press juicer jc4800vwy -...

16
PRESS JUICER JC4800VWY СО ТЕХНОЛОГИЈА НА БАВНО ЦЕДЕЊЕ, СО БРОШУРА СО РЕЦЕПТИ www.gorenje.com.mk

Upload: dangtruc

Post on 29-Aug-2019

235 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

PRESS JUICER JC4800VWYСО ТЕХНОЛОГИЈА НА БАВНО ЦЕДЕЊЕ, СО БРОШУРА СО РЕЦЕПТИ

www.gorenje.com.mk

Здраво за менеКолекција на апарати за домаќинство чиј приоритет е вашето здравје, преку

испорачување на врвен квалитет и пози-тивни ефекти за ваша благосостојба.

2 Press Juicer JC4800VWY

Во потрага сме по нови начини за постигнување внатрешна рамнотежа.Посветени сме на природата и свесни сме за богатството што таа ни го нуди. Сакаме да консумираме повеќе непреработена храна, да дишеме почист воздух и да пиеме почиста вода.

Ние трагаме по начините кои ќе нè однесат дотаму. VitaWAY колекцијата на мали апарати е дизајнирана да поддржува здрав начин на живот.Здраво ̶ за мене и за моите најмили!

Здравјето е начин на живот!

3Press juicer JC4800VWY

ШТО Е ТОЛКУ ПОСЕБНО ВО ВРСКА СО БАВНОТО ЦЕДЕЊЕ СОК?

ТЕСТ СО ДОМАТИГо споредивме сокот од домат, екстрахиран со еден класичен соковник, со сокот екстрахиран од press juicer-от.

Само за информативни цели. Интерниот тест е извршен во декември 2014.

СОК ОД КЛАСИЧНИОТ СОКОВНИККлеточните ѕидови се раскинуваат што дозволува да навлезе повеќе воздух во сокот.

СОК ОД PRESS JUICER-ОТИма помалку триење меѓу клеточните ѕидови, слично на природниот процес на цедење.

Tехнологијата на бавно цедење се разликува од класичното центрифугално цедење во смисла на брзината и начинот на екстракција на сокот од овошјето и зеленчукот. Кај класичните соковници вртењето на сечилото се одликува со висока брзина (од 1.500 до 2.500 вртежи во минута) со цел да се исечат клеточните ѕидови и да се ослободи сокот од нив. Вертикалното движење на сврделот кај соковникот за бавно цедење сокови (до 70 вртежи во минута) ги ситни овошјето и зеленчукот и потоа ги одделува екстрахираниот сок и пулпата. Како резултат на тоа, има помалку воздушни меури во сокот, сокот е посвиленикав и температурата на цедење е пониска, што му овозможува на сокот да задржи повеќе витамини и ензими.

Сокот ги задржува својата густина и природната боја.

Сокот се цеди со потенок

и послаб млаз.

до 2500RPM

70RPM

4 Press Juicer JC4800VWY

ПОВЕЌЕ ВЛАКНА ЗА ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕБавното цедење сокови екстрахира повеќе влакна од состојките во сокот. Влакната имаат позитивен ефект врз варењето, а со тоа и врз човековото здравје.

FIBRES

ПОВЕЌЕ ВИТАМИНИ И ЕНЗИМИБавната ротација на сврделот во press juicer-от не предизвикува да расте температурата на цедење, што за возврат би предизвикало да се дезинтегрираат ензимите и витамините. На високи температури, и витамините и ензимите се уништуваат како што се случува и со сокот од лимон во жешка средина. Во текот на цедењето сок, конвенционалните соковници се стремат да уништат дел од витамините и ензимите кои се најчувствителни на висока температура.

ПОМАЛКУ ПУЛПА ЗНАЧИ И ПОМАЛА ЗАГУБАБлагодарение на технологијата на бавно цедење, по цедењето на овошјето и зеленчукот останува помалку пулпа којашто е посува. Така, добивате повеќе од вашите состојки.

CA

E

F

B2

B1

B6

CA

E

F

B2

B1

B6

ПОМАЛКУ ВОЗДУШНИ МЕУРИ, ПОМАЛКУ ПЕНАСо оглед на тоа дека клеточните ѕидови не се расцепуваат со брзо движење на острите сечила како кај класичните соковници, има помалку воздух во сокот, што резултира како повеќе свиленикава текстура. Визуелно, разликата може да се согледа преку помало количество пена и дури и според бојата на сокот.

СОКОВИ ШТО ТРААТ ПОДОЛГОСокот што се добива со бавно цедење може да се чува во ладилникот до 72 часа. Не треба да се грижите за тоа дека ќе ги изгуби своите хранливи состојки, витамини или ензими. Од друга страна, се препорачува сокот, екстрахиран со класичните соковници, да се пие веднаш за да се спречи оксидацијата.

72 h

5Press juicer JC4800VWY

Јаткасти плодовиЈаткастите плодови, исто така, можат да се додадат во вашиот омилен оброк. Пред да сакате да направите сок, исечкајте ги на помали парчиња. Ако ги потопите преку ноќ, тие ќе бидат подготвени за да се претворат во сок без какви било други додатоци наредниот ден. Бадемовото млеко, на пример, е одличен начин да го почнете вашиот ден!

Семиња, семки и кораИзвлечете ги хранливите материи од семињата, семките и од кората на вашето овошје и зеленчук. Ова значи дека нема потреба да ги лупите состојките со што ќе заштедите време при правење сок.

Зрело овошјеСекое овошје, дури и она презреаното, може да биде претворено во сок во press juicer-от. Зрелото овошје сè уште содржи многу витамини и минерали; уште повеќе, сокот ќе биде поблаг. Пред да го приготвите сокот, измијте го овошјето и исечкајте го на помали парчиња.

Зеленолиснати растенија Соковникот може да ги претвори во сок сите видови зеленчук, вклучувајќи ги и зеленолиснатите рaстенија. Слободно додадете гранчиња магдонос или мирисливо нане – ќе се изненадите од мирисот. Потврдиот зеленчук каков што е ѓумбирот, треба да биде исечкан на помали парчиња пред да се претвори во сок.

ДОЗНАЈТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА СОКОВНИКОТ JC4800VWY!

6 Press Juicer JC4800VWY

Побрза апсорпција на хранливи материи, побрз метаболизамВашето тело апсорбира хранливи материи од сокот многу побрзо отколку од цврстата храна. Како резултат на тоа, метаболизмот и варењето на храната се забрзуваат што има позитивен ефект врз благосостојбата.

Тивко работењеПобавното ротирање на моторот исто така значи помалку врева. Дури и ако копнеете по чаша свеж сок среде ноќ, можете да бидете сигурни дека никого нема да го разбудите.

Вашата дневна доза овошје и зеленчук во една чаша Замислете си колку е побрзо и поедноставно да пиете чаша сок отколку да јадете еквивалентно количество цврста храна и зеленчук.

Не само сок – туку и пулпаПулпата што останува од правењето сок е многу посува и поцврста од пулпата што се создава во други соковници. Постојат многу начини таа да се искористи – додадете ја во јогурт и житарки или искористете ја како фил.

СОВЕТ

7Press juicer JC4800VWY

Регулатор на количината на пулпа

Остатоците добиени како резултат на цедењето на сок се собираат во посебен сад. Количеството на остатоци може да се одреди од корисникот со движење на рачката на предната страна од соковникот. Уживајте во чаша свиленкав мазен сок или додадете парчиња овошје и зеленчук во него за да ја добиете соодветната текстура. Не ја фрлајте пулпата пред да се обидете да ја додадете во други јадења какви што се супите, сосовите, десертите итн.

Ниту една изгубена капка

Садот за сок веќе е полн, иако сè уште има овошје и зеленчук во соковникот. Што да направите? Не треба да го исклучувате соковникот. Наместо тоа, само поттурнете го затворачот во отворот од кој излегува сокот. Сокот ќе биде собран во внатрешниот сад додека да одлучите да ги наполните чашите на страствените дегустатори.

Бавнoто цедење, исто така, значи тивка работа без голема брзина чиј резултат значи и повеќе шум. Самиот дизајн на апаратот со долга цевка за полнење со намирници, исто така, придонесува за потиснување на бучавата.

Тивка работаСите состојки кои ги цедиме, се филтрираат преку цедалка со фина ситна мрежа која овозможува минимална количина од пулпата да помине, а ги задржува сите хранливи материи во сокот. Цедалката лесно се мие под млаз вода и се чисти со помош на приложената четка.

Цедалка со фина мрежа

8 Press Juicer JC4800VWY

Два сада од 0,6 l

Соковникот е опремен со два сада од 0,6 l, за сок и за остатоци (пулпа). Тие се направени од издржливa пластика и не содржат бисфренол А (BPAfree). Безбедно се мијат во машина за миење садови.

Гарантирана безбедност! Соковникот ќе работи само кога сите делови ќе бидат соодветно составени и на место. Безбедносниот прекинувач осигурува безбедна употреба без грижа за вклучување на моторот додека додавате состојки или го склопувате или го чистите апаратот.

Безбедносен прекинувач

Дали кога станува збор за апарат со голем капацитет станува збор за долга постапка за чистење? Не е секогаш така. По употреба, бавно истурете еден литар млака вода во делот за додавање намирници додека работи апаратот. На својот пат до садот за сок, водата темелно ќе ги исчисти остатоците од овошје и зеленчук. По употреба, исплакнете го филтерот и исчистете го со приложената четка.

Лесно за чистењеМоќен моторИ покрај бавната ротација на сврделот, моторот треба да биде доволно моќен за да ги искрши потврдите делови на овошјето и на зеленчукот. Тестиран при максимално оптеретување, овој мотор од 200 W се покажа како оптимално срце на еден соковник што треба да работи со технологијата на бавно цедење.

Нелизгачки гумени ногарки Додека ги додавате овошјето и зеленчукот во горниот дел на соковникот, не треба да се грижите дека соковникот ќе се помести од местото. Паметно дизајнираните гумени ногарки се поставени така што ќе осигураат оптимална стабилност дури и на влажни работни површини.

9Press juicer JC4800VWY

10 Sokovnik JC4800VWY

НАПИЈТЕ СЕ СВЕЖ СОК!

Започнете го денот со доза витамини во чаша сок. Дозволете ѝ на вашата фантазија да скита низ дивината и комбинирајте ги сезонското овошје и зеленчук со омилените јаткасти плодови. Уживајте во свежиот и здрав природен сок и грижете се не само за вашето здравје и благосостојба, туку и за здравјето и благодатта на вашето семејство. Едноставно и брзо!

10 ОДБРАНИ И ИСПРОБАНИ РЕЦЕПТИ ЗА СОКОВНИКОТ JC4800VWY!

11Press juicer JC4800VWY

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

● голема китка спанаќ● 2 краставици со средна големина● 2 стебленца целер● 1 лажиче прав од алги● 1/2 лажиче мака во прав

● 4 големи домати● свежо мелена морска сол● свежо мелен црн пипер● 1 лажиче кафен шеќер● 1 лажиче сок од лимета

1. Измијте ги листовите спанаќ.2. Измијте ги краставиците и стебленцата

целер и исечкајте ги на долгнавести парчиња со средна големина.

3. Притиснете ги состојките во соковникот.4. Истурете ги во чаша и вмешајте ги алгата и

маката во прав.5. Измешајте и гарнирајте со едно парче

краставица.

1. Измијте ги доматите и исечкајте ги на поголеми парчиња.

2. Истискајте ја лиметата.3. Исцедете ги состојките во соковникот.4. Истурете во чашата и додадете сок од

лимета, морска сол, црн пипер и шеќер.5. Измешајте и гарнирајте со парче од чери-

домат.

ЗЕЛЕНА МОЌ

ДОМАТНО УТРО

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

12 Press Juicer JC4800VWY

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

● 3 црвени корени цвекло● 5 моркови со средна големина● 1 лажиче колаген во прав

● 2 портокали● 1 јапонско јаболко ● Коцка ѓумбир (излупена)● малку изрендана кора лимон

1. Измијте го цвеклото и исечкајте го на поголеми парчиња.

2. Измијте ги морковите и исечкајте ги на долгнавести парчиња со средна големина.

3. Стиснете ги состојките во соковникот.4. Истурете во чаша и додадете го колагенот

во прав.5. Измешајте и украсете со лентичка од

морков.

1. Исечкајте ги јапонското јаболко и портокалите на поголеми парчиња.

2. Излупете го ѓумбирот и украсете со кора од лимон.

3. Притиснете ги зеленчукот и коцката ѓумбир во соковникот.

4. Истурете го ова во чаша и додадете прстофат ѓумбир во соковникот.

5. Измешајте и украсете со парче персимон.

ЦРВЕНА МЛАДОСТ

СПЕЦИЈАЛИТЕТ ОД ПОРТОКАЛ

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

13Press juicer JC4800VWY

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

● 1 голема краставица● 1 круша● 2 киви● китка листови од кељ ● китка мирисливо нане (мелиса)

● 1 филџан сирови бадеми, натопени во текот на ноќта

● 3 филџани вода● прстофат ванила во прав

1. Измијте ги краставицата и овошјето и исечкајте ги на долгнавести парчиња со средна големина.

2. Измијте ги листовите кељ и мирисливото нане.3. Исцедете ги зеленчукот и овошјето во

соковникот. Додадете го мирисливото нане на крајот.

4. Истурете го свежиот сок во една чаша и украсете со парче киви.

1. Потопете ги во вода бадемите и оставете ги да стојат во текот на ноќта во поголемо количество вода.

2. Отстранете ја водата и измијте ги бадемите.3. Стиснете ги бадемите во соковникот со бавно

додавање три филџани вода.4. Истурете го сокот во една чаша и зачинете со

прстофат ванила во прав.5. Послужете со колачиња.

ЗЕЛЕНА ХАРМОНИЈА

БАДЕМОВО МЛЕКО

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

14 Press Juicer JC4800VWY

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

● 1/2 црвена зелка● 1/2 крушовиден анасон● 2 јаболка● 1 стебло целер● 1/2 портокал

● 2 јаболка● 2 киви ● 1 јапонско јаболко ● прстофат рендана кора од лимон● прстофат цимет

1. Измијте ги зелката и анасонот и исечкајте ги на поголеми парчиња.

2. Измијте ги јаболката, излупете го портокалот и исечкајте ги на поголеми парчиња.

3. Измијте го целерот и исечкајте го на долгнавести тенки парчиња со средна големина.

4. Исцедете ги состојките во соковникот.5. Истурете го сокот во една чаша и украсете со

парче јаболко.

1. Измијте ги јаболката и јапонското јаболко, излупете го кивито и исечкајте ги на долгнавести тенки парчиња со средна големина.

2. Стиснете ги овошјата во соковникот.3. Истурете во чаша и додадете прстофат

кора од лимон и цимет во прав. 4. Измешајте и послужете за појадок.

ПУРПУРЕН МИКС

ЗИМСКА БАЈКА

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

15Press juicer JC4800VWY

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

● 8 ливчиња свежа зелка● 1 краставица● 1 јаболко● 1 портокал

● 5 кокосови ореви● 1/4 мал ананас● 1 портокал● китка свежо нане

1. Измијте ги лисјата на зелката и исечете ги на поголеми парчиња.

2. Измијте ги краставицата, јаболкото и портокалот и исечкајте ги на долгнавести тенки парчиња со средна големина.

3. Стиснете ги состојките во соковникот.4. Истурете го сокот во чашата и украсете со

парче портокал.

1. Извадете ја срцевината (месото) од кокосовиот орев.

2. Излупете го ананасот и исечкајте го на поголеми парчиња.

3. Исечкајте го портокалот.4. Подгответе ја измиената китка свежо нане

на работната маса.5. Стиснете го овошјето во соковникот.

Додадете го нането на крајот.6. Истурете го сокот во чаша и украсете го со

парче ананас.

ДЕН ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА

КОКОСОВА НАПИВКА

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

СОСТОЈКИ ЗА 1 ЧАША СОК:

www.gorenje.com.mk