slynn foundation

5
Создадена во 1998 година по иницијатива на Неговото височество Џорџ Добри да ја исполни растечката потреба за поддршка, совети и обука за младите правници од земјите од Централна и Источна Европа, Фондацијата е именувана по Господин Слин во чест признавањето на неговиот придонес во развојот на принципите и практиката на Европското право во својата најширока смисла. Целта на Фондацијата е да промовира подобро разбирање помеѓу Велика Британија и овие земји и да придонесе во развојот на заедничко дејствување. Сето ова ќе се реализира преку состаноци на водечките правни претставници на земјите од Централна и Источна Европа и правните претставници од Велика Британија, преку предавања и семинари за адвокатите на сите нивоа кои се специјализирани во Европското право, и доделување стипендии кои ќе им овозможат на надежните млади правници да поминат една година студии и работа во Велика Британија. Од своето основање, Фондацијата работи со цел да се обезбедат врски помеѓу англискиот правен систем и правните системи на земјите од Централна и Источна Европа. Нашите методи се засноваат на тројното начело: 1. Преку промовирање на конференции, семинари и судски размени кои се фокусираат на процедурите и улогата на Европскиот суд на правдата, владеењето на правото и независноста на судството, принципите на човековите права и како истите влијаат на работата на националните судови, Алтернативно решавање спорови (особено медијација), и современите методи на управување со предмети онака како што се применуваат од страна на судиите и судските администратори. 2. Преку креирање постдипломски стипендии во англиското право со цел да им се овозможи на младите правници од европските земји да учат во Англија и да се добие увид во работењето на англискиот правен систем.

Upload: irena

Post on 12-Jan-2016

3 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

seminar work

TRANSCRIPT

Page 1: Slynn Foundation

Создадена во 1998 година по иницијатива на Неговото височество Џорџ Добри да ја исполни растечката потреба за поддршка, совети и обука за младите правници од земјите од Централна и Источна Европа, Фондацијата е именувана по Господин Слин во чест признавањето на неговиот придонес во развојот на принципите и практиката на Европското право во својата најширока смисла.

Целта на Фондацијата е да промовира подобро разбирање помеѓу Велика Британија и овие земји и да придонесе во развојот на заедничко дејствување.

Сето ова ќе се реализира преку состаноци на водечките правни претставници на земјите од Централна и Источна Европа и правните претставници од Велика Британија, преку предавања и семинари за адвокатите на сите нивоа кои се специјализирани во Европското право, и доделување стипендии кои ќе им овозможат на надежните млади правници да поминат една година студии и работа во Велика Британија.

Од своето основање, Фондацијата работи со цел да се обезбедат врски помеѓу англискиот правен систем и правните системи на земјите од Централна и Источна Европа.

Нашите методи се засноваат на тројното начело:

1. Преку промовирање на конференции, семинари и судски размени кои се фокусираат на процедурите и улогата на Европскиот суд на правдата, владеењето на правото и независноста на судството, принципите на човековите права и како истите влијаат на работата на националните судови, Алтернативно решавање спорови (особено медијација), и современите методи на управување со предмети онака како што се применуваат од страна на судиите и судските администратори. 2. Преку креирање постдипломски стипендии во англиското право со цел да им се овозможи на младите правници од европските земји да учат во Англија и да се добие увид во работењето на англискиот правен систем. 3. Преку организирање на серија годишни предавања од водечките експерти за различните аспекти на Европското право.

Конференции, семинари и судска размена

Семинари и други настани досега се случија во Албанија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција и Украина.

Имало програми, финансирани преку Министерството за надворешни работи (од владата на Велика Британија), поканувајќи судии да ја проучуваат судската постапка во Англија. Во 2007 година Фондацијата одигра водечка улога на Конференцијата на високи судии во Париз, која се одржа во април 2009 година на тема - сериозен криминал, кога ги земаа предвид некои од проблемите што

Page 2: Slynn Foundation

произлегуваат од заканата од тероризам како и проблеми слични на нив. Во 2010 и 2011 година Фондацијата учествуваше во проекти во Албанија и Украина, кои беа финансирани од Програмата „Повторно обединување на Европа“ на Министерството за надворешни работи.

Во септември 2008 година членови на Фондацијата спроведоа напреден курс за посредување каде се обучуваа обучувачи за посредување и квалификувани посредувачи во Романија и учествуваа на Вториот конгрес на Унијата на романскиот центар за посредување во Букурешт. Во октомври 2010 година Фондацијата финансираше слична активност во Загреб.

Во 2009 година, Фондацијата учествуваше во проектот на Европската унија за обука на судии во Латвија каде тема беше семејното право и Алтернативното решавање спорови.

Стипендии Од 1999 година Фондацијата има доделено осум целосни Стипендии за дипломирани студенти во Финска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Латвија, Естонија и Литванија. Во 2010 година, беа назначени двајца соработници од Украина. Ова помогна во градењето силни врски со младите правници во овие земји.

Годишни предавања Годишните предавања се важна карактеристика на нашите активности. како говорници беа вклучени претседателот на Европскиот суд на правдата, Сер Криспин Тикел, судијката Росалин Хигинс (претседателка на Меѓународниот суд во Хаг), Лорд Ханај, Кристофер Патен, Сер Николас Браца (судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур) и Жан Марк Сауве (потпретседател на Државниот совет во Франција). Со ова се обезбеди можност лондонските адвокати и студенти на право да слушнат истакнати говорници.

Финансирање

Уште од почетокот Владата изрази огромен интерес за работата на Фондацијата праку финансиска помош која се доделува од страна на Британската асоцијација за Централна и Источна Европа ( BACEE ) и од Британскиот совет. Во последно време, Фондацијата ја има Владината поддршка преку Програмата „Повторно обединување на Европа“ на Министерството за надворешни работи. Некои од програмите биле финансирани и од извори на ЕУ ( вклучувајќи го украинскиот бизнис совет на ЕУ). Фондацијата исто така доби поддршка во голема мерка од правната професија, особено од судии и експерти, кои доброволно ги даваат своите услуги преку помагање со семинари и други курсеви во странство. Интересот на високото судство во работата на Фондацијата е докажано преку листата на покровители.

Во минатото Фондацијата добивала финансиска помош од специфични програми од владините тела како што се:

Page 3: Slynn Foundation

Министерството на лордот канцелар (министерство на Обединетото Кралство надлежно за надзор над судовите во Англија и Велса).Министерството за надворешни работи и КомонвелтБританскиот советБританската асоцијација за Централна и Источна ЕвропаКурт Енгелхорн - Европска фондација за унапредување на медицината.

Вести Албанија јули 2013

Работата на Фондацијата беше одбележана со документарец прикажан на албанската телевизија. Програмата се состоеше од интервјуа со претседателот на Фондацијата, сер Хенри Брук и Едуард Халими, министерот за правда, Адриана Фулани, претставник од Високиот суд, Хоакин Уриас, Лидер на тимот EURALIUS, Макс Хаџиа, претседател на Комората на правници и Николас Канон- британскиот амбасадор. Се разговараше за разликата која беше направена од страна на работата на Фондацијата и аспектите на правниот систем во Албанија.

Сер Дејвид Латхам ја посети Тирана со цел разговори за следната фаза на Проектот за судска и правна помош. Како дел од ова, тој започна истражување на можностите за посета на Лондон од страна на главниот судија и претставници на судот за сериозни кривични дела. Тој, исто така започна разговори за можноста за обука која е предвидена за претставниците на албанскиот Врховен суд.

Албанија април 2013

Министерството за надворешни работи и Комонвелт потврдија дека ќе се финансира новиот проект на Фондацијата за Судска и правна помош во Албанија за 2013-14

Албанија март 2013Судијата Хатон и Окружните судии Ештон и O'Реган спроведоа две еднодневни интерактивни работилници во Школата за Судии на тема судско однесување.

Дејвид Андерсон и Дејвид Сканел спроведоа дводневен семинар во Школата за Судии на тема правото и практиката на ЕУ.

Сер Дејвид Латхам и Сер Хенри Брук остварија средби со министерот за правда, новиот генерален обвинител и заменик-шефот на EURALIUS тимот во Тирана. Тие, исто така учествуваа во две други обуки кои се случуваа за време на нивната посета.

Џонатан Купер и Tрева Браун, со помош од страна на Сер Хенри Брук, спроведоа дводневен семинар на Законот на Европски суд за човекови права и еднодневен семинар на тема дискриминација во Школата за судии.

Page 4: Slynn Foundation

Мишел Аслангул, Алисон Волфгартен и Колин Боб-Семпл спроведоа "обука за обучувачи" дводневна работилница за понатамошни обучувачи на тема за вештини за застапување.