Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

12
1 Е - COMMERCE ACQUIRING Вељан Поповски – Служба за Самоуслужно банкарство, НЛБ Тутунска банка Опслужување на платежни картички при спроведување на трговија по електронски пат

Upload: newmediamk

Post on 18-May-2015

2.400 views

Category:

Economy & Finance


15 download

DESCRIPTION

Пррезентација на НЛБ Тутунска банка

TRANSCRIPT

Page 1: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

1

Е - COMMERCE ACQUIRING

 

Вељан Поповски – Служба за Самоуслужно банкарство, НЛБ Тутунска банка

Опслужување на платежни картички при спроведување на трговија по

електронски пат

Page 2: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

2

Поделба на картичните трансакции

 

Готовински трансакции Безготовински трансакции

“CARD PRESENT“ трансакции - картичката е присутна при спроведувањето на трансакцијата.

“CARD NOT PRESENT“ трансакции - картичката не e присутна при спроведувањето на трансакцијатa.

НАПОМЕНА: Најголем дел од “CARD NOT PRESENT“ трансакциите се случуваат преку интернет како продажен канал.

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 3: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

3

Предности на купувањето преку интернет

 

Неограничено работно време на продажните локации (24 x 7) во текот на целата година

Продажбата се одвива во реално време (real time shopping) Значително намалени трошоци за отварање\работење на

продажно место (кирија, режиски трошоци, плати за вработени...) Можност за вкрстена продажба (cross-selling) Можност за понатамошна ефтина и ефикасна промоција и

реклама на производите\услугите користејќи го директниот маркетинг преку е-комуникациите.

Директен пристап до клиентите преку елиминирање на посредниците.

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 4: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

4

Решението за Електронска трговија на банката

Функција на НЛБ Тутунска банка - посредување при плаќањата во електронската продажба на производи и услуги преку опслужување на картични трансакции.

Решението за Електронска трговија на НЛБ ТБ е единствено на македонскиот пазар кое ги прифаќа картичките од програмите на:

- MasterCard Worldwide

- VISA International

- Diners Club International

- Discover

- Домашни платежни картички издадени од македонски банки

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 5: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

5

Главни предности на решението на банката

Спроведување на продажните трансакции на два начина: Продажни трансакции каде наплатата се врши во еден чекор (singlе

message) - наплата на средствата од картичната сметка на клиентот се врши во моментот на спроведување на трансакцијата

Продажни трансакции каде наплатата се врши во два чекори (dual message)

Чекор 1 - Резервација на средства Чекор 2 - Наплата на средства

Можност за графичко уредување на web страницата на платежниот портал каде се врши плаќањето согласно барањата на трговецот

Повеќејазична поддршка на страницата каде се врши плаќањето Решение развиено/поддржано од FirstData International

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 6: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

6

Технички и безбедносни аспекти за веб порталот на трговецот

- Интернет продажното место треба да поседува соодветна web форма која ќе го води купувачот при процесот на нарачка на производот / услугата

- Пред да се пренасочи на платежниот портал на банката, на клиентот треба да му се презентираат следниве податоци :

- список на нарачани производи/услуги- нарачана количина и поединечна цена- вкупната цена на нарачката + цена на достава

- Трансакцијата се спроведува на платежниот портал на банката (трговецот нема увид на картичните податоци кои се внесуваат при спроведување на трансакцијата)

- Број на картичка- Датум на истем на картичката- CVV2 безбедносен код

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 7: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

7

Колку е безбедно решението на банката?

Решението кое го нудиме функционира согласно 3D Secure безбедносниот принцип развиен од страна на меѓународните платежни системи Visa International и МasterCard Worldwide, односно:

- Verified by Visa и - MasterCard Secure Code

кој овозможува верификација на имателот на картичка за време на купувањето преку интернет

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 8: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

8

Дополнителни безбедносни мерки

128Bit SSL енкрипција при комуникација помеѓу интернет продавницата и платежниот портал на процесорот

Регистрација на IP адресата на интернет продавницата кај процесорот (продажната трансакција може да се иницира само од регистрирана IP адреса).

** НАПОМЕНА: Оваа безбедносна мерка има за цел да се оневозможува злоупотреба на интернет продавницата како резултат на:

копирање на страната и лажно претставување од страна на трето лице

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 9: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

9

Задолжителни информации на веб порталот на трговецот

1. Детален опис на производите/услугите кои се предмет на продажба

2. Јасно истакнат износ на производот/услугата во МКД

3. Политики- Политика за заштита на лични податоци и информации - Privacy Policy- Политика на достава на купениот производ (начин, рок и цена на достава) - Shipping Policy- Политика за поврат на средства по извршена трансакција - Refund Policy

4. Копче за потврда со наведените информации/политики – СЕ СОГЛАСУВАМ ( I AGREE)

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 10: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

10

Процедура за вклучување на трговец во системот на е-трговија

1. Поднесување на апликација со бизнис план од страна на трговецот со вклучени: Регистрација за вршење  на продажна дејност Жиро сметка во НЛБ Тутунска банка (ЗАДОЛЖИТЕЛНА)

2. Разгледување и одобрување на апликацијата

3. Препораки од страна на организационата едниница за управување со ризик во ССБа. Тип на картички кои ќе се прифаќаат за плаќање (дебитни и/или кредитни)б. Обезбедување (колатерал) од страна на трговецотв. Ограничување на број/износ на трансакции од страна на еден корисник

4. Склучување на Договор за прифаќање на картички при електронска трговија (инсталирање на виртуелен ПОС терминал)

5. Пристап до тестна околина на трговецот – предефинирани тестни сценарија

6. Доделување на продукциски сертификат и вклучување на трговецот во системот на електронското тргување.

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 11: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

11

Трговци кои го користат решението за е-трговија на банката

 Интернет продажни места

Интернет трговија ДООЕЛ Скопје - www.tc.mk

Тобако ДООЕЛ Скопје - www.e-voucher.mk

Титис ДОО Скопје - www.step.mk

Он.нет ДОО Скопје - https:\\secure.on.net.mk

Оптимус Каррентал Дооел Скопје - http:\\optimuscarrental.com

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

Page 12: Трговија по електронски пат - НЛБ Тутунска Банка

12

Ви благодариме на Вашето внимание

НЛБ Тутунска банка

Опслужување на картички преку решението за електронска трговија на НЛБ Тутунска банка

НЛБ Тутунска банка АД СкопјеВодњанска бр.1, 1000 СкопјеT: (02) 15600e-mail: [email protected]