НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21...

16
IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010 IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010 НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1, Даниела РИСТОВА 2 1 Гимназија „Јосип Броз-Тито“, ул. „Булевар 1 Мај“ 51, Битола, Македонија e-mail: [email protected] 2 ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ул. „Димитар Влахов“ 32, Битола, Македонија e-mail: [email protected] ИЗВОД Технолошка револуција, брз пристап до информации, масовна комуникација! Тоа се епитетите на 21-от век, век во кој сè е возможно! Живеејќи во овој век принудени сме да бидеме во чекор со сите наведени достигнувања. Учениците уште од мала возраст доста умешно ги користат придобивките на новото време. Оттука, да се биде наставник во 21-от век е навистина сериозна, одговорна, но и креативна работа. Придобивките од технологијата не се доволни за добар образовен процес. Овие придобивки треба да се искомбинираат со современи методи на работа, преку кои, ученикот ќе има централна улога во часот, а не само немо да ги посматра монолозите на наставникот. Комбинирањето на современите методи на работа со ИКТ технологијата, пред сè во наставата по географија, дава исклучително голем интерес и високи резултати кај учениците. Мотивацијата на учениците за учество во ваквите наставни часови е на многу високо ниво, што пак е предуслов за квалитетна и успешна работа. Во овој труд, преку практични примери за примена на современите методи на работа и ИКТ технологијата, ќе се прикаже како треба да се реализира наставата по географија во основното и гимназиското образование. Имајќи на ум дека секој наставник е креативна личност, се надеваме дека овие примери ќе претставуваат основа за сето она што би следело во блиска иднина, а тоа е формирање на сестрани географски личности, создавање на модерна и креативна настава по географија и издигнување на предметот географија на национално ниво! Клучни зборови: настава, географија, 21 век, современи методи, ИКТ технологија ABSTRACT Technological revolution, fast access to information, massive communication! These are the epithets of the 21 st century, a century were everything is possible! Living in such a century, we are forced to be in pace with the mentioned achievements. From a very small age pupils use the new century to gain highly and successfully. Therefore, to be a teacher in the 21 st century is a serious, responsible and creative job. Technology is not enough for a good educational process. This acquisition should be combined with modern working methods, where pupils have the main role in class, not only to sit and listen to the teacher’s monologue. Combining modern work techniques with ICT technology, especially in learning Geography, provides an outstanding interest in pupils and high results. Pupils’ motivation to participate in these classes is on a high level, which is a precondition for quality and successful work. In this paper, through practical examples for the use of modern working techniques and ICT technology, we will show you, how to accomplish Geography teaching in primary and secondary education. We understand that every teacher is a creative person, so we hope these examples will present the base of what will happen next, in the near future, and that is creating versatile Geography persons, creating modern and creative Geography teaching and enhancing the Geography as a subject on a national level. Key words: teaching, geography, the 21 st century, modern working methods, ICT technology 21-от век налага промена на ликот на наставникот! Современиот наставник по географија е креативна личност која користи нови наставни методи и форми на работа, личност со добри познавања на ИКТ-технологијата и детската психологија. Традиционалната настава неизбежно се напушта, 21-от век налага ефективна, мотивирачка настава насочена кон ученикот и неговите потреби. Ваквата модерна настава бара повеќе подготовки и активности, како од наставникот, така и од ученикот, создавајќи меѓу нив нераздвојна целина. 1

Upload: vomien

Post on 28-Feb-2019

264 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК

Мите РИСТОВ 1, Даниела РИСТОВА 21 Гимназија „Јосип Броз-Тито“, ул. „Булевар 1 Мај“ 51, Битола, Македонија

e-mail: [email protected] ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ул. „Димитар Влахов“ 32, Битола, Македонија

e-mail: [email protected]

ИЗВОД

Технолошка револуција, брз пристап до информации, масовна комуникација! Тоа се епитетите на 21-от век, век во кој сè е возможно! Живеејќи во овој век принудени сме да бидеме во чекор со сите наведени достигнувања. Учениците уште од мала возраст доста умешно ги користат придобивките на новото време. Оттука, да се биде наставник во 21-от век е навистина сериозна, одговорна, но и креативна работа. Придобивките од технологијата не се доволни за добар образовен процес. Овие придобивки треба да се искомбинираат со современи методи на работа, преку кои, ученикот ќе има централна улога во часот, а не само немо да ги посматра монолозите на наставникот. Комбинирањето на современите методи на работа со ИКТ технологијата, пред сè во наставата по географија, дава исклучително голем интерес и високи резултати кај учениците. Мотивацијата на учениците за учество во ваквите наставни часови е на многу високо ниво, што пак е предуслов за квалитетна и успешна работа. Во овој труд, преку практични примери за примена на современите методи на работа и ИКТ технологијата, ќе се прикаже како треба да се реализира наставата по географија во основното и гимназиското образование. Имајќи на ум дека секој наставник е креативна личност, се надеваме дека овие примери ќе претставуваат основа за сето она што би следело во блиска иднина, а тоа е формирање на сестрани географски личности, создавање на модерна и креативна настава по географија и издигнување на предметот географија на национално ниво!

Клучни зборови: настава, географија, 21 век, современи методи, ИКТ технологија

ABSTRACT

Technological revolution, fast access to information, massive communication! These are the epithets of the 21st century, a century were everything is possible! Living in such a century, we are forced to be in pace with the mentioned achievements. From a very small age pupils use the new century to gain highly and successfully. Therefore, to be a teacher in the 21st century is a serious, responsible and creative job. Technology is not enough for a good educational process. This acquisition should be combined with modern working methods, where pupils have the main role in class, not only to sit and listen to the teacher’s monologue. Combining modern work techniques with ICT technology, especially in learning Geography, provides an outstanding interest in pupils and high results. Pupils’ motivation to participate in these classes is on a high level, which is a precondition for quality and successful work. In this paper, through practical examples for the use of modern working techniques and ICT technology, we will show you, how to accomplish Geography teaching in primary and secondary education. We understand that every teacher is a creative person, so we hope these examples will present the base of what will happen next, in the near future, and that is creating versatile Geography persons, creating modern and creative Geography teaching and enhancing the Geography as a subject on a national level.

Key words: teaching, geography, the 21st century, modern working methods, ICT technology

21-от век налага промена на ликот на наставникот! Современиот наставник по географија е креативна личност која користи нови наставни методи и форми на работа, личност со добри познавања на ИКТ-технологијата и детската психологија. Традиционалната настава неизбежно се напушта, 21-от век налага ефективна, мотивирачка настава насочена кон ученикот и неговите потреби. Ваквата модерна настава бара повеќе подготовки и активности, како од наставникот, така и од ученикот, создавајќи меѓу нив нераздвојна целина.

1

Page 2: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

За успешно организирање на наставата по географија потребно е да се исполнат повеќе елементи. Едни од најзначајните се следниве:

Подготовка и планирање на наставниот час

Подготовката и планирањето на часот се едни од најбитните елементи за успешно организирана настава по географија.

• Д невна подготовка за час - Дневното планирање е од клучно значење за успешно организиран час. Како најбитни елементи во планирањето, без кои не можеме да постигнеме квалитетно планирање, би ги спомнале:

◦ Цели на часот – Новите сознанија во методиката налагаат исфрлање на воопштени цели (како: „Учениците да знаат за релјефот на Африка“) и користење на конкретизирани цели (како: „Учениците со помош на карта да ги класифицираат различните видови на релјеф во Африка, според нивниот настанок и географска распространетост“). Како што се гледа од посочените примери, кај конкретизираните цели, конкретно е наведено што се бара како крајна цел од наставната единица, исто така, е посочена и активноста на учениците за време на тој дел од часот. Конкретните цели даваат целосен опис на активностите и посакуваните крајни резултати на часот, што е од непроценливо значење за квалитетно планирање на наставата.

◦ Поими – Наведените поими претставуваат битен елемент во дневното планирање, бидејќи само точно дефинираните поими даваат успешно понатамошно учење. Затоа при дефинирањето на поимите во планирањето мора да се води сметка на нивниот број (колку е поголем бројот на поими, кај учениците се јавува потешкотија во нивното усвојување) како и на корегирање на погрешно изведените поими.

◦ Фази на часот и активности – Во последниве 2-3 години, со реализација на семинарите од страна на ПЕП-проектот, се подобри квалитетот во наставата по географија, особено во делот на фазите на часот. Од големо значење за наставата по географија беше вклучувањето на „Циклусот на учење“ кој во голема мера го промени начинот на работа за време на часот и воведе една поголема интеракција меѓу наставникот и учениците, но и меѓу самите ученици. Циклусот на учење предвидува четири фази на часот: воведно ангажирање, истражување, дискусија и примена на знаењето. Воведното ангажирање е фаза од часот која сите наставници ја користат и е од непроценливо значење за утврдување на предзнаењата на учениците. Она по што циклусот на учење оди неколку чекори напред се останатите фази од часот. Истражувањето е фаза од часот во која учениците се главни носители на активноста. За време на оваа фаза, учениците кои се поделени во групи или парови, истражуваат некоја проблемска ситуација, или пак, истражуваат делови од текстот од учебникот или од претходно изготвени работни ливчиња и ја разрешуваат зададената задача од страна на наставникот. Оваа фаза е многу значаен елемент, бидејќи овозможува целосно вклучување на учениците во часот и нивна постојана активност, а го исклучува немото посматрање на монолозите на наставникот. Дискусијата со учениците, после изведеното истражување е од големо значење за корегирање на евентуалните погрешно поставени поими и за заокружување на главните цели од наставната единица. Примената на знаењето е фаза од часот која нуди нешто што и недостасуваше на наставата. Преку неа

2

Page 3: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

1

Подготовки и планирање

Оценување на

учениците

Дневна подгото

вка

Нови методи

и форми

Интерактивни часови

Пристап до

податоци

Изработка на

нагледни средства

- Цели на часот

- Поими

- Фази на часот и активности

- Техники на работа

- Групни истражувања

- Есејски прашања- Изработка на тематски карти

- Ориентација во просторот

- Изградба на Сончев систем

- Ментални карти

- Работа со топографски карти

- Геолошки состав на Земјата

- Стручна литература

- Списанија

- Интернет

- Карти, модели, постери, презентации, веб-страници, квизови, видео материјал

- Дијагностичко

- Формативно

- Сумативно

Примена на ИКТ

технологија

PowerPoint

презентации

Дополнителни

материјали

- Работни ливчиња

- Текстови

- Табели и графикониКомпјутер

ски квизови и

гео-игри

Географски веб-

страници

Работа со Google Earth

Користење на e-

mail

Снимање на нагледни

часови

- од наставникот

- од учениците

- Question Writer

- Е Quizzer

- Purpose Games

- Sheppard Software

- Statetris

- geografija-bt.webs.com

- geo-orizari.webs.com

- geo-sugarev.webs.com

- rgdgeosfera.tripod.com

- работа во групи

- практичен за секој час

- спознавање на просторот- за прашања

- за корекции на семинарски и матурски задачи

- за есејски прашања- Windows Movie maker

- You Tube

ТЕРЕНСКИ ИСТРАЖУВАЊ

А

Рекреативно

едукативни

ексурзии

Настава во

природа

Теренски истражува

ња

- учениците се набљудувачи на просторот

- учениците делумно се вклучени во процесот со одредена активност

- учениците целосно се вклучени во процесот со повеќе активности

СТРУЧНА СОРАБОТКА

Институт за

географија

Македонско

географско

друштво

Регионални

географски

друштва

НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК

Page 4: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

учениците ги зацврстуваат стекнатите знаења, особено кога во неа се вклучени разновидни интерактивни методи, како: подредување на фотографии, карти со различна тематика, графикони и табели, видео клипови, компјутерски квизови, итн. Примери од нагледни часови работени според „циклусот на учење“ можете да видите на страната http://geo-orizari.webs.com/aktivnostinachasovite.htm

• Н ови форми и методи на работа – Незамисливо е концепирање на современа настава по географија без примена на новите форми и методи на работа. Нашето искуство говори дека сите форми на работа (индивидуална, во парови и во групи) треба да имаат соодветна застапеност за време на часот, без поголемо потенцирање само на одредена форма. Во однос на методите, односно техниките, сакаме да ги спомнеме некои од најчесто практикуваните техники на работа, за кои сметаме дека најдобро се вклопиле во изучувањето на предметот географија, како: прошетка низ галерија, сложувалка, грозд метода, венов дијаграм, бура на идеи, Т-табела и некои креативни исклучиво географски техники, како: изработка на тематски карти и ментални (умствени) карти, за кои поопширно ќе кажеме подолу во текстот. Исто така, индивидуалната работа на учениците е од големо значење за нивната понатамошна мотивираност во работата, па затоа, 2-3 пати годишно треба да им се задаваат одредени задачи, поврзани со некое есејско прашање или пак семинарска работа со конкретна географска тема. Кај есејските прашања треба да се внимава на типот на прашањето, односно со прашањето да се бара од ученикот да искаже свое мислење за одредена појава или процес. На пример: „Замисли си дека си припадник на племето Масаи. Кои се твоите позитивни и негативни искуства“? И кај двете наведени активности, на ученикот мора да да му се нагласи да води сметка за авторските права на текстовите кои ги користи за својата задача и истите да не ги препишува во целост, туку да ги прераскаже со свои зборови или да цитира делови од текстот! Ова е многу битно за наставниот процес, бидејќи на тој начин учениците се оспособуваат за истражувачка работа и за логичко и критичко мислење. Примери од изработени семинарски работи од страна на учениците може да видите на веб страницата: http://www.freewebs.com/geoproekti/

• И нтерактивни часови – За поттикнување на мотивацијата и креативноста кај учениците, неколку пати во учебната година, потребно е реализирање на интерактивни часови, во кои учениците ќе бидат главни носители на активностите, а наставникот ќе ги координира истите. Од повеќето реализирани вакви часови, би сакале да издвоиме шест (по три од основното и гимназиското образование).

◦ Основно образование : моменти од наведните интерактивни часови може да видите на страницата http://geo-orizari.webs.com/aktivnostinachasovite.htm

1

Сл. 1 – Дискусија Сл. 2 – Примена на знаењето

Page 5: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

Изработка на тематски карти – Овој час беше организиран во рамките на ПЕП-проектот, со ученици од 8 одд. при ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола и се однесуваше на утврдување на знаењата за континентот Африка. На часот присуствуваа претставници од проектот меѓу кои беше и Robert J. Helfenbein, професор на Универзитетот во Индијана, САД. Целта на часот беше, преку изработка на тематски карти за континентот Африка, да се утврдат и прошират знаењата за овој континент. Учениците беа поделени во четири групи, при што, секоја група доби работно ливче во кое беа наведени неколку прашања од одредена тема. Задача на учениците беше одговорите на прашањата да ги прикажат визуелно, преку цртање на контурна карта на Африка, а не текстуално. На крајот на часот учениците изработија креативни карти од четири области: Политичка поделба и населеност на Африка, Физички карактеристики на Африка, Климатско-вегетациони области во Африка, Индустрија и земјоделство на Африка.

Ориентација во просторот – Овој час беше изведен со ученици од 5 одд. (а од оваа учебна година би можел да се реализира и во рамките на предметот Природни науки). За време на наведениот час секој ученик практично научи како да се ориентира во просторот со помош на компас, мовта од дрвјата и годовите на пресечените дрвја. Исто така, со помош на компас учениците извршија одредување на местоположбата на различни предмети во просторот. Учениците практично докажаа дека може да се изврши ориентација во просторот со помош на мовта од дрвјата и годовите на дрвјата.

Изградба на Сончев систем – Часот беше реализиран со ученици од 5 одд. во непосредна близина на училиштето. Девет ученици добија по еден натпис (секој за одредена планета од Сончевиот Систем, како и за џуџестата планета Плутон). По претходно направени пресметки, секој ученик помина одредено растојание од Сонцето (кое претставуваше едно тениско топче) и на тој начин сите ученици во вистински размер беа оддалечени од Сонцето, со што, учениците одблизу можеа да се запознаат со големината на нашиот Сончев Систем и погледот на Сонцето од одредена планета! Димензиите на изградениот Сончев Систем можете да ги видите на погоре дадената веб страница.

◦ Гимназиско образование: моменти од наведните интерактивни часови може да видите на страницата http://geografija-bt.webs.com/nastava.htm

Ментални (умствени) карти - Креирањето на ментални карти од страна на учениците наоѓа голема примена особено во осознавањето на урбаната географија и планирањето на просторот, но оваа техника солидно е применлива и во физичката географија. Часот беше реализиран со ученици од 3 год. при Гимназијата „Јосип

2

Сл. 3 – Изработка на тематски карти Сл. 4 – Изградба на Сончев систем

Page 6: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

Броз-Тито“ во Битола. Учениците беа поделени во три групи и со фрлање на ситни предмети во различна боја (каде секоја боја имаше одредно значење, пр. станбени објекти, индустрија, паркови, болници, училишта, итн.) врз пластифициран хамер (врз кој може да се црта со водотопни маркери) по случаен избор искреираа имагинарни населби и врз база на објектите во просторот ги опишаа сите карактеристики на таа населба и создадоа своја приказна. На тој начин учениците можеа од близу да се запознаат со процесот на планирање на просторот, проблемите и карактеристиките на одредена урбана зона. Најпозитивна придобивка од одржаниот час е развивање на логичкото и критичкото мислење кај учениците.

Геолошки состав на Земјата – За време на овој час, новите наставни содржини од лекцијата "Геолошки состав на Земјата" во 1 год. учениците ги совладаа преку запознавање со позначајните претставници на секоја група на карпи. По наведените основни карактеристики на секоја група на карпи, учениците преку работа во групи, имаа задача, според изгледот и претходно наведените карактеристики на одредени карпи, да ги групираат истите во соодветната група на: седиментни, магматски или метаморфни карпи. Секако за реализација на овој час ви е потребна геолошка збирка.

Работа со топографски карти - Во рамките на темата "Претставување на Земјината површина на карта", учениците од прва година ги утврдија своите знаења преку работа со топографски карти. За таа цел, учениците имаа за задача да изработат профил на одреден простор од топографската карта. Работеа во парови и секој пар имаше топографска карта и работно ливче со точни инструкции за работа. Учениците работеа со топографски карти во размер 1:50000 од четири простори на Македонија: Кањонот Матка, Радика и планината Бистра, Битолско со дел од Пелагонија, северниот дел од Кочанската Котлина.

1

Сл. 5 – Креирање на ментални карти Сл. 6 – Работа со геолошката збирка

Сл. 8 – Изработка на профил на просторСл. 7 – Работа со топографски карти

Page 7: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

• П ристап до податоци – за квалитетна и успешна подготовка за наставен час по географија, но и за постојано дообразување и усовршување, на наставникот по географија му е потребен пристап до стручна литература и податоци. Факт е дека наставниците во државата имаат големи проблеми со изнаоѓање на стручна литература, бидејќи истата скоро и да ја нема, па затоа единствен спас е користење на комјутерската технологија и пребарувањето на интернет. Општо познато е дека на интернет можат да се пронајдат податоци од секаква тематика, но мора да се има на ум дека голем дел од тие податоци може да бидат грешни и наместо да бидат од корист за наставникот, да му предизвикат проблеми. Затоа од исклучително значење е секој наставник сам да цени за веродостојноста на информациите, истите да ги проверува и споредува со останати интернет страници, како и да изгради една листа на доверливи страници од кои во секое време ќе може да црпи најразновидни податоци. Во натамошниот текст сакаме да ви предочиме неколку интернет страници кои на секој наставник по географија ќе му помогнат во своите подготовки за час.

◦ http://data.un.org/Explorer.aspx?d=POP–Официјални статистички податоци на страницата на Обединетите нации, од секаков аспект, подредени во повеќе категории.

◦ http://www.stargazing.net/naa/sotw.htm - Листа на најдобрите астрономски страници во светот.

◦ http://astronomija.com.mk – Страница на Скопското астрономско друштво, постојано ажурирана со најнови податоци од астрономијата.

◦ http://wikipedia.org – Најкористената светска интернет енциклопедија. Располага со огромен број на податоци (голем дел и на македонски или српски јазик). Во најголем дел податоците се точни (особено географските), но, кога станува збор за историски податоци, ќе треба да се земат со резерва и да се проверат (бидејќи, станува збор за слободно уредување на страницата). Она што е од голема корист за наставникот е тоа што страницата располага со најразновидни тематски карти од сите простори на Земјата, кои се ослободени од авторски права.

◦ http://www.geografija.hr – Корисни информации од географијата во прекрасно уредена географска страница, која се надеваме ќе биде пример за македонските географски работници во иднина да создадат нешто слично!

◦ http://geographyworldonline.com – Располага со огромен број на географски податоци и врски со други корисни страници.

◦ http://www.emsc-csem.org – Страница на Европскиот сеизмолошки центар. Место на кое во секое време ќе добиете секакви информации (поткрепени со карти) за секој земјотрес кој го почуствувале сеизмолошките станици на Земјата.

• И зработка на нагледни средства – Визуелните средства за учење се едни од најзначајните за точното формирање на поимите, мотивацијата кај учениците и нивната активност на часот по географија. Оттука, изработката на нагледни средства и нивно користење за време на часот се од непроценливо значење за наставата по географија. Во минатото, акцентот во изработката на овие средства беше ставен на разни карти, слики, шеми, модели и сл., но денес, со развојот на

2

Сл. 9 – Изработка на интерактивна карта

Page 8: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

ИКТ технологијата, сè поголемо значење им се дава и на други средства, како: дигитални карти, изработка на PowerPoint презентации, постери, веб страници, географски квизови, видео материјали, итн. Успешното комбинирање на сите нагледни средства ќе допринесе за поефикасна и помотивирачка работа на учениците за време на часот.

• О ценување на учениците – Со реализираните семинари од страна на ПЕП-проектот во однос на оценувањето, се доби една подобра слика за тоа како треба да се оценуваат учениците. Вистинско време е да се напушти стариот систем на оценување (исклучиво сумативно) и да се применат новите стандарди за континуирано следење и вреднување на знаењата и способностите на учениците (особено формативното оценување). За таа цел, од особена важност за секој наставник по географија е да изгради критериуми за оценување по кои ќе може да ги спроведе овие стандарди и истите да им ги образложи на учениците. За квалитетно оценување потребно е согледување на повеќе аспекти од знаењата и способностите на учениците. Ние ги предлагаме следниве:

◦ Квантитет и квалитет на знаења◦ Логичка поврзаност на материјата◦ Проверка на знаењата преку тест◦ Работа со географска карта◦ Активност на часовите◦ Изработка на домашна задача◦ Изработка на есеј или групно истражување

Примена на ИКТ-технологија во наставата по географија

За да биде исполнет критериумот за современ наставник по географија, наставникот мора да ги совладал знаењата поминати на обуките поврзани со ИКТ-технологијата, а воедно да биде во постојан чекор со најновите придобивки на оваа напредна технологија. Меѓутоа, за да може да имаме современа настава по географија потребно е и самите ученици да ги владеат основните вештини на оваа технологија, со цел, подобра интеракција меѓу наставникот, ученикот и материјалот кој се усвојува. Оваа интеракција ќе биде засилена со спроведувањето на програмата „компјутер за секое дете“ во Е-училниците, со што, ќе можеме да создадеме настава по географија на 21-от век. Примената на ИКТ-технологијата во наставата по географија од страна на наставникот и ученикот може да се прикаже преку различни активности, како на пример:

• PowerPoint презентации – Визуелното прикажување на наставниот материјал е од големо значење за подобрување на учењето кај учениците. Преку изработените презентации од страна на наставникот ќе може на ученикот да му се доближи наставната материја, со што, мотивираноста и заинтерeсираноста кај учениците се зголемува, што секако е предуслов за квалитетна настава. Скоро и да не постои методска единица од географијата за која не може да се изработи ваков тип на презентација. Меѓутоа, треба да се внимава организациската поставеност на часот, при што

1

Сл. 10 – Презентации на учениците

Page 9: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

наставникот ќе мора да ги избегнува часовите каде на сметка на интерактивната настава, повторно би вовел фронтална монолошка настава само поткрепена со презентација. Наместо тоа, наставникот мора да создаде спој помеѓу двете методи, при што, покрај неговите кратки излагања, на учениците ќе им се презентираат и одредени слики, карти, сателитски снимки, видео клипови и друг материјал, за кој учениците во групи ќе истражуваат и ќе дискутираат по одредени прашања. На тој начин учениците ќе имаат централна улога во часот и постојано ќе бидат присутни во сите елементи на часот. Исто така, на учениците може да му се подготват и презентации од отворен тип, во кои би била вметната некоја карта, скица, табела и сл. (како основа) и би биле дадени повеќе слики кои ученикот ќе треба да ги подреди во зависност на која категорија припаѓаат. Покрај наставникот, и учениците се тие кои би требало да изработуваат презентации на одредни конкретни теми. Најчесто ваквите презентации следуваат после изучувањето на некоја тема и добро е кога истите ќе се изработат во група од ученици (најчесто меѓу 3 и 4). Ваквите наставни часови се од големо значење за проширување на знаењата на учениците, при што, кај учениците се јавува голема мотивација и се создава натпреварувачки дух. Примери за ваков вид на презентации можете да видите на: http://geo-sugarev.webs.com/prezentacii.htm и http://www.freewebs.com/geoproekti/

• Дополнителни материјали за работа – Освен презентации, во секојдневната работа потребни се и дополнителни материјали, преку кои наставната содржина ќе се олесни, а ќе се добие и поголема ефикасност за време на часот. Како најзначајни ќе ги спомнеме:

o Работни ливчиња – многу значаен придружен елемент на наставата. Работните ливчиња особено се практични при работа во групи. Знаеме дека при доделување на разни задолженија за истражување, некои ученици од групите нема да ги разберат како што треба, други не слушнале делови од задолженијата, итн. Затоа, кога задолженијата и прашањата до групите се напишани, ефикасноста кај учениците е поголема, а секако се добива и на време, кое во вакви активности секогаш ни е потребно.

o Текстови – За жал, дел од учебниците по географија изобилуваат со големи пропусти и грешки или застарени податоци, со што, потребата од изработка на текстови по одредени лекции е повеќе од неопходна. Но, текстовите можат да бидат искористени и како материјал, кој би го дополнувал постоечкиот од учебникот или пак би служеле како повод за одредена дискусија кај учениците. Текстови може да симните од: http://geografija-bt.webs.com/nastava.htm

o Тематски карти – За потребите на наставата, секој наставник многу лесно може да креира разни тематски карти на многу едноставен начин. Симнувате одредена карта од интернет (особено Wikipedia.org) или пак скенирате и во програмот Paint ќе можете да ја доуредите и прилагодите кон вашите потреби.

o Табели и графикони – Овие елементи се многу значајни за развивање на логичкото и критичко мислење кај учениците. Доколку располагате со податоци, најдобро решение за изработка на табелите е програмот Excel каде после изработената табела, сам ви го изработува графиконот.

• Компјутерски квизови и гео-игри – Учењето на наставниот материјал преку забава е еден од најдобрите начини за мотивација на учениците. Компјутерската технологија е идеално создадена за ваков вид на настава. Освен мотивираноста, кај учениците се јавува и натпреварувачки дух, преку кој учениците ја повторуваат играта, односно квизот, повеќе пати (сакајќи да остварат подобар резултат) и несвесно го учат материјалот. Освен за учење, квизовите може да се искористат и за оценување на учениците. Доста значајна карактеристика е можноста резултатите да ви пристигнат на

2

Page 10: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

вашиот е-мејл и веќе ги имате сумирани резултатите. Како најзначајни квизови и гео-игри ќе ги спомнеме:

o Question Writer– Квиз кој е лесен за манипулација. Слободната верзија содржи само еден тип на прашања (со повеќечлен избор), а комерцијалната седум типа на прашања, можност за прикачување на слика и други поволности. Квизот откако ќе го изработете можете да го поставите на вашата веб страница и понатаму да го користат учениците. Резултатите од квизот пристигнуваат на вашата електронска пошта. Изработени квизови од овој програм може да најдете на: http://rgdgeosfera.tripod.com/zanimlivosti.htm и наhttp://geo-sugarev.webs.com/kvizovi.htm

o Е Quizzer – Еден од многуте т.н. „online“ квизови. Значи квизот се изработува на интернет страницата и на истото место се игра. Интересно е тоа што при изработката на квизот се пријавувате како наставник, а можете да направите и шифри за секој ученик, со што, пред да започнат со решавање на квизот учениците ја внесуваат шифрата и по завршување на истиот резултатите можете да ги видите.

o http://www.purposegames.com/profile/60072/games - Многу интересна страна на која освен што можете да користите веќе изработени визуелни квизови (како што се прикажаните), можете да се регистрирате и да изработете квиз на многу брз и едноставен начин. Симнувате карта од интернет (во помал формат), ја поставувате како подлога на веб страницата и го внесувате поимот кој ќе се однесува покрај секоја дадена точка на картата (сл.12).

o http://www.sheppardsoftware.com/Geography.htm - Страница на која можете да пронајдете многубројни интерактивни игри од областа на географијата.

o http://www.mapmsg.com/games/statetris/ - Страница на која можете да играте географски тетрис. Преку оваа игра учениците на брз начин ќе може да ја научат местоположбата на одредена земја на некој континент како и нејзината форма, а сето тоа преку забава и игра. Оваа игра е многу значајна за регионалната географија континентите, особено за Европа (сл.11).

• Училишни гео - веб страници – За потребите на наставата по географија, за издигнување на предметот географија на едно повисоко и современо ниво, како и за зголемена соработка на географските секции и активи од различни училишта, од големо значење е изработката на географски веб страници. Во училиштата во кои сме наставници, веќе од 2007 год. имаме изработено гео-веб страници, преку кои остаруваме комуникација со учениците, колегите и сите љубители на географијата.

1

Сл. 11 – Гео-играта Тетрис на држави Сл. 12 – Визуелен квиз со карта

Page 11: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

Страниците се така концепирани што нудат содржини од секаков тип, од интересни активности на часовите, ученички проекти, теренски истражувања и ексурзии, фотогалерии, географски линкови и занимливости, текстови од учениците, квизови, па сè до гео-игри, видеа (претходно објавени на YouTube.com и прикачени на страницата), коментари и форуми. Буквално целокупната активност на наставникот и учениците е прикажана на овие страници. Тоа е од непроценливо значење во усовршувањето на наставниците, бидејќи со постојаната соработка меѓу колегите и размена на искуства се отвара еден нов поширок хоризонт кон интерактивна и креативна настава по географија. Повеќе информации за овие страници ќе видите на:

o http://geo-sugarev.webs.com/ - Географска страница во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, наставник по географија Даниела Ристова

o http://geografija-bt.webs.com/ - Географска страница во Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола, наставник по географија Мите Ристов

o http://geo-orizari.webs.com/ - Географска страница во ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола, наставник по географија Мите Ристов

Сите страници се изработени директно на страницата на http://www.webs.com/ каде на брз начин можете да ја изработите вашата страница или пак во тоа да ви помогнат вашите ученици.

Мораме да спомниме дека уште една географска страница е во употреба, тоа е страницата на наставникот по географија Сашко Стефановски од Кочани, на која се прикажани разновидни географски информации и занимливости. http://gevi.webs.com/

• Работа со програмот Google Earth – Овој програм, кој слободно можете да го симните од страницата на Google, направи револуција во светот на географијата, со тоа што ја доближи оваа наука до секој човек на планетата Земја. Преку едноставно движење низ глобусот на Земјата и разгледување на сателитските снимки, површината на Земјата стана подостапна за истражување од кога и да е! Веќе не ни е потребно пребарување низ интернет за да добиеме некакви податоци за одредени простори на Земјата. Google Еarth нуди најразновидни податоци, од слики, видео, директно поврзување со Wikipedia.org, разни анимации поврзани со географијата и просторот, па сè до временска прогноза и моментален приказ на атмосферата. Овој програм, особено во развиените земји, влегува во домовите на луѓето, бидејќи дава појасна слика за просторот и населбите со сите специфики. Па така, преку него можете да барате работа, да видите кои објекти на која адреса се наоѓаат, можете да нарачате пица од некој ресторант, итн. Значајно да се напомене е дека од компанијата отишле еден чекор понатаму, со тоа што, создале и многу додатоци, како: мерење на растојанија (по линија или патека) поставување на слоеви врз картата, поглед на површината на Земјата во 3Д анимација, а покрај Земјата, за истражување е поставена и Вселената, Марс и Месечината. Повеќе инструкции за тоа како да манипулирате со овој програм ќе најдете на: http://rgdgeosfera.tripod.com/proekti.htm

Во наставата по географија Google Еarth може да се користи во секоја тема од наставната програма, во основно и средно образование. Користењето на програмот може да биде во делот на нова методска единица (особено во фазата „примена на знаењето“, каде може да се истражуваат просторите за кои учениците стекнале знаења), како и за време на повторување и утврдување на наставната тема. Кога се употребува во делот на утврдување на материјата, учениците може да бидат

2

Сл. 13 – Работа со Google Earth

Page 12: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

поделени на неколку групи и со точно утрдени инструкции и работни ливчиња за пополнување, да се истражуваат карактеристиките на значаен простор од изучената тема. На пример, во нагледниот час, кој можете да го видите на: http://geo-orizari.webs.com/aktivnostinachasovite.htm за 7 одд. на тема „Повторување на Балканскиот Полуостров“ учениците беа поделени во 4 групи со истражување на следниве простори: Залив Бока Которска, Коринтски Канал и Атина, Дунав меѓу Белград и Нови Сад, Црноморско крајбрежје во Бугарија. За време на часот, работните ливчиња им ги посочуваа на учениците точните инструкции (како: мерење на растојанија и брегова линија, одредување на географска широчина и должина, одредување на надморска височина, препознавање на слики од просторот, итн.), што пак овозможуваше брза и точна работа. Од друга страна, учениците со голем елан за работа пристапија кон истражување на просторот, што резултираше со успешно реализиран час по географија.

• Користење на е-маил – Електронската пошта е од големо значење за комуникација на наставникот со учениците, но и со останатите колеги. Електронската комуникација со учениците најчесто се одвива кога треба до наставникот да се прати есеј или семинарска работа (наместо писмено доставување), консултации за матурска проектна задача или редовна комуникација со учениците за разјаснување на одредени потешкотии во материјалот или при изработка на некое истражување. Со останатите наставници овој тип на комуникација најчесто се практикува за разменување на разни материјали за работа, слики, карти, итн. Со текот на годините, одредени електронски пошти го зголемија својот капацитет, па така, yahoo поштата овозможува неограничен капацитет на меморија, што ни овозможува бесплатно складирање на секакви материјали до големина од 25 МБ.

• Снимање на документарни емисии и нагледни часови – Технолошките достигнувања на новото време налагаат постојано документирање на најзначајните моменти од наставата. За таа цел, од големо значење за унапредување на наставата по географија и за размена на искуства меѓу наставниците е снимањето на документарни емисии од изведените теренски истражувања и екскурзии, како и снимање на нагледни часови. Снимениот материјал многу лесно може да се монтира во Windows Movie Maker и како таков да се објави на You Tube. За да не ја оптоварувате вашата страница со меморија од видеото, само се копира врската од видеото на You Tube, се вметнува во вашата веб страница и видеото ќе може да се гледа. Понекогаш можете да договорите снимање и со некоја медиумска куќа која би присуствувала на вашето истражување, пример: Теренското истражување во село Маловишта со ученици од 3 год. при Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола, кое го снимаше екипа од Македонската телевизија, или пак, да изработите аматерско снимање, со една или две камери, учениците да направат монтажа и филмот да го понудите за емитување на некоја локална телевизија, пример: Теренското истражување во село Цер, емитувано на телевизијата Тера од Битола.

Tеренски истражувања и екскурзии

Современата настава по географија не значи целосна изолација во компјутерските училници. Географијата се создавала и ќе се создава преку теренски истражувања, затоа што човекот е неразделив дел од природата. Затоа овој тип на настава треба почесто да се практикува, со цел, учениците непосредно да се запознаат со географскиот простор и да стекнат истражувачки и организациски вештини, кои пак ќе им бидат од голема корист во понатамошното образование. Овој вид на истражувања можат да се поделат во две групи:

• Рекреативно-едукативни екскурзии – Овој тип на екскурзии доста често се користат од наставниците по географија. Станува збор за најчесто еднодневни екскурзии, иако понекогаш може да бидат и повеќедневни. Во секој случај, за време на ваквите

1

Page 13: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

екскурзии, ученикот најчесто е набљудувач на просторот и добива одредени нови знаења од страна на наставникот или некое друго стручно лице.

• Наставен час во природа – За реализација на ваков тип на наставни часови е потребен поголем ангажман од наставникот, бидејќи покрај посетата на одреден објект или простор во природата, ќе мора да се изработат работни ливчиња по кои ученикот би можел да работи и активно да учествува во реализацијата на наставниот час. Часовите во природа можат да се реализираат до некој објект во градот или во негова непосредна близина (како: метеоролошка станица, енергетски објект, индустриски објект, итн.), или во природен амбиент во близина на училиштето или во близина на градот. Нагледни часови во природа можете да видите на: http://geografija-bt.webs.com/

• Теренски истражувања – За разлика од останатите, теренските истражувања се реализираат поретко, бидејќи е потребен многу поголем ангажман, како од наставникот така и од учениците. Меѓутоа ваквите истражувања овозможуваат учениците целосно да се вклучат во сите фази на истражувањето, почнувајќи од планирањето на истражувањето, неговата реализација, па сè до презентацијата на истото. Мотивираноста на учениците за работа и истражување на просторот при реализација на теренски истражувања е огромна. Некои од нив толку посветено учествуваат во активностите, што навистина ве исполнува и ви дава елен за работа.

Во изминативе неколку години, со учениците од Гимназија „Јосип Броз-Тито“ од Битола реализиравме две теренски истражувања. Првото беше во село Маловишта, 2004 год., а второто истражување се реализира во село Цер. За двете истражувања, учениците беа поделени во групи и секоја од групите реализираше одредна активност, а на крајот од теренската работа, секоја група даде извештај за сработеното пред камера и во писмена форма преку изработката на веб страницата за село Цер. Активностите кои се спроведоа беа следниве:

o Одредување на географската положба и карактеристиките на просторот околу селото Цер и изработка на план од селото

2

Сл. 14 – Посета на Колешинскиот водопад

Сл. 15 – Теренско истражување во село Цер Сл.16 – Моменти од снимањето на филмот

Page 14: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

o Цркви, празнувања и обичаи во селото Церo Историја на селото Церo Карактеристики на населението во селото Цер во минатото и денесo Квалитетот на животната средина во село Церo Акетирање на населението во Цер (занимање на населението и

инфраструктурата во селото)o Цртање на специфична архитектура во селотоo Снимање на документарен филм за теренската наставаСите активности со успех беа исполнети, а моментите поминати со учениците

останаа незаборавни. Она кон што особено сме горди е изработката на аматерски документарен филм (кој се емитуваше на локалната телевизија Тера во Битола) и особено на изработената веб-страница (http://selo-cer.webs.com/) на која се прикажани сите резултати од истражувањето. Она што навистина ни остави голем впечаток е тоа што голем број на церани, ширум светов, дознаа за оваа веб страница и од она што може да се види во делот на објавени коментари, изрекоа многу позитивни критики.

Стручна соработка

Доколку се стремиме кон целта „настава по географија во 21-от век“ мора постојано да соработуваме и да разменуваме искуства со колегите, како на локално, така и на државно ниво. Соработката меѓу наставниците по географија на државно ниво, преку едукација и професионален развој ја реализира Институтот за географија и Македонското географско друштво. Но, за да ги постигниме целите кон кои се стремиме, оваа соработка во иднина ќе мора да биде засилена, бидејќи во моментот не ги задоволува потребите на наставниот кадар.

За подобрување на оваа состојба, од големо значење е потребата од соработка меѓу училиштата во државата, која може да се интензивира доколку секое училиште изработи географска страница, на која ќе бидат објавени сите позначајни активности и преку која ќе може да се остварат контакти меѓу наставниците, но и меѓу учениците. Искуството кое би се добило на овој начин ќе биде од непроценливо значење за наставниот процес.

Друга алтернатива која ќе помогне во подобрување на соработката меѓу наставниците по географија, како на локално, така и на државно ниво, е формирање и работа на регионални географски друштва. Денес во Македонија постојат 4-5 регионални географски друштва, од кои само 1-2 друштва функционираат во вистинска смисла на зборот. Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола е едно од нив. Активно работи од 2006 год., и преку многубројните реализирани состаноци, семинари и натпревари по географија ја зајакна соработката меѓу наставниците по географија од овој регион и ја издигнаа на многу високо ниво.

1

Сл.17 – Обука за примена на Google Earth во наставата по географија

Сл.18 – Едукативна екскурзија, локалитет Куклица, Кратово

Page 15: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

Како значајни активности кое ги реализира друштвото во изминативе скоро 5 години, ќе ги споменеме:

• Реализација на четири годишни собранија;• Осмислување и реализација на три семинари за професионално усовршување на

наставниците:o Примена на програмот Google Earth во наставата по географија;o Методологија за реализација на теренска настава по географија;o Изработка на веб-страници за потребите на географските секции.

• Организирање и реализација на три едукативни екскурзии за членовите на друштвото, на релација:

o Брана Стрежево, село Смилево, Демир Хисар, село Бучин;o Пештера Пешна, извори на Беличка Река, езеро Козјак;o Кокино, манастир Св.Јоаким Осоговски, Куклица, Кратово.

• Организирање на регионалните натпревари по географија, со изработка на сопствени тестови за вреднување на знаењата кај учениците.

• Изработка на тематски квизови, објавени на веб-страницата на друштвото, преку кои се утврдуваат и прошируваат знаењата на учениците;

• Изработка на веб-страница на друштвото, http://rgdgeosfera.tripod.com на која се објавуваат сите активности на членовите и потребни материјали за успешна работа.

ЗАКЛУЧОК

Современата настава по географија неминовно навлегува во образовниот процес во Македонија. Главни носители на овој процес ќе бидат помладите наставници, кои наоружани со добро организиран час, примена на нови техники на работа и ИКТ-технологија и со засилена соработка и размена на искуства, ќе ја внесат географијата во 21-от век!

Меѓутоа, за да може овој процес да се забрза, од непроценливо значење е поголемо вклучување на:

• Институтот за географија и Македонското географско друштво, преку позачестени семинари и обуки за професионално усовршување на наставниците по географија, како и изработка на современа веб-страница, на која ќе бидат објавени многубројни материјали и текстови кои во голема мера ќе ја олеснат работата на наставникот;

• Бирото за развој на образованието, преку изработка на наставни планови и програми кои ќе можат да го следат новото време и ќе ги вклучат сите иновации во наставата по географија.

Исполнувањето на наведените елементи од трудот во наставата по географија, ќе значи подобрување на образованието на нашите деца, но и издигање на предметот географија на местото кое неминовно му припаѓа!

2

Page 16: НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК po geografija vo 21 vek.pdfНАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА ВО 21-ОТ ВЕК Мите РИСТОВ 1,

IV КОНГРЕС НА ГЕОГРАФИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Дојран 7-10.X.2010

IV CONGRESS OF GEOGRAPHERS OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Dojran 7-10.X.2010

ЛИТЕРАТУРА

Ристов М., Димитров В. Н. (2008): Здружувањето на наставниците по географија усов за успешна и транспарентна работа, Географски разгледи, кн. 41-42, Скопје.Ристова Д., Ристов М. (2005): Примена на принципот на истражување во географијата преку реализираната наставно-научна екскурзија во село Маловишта, Објавени трудови од Третиот конгрес на географите на Република Македонија, Скопје.http://geo-sugarev.webs.comhttp://geografija-bt.webs.comhttp://geo-orizari.webs.comhttp://rgdgeosfera.tripod.com

TEACHING GEOGRAPHY IN THE 21ST CENTURY

Mite RISTOV 1, Daniela RISTOVA 21 High School “Josip Broz-Tito”, „Bulevar 1 Мај“ 51, Bitola, Macedonia

e-mail: [email protected] Primary School „Gjorgji Sugarev“, „Dimitar Vlahov“ 32, Bitola, Macedonia

e-mail: [email protected]

CONCLUSION

Modern Geography teaching inevitably penetrates in the Macedonian educational process. The main bearers of this process will be the younger teachers, who will be armed with well prepared lessons, the use of modern working techniques and ICT technology, the strongest cooperation and experience exchange will bring Geography into the 21st century. However, of invaluable importance is the vast activation of the following in order to speed up the process:

• The Geography Institute and The Macedonian Geography Society, through frequent professional development seminars and training for Geography teachers, as well creating modern web pages, where many materials and texts will be placed, which will relief teacher’s work a lot.

• By creating educational curriculums and programs, the bureau for Educational development, will be able to follow the new age and will incorporate all innovations in Geography teaching.

Accomplishing all the mentioned elements in this paper, by teaching Geography, will mean, an educational improvement for our children, and enhancing Geography as a subject to a place where it belongs!

1