесот на ширење и развој на учителската атмосфера се движеше во нагорна линија.

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО Кој крајот на месец Ноември 1944 г. се започна со курсеви за наставници кои ќе изведуваат

настава на македонски јазик во сите тие училишта, им беа давани насоки за запишување на сите ученици за да може да се започне со редовната настава.

Почетокот на реализацијата на наставата на македонски јазик во сите народни

училишта започна на 4 Декември 1944 г. со пригодна свеченост на која учествуваа мноштво од граѓани. Народни основни училишта кои започнаа за настава на 04 декември се:

„Кирил и Методиј“ с.Лознани с. Кукуречани с.Лисолај „Тодор Ангелевски“ с.Цапари с. Драгожани, с.Црнеец „Стив Наумов“ с.Г.српци с. Црнобуки с.Дихово „Даме Груев“ с.Ротино с. Секирани с.Братиндол „Др Трифун Пановски“ с.Рамна с. Крклино с.Брусник „Коле Канински“ с.Свињиште с. Могила с.Лавци с. Буково с.Метимир с. Трн-карамани с.Трново с. Бистрица с.Доленци с. Беранци с.Лера с.Орехово с.Добрушево с.Вашерејца с. Маловишта с.Оптичари с.Новаци с.Г.Оризари сЛажец с.Крстоар с.Добромири с.Д.Оризари с.Породин с.Велушина с.Врањевци с.Лопатица с.Ѓавато

Page 164: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

164

с.Олевени с.Ивањевци с.Старавина с.Гопеш с.Барешани с.Бач с.Боиште с.Кишава с.Граешница с.Гермијан с.Српци с.Суводол с.Драгош с.Живојно с.Брод с.Жабени

Многу е важен податокот дека во тој период се водело грижа за отворање на народни

училишта на јазиците на националностите во Битола и битолско. На турски наставен јазик се започна настава во училиштата најпрво во селото Трновци , селото Црнеец и селото Лажец а подоцна и во градот Битола во нородното основно училипте „ Адем Махмуд“. Додека на албански натсавен јазик се започнало во селата Лера, Суводол и Трново, додека во градот Битола настава на албански јазик започнало да се изведува во народното основно училипте „Фахри Ибрахим“.

Но мора да се истакне дека во периодот 1944-1945 година македонскиот литературен јазик не беше соодветно изграден, македонската азбука не беше изработена според македонскиот јазик, не постоеше граматика, не беа испечатени учебници и буквари и постоеше недостаток од помошни материјали како за наставниците така и за учениците, и сето ова доведе со една многу тешка ситуација на појава на кадровски и материјален дефицит. Поради овие причини тука мора да се истакне и фактот дека во тој период постоеше недоволен број на учителски кадар подготвен за изведување на наставата на македонски јазик. За првите учители мошне тешка е состојбата на непостоење стандарден јазик, наспроти многуте македонски дијалекти.

Но желбата за описменување на македонскиот народ беше поважна од се. Желбата започна од насоките за одржување курсеви за наставниците кои требаше да се внесат во таа наставна работа, па на тој начин им беа давани различни упатсва за читање, пишување, музика, географија , историја , но најважно беше наставниците да

ги подучуваат учениците за македонското прашање, важноста на Илинденското востание, за борбата на македоските партизани и сл.

Улогата на наставникот во овој период е огромна. Покрај целта за елементарно образование и описменување на сопствениот народ, постоеше и цел за опшествено-политичко воспитание на учениците која доаѓаше од својата изворна основа од идеалите на НОВ (народно-ослободителната војна) и социјалистичката партија, цел која требаше да се изведува преку процесот на настава. Но и покрај сите потешкотии со кои се соочуваа, како и покрај големиот број на недостатоци во училиштата, наставниците посветуваа внимание и на основните методолошки упатства за развој на когнитивниот развој и правилното формирање на претставите кај учениците како главни компоненти во воспитно-образовниот процес. Наставникот покажуваше голема ангажираност околу организирањето на наставата, и покрај тоа што ја организираше наставата , туку тој имаше улога и околу организирањето на културно-просветниот живот на учениците и нив да ги подготви за опшествениот живот во иднина.

После две години изведување на настава на македонски мајчин јазик, продолжи тенденцијата на отворање училишта на места каде воопшто немаше или реконструирани после војната. Во периодот од 1945 до 1950 г. биле отворени следните четиригодишни училишта: с. Сович, с. Добровени, с. Скочивир, с. Рибарци, с. Суводол,

с. Гнеотино, с. Тепавци, с. Добромири, с. Црничани, с. Мусинци, с. Кременица, с. Меџитлија, с. Долно Чарлија, с. Средно Егри, а додека во 1947 година во Битола се отвора првото основно музичко училиште.

Page 165: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

165

Интересен е фактот што големи беа напорите за описменување на што поголем број на неписмено население во овој период. За таа цел се организирани голем број Аналфабетски курсеви во склопот на основните народни училишта. Борбата со неписменоста кај населението стануваше се посилна и преку форми на курсеви организирани насекаде, па и во Битола и битолско. Таквите курсеви успешно се реализирале и од нив произлегле голем број на писмени луѓе кои самите понатаму си го продолжувале образованиот развој. Вниманието на описменувањето на населението е мошне големо, што може да се види од извештаи на Градскиот одбор – Битола, од кој биле организирани голем број на митинзи за населението, на кои се зборувало за значењето на писменоста во една земја. Описменувањето на населението било изведувано насекаде: училишта, фабрики, работилници, градежни организации, работни акции и сл.

Но и покрај целата оваа заложба на сите субјекти за описменување, сепак сеуште постоел број на наеписмени луѓе, кои поради обврски во полјоделството како начин на преживување, немаат волја за учење на писменоста. Но и тука се пронаоѓа начин како сите да се описменат, така секој возрасен човек, морал да донеси со себе двајца до тројца сограѓани кои не се писмени за да посетуваат курс во аналфабетското народно училиште. На овој начин се намалувал бројот на неписмени луѓе во Битола и битолско.

Мора да се спомене и Предучилишното образование, почетоците и развојот во Битола и битолско. Предучилишното воспитание и образование било целосно неразвиено. Како резултат на големите опшествено-економски промени во опшеството и еманципацијата на жената, се доведе до потребата од згрижувањето и воспитувањето на децата и отварање на посебни инстутуции кои ќе бидат дел од родителскиот живот. Така во периодот 1950 се отвараат 12 предучилишни установи во градот и во селата. Детската градинка „Естреја Овадија Мара“ е отворена 1961 година. Прашањето околу наставниот кадар потребен во ваквите институции најпрво беше со помал број а подоцна тој број се зголемувал како резултат на развојот на стручно-педагошко усовршување на наставниот кадар. Во периодот 1952-1964 година се донесуваат голем број промени, и со донесувањето на Законот за работничкото самоуправување се врши големо влијание врз основното и средното образование во делот на отварање на голем број на установи за предучилишно воспитание и установи за образование на возрасните. Ваквиот брз подем на образованието во овој период резултирал со измени, седумгодишните училишта преминуваат во осумгодишни и голем број на шетиригодишни преминааа во осумгодишни училишта. Бројот на учениците рапидно се зголемувал.

Установите за основно образование на возрасните воделе целосна грижа за описменување и дооформување на оваа категорија на граѓани кои од било која причина не успеале тоа да го направат со редовната настава.

Затѕоа за таа цел во учебната 1952/53 година се отвораат паралелки за возрасни во основното училиште „Гоце Делчев“ – Битола. Подоцна овие цели на дооформување на профилите ги презеде „Работничкиот Универзитет“ – Битола

Исто така во овој период се отвораат и специјални основни училишта за ученици со лесна ментална ретардираност како и Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор. Во 1952 година во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Трифун Пановски“ се отвораат специјални паралелки. А од 1965 година во Битола започнува да работи специјалното училиште „А.С. Макаренко“ како самостојно, но од 1977 година претставува работна единица на основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ Битола. Во 1951 година започна со работа и Заводот за

Page 166: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

166

рехабилитација на деца со оштетен слух и говор. Во наредниот период продолжува тенденција на развој на квалитетот на воспитанието и образованието во Битола и битолско. Наставата се одвива во подобрени материјално-технички услови а настава ја изведуваат учители со подобрени искуства, но сеуште недоволен број на дипломирани учители. Заради таа причина во Битола во 1964 година се отвора првата Педагошка Академија за наставници за одделенска и предметна настава. Но она што е многу карактеристично во периодот 1964 – 1975 е намалувањето на наталитетот како причина за интензивната миграција и емиграција на населението од Битола и битолско. Бројот на намалувањето на ученици бил голем, а тоа било причина за појавата на потешкотии при изведувањето на наставата во основните училишта. да се каже дека при тохј период се појавил и вишок на наставен кадар за изведување на настава.

Тенденцијата на намалување на учениците како резултат на иселувањата од Битола и битолско, продолжува и во периодот 1974-1984 , но сега поголем е бројт на миграциите село-град, така што во некои села училиштата престанале со работа поради намалениот број ученици. За да се разрешат проблемите настанати поради миграциите, според тогашните закони се решило да се изврши преструктурирање и рационализирање на училиштата. Така се создале централни и подрачни основни училишта.

СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БИТОЛА

Ослободувањето на Битола во периодот 1944 година кога образованието зеде место во

опшествениот живот во градот, голем број на млади луѓе имаа желба да се образуват и да го продолжат образованието на својот мајчин македонски јазик. Органите за просвета започнаа иницијатива за повторно започнување со настава во сите средни училишта во Битола. Како резултат на воените дејствија од фашистичкиот окупатор, зградите на училиштата биле разрушени, руинирани и сл. Најпрво се започна со приспособување на општата сосотојба во кои се затекнаа самите средни училишта, потоа се изврши приспособување на училишните згради со канцелариски простор, се оспособувал инвентароти се набавувале основни учебни помагала и друг помошен прибор. Од наставниците се барало да диктираат наставни материјали бидејќи не постоеја учебници,но најважно од се било недоволно стручен наставнички кадар. Паралелно со организирањето на училиштата требаше да се решава и прашањето со наставниот кадар. Такви средни училишта беа:

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ чија што зграда во 1944 година почна да се приспособува

за работа. Како претходни простории на Народноослободителната војска кои подоцна беа ослободени за изведување настава. На 01 февруари 1944 година се одржал првиот наставнички совет на Гимназијата, а на 05 февруари 1945 се започна со настава со пригодна свеченост.

Економското училиште „Јане Сандански“. На 15 Декември 1944 година Прездиумот на

АСНОМ во Скопје донесе одлука да се организираат и да започнат со работа трговски училишта кои беа под надлежност на Министерството за трговија. Зградата на ова средно училиште се реконструира и реновира, а наставен кадар кои што ја започнаа настава на македонски јазик во ова училиште беа неколку економисти од Битола. Наставата во ова училиште започнала на 9 јануари 1945 година. Уште на почетокот училиштето го доби името Јане Сандански во чест на еден од великаните на македонската ослободителна борба.

Page 167: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

167

Учителска школа „Браќа Миладиновци“. Поради дефицитот и недостатокот од наставен

кадар потребен во основните училишта, се отвора учителска школа која ќе произведува кадри за сите предмети и профили и која ќе врши педагошко оспособување на лица што беа на учителска должност или кои сакале во иднина да му се оддадат на оваа професија. Во текот на редовната настава на школата се настојувало на зголемување на квалитетот на наставата преку набавување на неопходните средства и помагала но и со квалификуван професорски кадар. Но во 1963/64 година според републичко решение и согласно Законот за основните училишта, учителската школа престана со работа, и истата се преструктурира во нова гимназија која го здржува истото име и продолжува со работа во истат зграда. Сите оние наставни кадри кои произлегоа од оваа школа, успешно ја реализирале својата воспитно педагошка работа и давале придонес за просветно и литературно издигнување на македонскиот народ.

Гимназија „Браќа Миладиновци“. Почнува со работа во 1964 година поточно ги продолжи

традициите на учителската школа. Во оваа гимназија беа застапени јазичната и природно математичката насока, а подоцна се воведе и стручно образование. Но во 1984 година со одлука на Собранието на Општина Битола е донесено престанок на работата на гимназијата Браќа Миладиновци и Центарот за образование на стручни кадри Кочо Рацин, бидејќи беа интегрирани во нов центар за насочено средно образование Таки Даскало“

Училиште за ученици во стопанството „Кочо Рацин“. Во учебната 1948/49 година со

самото опоравување на македонското стопанство, се доведе до потреба од отварање на воспитно образовна институција која ќе произведува стручни кадри за основните теориски знаења на работниците во занаетчиството и индустријата. Учениците се оспособувале за изучување назанает. Постоеле струките: текстилна, автомеханичарска, метална, ечеклтронска, кожаро-гумарска, автособраќајна и трговска.

Медицинско училиште во Битола се отвора како резултат на потребите од зголемување на

кадарот медицински сестри потреби за медицинските институции во градот. Првата учебна година е започната во учебната 1947/48 каде освен теоретска се изведуваше и практична настава во болницата. Во него учениците се стекнувале со стручно-медицинско образование и од другите градови. Своевремено постоеле насоки за лаборанти, медицински сестри, радиолошки техничари и педагошки сестри.

Електромашински училишен центар „Ѓуро Салај“ кој е формиран 1958 година со цел

стекнување на степен на квалификација за работници за потребите на индустијата. Зградата на овој центар е ново изградена а просториите биле работилници кои биле добро опремени за реализирање на практичната настава по следните струки: метално-машинска и електротехничка. Учениците кои ги имале завршено наставните програми во ова училиште можеле да се вклопат во производството.

Основно музичко училиште во Битола беше формирано на 05 октомври 1946 година како резултат на Решението на Министерството за просвета. Но започнало со настава на 17 февруари 1947 година. Граѓаните имале голема желба нивните деца да се образуваат на музички повисок

Page 168: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

168

степен и таа потреба од повисоко музичко образование доведе до отварање на Средно музичко училиште на 16 февруари1965 година.

Ветеринарно училиште во Битола е дислоцирано од Скопје во Битола во 1956 година, како

резултат на условите и можностите кои ги давал пелагонискиот регион за развојот на сточарството. Ветеринарносто училиште во Битола имало голем придонес во создавањето стручни кадри за потребите на целата земја.

Центар за насочено средно образование „Таки Даскало“. Потребата за насочено средно

образование во Битола создаде преструктурирање на средното образование. Со решение на Собранието на општина Битола се реши гимназијата Браќа Миладиновци и центарот за образование на стручни кадри Кочо Рацин, да се формираат во еден центар за насочено средно образование „Таки Даскало“.

Денес кога нашиот образовен систем има искуство од минатото, се надградува, се усовршува

и се модернизира уште повеќе како резултат на новото време и на техничко комуникациските иновации може да се каже дека зачувувањето на македонскиот јазик е поедноставно, полесно а и наставата во училиштата се изведува беспрекорно. Во новиот век средните и основните училишта во Битола остануваат на истото место, но се повеќе и повеќе училишните згради се реновираат, добиваат модерен и современ изглед како во градот Битола така и во битолските села.

Денес основни и средни училишта во Битола и битоласко се: „Даме Груев“, „Елпида Караманди“, „Гоце Делчев“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Коле Канински“, „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“, „д-р Трифун Пановски“, „Александар Турунџиев“ „Крсте Петков Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ , „Кочо Рацин“, „Гоце Делчев“ „Славко Лумбарковски“, „Јосип Броз Тито“, „Таки Даскалот“, „Јане Сандански“, „Ѓорѓи Наумов“, „Кузман Шапкарев“, „Јован Калаузи“, „Музичко училиште“. А детски градинки се: „Мајски Цвет“ и „Естреја Овадија-Мара“

БИБЛИОГРАФИЈА 1. Конески, Б., Граматика на македоснкиот литературен јазик, Скопје, 1982; 2. Конески, Б., Историја на македонскиот јазик, Скопје, 1952; 3. Конески, Б., За македонскиот литературен јазик, Скопје, 1952; 4. Димитровски, Т., Конески, Б. Тошев, К, Угринова-Скаловска, Р., Правопис на

македонскиот литературен јазик, Скопје, 1970; 5. 40 години настава на македонски јазик во Битола и битолско 1944-1984 – Група автори 6. Камберски, К., Предучилишното и основното воспитание и образование во Република

Македонија, Скопје 2000; 7. Камберски, К., Средното образование во Република Македонија, Скопје 2002; 8. Ристески, Р., Создавањето на современиот македонски литератутен јазик,Скопје 1988; 9. Трајков, Ѓ., Николовска, Н., Велјановски, В., Убавината на македонскиот јазик, Скопје,

1994

Page 169: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

169

ТЕМА: СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Изработил: Сања Мирчевска88

А П С Т Р А К Т Воспитанието и образованието секогаш претставувале посебен општествен и државен

интерес. Ваквиот интерес се согледува во тоа што училиштата вршат кадровска репродукција, со што овозможуваат успешно функционирање на економскиот, политичкиот и вредносниот систем во државата и со таквата своја функција тие обезбедуваат стабилност и развој на државата. Поради тоа секое општество се стреми да обезбеди квалитетно образование. Но, бидејќи секоја промена во општеството бара промени и во самиот систем на воспитанието и образованието, тие водат и до редефинирање на образовната политика. Ваквите промени се означуваат како реформи на воспитанието и образованието и тоа претставува збир на организирани мерки и постапки со кои училиштата и другите образовни институции ги трансформираат и прилагодуваат новонастанатите општествено- економски, политички, културни и научнотехнолошки услови.Тоа подразбира активност на спроведување на одредени промени во воспитно-образовниот систем и организација на животот и работата во воспитно- образовните установи.

Поради тоа, по повод, одбележувањето на седумдесет годишнината од постоењето на воспитно- образовните институции во кои наставата се одржува на нашиот мајчин јазик, решивме да проговориме неколку збора за трнливиот и макотрпен пат, низ кој поминал нашиот образовен систем од времето на ослободувањето на нашата држава до денес.

Во трудот е проследен воспитно- образовниот раст и развој на основните и средните училишта но и развојот на високото образование во Битола и Битолско, почнувајќи од отварањето на првите училишта 1944 година, па се до денес.

88 Помлад стручен соработник во Биро за развој на образованието- Битола

Page 170: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

170

СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО

ВОВЕД „Јазикот е средство со кое ние дознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот

собеседник. Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат, отпечатени во гласовни знакови или зборови, сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеено и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.“-

Крсте Петков Мисирков Оттука, јазикот е елементарно и неопходно средство за егизитирање на секоја

индивидуа. Човекот може да знае и разбира илјадници јазици, може да умее да протолкува илјадници знаци, но факт е дека секој човек најубаво и најлесно се служи со сопствениот, мајчиниот јазик. Поради тоа, секој човек најлесно и се едуцира користејќи го својот јазик. Затоа, сите нации во светот се стремат нивните поколенија да се образуваат на свој мајчин јазик. Таква им била, всушност, целта и на нашите најдрагоцени просветители, браќата Кирил и Методиј, кои согледувајќи ја неможноста словените да ја разберат христијанската религија на, за нив туѓите, старогрчки и еврејски јазик ни ја создадоа нашата словенска азбука со која ни ги отворија очите и ни ја покажаа светлината во мракот.

Меѓутоа, нашиот јазик низ вековите постојано бил оспоруван и негиран, а со тоа на нашиот народ постојано му било ускратувано и едно од основните човечки права, да се служи и да се образува на својот мајчин јазик. Имено, во текот на XIX век, кога повеќето народи во Европа ја извршиле стандардизацијата на својот јазик, Македонија претставувала поле за дејствување на разни туѓу пропаганди и притисоци, кои ги спречувале обидите за стандардизација. Поради тоа, македонскиот јазик се вброи меѓу стандардните јазици во Европа дури со создавањето на македонската држава како посебна федерална единица на југословенската федерација по Втората светска војна.

Но ете веќе 70 години, благодарение на нашите великани Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески, Крум Тошев, Круме Кепевски и многу други, но и на упорноста на нашиот непокорен народ, во нашите училишта се слуша нашиот милозвучен јазик, а голем дел од нашето население ги достигнува светските научни врвови бидејќи образованието го стекнува на својот разбирлив мајчин јазик.

И единствено на тој начин, пишувајќи за својот мајчин јазик а на свој мајчин јазик ние најдобро ќе им се оддолжиме за преголемиот придонес што ни го дадоа.

1. Историјат на изучувањето на македонскиот јазик во Битола и битолско Македонскиот јазик се форнирал од говорите на словенските племиња, кои, по распаѓањето

на прасловенската јазична заедница, се населиле на најужните краишта на Балканскиот Полуостров во текот на VI и VII век, и се интегрирале меѓу себе во една јазична заедница.89 Тоа

89 Бојковска, С., Пандев, Д., Минова- Ѓуркова, Љ., Цветковски, Ж. (1998), Македонски јазик за средно образование, Скопје: „Просветно дело“

Page 171: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

171

значи дека по создавањето на словенската писменост од страна на браќата Кирил и Методи сите словенски народи формирале свои јазични особености со кои се разликувале едни од други. Поради тоа постојат повеќе варијанти на старословенски јазик меѓу кои е и македонската варојанта.

Значи, иако како самостојна држава нашата земја функционира ралативно краток период (23 години) сепак јазикот со кој се служеле нашите предци, а со кој, иако изменет и усовременет, сé уште се служиме и ние денес, е доста стар и исконски. Меѓутоа, неповолните историски услови оневозможувале македонскиот јазик да се зацврсти како наставен јазик и како образовен предмет во училиштата во Македонија. Овој процес бил попречуван сé до годините на народно-ослободителното движење. Но, развитокот на македонскиот народ по Втората светска војна на општествено, национално и културно рамниште особено силно се почувствувало преку придобивката македонскиот јазик да може да служи и да се развива во сите негови функции. Функцијата на македонскиот јазик во училиштата регуларно се остварува исто по Втората светска војна, но оваа функција тој ја има и доста пред тоа, иако со прекини и нецелосно во Македонија. Историски следено употребата на македонскиот јазик по училиштата, како на ниво на држава така и во Битола и околината, се јавува како резултат на создадената писмена македонска традиција и како резултат на сé пошироката употреба на народниот јазик во секојдневната практика, особено во преписката на македонските трговци од XIX век. Служејќи се со мајчиниот јазик кај нив се развива свеста за отварање на македонски училишта и за печатање на македонски учебници наспроти тенденциите да се наложи некој друг јазик. 90Тоа значи дека македонското граѓанство сфатило дека создавањето на македонското народно училиште, со настава на мајчин јазик, би било најефикасно средство против духовната и просветната доминација на цариградската патријаршија и против грчаката буржоазија- неговиот најопасен конкурент на домашниот пазар. Поради тоа, таа развива општествена иницијатива и активност за отварање на такви училишта.91Така прифаќајќи ја книгата на народен јазик и станувајќи двигател на економскиот развој, младото македонско граѓанство поставуваше нoви барања и на културно- просветно поле. Борбата за примената на македонскиот јазик во училиштата и за создавање посебни учебници за македонските училишта, особено се развива кон средината на 60- те години на XIX век.92

Македонскиот јазик, за официјален јазик на Народна Република Македонија е прогласен уште во текот на војната, на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година. Неговата унификација е извршена со усвојувањето на азбуката на 3 мај 1945 година и на правописот на 7 јуни 1945 по предлог на Комисијата за јазик и правопис.

Поради тоа, како во целата држава така и во битолскиот регион македонскиот јазик како образовен предмет има релативно куса традиција. Меѓутоа, по воведувањето на македонскиот јазик како официјален во образовните институции се успева за многу краток временски период да се постигнат многу големи резултати во поглед на усвојувањето на литературниот јазик и на неговата практична примена во сите наставни области и на сите степени и видови училишта. Значајни се резултатите и во научно- теориското и методиското објаснување на фактите од

90 Конески, Б. (1946), Македонските учебници во XIX век, Скопје 91 Кантарџиев, Р. (1979), Школството и просветата во Македонија во периодот на Преродбата, во збирката „Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата“, Скопје: 92 Паноска, Р. (1994) Методика на наставата по македонски јазик, Скопје: „Просветно дело“

Page 172: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

172

македонскиот литературен јазик. Наставниците, особено оние по македонски јазик, во овој период се поставени пред многу сложена и тешка задача, бидејќи тие и самите ги немале усвоено доволно добро нормите на современиот литературен јазик а истите требало да го пренесат кај учениците. Покрај тоа, уште поотежнувачка била состојбата што тие не располагале со потребните учебници, прирачници и било какви помагала за изведување на наставата. Затоа, на почетокот наставниците во воспитно- образовните установи наставата ја изведувале по примерот на другите словенски народи. Подоцна, стручното и педагошкото усовршување на наставничкиот кадар почнал да се одвива преку курсеви. Еден од таквите курсеви е одржуван и во Битола во времето од 1 јуни до 31 септември 1946 година. Првото методско и прирачно помагало кои им служело на учетилети од I до IV одделение било со времена употреба, а е издадено во јануари 1945 година за учебната 1944/45 година. Во истата оваа 1945 година се издава и првиот Буквар со читанка за прво одделение и првиот Македонски правопис кој било многу драгоцено помагало во наставата по македонски јазик, но и воопшто во наставата. Во наредната 1946 година излегува Граматиката од Круме Кепески, а потоа почнува континуиран процес на издавање граматики со читанки за сите одделенија на основните осумгодишни училишта, но и прирачници по книжевност за гимназиите и средните стручни училишта.

Научно- теориското објаснување на фактите од нашиот јазик се здоби со нов квалитет со излегувањето на Македонскиот правопис со правописен речник во 1950 година од Круме Тошев и Блаже Конески и со Граматиката на македонскиот литературен јазик I и II дел во 1952 и 1954 година од Блаже Конески. Овие трудови имаат значаен одраз во совладувањето на литературната норма на широк план, а за целокупното наше школство и посебно за наставата по македонски јазик значењето е повеќекратно и извонредно. Развојната наставна работа од македонски јазик по овој период се одвива континуирано.

Бидејќи, како што спомнавме и погоре, со воведувањето на македонскиот јазик како официјален јазик во училиштата, неговата употреба почнува да се развива со енормна брзина, веќе во шеесетите години од минатиот век, македонскиот јазик претставува реалност за целата светска лингвистика. Пред оваа вистина тогаш се поклониле дури и некои од поранешните строги противници . Така, Александар Белиќ, кој во 1941 година македонскиот јазик го прикажувал како „српски дијалект“93, ќе рече дека „Македонците по Народно- ослободителната војна, добија, како што сакаа, свој литературен јазик“.94

Значи, почнувајќи од 1943 година, македонскиот јазик како образовен предмет и како наставен јазик се ставал во функција на сите видови училишта и на сите степени на образованието во битолската околина, почнувајќи, се разбира, од најниските училишни степени. 95 Денес веќе можеме да речеме дека нашиот пребогат и преубав јазик има побогата традиција во сите воспитно- образовни институции во битолскиот регион, почнувајќи од предучилишното до високото образование.

2. Првите училиште на македонски јазик во Битола и битолско Поради неповолните историски услови во кои се наоѓала нашата земја во минатиот век

било оневозможено да се спроведува и било каков воспитно- образовен процес во неа. Како 93 Белиќ, А., (1934), Дијалекти Источне и Јужне Србије, 1905, Белград: 94 Ристески, С., (1988), Создавањето на современиот македонски литературен јазик, Скопје: „Студентски збор“ 95 Тодоровски, М. (1970), Просветните работници од Македонија во отпорот против фашизмот, Скопје: „Просветно дело“, Одбрани трудови, стр. 209

Page 173: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

173

последица на тоа се појавува многубројно македонско аналфабетки неписмено население, со кое доподлнително се отежнувала и онака тешката состојба. Согледувајќи ја неопходната потребата од образование кај населението, дел од нашите интелектуалци во тоа време, паралелно со организирањето на вооружените борби против непријателот наоѓаат време, можности и услови за организирање и на еден вид импровизиран школски, образовен и воспитен живот.Така, во годините на народно- ослободителната борба каде и да се ослободел дел од македонската територија, веднаш се отварале училишта со настава на македонски јазик во кое најважно место му се определувало на македонскиот јазик како образовен предмет.

Првите народни основни училишта на ослободената територија се формирани во 1943 година во Западна Македонија во селата: Белчиште, Оздолени, Слатино, Издеглавје, Сливово, Подвис, Гари, Лазарополе, Осој и во Дебар.96 Две години подоцна, или поточно во 1944 година започнуваат да работат и повеќе основни училишта од битолскиот регион. Така, отворени се основни училишта во селата: Буково, Бистрица, Орехово, Оптичари, Крстоар, Граешница, Драгош, Ѓавато, Маловиште, Кукуречани, Крклино, Могила, Оризари, Добрушево,Новаци, Добромири, Ивањевци, Суводол, Лопатица, Кишава и многу други. Во градот Битола биле отворени следниве основни училишта: „Св. Климент Охридски“; „Св. Кирил и Методиј“, „Тодор Ангелевски“; „Стив Наумов“; „Даме Груев“, „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“. Во сите овие народни основни училишта редовната настава започнала на 4 декември 1944 година со пригодна свеченост, а во воспитно- образовната дејност биле опфатени околу осум илјади ученици. Целта на овие први народни основни училишта била покрај стекнувањето на елементарното образование и описменување да се оствари и општествено- политичко воспитание на учениците кое во својата изворна основа потекнува од идеалите на НОБ и социјалистичката револуција.

Предучилишното воспитание и образование, како во Битола и околината така и на територијата на целата република има скромна историска традиција. Иако првите организирани форми се јавуваат во втората половина на XIX век , поинтезивен развиток тоа бележи дури по ослободувањето на Македонија (1945). По ослободувањето се прават сериозни напори предучилишното воспитание и образование да се развива како составен дел (сегмент, подсистем) на глобалниот воспитно- образовен систем, со статус на незадолжително воспитание и образование.97Така во 1950 година во Битола и Битолско имало дванаесет градинки во кои биле опфатени околу 500 деца. Такви на пример биле детската градинка „Вангел Мајорот“ и „Естреја Мара“.Карактеристично за овој почетен развој е што детските градинки се третирале како социјални установи, што значи дека тие биле наменети само за деца што имале потреба од социјално згрижување, додека, пак, забавиштата имале статус на „установи за предучилишно воспитание на деца“ и во нив пристапот бил доброволен и слободен за сите деца што имале желба да ги посетуваат.98

Средното образование во Република Македонија, а особено во Битола има долга, над илјадагодишна традиција. Познато е дека уште на почетокот на XX век во Битола постоела нижа средна и виша воена школа. Значајно е да се спомне дека во Битолското Средно воено училиште

96 Историја на мекедонскиот народ, книга трета, Скопје 1969, стр.466 97 Камберски, К., (2000), Предучилишното и основното воспитание и образование во Република Македонија (развој, состојби, перспективи), Скопје: 98 Камберски, К., (2000), Предучилишното и основното воспитание и образование во Република Македонија (развој, состојби, перспективи), Скопје:

Page 174: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

174

се школувал дури и творецот на модерна Турција- Мустафа Кемал Ататурк. Меѓутоа, наставата во овие средни воспитно- образовни установи се одвивала на турски, а подоцна и на грчки јазик, се до завршувањето на Балканските војни, кога престанале со работа.

Средното образование во Македонија на македонски наставен јазик, нагласен развој добива дури по ослободувањето 1945 година. Така на 1 февруари 1945 година во гимназијата „Јосип Броз Тито“ која тогаш било одлучено да се вика „Гоце Делчев“ во веќе ослободена Битола се одржал првиот наставнички совет. Гимназијата започнала со настава со пригодна свеченост на 5 февруари 1945 година. Иако под многу тешки услови воспитно- образовниот процес се одвивал нормално и без прекини. Во текот на понатамошниот историски развој оваа гимназија повеќе пати ќе го смени своето име.

За разлика од предучилишното, основното и средното образование, високото образование во Битола започнува со работа доста подоцна, т.е. дури во 1960 година. Така, во ова година е формирана Вишата земјоделска школа. Во оваа високообразовна институција е организирана настава за редовни и за вонредни студенти. Целта на ова прва високообразовна институција во Битола била студентите да се оспособат за здружување во организации на здружен труд. Студиите траеле 4 семестри или две академски учебни години. Наставата на факултетот се одвивала по примерот на другите слични такви институции во Републиката и пошироко. Бидејќи оваа воспитно- образовна институција остварувала и прозиводсвена дејност, средствата прибрана по тој основ биле искористувани за набавување и печатење на учебници, прирачници и други наставни помагала потребни за остварување на образовниот процес.

3.Растеж и развој на образованието во Битола По отварањето на првите училишта, воспитно- образовната дејност во Битола и Битослко

бележи интензивен развој. До 1952 година се отвориле повеќе основни училишта во местата каде што дотогаш немало. Притоа, од особена важност е да напоменеме дека дел од четоригодишните основни училишта преминале во седумгодишни основни училишта, а основното воспитание и образование во Битола и Битолско во овој период доживува голем подем како во квантитативен, така и во квалитативен смисол, бидејќи до 1964 година многу седумгодишни основни училишта преминале во осумгодишни. По 1964 година основното образование го продолжува својот подем во однос на квалитетот на воспитно- образовната работа. Ваквите промени особено се манифестираат во поквалитетно планирање и програмирање на воспитно- образовната работа, а се подобруваат и материјално- просторните услови за одвивање на наставата. Така во 1964 година во Битола и Битолско работеле 28 осмолетки и 84 четиригодишни основни училишта.Наставата во нив ја изведувале претежно лица со завршена учителска школа. Периодот од 1974 до 1984 година се карактеризира со миграциони и емиграциони движења на населението, а особено присутна била миграцијата село- град. Поради ова бројот на учениците постепено почнува да опаѓа, а како последица на ова престанале да работат и поголем број од веќе формираните училишта, особено оние во селските населби. Меѓутоа, иако ова бил период на опаѓање на квантитетот на основните училишите, воспитно- образовната дејност во овој период бележи квалитативен развој. Имено, ова е период во кој се осовременуваат формите, содржините, средствата за работа, стручното застапување на воспитно образовната работа, организацијата, подобрувањето на материјално- кадровската база и сл.

Паралелно со развојот на основното образование се развивало и предучилишното образование. Овој вид образование бележи интензивен развој во смисла на организационата поставеност и во поглед на опфатот на деца и воспитно- образовните содржини.

Page 175: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

175

Особен развој основното образование постигнува од 2004 година кога со најновите измени во Законот за основно образование од 2004 година, е предвидено воведување на подготвителна година и со тоа досегашното основно образование од 8 се зголемува на 9 години.99 Образованието е поделено во 3 образовни циклуси и секој циклус трае по 3 години. Како главна причина за зголемување на траењето на основното образование, покрај глобалните трендови, се и опфатот на учениците во годината пред поаѓање на училиште, бидејќи голем дел од учениците го започнуваа школувањето со ниски знаења и способности, што се рефлектира понатаму со слаб успех, но и доста малиот процент на ученици кои не го продолжуваат своето образование, а токму тие лица понатаму се најнеконкурентни на пазарот на трудот. Значи целта на зголемувањето на траењето на основното образование е да се создаде едно ефективно основно училиште кое ќе биде поставено врз принципите на солидарност, демократичност, толеранција, права и слобода и ќе создава можности за учење и на децата со посебни образовни потреби. ЕОУ остварува блиски врски со семејството, локалната заедница и невладините организации и е подготвоено за постојано менување во согласност со внатрешната и надворешната детерминираност. ЕОУ реализира квалитетна настава со поттикнување на индивидуалното и творечкото мислење на учениците.

Но, за успешна имлемантација на ЕОУ, во нашата земја, МОН, Локалната самоуправа и другите институции надлежни за образование презедоа и конкретни мерки и активности како што се Развој на наставните планови и програнми со што се надминаа дотогашните слабости како што се: центристичкото дефинирање на наставниот план и програма; недоволно растоварен наставен план и програма; отсуство на стратегија за учење; реткото применување на целноориентираната настава; правилно вреднување на успехот на учениците, преку градење на ефикасен систем за вреднување кој се потпира на јасно утврдени критериуми.

Во 2014 година, за учениците од првиот циклус на деветгодишното основно образование се воведоа нови наставни програми по предметите математика и природни науки, кои се адаптирани по примерот на наставните програми од Кембриџ.

Денес во Битола и битолско дејствуваат повеќе основни училишта: „Ѓорѓи Сугарев“; „Д-р Трифун Пановски“; „Гоце Делчев“; „Св. Кирил и Методиј“; „Даме Груев“ со подрачно училиште во с. Долно Оризари; „Елпида Караманди“ со свое подрачно училиште во с. Цапари; „Тодор Ангелевски“ со подрачно во с. Горно Оризари; „Св. Климент Охридски“; „Стив Наумов“; „Коле Канински“ со свое подрачно училипте во с. Буково; „Славко Лумбарковски“ во Новаци со свое подрачно училиште во с. Бач; „Александар Турунџев“ во Кукуречани; „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица со свое подрачно во с. Кишава; „Браќа Миладиновци“ во Добрушево со подрачно во с. Дедебалци; „Кочо Рацин“ во Ивањевци и „Гоце Делчев“ во Могила.

Покрај предучилишното и основното образование во Битола и Битолско по ослободувањето со енормно голема брзина квалитативна и квантитативно се развива и средното образование. Така веќе создаденената гимназија „Гоце Делчев“ во 1952 година била поделена на нижа – која го добила името „Никола Карев“ и виша која го задржала името „Гоце Делчев“, за подоцна да го добие името „Јосип Броз Тито“ кое го чува до денес. Се до осумдесетите години

99 Закон за основно образование (прочистен текст), Службен весник на Република Македонија,

бр.52, 2002;

Page 176: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

176

во гимназијата имало две насоки: природно- математичка и општествено- јазична. Подоцна од 1980 година во неа се воведуваат и хемиско- биолошка, математичко- физичка и општа насока, а функционирале и изборни програми за математика и физика, основи на применетата физика, историја и мајчин и странски јазик.

Паралелно со гимназијата, по ослободувањето започнале да работат и други средни училишта. Така од 1944 година започнува со работа и економското училиште „Јане Сандански“. Ова училиште сé до 1948 година работи како четиригодишно во кое се изучувале стручни предмети како на пример: книговодство, статистика, математика, аритметика, сметање, економија но и општо образовни предмети како на пример: македонски јазик, историја, хемија, руски и француски јазик, физичко образование и сл., а матурскиот испит се полагал по седум предмети. Подоцна до 1951 година училиштето работи како тригодишно, а матурскиот испит се полага од девет предмети. Од 1961 година ова училиште се преименува како Средно економско училиште, а како главно обележје на овој период е што училиштето почнува да изведува и практична настава од 15 дена. Во осумдесетите години ова училиште се организира во согласност со средното насочено образование и се приспособува за задоволување на потребите на општеството. Во овој период значајно е тоа што кадарот што ја изведува наставата во ова училиште по стручните предмети е веќе со завршено економско стручно образование.

Исто така, по ослободувањето своето образование го продолжува и веќе постоечкото Земјоделско училиште, но сега со настава на македонски јазик. До 1950 година образованието во училиштето траело 3 години, а потоа прераснало во четиригодишно. Ова училиште неколку пати го менувало името и насоките. До 1950 година се викало Средно земјоделско училиште со општа насока: од 1950 до 1952- Сточарски техникум со сточарска насока: од 1953 до 1954 година- Земјоделски техниум со општа насока; од 1955 до 1958 година- Средно земјоделско училиште со општа насока; од 1959 година наваму- Земјоделско училиште „Борис Кидрич“ со сточарска насока. Во 1962 година во ова училиште се воведува двостепена настава која овозможува да се обезбедуваат квалификувани работници за потребите на земјоделското прозиводство, а теориската настава наоѓа практична примена. Во наставните планови според кои се одвивала наставата во ова училиште биле застапени општообразовни, општостручни и стручни предмети.

Иако наставниот кадар во ова училиште, во првите години ги немал потребните стручни квалификации, веќе во 1983 година Земјоделското училиште располага со високо-стручен наставен кадар кој овозможува ова училиште успешно да се вклопи во општетсвените и програмските цели во општината.

Поради неопходната потреба од наставен кадар по училиштата, веднаш по ослободувањето во 1946 година, Во Битола почнала да работи учителската школа- „Браќа Миладиновци“. Школувањето во ова средно училиште траело три години и во 1948 година веќе имало 57 нови учители. Подоцна, почнувајќи од 1953 година школувањето во ова училиште траело пет години. Во текот на своето работење учителската школа го унапредувала квалитетот на наставата како во организациона поставеност на наставата така и во поглед на опременост на наставата со неопходните наставни средства и помагала и со квалификуван професорски кадар. Така, се до 1962 година ова училиште продложило да создава учителски кадар по пат на редовно образование. Меѓутоа, сметајќи дека образованието на наставниците треба да се подигне на едно повисоко ниво, како на пример вишо или високо, во 1964 година, учителската школа „Браќа Миладиновци“ престана со работа. По 1964 година ова средношколска воспитно- образовна

Page 177: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

177

установа продолжила да функционира како гимназија во која биле застапени јазичната и природно- математичката насока, а подоцна пред нејзиното предструктуирање- општата и општествената насока. Во 1983 година е преструктуирана во насочено средно образование.

Од 1948 година се отворило и стопанското средно училиште „Кочо Рацин“. Во ова училиште учениците претпладне вршеле работна дејност а поладне слушале настава во училиште. На тој начин училиштето функционира подолг временски период, а подоцна се организирало во вид на турнусна настава, т.е. во едно полугодие се реализирала наставата, а во другото полугодие се вршела праксата. Поради таквиот вид на настава во 1969 година бројот на ученици што се запишувале во ова училиште дрстично се зголемил.

Неколку години по ослободувањето, поради огромната потреба од медицински персонал, особено од медицински сестри, во 1947 година, во Битола почнува со работа Медицинското училиште. Ова училиште требало да произведува кадар на медицински сестри и акушерки. Поради тоа, теориската настава во ова училиште ја реализирале професори од областа на општообразовните предмети и лекари од областа на стручните- медицински науки. Практичниот дел од наставата се изведувал во организација и под контрола на инструктори. Интересот за стекнување на образование од областа на медицината, како и огромната потреба од вакви кадри придонесува, бројот на учениците постепено да се зголемува па така во 1960 година ова училиште го посетуваат околу 390 ученици, а во 1984 година во него работат 12 паралелки со 404 ученици. Во текот на своето повеќегодишно работење ова училиште дава голем придонес во оспособувањето на медицински кадри со средномедицинско образование, кои биле толку многу потребни за здравствените институции во југозападниот дел во Македонија.

Во 1958 година, во Битола се формира Електромашински училишен центар – „Ѓуро Салај“. Интересот на учениците за школување во ова училиште бил голем, па така во 1962 година ова училиште броело околу 513 ученци. Во негов склоп биле следниве насоки: металско- машинска и електро- техничка. Учениците што ги завршувале овие насоки, како квалификувани работници или како техничари можеле мошне успешно да се вклопат во производствената дејност.

Уште по ослободувањето, 1946 година, во Битола било формирано Основното музичко училиште, меѓутоа поради огромната потреба од музички стручни кадри кои ќе ја изведуваат наставата во него, но и поради желбата на Битолчани нивните деца да стекнат повисок степен на стручно музичко образование, во 1964 година дошло до отвараше и на Средно музичко образование. Според својата организациона поставеност ова училиште имало три насоки: теориска, инструментална и соло пеење. До денес, од редовите на ова училиште произлегле многу таленирани ученици, истакнати музички педагози, композитори и интерпретатори на сериозна и забавна музика, оперски пејачи и инструменталисти. Во ова училиште се школуваше и заврши и нашата најпозната поп ѕвезда Тоше Проески.

Бидејќи во пелагонискиот регион имало најубави услови за развивање на сточарството, во 1956 година Ветеринарното училиште од Скопје било дислоцирано во Битола. Тоа училиште било и единствена средношколска установа од ваков вид во Републиката во тоа време. Поради тоа, ова училиште дало мошне голем придонес во обезбедувањето со неопходниот стручен кадар – ветеринарни техничари- за потребите на сточарството во одделни региони во Македонија. Поголем дел од овие техничари го продолжиле своето образование и се здобиваат со повисоки стручни подготовки, стекнувајќи се со звањето ветеринарни лекари.

Page 178: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

178

Во 1984 година, во Битола се формира и Центарот за насочено средно образование „Таки Даскало“. Овој центар е формиран со соединување на гимназијата „Браќа Миладиновци“ и Центарот за образование на стручни кадри „Кочо Рацин“. Оваа средношколска институција почнала да работи со следниове насоки: градежна, рударска, автосообраќајна, текстилно- кожарска и прехрамбена. Центарот „Таки Даскало“ има современо организирана кабинетска настава а производствено- техничка работа учениците реализирале во соодветни организации на здружен труд, чија организација и вид на производство одговара на образовните насоки.

Денес во Битола дејствуваат следните средни образовни институции: гимназијата „Јосип Броз Тито“ во која дејствуваат 3 подрачја или 3 насоки: природно- матетематичко подрачје, јазично- уметничко подрачје и општествено- хуманистичко подрачје; „Таки Даскало“ кое е воедно и гимназија и стопанско училиште во кое се изучуваат 4 стопански струки (рударска, сообраќајна, графичка и текстилна) и три гимназиски насоки (природно- математичка, општествено- хуманистичка и јазична насока). Тоа е најголемото средно училиште во кое се школуваат околу 1830 ученици, а наставата ја изведуваат околу 106 наставници; Економското средно училиште „Јане Сандански“ во кое се реализираат следниве видови на настава: редовна- теоретска настава; практична настава; изборна настава; консултативна настава; дополнителна настава и додатна настава; Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во кое се изучуваат електротехничката и машинската струка; Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ кое во денешно време поради сé помалиот број на запишани ученици претрпува неугодни мигови; Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ за кое и денес постои огромен интерес и Средното музичко улиште.

Создавањето на високообразовни институции во Битола, почнува од 1960 година. Најпрвин се отвара Вишата земјоделска школа со цел да се образуваат кадри за сточарската насока. За остварување на наставта во оваа институција биле ангажирани професори од Земјоделскиот факултет во Скопје. Во школата е организирана настава за редовни и вонредни двегодишни студии, или четири семестри, со сточарска насока. Наставниот процес е прилагоден за оспособување на студентите, низ теориска и практична настава, успешно да се вклучуваат во организациите на здружен труд од сточарското производство. Поради тоа дипломираните студенти наоѓале вработување во разни соодветни дејности како што се краварски, овчарски, живинарски, свињарски и други форми, во млекарници во разни земјоделски и ветеринарни станици и сл.Практичните вежби студентите ги извршувале во ЗИК Пелагоднија- Битола. Потоа, во 1961 година е отворена и Вишата техничка школа со два отсеци: машински и електротехнички. Целите на работењето на ова школа биле да обезбеди стручен кадар за потребите на стопанството од машинска и електротехничка насока но и на постојниот стручен кадар да му овозможи да стекне повисоко стручно образование.Во 1964 година почнува со работа и Педагошката академија. Оваа академија имала за цел да оспособи наставен кадар со вишо образование за одделенска и предметна настава во основните училишта од југозападниот дел од Македонија. Од почетокот до 1972 година во оваа високо образовна институција, покрај Отсекот за одделенска настава постоеле и групите: македонски и српскохрватски јазик, руски јазик, историја и географија, математика и физика, биологија и хемија. Наставата траела 4 семестри или две години и се изведувала преку предавање, вежби, семинарски работи, практични работи и сл. За вонредните студенти се организираат семестри во текот на редовната настава и во времето на летниот одмор. Во 1967 година, за потребите на Академијата е изградена современа зграда и се создадени најоптимални услови за изведување на наставата. Во 1984 година во Академијата е

Page 179: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

179

извршено преструктуирање на нејзината организациона поставеност со што почнале да работат педагошките паралелки од насоченото средно образование во Битола и одделенска настава, додека групите од предметната настава за насочено образование престанале да работат. Во 1977 година започнува со работа Техничкиот факултет на кој поради големиот интерес за техничките науки до 1981 година дипломирале 61 студент на отсеците на машинскиот, електро и сообраќајниот отсек. Во истата година е основан и Правниот факултет како продолжување на дејноста на претходно создадениот Центар за правни науки од Скопје. Овој факултет во Битола ја започнува својата дејност со 8 наставници , од кои тројца доктори и 5 магистри.

Бидејќи за образование во овие постоечки високоообразовни институции населението од овој регион покажало голема заинтересираност по барање на повеќе високообразовни и научни институции од овој регион но и по иницијатива на тогашните 10 општини ( Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод), преку самоуправна постапка и по пат на референдум, во 1979 година се издејствувало да се отвори втор универзитет во Македонија, кој го добил името „Св. Климент Охридски“ со седиште во Битола. Основањето на овој универзитет претставува значаен настан во образовната историја на македонскиот народ. На почетокот во склоп на овој универзитет функционираат следниве факултети и институти: Економски, технички, Правен, Факултет за туризам и угостителство, Вишата земјоделска школа, Педагошката академија, Хидробиолошкиот завод од Охрид, Институтот за тутун од Прилеп и др. 100

Денес на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола функционираат следниве факултети: Технички факултет, Економски факултет, Педагошки факултет, Факултет за биолошки науки, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи и Високота медицинска школа.

Бидејќи на 19 септември 2003 година Република Македонија стана рамноправен член на европското семејтво на земји кои се обврзуваат да ги следат и реализираат препораките од Болоњскиот процес и заедничката определба за креирање на единствен европски простор на високото образование, РМ ги превзема и обврските од тој процес и од оваа година го стави високото образование пред нови предизвици. Така покрај напорите за подигање на квалитетот на студиите и нивната ефикасност, високото образование денес се соочува и со обврските за сопствено структурно, организациско и програмско дизајнирање кое треба да биде транспарентно, конкурентно, компатибилно и препознатливо на европскиот пазар на академски услуги, па и пошироко. Ваквата нова состојба значи доследно почитување на зацртаните одредби на Болоњската декларација и нивно оживотворување. Поради тоа, Република Македонија се обврза во првото десетолетие од 21 век да овозможи реализација на целите произлезени од Болоњскиот процес како што се: Усвојување систем на лесно препознатливи и споредливи степени и воведување на додаток на дипломата, за да се овозможи проток на вработување на европски граѓани и меѓународна конкурентност; Усвојување на систем базиран на два глобални циклуси – додипломски и посдипломски; Воведување на систем на кредити како што е ЕКТС како најпогодно средство за промоција на најширока размена на студентите; промоција на европска соработка во осигурувањето на квалитетот преку развивање на споредливи критериуми и методологија и сл.

100 Колективен труд, 40 години настава на македонски јазик во Битола и Битолско

Page 180: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

180

Заклучок

Денес, во четиринаесетата година од 21 век, образованието од сите степени бележи квалитативен, но не и квантитативен развој. Нашата држава се соочува се миграциски движења кои го загрозуваат опстојувањето на голем број образовни институции во нашата земја. Мета на таквата закана се особено училиштата во селските средини, како и голем број училишта од помалите градови во нашата земја.

Истите неугодни мигови ги преживува и јазикот. Иако, денес, по многу борби, недоразбирања и конфликти, конечно слободно можеме да се служиме со нашиот мајчин јазик, неговата егзистенција сé повеќе е загрозена од други странски јазици, кои нашиот народ, особено во поново време, практикува сé повеќе да ги користи. Така денес, на медиумите можеме да сретнеме емисија која се вика Stand up comedy и Backstage, трговските центри организираат попусти кои се популарни како Black Friday и сл., учениците на училиште одат со „bus“ или со „car“, и сето ова, за жал, му ги дразни ушите само на еден многу мал, дел од населението.

Користена литература

1. Бојковска, С., Пандев, Д., Минова- Ѓуркова, Љ., Цветковски, Ж. (1998), Македонски јазикза средно образование, Скопје: „Просветно дело“;

2. Белиќ, А., (1934), Дијалекти Источне и Јужне Србије, 1905, Белград;3. Димитровски, Т., Конески, К., Тошев, К., Угринова- Скаловска, Р., (1970), Правопис на

македонскиот литературен јазик, Скопје;

4. Закон за основно образование (прочистен текст), Службен весник на РепубликаМакедонија, бр.52, 2002;

5. Закон за средно образование (прочистен текст), Службен весник на Република Македонија,бр. 52, 2002 година;

6. Историја на мекедонскиот народ, книга трета, Скопје 1969, стр.4667. Кантарџиев, Р. (1979), Школството и просветата во Македонија во периодот на

Преродбата, во збирката „Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата“, Скопје:

8. Камберски, К., (2000), Предучилишното и основното воспитание и образование воРепублика Македонија (развој, состојби, перспективи), Скопје:

9. Камаберски, К. (2002), Средното образование во Република Македонија, Скопје;

10. Конески, Б. (1946), Македонските учебници во XIX век, Скопје;11. Конески, Б., ( 1982), Граматика на македонскиот литературен јазик, Скопје:

Page 181: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

181

12. Конески, Б., (1952), Историја на македонскиот јазик, Скопје:

13. Конески, Б., (1975), Од историјата на јазикот на словенската писменост воМакедонија,Скопје: „Македонска книга“;

14. Конески, Б., (1952), За македонскиот литературен јазик, Скопје:15. Концепција за деветгодишно основно образование и воспитание- 2007: Биро за развој на

образованието; 16. Колективен труд, 40 година настава на македонски јазик во Битола и Битолско;17. Национална програма за развој на образованието во Република Македонија (2005-2015)

со придружни програмски документи; 18. Паноска, Р., (1994), Современ македонски јазик, Скопје:19. Паноска, Р. (1994) Методика на наставата по македонски јазик, Скопје: „Просветно

дело“ 20. Ристески, С., (1988), Создавањето на современиот македонски литературен јазик,

Скопје: „Студентски збор“

21. Спасевски, Л., Општествено- економските промени и потрабата од промени вообразованието, Образовни рефлексии (1-2/2003), Биро за развој на образованието – Скопје;

22. Тодоровски, М. (1970), Просветните работници од Македонија во отпорот противфашизмот, Скопје: „Просветно дело“, Одбрани трудови, стр. 209;

23. Тодоровски, М., (1969), Просветните работници од Македонија во отпорот противфашизмот, Скопје: „Просвено дело“

24. Џеладини, Ќ; Стојановски, Т; Андоновска- Митревска, Т; Андреевски, Ѓ: (2005)Актуелни текови во образованието од 2000 до 2005 година: Скопје: Образовни рефлексии;

Page 182: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

182

__________________________________________________

_________________________________________________________________

IN MEMORIAM

Page 183: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

183

IN MEMORIAM

проф. Ѓорги Димовски - Цолев

На ден 12.01. 2015 година почина нашиот истакнат и ценет член на Друштвото за наука и уметност- Македонско научно друштво- Битола, Ѓорги Димовски – Цолев. Роден е 1929 година и е еден од доајените и основоположници на Македонското научно друштво. Неговите заложби во растот и развојот на научната мисла се бележити во летописите на нашето друштво. Работниот век го минал како професор по историја во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ (Битола) и Педагошката академија. Работел на пишување на учебници, како и во истражувањето и проучување на Битола и Битолско. Со свои трудови учествувал на повеќе научни собири.

Автор е на повеќе од 100 трудови. За својата долгогодишна активност ги добил наградите : „4 - ти Ноември“ за научна дејност, републичката награда „Свети Климент Охридски“ (коавтор) и во 2007 г. награда „4-ти Ноември“ за животно дело.

Член е на ДНУ од 1963 г.

Page 184: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

184

На 26.12.2014 година почина д-р сци. Петар Бојаџиевски, еден од доајените на Македонското научно друштво – Битола, доктор офтомолог, еден од активните членови на Друштвото, автор на повеќе научни статии, списанија и книги.

Во неговата биографија во Македонското научно друштво – Битола, стои: Роден 1939 год. Дипломирал на Медицинскифакултет - Скопје. Бил управник во Здравствената станица -Бач, лекар во Трета реонска здравствена станица – Битола(1968 - 1971). Офталмологија специјализира на Очнатаклиника - Скопје. Бил на стручно усовршување во Лион иПариз (1978/79) каде стана асистент на Универзитетот „Клод

Бернард“ - Лион и беше примен за редовен член на Друштвото на офталмолози - Франција. Член на Друштвото на офталмолози - Македонија, иницијатор и организатор на „Битолски

медицински денови“. Примариус од 1984 г., а доктор на медицински науки од 1989 год. Здравствен советник во Медицинскиот центар – Битола (1991).

Има објавено над 60 стручно - научни трудови. Добитник на бројни признанија, награди. Член е на Друштвото за наука и уметност - Битола од 1976 год. (секретар на одделение и

член на Научниот совет).

IN MEMORIAM

Page 185: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

185

Димитровски –Такец Димитар На 01. 05.2015 година почина еден од нашите

најактивни и ценети членови, Димитар Димитровски- Такец. Роден 1922 год. Во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетско и музичко движење во Битола. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен референт, селски учител и новинар, бил дописник на „Нова Македонија“. Се пројавил како : сликар, поет, музичар, а патем и како

пасиониран спортски рекреативец и тоа : велосипедизам, планинарење, пливање, партерна гимнастика. Во новинарството бил вреднуван како сугестивен репортер и коментатор. Истражувал материјали за браќата Манаки, за Мустафа Ќемал Ататурк, за Вагнер, за Димитрие Лала и др. Во сликарството остварил 16 самостојни изложби и напишал 20 музички композиции. tel. 047 232 464

IN MEMORIAM

Page 186: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

186

Паришко д-р Живко

Во мај 2015 почина еден од основачите на Македонското научно друштво , д-р Живко Паришко. Роден 1928 год. во Битола. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје. Докторира 1963 година на тема : „Дрвопродуктивност на моликата во различни услови на месторастење во Националниот парк Пелистер“. Автор е на поголем број трудови од областа на шумарството. Има голем допринос во изработката на шумско стопанската основа и на ловниот дивеч во Националниот парк „Пелистер“.

Член е и еден од основачите на Македонското научно друштво (1960) и на повеќе пати член на управните и стручни тела во ова Друштво. тел. 047 221 968

IN MEMORIAM

Page 187: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

187

* ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ

* ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК

МАРИЈА ДИМОВА

* ЛЕКТОР

ВИОЛЕТА ЈАНУШЕВА

* ИДЕЈНО И ГРАФИЧКО РЕШЕНИЕ

ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

* КОМПЈУТЕРСКА ПОДГОТОВКА

„КС ГРАФИКА“ - БИТОЛА

* ПЕЧАТИ

„КС ГРАФИКА“ - БИТОЛА

* АПРИЛ, 2015

* ТИРАЖ

500 ПРИМЕРОЦИ

__________________________________________________________

ИЗДАВАЧ МАКЕДОНСКО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА

Page 188: C O N T R I B U T I O N S 19-20nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col17/...на десната ушна школка со реконструкција на надворешниот

188

Издавањето е финансиски помогнато од страна на Министерство за култура на Р. Македонија

__________________________________________________________

ПРИЛОЗИ: Contributions / Македонско научно друштво;

[главен уредник Миле Миќуновиќ;

технички уредник Марија Димова]. - Год. XI,

Бр. 19-20, 2015. - Битола: Македонско научно друштво, 2015 - 169 стр.:24

см

PRILOZI = Contributions / Makedonsko naučno društvo;

[glaven urednik Mile Mikunovik;

tehnički urednik Marija Dimova]. - God. XI,

Br. 19-20, 2015. - Bitola: Makedonsko naučno društvo, 2015 - 169

str.:24 cm

Полугодишно