Животна практика - department of social ... · 14 :: Животна практика...

24
Животна практика со системот на учење во раните детски години

Upload: others

Post on 03-Jul-2020

13 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практикасо системот на учење во раните детски години

Page 2: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Проектот на практиката основана врз ресурсите на принципите на учењето во раното детство е финансирана од Австралиската Влада преку Министерството за Образование, Вработување и работни односи. Ресурсите се развиени од Community Child Care Co-operative Ltd (NSW) за да овозможат поддршка за воспитувачите на раното детство да го воведат Принципот на учење во раното детство.

Со исклучок на Грбот на федерацијата, логото на министерството, било каков материјал заштитен со трговската марка и каде е експлицитно наведено поинаку целиот материјал презентиран во овој документ е овозможен со дозвола од Creative Commons Attribution 3.0 Австралија (http://creativecommons.org/licenses/by/3.0/au/).

Деталите од условите на релевантната дозвола се достапни на веб-страната Creative Commons (користејќи ги линковите кои се овозможени овде) како и целосниот легален код за дозволата CC BY 3.0 AU (http://creativecommons.org/licenses/by/3.0/au/legalcode).

Документот мора да биде припишан како Практика основана врз ресурсите на принципите на учењето во раното детство - Животна практика со системот на учење во раните детски години.

ISBN: 978-0-9873543-0-3

Page 3: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Living practice with the Early Years Learning Framework :: 3

Содржини

Што е системот на учење во раните детски години? 4

Големите идеи 5

Систем за акција 10

Чувство за насока 12

Составување на сето тоа заедно 14

Да се биде професионален 16

Page 4: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

4 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Што е системот на

Кој е воспитувач?Во EYLF сите практичари во раното детство кои работат директно со децата се сметаат за воспитувачи. Ова го потврдува фактот дека која и да е нивната специфична улога, сите воспитувачи го поддржуваат учењето на децата.

Системот на учење во раните детски години (EYLF) е водич за воспитувачите во раните детски години. Преку серија на принципи, практики и резултати од учењето тој воведува клучни идеи за начините на кои работиме со мали деца.

Тоа не е наставна програма. Нема да ни каже точно што би требало да правиме од ден за ден или недела за недела. Наместо тоа, EYLF е потсетник дека учењето е премногу важно да биде оставено на случајност и не упатува во детското учење, развој и резултати.

учење во раните детски години?

Page 5: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 5

Големите идеи

Припаѓање, постоење и станувањеОвие зборови се исто така и насловот на EYLF – но тие се повеќе одошто само изрека. Со три едноставни зборови тие всушност сумираат што ние, како воспитувачи во раното детство, правиме во нашата работа со деца и семејства.

Ако секое дете во наша грижа може да искуси вистинско чувство на припадност; ако тие може да имаат време и место да бидат себеси; и ако можат да бидат поддржани во тоа кои стануваат, тогаш ние би завршиле добра работа.

Page 6: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

6 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Припаѓање, постоење и станување се сите важни, но идејата за припаѓање е централна. Ако ги поддржуваме децата да припаѓаат, ние им ја даваме можноста за да бидат дел од заедницата и да работат кон постигнување на очекуваните резултати од учењето .

Како возрасни знаеме колку може да се чувствуваме под стрес ако не припаѓаме. Кога сме под стрес или вознемирени ние знаеме дека не сме во правото расположение за да учиме. Истото важи и за децата. Затоа чувството на припадност треба да нагласува сè друго што правиме.

Page 7: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 7

Постоењето значи децата да имаат шанса едноставно да бидат себеси. Тоа е за да му се даде време на децата да растат по сопствено темпо отколку да се чувствуваат дека ние секогаш ги брзаме кон следната фаза од нивниот живот.

Детството не треба да се побрза. Понекогаш најдобрата подготовка за да се биде пет (или четири, или три, или две...) е да се биде четири ( или три, или две, или една) за цела година.

Време да се „постои“ овозможува децата да:• ја искусат радоста и

изворедноста на детството;• научат за себеси и кои се

тие; • развијат длабоки и

задоволувачки односи; и• станат целосно вклучени со

нови идеи и интереси.

„Раните детски години не се само за подготовка во иднината, туку се исто така и за сегашноста.“

(Early Years Learning Framework, p.7)

Page 8: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

8 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Станувањето е за тоа во што ќе израснат децата. Се работи за нашата улога да ги поддржиме да го реализираат нивниот потенцијал и исто така да им помогнеме да пораснат во активни членови на заедницата. Постоењето треба да е балансирано во спротивност со идеата на станување. „Подготовка за иднината“ не треба да биде нашата единствена цел. Меѓутоа не можеме да си дозволиме да ја игнорираме. Подготовка за иднината е дел од нашата улога како воспитувачи во раното детство, земајќи во предвид дека тоа не е единственото нешто на коешто се фокусираме.

Page 9: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 9

Page 10: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

10 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Принципи и практикиПринципи и практикиИсто како и потенцирање на големите идеи на припаѓање, постоење и станување, така и EYLF поставува пет принципи и осум практики кои не водат како работиме. Овие ја водат работата со системот. Сите се врз база на испитувањето за тоа што го прави образованието на раното детство најефективно. Заедно тие ни ги даваат некои од алатите и идеите кои ни се потребни за да ја ставиме EYLF во акција.

Како тие ќе бидат користени ќе зависи од една до друга услуга. EYLF не е за секој да го прави истото нешто. Секоја услуга ќе ги примени принципите и практиките на свој начин, да му одговара на своето сопствено опкружување. Важно е дека секој од принципите и практиките е очигледен и дека начинот на кој тие се комбинирани успева за децата, семејствата и воспитувачите од одредена услуга.

Page 11: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 11

Принципи1. Безбедни, односи со почит и еднаквост

2. Партнерства

3. Големи очекувања и непристрастност

4. Почит за различностите

5. Тековни практики на рефлекција и учење

Практики1. Холистички пристапи

2. Одговорност кон деца

3. Учење врз игра

4. Настава со намера

5. Средини на учење

6. Културна способност

7. Непрекинатост во учењето и промените

8. Оценка за учење

Page 12: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

12 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Чувство за насока

Последниот дел од EYLF се резултатите од учењето:

1. Децата имаат силно чувство на идентитет

2. Децата се поврзани и придонесуваат за нивниот свет

3. Децата имаат силно чувство на благосостојба

4. Децата се самоуверени и вклучени ученици

5. Децата се ефективни комуникатори

Page 13: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 13

Исто како и големите идеи на припаѓање, постоење и станување, резултатите нас не известуваат да ги идентифицираме предностите на децата и да им ја дадаме можноста да ги користат нивните предности во секојдневната практика.

Резултатите му даваат насока на нашето планирање за детското учење. Не потсеќаат дека ние имаме одговорност да му помогнеме на секое дете да го постигне својот потенцијал во учењето.

Page 14: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Составување на сето тоа заедно

Иако EYLF е направена од посебни делови - принципите, практиките и резултатите од учењето - ниедна од овие не се самостојни. Секоја од нив треба да биде поврзана со сите други. За да се користи ефективно системот треба да размислиме како деловите се вклопуваат заедно. Ако ги користиме принципите и практиките како наш водич, очекуваните резултати од учењето ќе се развијат.Тоа е сложено. Системот ја нагласува важноста да се има големи очекувања за децата. Исто така тоа има големи очекувања за нас, како воспитувачи.

Page 15: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 15

Работење според системот значи дека ние треба да бидеме:• рефлективни и внимателни

за тоа што правиме;• одговорни и флексибилни во

начините на работа; и• обврзани за постојано да го

развиваме нашето знаење и начини на работа.

Тоа може да биде предизвик. Но е исто така и наградувачко – за нас како воспитувачи, а исто така и за децата и семејствата со кои работиме.

Колку и можеби да посакуваме понекогаш за некој „само да ни каже што да правиме“, тоа е просто невозможно. Кога помислуваме на стотиците различни одлуки кои ги правиме секој ден тогаш можеме да видиме дека ниеден документ не може да ни каже што да правиме во секој поединечен случај.

Она на што се потпираме кога ги донесуваме тие решенија е нашата професионална проценка. Разбирањето на тоа е клуч на разбирање на EYLF.

Page 16: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

16 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Да знаете што правите и зошто тоа го правите.

Ако може EYLF да биде сумирана во една реченица таа веројатно би било тоа. EYLF ја воведува идејата дека треба да бидеме внимателни и да имаме цел во тоа што го правиме. Тоа е основата да се биде професионален – и тоа е она што EYLF всушност бара од нас да бидеме.

Да се биде професионален

Page 17: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 17

Да се биде професионален во било кое поле значи да се може да се црпи од дел на специјализирано знаење за да се направат одлуки за тоа што да се прави во одредена ситуација. Кога ќе помислиме на други професионалци како медицински сестри, доктори, водоводчии или сметководители, ние сакаме да го користат нивното знаење за проблем или прашање и тогаш да ни дадат одговор или решение кое одговара на нашата ситуација.

Page 18: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

18 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Тоа е истото што EYLF бара од нас да направиме – да го искористиме нашето знаење и искуство за да го води нашиот начин на одлука за да можеме да ја направиме најдобрата можна одлука во секоја ситуација.

Да знаеме што правиме и зошто тоа го правиме.

Page 19: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 19

EYLF е нашиот водич во основата на професионалното знаење во образованието на раното детство. Принципите, практиките и резултатите од учењето се основани врз она што знаеме за високиот квалитет на образованието во раното детство. Системот е намерно оставен незавршен и флексибилен, бидејќи е важно да донесуваме свои сопствени решенија. Но исто така е јасно дека клучните идеи што ги поставува треба да нагласуваат сè што правиме.

Page 20: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

20 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Додека сепак има многу начини на успешно воспоставување на системот тоа не значи дека сè важи. EYLF ќе (и треба) да изгледа различно во секоја услуга. Но сепак сеуште треба да биде препознатлив како EYLF. Меѓутоа, кога правиме некои работи ние би требало да можеме да ги најдеме сите принципи и практики во тоа што го правиме, и да покажеме како она што го правиме им помага на децата да ги постигнат очекуваните резултати од учењето.

Page 21: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Животна практика со системот на учење во раните детски години :: 21

Образованието на раното детство е сложено. Многу посложено отколку што обично изгледа однадвор. Ретко има едно решение за сите предизвици со кои се соочуваме. Наместо тоа, она што го правиме е оформено според нашата содржина – според тоа каде сме, со кој работиме и што друго се случува околу нас.

Page 22: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

22 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години

Вредноста на EYLF не е дека ги овозможува сите решенија – тоа не може. Вредноста на EYLF е дека ни ги дава клучните идеи кои го означуваат успешното образование на раното детство за да можеме ние да направиме свои сопствени одлуки во најдобри интереси на децата и семејствата со кои работиме.

Page 23: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години
Page 24: Животна практика - Department of Social ... · 14 :: Животна практика со системот на учење во раните детски години